бранење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Feb 2021 07:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бранење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ Банка: Зошто домашните експерти бранат толериран грабеж во ограбена банка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-esb-banka-zoshto-domashnite-eksperti-branat-toleriran-grabez-vo-ograbena-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-esb-banka-zoshto-domashnite-eksperti-branat-toleriran-grabez-vo-ograbena-banka/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=462922

За да ги оправда своите гревови, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска се повикува и на „домашните експерти“ кои посочиле дека за затворањето на Еуростандард банка таа постапила соодветно и навремено и дека го направила својот максимум. Како тие домашни експерти тврдат дека гувернерката Бежоска постапила соодветно и навремено кога ние сме целосно покрадени? Дали овие таканаречени домашни експерти знаат што значи 60 милиони евра да се крадат од банка со години, а да гувернерката Бежоска не знаела или не го видела тоа!? Што имаат тие да им кажат на околу 2.000 фирми депоненти во Еуростандард банка кои се законски обврзани да работат само преку банка? Нивните тековни средства на сметки во банката им се одземени во целост и веќе отидоа во амбис. Како се заштитени фирмите од пропаст на банка кога немаат никаква гаранција од државата!? Дали фирмите се депоненти и учесници во платниот промет? Државата им налага да работат единствено и само преку банка, а потоа им ги одзема сите средства бидејќи гувернерката Бежоска дозволила да банката биде покрадена, велат од здружението на оштетени штедачи на ЕСБ Банка. Каков бил кредитниот ризик на оние избрани фирми кои од банката добиле неповратни кредити без покритија, а гувернерката Бежоска наводно не го видела тоа? Или ако го видела ќе им ги одземела лиценците за работа на оние што делеле неповратни кредити и нема јавно да не лажеше дека депозитите ни се безбедни и сигурни. Овие фирми депоненти кои ги изгубија сите свои пари, а и сите граѓани во земјава, скапо ги плаќаат ваквите „домашни експерти“, некои од нив вдомени во државни институции и совети на банки. Има и таков гласноговорник кој бранејќи ја гувернерката го заштитува криминалот во Еуростандард банка во којшто можеби и тој соучествувал претходно. Дали на овие експерти им е наложено да по секоја цена ги бранат гревовите на гувернерката Бежоска со небулози, филозофии и замајувања на јавноста? Сепак, во едно може да се согласиме со нив. Гувернерката Бежоска го направила својот максимум, но не за ги заштити нашите депозити туку за да целосно не покрадат, излажат и измамат, додаваат од здружението. Може гувернерката Бежоска да наложи на било кого да ја брани, но од вистината и фактите нема бегање. Разбираме што гувернерката Бежоска не сака да одговори на наши конкретни прашања и бега од соочување со нас бидејќи дозволила да не покрадат во целост. Наместо неа, таа постојано праќа емисари во име на „домашни експерти“ за да ги бранат нејзините нечесни постапки врз основа на кои околу 3.000 семејства се покрадени и им е уништена сегашноста и иднината. За тоа што е сторено мора да има одговорност на гувернерката Бежоска без разлика кој уште ќе продефилира во јавноста да ги брани „угледот“ и „честа“ на гувернерката како соучесник во организираниот криминал, реагираат од здружението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-esb-banka-zoshto-domashnite-eksperti-branat-toleriran-grabez-vo-ograbena-banka/feed/ 0
Геро ,,се фрли“ да го брани Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gero-se-frli-da-go-brani-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gero-se-frli-da-go-brani-zaev/#respond Mon, 23 Apr 2018 20:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=45112

Новинарот Бранко Геровски, важи за нескриен поддржувач на СДСМ и на Зоран Заев, како и нескриен противник на ВМРО-ДПМНЕ и особено на Никола Груевски. Откако неколку дена по ред опозицијата предупредува дека автопатот Демир Капија- Смоквица е завршен уште пред една година, и дека Заев и СДСМ го одлагаа пуштањето за да креираат перцепција дека во нивно време е граден, и особено откако Груевски излезе со статус на Фејсбук укажувајќи дека надвор од двата автопати во градба, Скопје- Штип и Кичево- Охрид, како и овој што цела година стои завршен, а непуштен да се користи, дека освен овие три автопати, Заев се мисли на владата на Заев нема да изгради ниту еден километар автопат, како да прекипе трпението и нервите на Геровски. Очигледно овие изјави го погодија врвот на власта и очигледно побараа помош од новинарот кој секогаш спремен да им помогне, Бранко Геровски. Геровски пак се чини како да ,,ги засука ракавите“  и удри прво едно плукање врз Груевски од неговиот редовен репертоар на оцрнувања кој го повторува цели 10 години, години во кои мнозинството граѓани на секои избори 10 пати по ред, поддршката ја даваа на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.. Овој пат збогатен со споредба со Хитлер. Потоа Геро почна со одбрана на Заев со една лесно проверлива лага во обид да го извлече Заев, и еден обид за релативизација, сакајќи да му помогне на Заев. Лажејќи што кажал, а што не кажал Заев, Геро заборавил дека од изјавата во која Заев ветува дека во неговиот мандат ќе се изградат 600 км не пат, туку автопати, има видео снимка. Снимка во која тој повеќе пати го повторува тоа. Иако за Геро и снимката како Заев бара мито за да даде дозвола како градоначалник не е доволна за да покаже повеќе интегритет и да каже дека токму неговиот пулен е обвинет за криминал и фатен со законски прибавена видео снимка како отворено бара мито од 200 илјади евра и раскажува дека со сите во Струмица правел исто. И најсмешно од се е обидот за релативизирање дека не се Заев и Груевски тие кои ги градат автопатите туку ,,вредните раце на градежните работници“ , небаре работниците сами си се собираат и бесплатно, самоиницијативно, без сите претходни подготовки онака од ќеиф си градат автопати. Според таа логика штом дојде на власт СДСМ вредните градежни работници престануваат да бидат вредни? Како тоа тие вредни луѓе работат и создаваат кога е ВМРО на власт, а седат, легачат и немаат работат кога е СДСМ на власт? И како тоа кога СДСМ ќе дојде на власт градежништвото паѓа за 46 отсто според државниот завод за статистика, предводен од директор на СДСМ. Коментарите на социјалните мрежи се дека Геро може колку сака да го вади од кал Заев но барем со доза на поголема интелигенција, вака само губи во очите на читателите, ако воопшто знае што значи тоа, имајќи со оглед дека што и да пишува, колку и да биде читан парите од тој медиум се гарантирани и ќе си дојдат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gero-se-frli-da-go-brani-zaev/feed/ 0