бранители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 12:26:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бранители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нелоска: Припадниците на безбедносните сили на територија на општина Ѓорче Петров ќе добијат посебни права https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-na-teritorija-na-opshtina-gorche-petrov-ke-dobijat-posebni-prava/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-na-teritorija-na-opshtina-gorche-petrov-ke-dobijat-posebni-prava/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=878360

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров изгласа одлука со која се обезбедуваат посебни права и ослободување на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, рече на денешната прес-конференција претседателката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров, Ленче Нелоска. -Бранителите од конфликтот од 2001 година, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги заборави. Оваа одлука е од големо значење за нивните семејства со која покажуваме почит кон загинатите и нивните заложби за слободна Република Македонија. Имено, припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца, со оваа одлука се ослободуваат од плаќање на месечните износи на цените на услугите што ги дава детската градинка „Росица“ и износите за надоместоци на трошоци за престој во детската градинка. Оваа одлука се однесува на директните потомци на бранителите, односно за нивните внуци, бидејќи нивните деца се веќе возрасни. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства кои се родители на деца имаат првенство на запишување на децата во Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Росица“. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца кои учат во основно училиште на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, се ослободуваат од плаќање на трошоците за: - оброкот (ужинка) и оброците (појадок и ручек); - воннаставните активности утврдени со Годишната програма за работа на училиштето, коишто се незадолжителни активности, а се однесуваат: на посета на театарски и кино претстави, концерти, фестивали, и други настани што се поврзани со воспитно-образовниот процес на учениците; на претплата за ученички списанија; за организирани екскурзии, летувања/зимувања, истакна Нелоска. Таа потенцираше дека овие трошоци ќе бидат на товар на Општина Ѓорче Петров. -Воедно, со оваа одлука припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, се целосно ослободени и од обврската за плаќање на надоместокот за делумно уредување на градежното земјиште на територија на Општина Ѓорче Петров, за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Ѓорче Петров за: - станбени објекти за индивидуално домување (класа на намена „А1“) со вкупна површина до 100 m2 корисна нето површина за семејно домување во семејна куќа. Ослободувањето од обврската за плаќање може да биде искористено еднократно од страна на барателот. Мнозинството советници во Советот на Општина Ѓорче Петров предводени од ВМРО-ДПМНЕ ветија дека ќе се заложат за олеснување на секојдневнието на семејства на овие храбри херои, и тоа и го сторија. ВМРО-ДПМНЕ секое ветување го остварува. За нас, дадениот збор е светост и никогаш нема дилема кога станува збор за подадена рака со граѓанинот, изјави Нелоска. Продолжуваме да работиме исклучиво во интерес на јавното добро, додаде Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-na-teritorija-na-opshtina-gorche-petrov-ke-dobijat-posebni-prava/feed/ 0
Стојкоски: Бранителите од 2001 од Ѓорче Петров конечно добиваат низа поволности за своите семејства https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-branitelite-od-2001-od-gorche-petrov-konechno-dobivaat-niza-povolnosti-za-svoite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-branitelite-od-2001-od-gorche-petrov-konechno-dobivaat-niza-povolnosti-za-svoite-semejstva/#respond Fri, 15 Sep 2023 10:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=878329

