бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Jul 2022 12:47:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-podgotvuva-za-nov-pandemiski-bran-naesen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-podgotvuva-za-nov-pandemiski-bran-naesen/#respond Sun, 03 Jul 2022 12:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=699183

Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман. - Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“. Тој рече дека во рамки на новиот концепт „заштитната маска ќе игра посилна улога“, што би значело евентуално враќање на обврската за носење маски во затворени простори. Според Бушман, мерките ќе бидат приспособени на досегашните податоци од теренот, односно зачестеноста на заразите. Сепак, тој ја отфрли можноста за повторно воведување мерки како што се заклучување или затворање училишта. Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах во неколку наврати во последните денови ги предупреди граѓаните за новите пандемиски бранови што се очекуваат во Германија на есен и зима. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-podgotvuva-za-nov-pandemiski-bran-naesen/feed/ 0
Белгија вклучи аларм за овој град: Доаѓа пострашен бран на коронавирус, стапката на заразени е повисока https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-vkluchi-alarm-za-ovoj-grad-doagja-postrashen-bran-na-koronavirus-stapkata-na-zarazeni-e-povisoka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-vkluchi-alarm-za-ovoj-grad-doagja-postrashen-bran-na-koronavirus-stapkata-na-zarazeni-e-povisoka/#respond Mon, 20 Sep 2021 12:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=565870

Здравствените работници во градот Лиеж, на југот на Белгија, го вклучуваат алармот и стравуваат од нов бран, пострашен од претходните, јави дописничката на МИА од Брисел. Во најголемата болница во градот предупредуваат дека иако за сега има доволно слободни кревети на интензивна нега како и во редовните ковид одделенија, бројките покажуваат загрижувачки тренд. Според докторот Филип Девос, шеф на интензивна нега во болницата во Лиеж, стапката на заразени на 100 илјади жители во градот е повисока одошто беше за време на третиот бран и иста како и за време на првиот бран, еден од најсмртоносните во Европа. Во последните две недели констатирани се сто контаминации на сто илјади жители, а стапката на вакцинирани во градот е далеку под националниот просек во Белгија. -Вакцината функционира само за вакцинираните, изјави докторот Девос за јавниот сервис РТБФ. Тој алармира дека за разлика од северот на земјата каде 95 отсто од лицата над 65 годишна возраст се вакцинирани, во неговиот град оваа бројка изнесува само 87 отсто. -Доколку останатите 13 отсто, кои немаат никаква заштита од вирусот, пристигнат на интензивна нега, ќе имаме сатурација, вели докторот кој стравува од ново катастрофално сценарио како за време на првите бранови кога немаше вакцина. Белгија е силно поделена на север и југ, додека жителите на северот се вакцинирани во огромно мнозинство, на југот на земјата и во главниот град Брисел, бројките не се задоволителни. Докторот бара од Институтот за јавно здравје да спроведе детаљна анализа за причините за овие разлики бидејќи ги има податоците. Тој констатира дека улогата на матичните лекари е клучна и дека оние пациенти општините каде има помалку матични лекари се и општини со пониска стапка на вакцинација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-vkluchi-alarm-za-ovoj-grad-doagja-postrashen-bran-na-koronavirus-stapkata-na-zarazeni-e-povisoka/feed/ 0
Една година по првиот случај на Ковид-19 светот е во втор бран од пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-po-prviot-sluchaj-na-kovid-19-svetot-e-vo-vtor-bran-od-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-po-prviot-sluchaj-na-kovid-19-svetot-e-vo-vtor-bran-od-pandemijata/#respond Wed, 18 Nov 2020 06:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=430938

