брана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 09:29:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нуркачи продолжуваат да трагаат по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nurkachi-prodolzhuvaat-da-tragaat-po-momcheto-koe-ischezna-vo-vodite-na-branata-kaj-selo-drvosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nurkachi-prodolzhuvaat-da-tragaat-po-momcheto-koe-ischezna-vo-vodite-na-branata-kaj-selo-drvosh/#respond Tue, 18 Jul 2023 09:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=857631

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nurkachi-prodolzhuvaat-da-tragaat-po-momcheto-koe-ischezna-vo-vodite-na-branata-kaj-selo-drvosh/feed/ 0
Малиар: Русија ја разнесе браната Каховка за да ја спречи офанзивата на југот на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maliar-rusija-ja-raznese-branata-kahovka-za-da-ja-sprechi-ofanzivata-na-jugot-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maliar-rusija-ja-raznese-branata-kahovka-za-da-ja-sprechi-ofanzivata-na-jugot-na-ukraina/#respond Sun, 11 Jun 2023 13:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=844623 Браната Каховка беше крената во воздух од руските сили за да ги спречат украинските сили да напредуваат во јужниот регион Херсон, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар, пренесе Хина.

Украина ги обвини руските сили дека ја кренале во воздух браната од нивната хидроцентрала. Местото е под руска окупација уште од првите недели од руската инвазија минатиот февруари.

И Москва ја обвини Украина за уривањето на браната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање цивили додека се спроведуваат спасувачки операции.

„Експлозијата на хидроцентралата Каховка беше јасно изведена со намера да ги спречи украинските одбранбени сили да започнат офанзива во секторот Херсон“, рече Малиар на каналот за пораки Телеграм.

Таа додаде дека целта на операцијата, што предизвика огромни поплави во градовите и селата низводно од Дњепар, и зароби жители и однесе цели куќи, е, исто така, да помогне во распоредувањето на руските резервни сили во областите Запорожје и Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека во Украина и официјално почнаа да се одвиваат контраофанзивни и одбранбени операции. Тој не други даде детали за операциите.

Портпаролот на украинската војска изјави дека во контранападот на украинските сили има напредување од 1,4 километри на бројни делови од линијата на фронтот во близина на источниот град Бахмут.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maliar-rusija-ja-raznese-branata-kahovka-za-da-ja-sprechi-ofanzivata-na-jugot-na-ukraina/feed/ 0
По уривањето на браната Каховка 700.000 Украинци имаат потреба од вода за пиење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-urivaneto-na-branata-kahovka-700-000-ukraintsi-imaat-potreba-od-voda-za-piene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-urivaneto-na-branata-kahovka-700-000-ukraintsi-imaat-potreba-od-voda-za-piene/#respond Sat, 10 Jun 2023 11:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=844324

Главниот претставник на ОН за хуманитарна помош, Мартин Грифитс, денеска предупреди дека уривањето на браната Каховка уште повеќе ќе им го отежне животот на Украинците. Потсекретарот Грифитс изјави дека на дури 700.000 лица им е потребна вода за пиење. Тој, исто така, стравува дека поплавите ширум областа може да резултираат со помал извоз на жито, повисоки светски цени на храната и помалку храна за милиони луѓе на кои им е потребна. Грифитс додаде дека Обединетите нации, кои работат главно преку украинските хуманитарни групи, стигнале до 30.000 лица во поплавените области под украинска контрола. Но, се верува дека илјадници други се заробени од водата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-urivaneto-na-branata-kahovka-700-000-ukraintsi-imaat-potreba-od-voda-za-piene/feed/ 0
Украина тврди: Имаме доказ дека Русите ја кренаа во воздух браната во Херсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-tvrdi-imame-dokaz-deka-rusite-ja-krenaa-vo-vozduh-branata-vo-herson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-tvrdi-imame-dokaz-deka-rusite-ja-krenaa-vo-vozduh-branata-vo-herson/#respond Fri, 09 Jun 2023 08:45:33 +0000 https://kurir.mk/?p=843946

Украинската служба за внатрешна безбедност во петокот соопшти дека пресретнала телефонски повик кој докажал дека руските сили ја разнеле хидроелектраната и браната Каховка во регионот Херсон во јужна Украина. Службата за безбедност на Украина на својот канал на Телеграм објави аудио снимка во траење од една и пол минута од наводниот разговор, пишува „Гардијан“. Да потсетиме, уништена е голема брана во областа под контрола на руската армија на југот на Украина, по што дошло до голема поплава. Десетици илјади луѓе се евакуирани од околу 30 градови и населени места, а властите стравуваат дека поплавите ќе имаат катастрофални последици. Украинската војска и НАТО ја обвинија Русија за кревање на браната во воздух, додека Москва го обвинува Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-tvrdi-imame-dokaz-deka-rusite-ja-krenaa-vo-vozduh-branata-vo-herson/feed/ 0
Украинците објавија ВИДЕО од помор на риби по уништувањето на браната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraintsite-objavija-video-od-pomor-na-ribi-po-unishtuvaneto-na-branata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraintsite-objavija-video-od-pomor-na-ribi-po-unishtuvaneto-na-branata/#respond Thu, 08 Jun 2023 08:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=843561