Бранителите од 2001 од Ѓорче Петров конечно добиваат низа поволности за своите семејства, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски. Бранителите од 2001 година се нашата гордост. Нивната храброст е лекција за сите како се сака државата и како се брани интегритетот. Советот на Општина Ѓорче Петров во изминатите две години носи одлуки во нивна чест, но и одлуки кои имаат за цел финансиско олеснување на секојдневието на нивните семејства. На предлог на претседателот на Советот на Општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска, којашто на една од изминатите седници ја поднесе иницијативата, советниците на денешната седница позитивно се изјаснија по точките посветени на овие македонски херои кои ги изгубија своите животи во конфликтот во 2001 година. Со денешната одлука, припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца се ослободуваат од плаќање на месечните износи на цените на услугите што ги дава детската градинка „Росица“ и износите за надоместоци на трошоци за престој во детската градинка. Оваа одлука се однесува на директните потомци на бранителите, односно за нивните внуци, бидејќи нивните деца се веќе возрасни. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства кои се родители на деца, имаат првенство на запишување на децата во детската градинка „Росица“. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца кои учат во основно училиште на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, се ослободуваат од плаќање на трошоците за: -оброкот (ужинка) и оброците (појадок и ручек); -воннаставните активности утврдени со Годишната програма за работа на училиштето, кои се незадолжителни активности, а се однесуваат: на посета на театарски и кино претстави, концерти, фестивали, и други настани што се поврзани со воспитно-образовниот процес на учениците; на претплата за ученички списанија; за организирани екскурзии, летувања/зимувања. -Овие трошоци ќе бидат на товар на Општина Ѓорче Петров. -Со оваа одлука припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, се целосно ослободени и од обврската за плаќање на надоместокот за делумно уредување на градежното земјиште на територија на Општина Ѓорче Петров, за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Ѓорче Петров за: - станбени објекти за индивидуално домување (класа на намена „А1“) со вкупна површина до 100 m2 корисна нето површина за семејно домување во семејна куќа. Ослободувањето од обврската за плаќање може да биде искористено еднократно од страна на барателот. -Дадовме ветувања и ги остваривме. Бранителите ќе добијат и улици во Ѓорче Петров кои ќе ги носат нивните имиња. Македонските херои никогаш нема да бидат заборавени. Тие се столбот на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-branitelite-od-2001-od-gorche-petrov-konechno-dobivaat-niza-povolnosti-za-svoite-semejstva/feed/ 0
СРАМОТА: Искршена е новата плоча со имињата на бранителите кај Вејце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-iskrshena-e-novata-plocha-so-iminata-na-branitelite-kaj-vejtse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-iskrshena-e-novata-plocha-so-iminata-na-branitelite-kaj-vejtse/#respond Tue, 02 May 2023 09:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=829648

Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април. На фотографијата се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители. Во петокот повеќе претставници на партии, организации, здруженија, МВР, Армијата и други оддадоа почит кон војниците и полицајците на место каде ги загубиле животите во 2001 година во близина на Вејце. Плочата со имиња на загинатите припадници на безбедносните сили ја постави политичката партија Левица. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-iskrshena-e-novata-plocha-so-iminata-na-branitelite-kaj-vejtse/feed/ 0
СПМ: Поднесовме нова иницијатива до Собранието за градба на меморијален споменик за сите бранители и паднати борци на Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-podnesovme-nova-inicijativa-do-sobranieto-za-gradba-na-memorijalen-spomenik-za-site-braniteli-i-padnati-borci-na-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-podnesovme-nova-inicijativa-do-sobranieto-za-gradba-na-memorijalen-spomenik-za-site-braniteli-i-padnati-borci-na-makedonija-foto/#respond Tue, 17 May 2022 10:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=677757

Синдикатот на Полиција во Македонија до јавноста испрати соопштение во врска со иницијативата за изградба на спомен обележје на бранителите од конфликтот 2001 и кумановските настани 2015 поднесена до Градоначалникот и Советот на општина Куманово кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:
„Синдикат на Полиција во Македонија ја информира јавноста дека откако остваривме средба со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на која што средба побаравме нашата иницијатива за изградба на спомен обележје во општина Куманово да ја ставиме во мирување. До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме. Поради тоа ја информираме Македонската јавност дека веќе поднесовме нова ИНИЦИЈАТИВА/ БАРАЊЕ до Собранието на Република Македонија до сите пратенички групи за давање на ПОДРШКА за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани. Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2. Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-podnesovme-nova-inicijativa-do-sobranieto-za-gradba-na-memorijalen-spomenik-za-site-braniteli-i-padnati-borci-na-makedonija-foto/feed/ 0
Уништена спомен-плоча на бранителите кај тетовско Гајре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/#respond Sat, 19 Jun 2021 14:18:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525462