Точно една година откако беше утврден првиот случај на Кoвид-19 во Кина, светот е зафатен од втор бран на пандемија. Ситуацијата е далеку од охрабрувачка, во пресрет на зимската сезона на северната хемисфера, каде се повеќе земји воведуваат нови ограничувања. Австрија повторно е во карантин. Улиците во големите градови се напуштени, а мерките за заштита ќе траат три недели и се слични на наметнатите во март. Само продавници за храна, аптеки и банки можат да им служат на клиентите. – Секако, малку сме исплашени, но барем знаеме дека ќе можеме повторно да се отвориме на 8 декември. Ова ни дава многу повеќе надеж од првиот карантин, барем тоа е зрак светлина, вели Теодор Ваничек, сопственик на продавница во Виена. Луѓето мораат да останат дома и можат да излегуваат само да одат на работа, да извршуваат итни задачи или да спортуваат. Сите училишта се префрлија на учење на далечина, но за разлика од март, учениците се уште можат да одат на училиште ако им треба помош од наставникот или немаат услови дома за учење. Еден ден откако федералните и провинциските власти во Германија одлучија да ја одложат одлуката за продолжување на ограничувачките мерки за 25 ноември, канцеларот Ангела Меркел изрази загриженост за ширењето на коронавирусот. -Ситуацијата во моментот е се уште сериозна и дури би рекла многу сериозна. Пандемијата не погодува низ целиот свет и во моментов е потешка на северната хемисфера отколку на југот. Значи, треба да ги намалиме контактите, рече таа. Помина точно една година откако беше регистриран првиот случај на пациент со Ковид-19 и оттогаш пандемијата однесе животи на 1,33 милиони луѓе во 55 милиони потврдени случаи. Според документите на кинеската Влада, првиот случај на коронавирус бил на 17 ноември 2019 година, неколку недели пред властите официјално да објават дека се појавил нов вирус. Се верува дека „нултиот пациент“ е 55-годишен жител на провинцијата Хубеи, но тоа се уште не е потврдено. Сепак, кинеската Влада официјално не потврди позитивен случај на коронавирус до 8 декември 2019 година. Уште откако беше објавено во јануари дека епидемијата започна во Вухан, научниците се обидуваа да го пронајдат изворот на инфекцијата. Се претпоставува дека животни го пренеле на луѓето, но засдега нема потврда за тоа. Кинеските власти идентификуваа најмалку 266 лица со коронавирус кон крајот на минатата година. Кон крајот на декември, кинеските лекари сфатија дека имаат работа со нов вирус. Лекарите во Вухан на крајот на 2019 година лекуваа десетици пациенти со пневмонија. Пациентите имале различни симптоми, вклучувајќи треска, кашлица и респираторни проблеми. Ниту еден од првите девет случаи во ноември не беше потврден како „нулти пациент“. Постојат наводи дека првите случаи се од порано. До 15 декември имало 27 заразени. До 20 декември беа потврдени 60 случаи, а на 27 декември имаше повеќе од 180 заразени. До 1 јануари 2020 година, беа потврдени 381 случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-po-prviot-sluchaj-na-kovid-19-svetot-e-vo-vtor-bran-od-pandemijata/feed/ 0
Активирање на белиот план во Ил-де-Франс и Париз, во очекување на „многу силен бран“ на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktiviranje-na-beliot-plan-vo-il-de-frans-i-pariz-vo-ochekuvanje-na-mnogu-silen-bran-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktiviranje-na-beliot-plan-vo-il-de-frans-i-pariz-vo-ochekuvanje-na-mnogu-silen-bran-na-koronavirusot/#respond Thu, 08 Oct 2020 13:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=413993

Генералниот директор на Здравствената агенција на Ил-де-Франс, одлучи да го активира „засилениот бел план“, „со поглед на притисокот врз капацитетите за интензивна нега и конвенционалната хоспитализација“ во регионот на Париз, јави дописникот на МИА. Болниците и клиниките во Ил-де-Франс мора да се подготват за „многу силен бран“ на нови пациенти со Ковид-19, изјави директорот на агенцијата Орелиен Русо -Со оглед на притисокот врз креветите за интензивна нега и конвенционалната хоспитализација, ги замолив директорите на здравствените установи во регионот да го активираат својот бел план за мобилизирање на сите свои ресурси и да бидат подготвени за деновите што доаѓаат, напиша Орелиен Русо во порака објавена на Твитер. Белиот план овозможува сите болнички ресурси да бидат распределени на управувањето со коронавирусот во соодветните установи. Во вторникот вечерта, повеќе од 40 отсто од креветите за интензивна нега беа окупирани од пациенти со Ковид-19 во болниците во Ил-де-Франс, според податоците испратени од Регионалната здравствена агенција. Болничките индикатори се важни за следење на еволуцијата на епидемијата, бидејќи главното прашање е да се спречи болниците, особено одделите за интензивна нега, да бидат презаситени од масовен прилив на пациенти. Во понеделникот, кога беше објавена најавата за нови здравствени ограничувања во Париз, од здравствената агенција очекуваа дека стапката на зафатеност во реанимација треба да достигне 50 отсто Во следните 15 дена. Некои установи започнаа да „депрограмираат хируршки активности“. Во изминатите 24 часа беа дијагностицирани нови 18.746 случаи на Ковид-19, што е рекорд откако беа укинати општите мерки на ограничувања во Франција. Индексот којшто е внимателно следен од здравствените власти, стапката на позитивност на тестот скокна на 9,1%. Во моментов има вкупно 1.267 кластери. Во болниците на лекување се 7514 од кои 1400 на интензивна нега. За 24 часа беа забележани 80 нови смртни случаи, со што вкупниот број на жртви достигна 32.445 смртни случаи од почетокот на епидемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktiviranje-na-beliot-plan-vo-il-de-frans-i-pariz-vo-ochekuvanje-na-mnogu-silen-bran-na-koronavirusot/feed/ 0
Фамилија шетала на островот Хвар, а набргу ги потопил бран (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/familija-shetala-na-ostrovot-hvar-a-nabrgu-gi-potopil-bran-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/familija-shetala-na-ostrovot-hvar-a-nabrgu-gi-potopil-bran-video/#respond Sun, 27 Sep 2020 20:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=409339

Времето вчера во Хрватска беше променливо, притоа често имаше сончеви и облачни периоди, а имало и грмотевици. Природата ја покажала својата големина и моќ, па предизвика бројни проблеми на копното, а посебно блиску до морето во Хрватска, бидејќи силниот ветар предизвикуваше големи бранови. Така може да се забележи и на ова интересно видео од Далмацијањуз, од хрватскиот остров Хвар, каде може да се забележи како една фамилија шета во центарот на градот, а набргу ги потопи бран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/familija-shetala-na-ostrovot-hvar-a-nabrgu-gi-potopil-bran-video/feed/ 0