Украинските власти споделија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како риби отскокнуваат во калта од надојдените води на реката Дњепар. Реката Дњепар, да потсетиме, го поплави југот на Украина по уништувањето на браната Нова Каковка северно од градот Херсон. Видеото го објави и Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Екоцид во режија на Русија“, напиша Јермак на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraintsite-objavija-video-od-pomor-na-ribi-po-unishtuvaneto-na-branata/feed/ 0
Кој има корист од уништувањето на важната брана во Украина? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-ima-korist-od-unishtuvaneto-na-vazhnata-brana-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-ima-korist-od-unishtuvaneto-na-vazhnata-brana-vo-ukraina/#respond Thu, 08 Jun 2023 06:42:07 +0000 https://kurir.mk/?p=843473

Би-Би-Си Голема и важна брана во окупираниот дел на јужна Украина се урна, предизвикувајќи поплави низводно. Кој има корист од тој чин? Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната, потсетувајќи на минатогодишните нерешени експлозии на гасоводот Северен поток. Во двата случаи, сомнежите на Западот веднаш паднаа врз Русија. Но, двапати Москва одговори со: „Не сме ние. Зошто би го направиле тоа? Ова ни штети на нас“. Како уништувањето на браната и штети на Русија? Во случајот со уривањето на браната Каховка, Русија може да укаже на најмалку два начина според кои тоа и штети на нејзините интереси. Поплавите низводно ја принудија да ги евакуира војниците, како и цивилите на исток, подалеку од Херсон и широките брегови на реката Днепар. Ова ќе овозможи одредено ограничено олеснување за жителите на Херсон кои мораа да живеат со секојдневните руски артилериски и ракетни напади. Второ, ова може да влијае на снабдувањето со вода на окупираниот Крим, сув полуостров кој се потпира на свежа вода од каналите во близина на урнатата брана. Откако Русија незаконски го анектираше во 2014 година, стана силно утврдена територија што и Русија и Украина ја нарекуваат своја. Како уништувањето на браната и штети на Украина? Сепак, уривањето на браната во Каховка треба да се гледа во поширок контекст на војната во Украина и конкретно во светлината на украинската летна контраофанзива, која очигледно веќе започна. За да успее оваа контраофанзива, таа мора да стави крај на руската контрола врз голем дел од територијата што руските сили ја зазедоа минатата година и го поврзаа Крим со источниот украински регион Донбас. Ако Украина може да најде начин да ги пробие руските одбранбени линии јужно од Запорожје и да ја раздели таа територија, може да го изолира Крим и да постигне голема стратешка победа. Но, Русите научија многу лекции од почетокот на инвазијата во февруари минатата година. Тие ја погледнаа мапата, сфатија каде Украина најверојатно ќе нападне и ги поминаа последните месеци градејќи некои навистина застрашувачки утврдувања за да го блокираат секое напредување на Украина кон Азовското Море. Воопшто не е сигурно дека Украина планирала да испрати свои сили кон западната страна на таа одбрана. Воената команда во Киев разумно ги крие своите карти за да ја држи Русија во неизвесност. Проблем за украинската контраофанзива Но, уништувањето на браната, кој и да го извршил, сега ја прави таа опција многу попроблематична. Днепар веќе беше широка река до моментот кога ќе влезе во јужна Украина, а преминувањето на оклопна бригада преку неа, под руска артилерија и напади со ракети би било крајно опасно. Со уништената брана и поплавени огромни површини земја низводно, областа на левиот (источен) брег спроти градот Херсон стана практично недостапна за украинските оклопни транспортери. Русите веќе направиле нешто слично во историјата Треба да се напомене дека Русите направиле нешто слично во историјата на истата река. Имено, во 1941 година, советските трупи разнесоа брана преку реката Днепар за да го блокираат напредувањето на нацистичките трупи. Илјадници советски граѓани, наводно, загинале во поплавите. Но, сега е клучно дека оној што ќе ја пробие браната Каховка, ќе ја наруши стратешката шаховска табла во јужна Украина, принудувајќи ги двете страни да направат серија големи приспособувања и веројатно одложувајќи го следниот потег на Украина во нејзиниот долго ветуван контранапад. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-ima-korist-od-unishtuvaneto-na-vazhnata-brana-vo-ukraina/feed/ 0
Полињата во Херсон би можеле да станат пустина по уништувањето на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polinata-vo-herson-bi-mozhele-da-stanat-pustina-po-unishtuvaneto-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polinata-vo-herson-bi-mozhele-da-stanat-pustina-po-unishtuvaneto-na-branata-kahovka/#respond Wed, 07 Jun 2023 07:09:57 +0000 https://kurir.mk/?p=843044

Откако експлозија ја уништи големата брана Каховка, на реката Дњепар, во јужна Украина, украинското Министерство за земјоделство синоќа соопшти дека според првичните прогнози, се очекува да бидат поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште на северниот брег на реката, во регионот Херсон. Се очекуваше поплавите да бидат многу поголеми на јужниот брег на реката, во регионот под руска окупација, се наведува во соопштението на Министерството, објавено на неговата Интернет-страница. Деталните информации за штетите и последиците ќе бидат објавени во наредните денови кога министерството ќе има појасна слика за состојбата. „Освен тоа, катастрофата предизвикана од активности на човекот, ќе го наруши снабдувањето со вода во 31 систем за наводнување на полињата во регионите Дњепропетровск, Херсон и Запорожје“, соопшти министерството. „Уништувањето на хидроцентралата Каховка ќе значи дека полињата во јужна Украина веќе следната година би можеле да се претворат во пустини“, додаваат од министерството. Снабдувањето со вода за пиење во населените места, исто така, би било загрозено. Дополнително, од Министерството за земјоделство велат дека очекуваат негативни последици за рибарството. Браната беше уништена вчера рано утрината, во јужниот дел на Украина, во областа Херсон, окупирана од Русија. Кремљ го обвини Киев, а од друга страна, Украина и многу западни набљудувачи се убедени дека руските окупатори сами ја разнесоа браната - веројатно за да спречат планирана украинска контраофанзива. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polinata-vo-herson-bi-mozhele-da-stanat-pustina-po-unishtuvaneto-na-branata-kahovka/feed/ 0
Нивото на водата по експлозијата на браната Нова Какховка кренато за пет метри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-po-eksplozijata-na-branata-nova-kakhovka-krenato-za-pet-metri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-po-eksplozijata-na-branata-nova-kakhovka-krenato-za-pet-metri/#respond Tue, 06 Jun 2023 09:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=842654

Нивото на водата околу браната Нова Какховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови се веќе целосно поплавени, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Засега, 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужната украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на браната, изјави денеска прорускиот гувернер на регионот. Проруски функционер во градот Нова Каховка рече дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани откако била пробиена блиската брана. Градоначалникот Владимир Леонтев за руската државна телевизија изјави дека штетата на браната е резултат на низа украински удари. Хидроцентралата Каховка е „целосно уништена“ и не може да се обнови по детонацијата во машинската просторија, соопшти денеска државната хидроцентрала на Украина. Руската државна нуклеарна компанија Росатом објави дека нема закана за нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа на територијата окупирана од Русија, откако беше пробиена блиската брана. Директорот на централата Запорожје, која Русија ја држи од март 2022 година, на Телеграм напиша дека нема ризик за безбедноста на објектот. Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка. Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола. Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната, додека руски извори ја обвинуваат Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-po-eksplozijata-na-branata-nova-kakhovka-krenato-za-pet-metri/feed/ 0
Нивото на водата се зголеми за пет метри по експлозијата на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/#respond Tue, 06 Jun 2023 07:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=842604

Нивото на водата околу браната Нова Каховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови низводно веќе се целосно поплавени, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на локалните власти. Засега 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужна украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на брана, изјави во вторникот прорускиот гувернер на регионот, пренесува руската новинска агенција РИА. Украинскиот премиер Денис Шмихал одделно изјави дека до 80 населени места се изложени на опасност од поплави откако браната беше оштетена. Проруски функционер во градот Нова Каховка изјави дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани откако била пробиена браната во близина. ТАСС го цитира и рускиот градоначалник на Нова Каховка, Владимир Леонтјев, кој рекол дека дел од градот е исклучен од снабдувањето со електрична енергија поради безбедносни причини. Руски функционер во украинскиот град Новаја Каховка во вторникот изјави дека најверојатно ќе биде невозможно да се поправи браната, откако експлозија предизвика дупка во структурата. Во коментар за руската државна телевизија, Владимир Леонтјев рече дека оштетувањето на браната е резултат на серија украински удари, пренесува британската агенција Reuters. Хидроцентралата Каховка е „целосно уништена“ и не може да се обнови по детонација во машинската просторија, соопшти во вторникот украинската државна компанија за управување со хидроцентралите. Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во вторникот соопшти дека нема закана за нуклеарната централа Запорожје на територијата која од ланскиот февруари е под контрола на Русија, откако беше пробиена блиската брана. Директорот на нуклеарната централа Запорожје, одделно рече дека нема ризик за безбедноста на објектот во изјавата на Телеграм. Ниту еден метар не треба да им се остави затоа што секој метар го користат за терор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/feed/ 0
Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krenata-vo-vozduh-branata-kakhovka-vo-juzhna-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krenata-vo-vozduh-branata-kakhovka-vo-juzhna-ukraina/#respond Tue, 06 Jun 2023 05:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=842548

Масивната брана Какховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина а кој е под контрола на Русија, вчера беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од двете страни. Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат серија интензивни експлозии околу браната Какховка. Друго видео покажува како вода протекува низ остатоците од браната. Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка. Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола. Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната. Сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа Запорожје поради уривањето на браната Какховка, соопшти синоќа руската агенција Тасс, цитирајќи официјален претставник во регионот Запорожје, кој е поддржан од Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krenata-vo-vozduh-branata-kakhovka-vo-juzhna-ukraina/feed/ 0