Уништена е спомен-плочата поставена на патот над тетовско Гајре на 5 јуни во чест на петмината армиски бранители убиени во 2001 година, информираат денеска од Одборот на бранители. Членовите на Одборот извршиле увид на местото по што констатирале дека плочата поставена пред две недели веќе ја нема. -Сквернавење на спомен белезите на загинатите бранители и натаму продолжува. Како што е познато овде загинаа петмина бранители во конфликтот во 2001 година. Одборот на бранители како и на други места и овде постави спомен плоча и по кој знае кој пат на дрзок начин истата е отстранета. Обврска е на органите на државата да ги заштитуваат и чуваат истите. Меѓутоа овде тоа не е случај. Згрозени сме од настанот и по којзнае кој пат ги повикуваме органите да посериозно си ја извршуваат оваа обврска. Многу чудно е што досега ништо не е откриено, иако секогаш сме укажувале и апелирал на заштита на спомен белезите. Иако оваа спомен плоча издржа најдолго од поставувањето сепак вандализмот и врз неа не изостана. Трпението кај бранителите, родителите на загинатите и граѓаните се исцрпува. Ова нека биде последен повик до органите да си ја извршуваат својата службена обврска, да се стават во заштита на спомен обележјата и чувствата на граѓаните, изјави претседателот на Одборот на бранители, Марин Најдов. Во 2001 година кја Гајре загинаа Исак Руфати од тетовско Одри, Влатко Миленковски и Благојче Сиљанов од Битола, Пеце Матичевски од битолско Новаци, Кољо Китанов од струмички Сарај. Претходно, на 14 мај, беше констатирано дека се оштетени и уништени двете плочи за убиените осум припадници на Армијата и полицијата кај Вејце кои беа поставени на 28 април по повод 20 години од масакрот извршен на тоа место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/feed/ 0
Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-branitelite-kaj-ljubotenski-bachila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-branitelite-kaj-ljubotenski-bachila/#respond Mon, 10 Aug 2020 06:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=388587

По повод 19 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година денеска пред нивното спомен одбележје во скопско Волково ќе биде положено цвеќе од делегации од општината и армијата. На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-branitelite-kaj-ljubotenski-bachila/feed/ 0
Укинување на пресудата и враќање на постапката бара одбраната на обвинетите за „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinuvanje-na-presudata-i-vrakjanje-na-postapkata-bara-odbranata-na-obvinetite-za-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinuvanje-na-presudata-i-vrakjanje-na-postapkata-bara-odbranata-na-obvinetite-za-27-april/#respond Thu, 28 May 2020 12:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=351065

Укинување на пресудата и враќање на постапката пред изменет судечки совет побараа во образложението на жалбите обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година на денешното продолжение на тридневната јавна расправа пред Апелација за пресудите за „27 април“. Меѓу 16-те обвинети, кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”, се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање. Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски. Бранителката на Митко Пешов, на кого му беа изречени 15 години казна затвор, адвокатката Павлина Зефиќ рече дека биле направени повреди во постапката и судските рочишта за предметот траеле и по 12 часа со следење на искази на 4-5 сведоци и биле соочени со сериозен предизвик како одбрана. – Клучна повреда во постапката сметаме дека е тоа што не ни беше дозволено да ги користиме исказите на сведоците дадени во обвинителството за нивна дискредитација. Сметаме дека воопшто не беше утврдено од страна на судечкиот совет каква наредба и кој му издал на Митко Пешов наредба за активирање на специјалните полициски сили. Сметаме дека направи процесна повреда со тоа што не дозволи јавноста да го слушне исказот на заштитениот сведок и бидејќи не ја утврди во целост фактичката состојба, изјави Зефиќ. Барам, рече таа, доколку ја укинете пресудата да се води пред изменет совет. Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, рече дека оваа пресуда е фингирана и нема било каков доказ и затоа смета дека не може да опстане. – Очекувам најмалку укинување на првостепената пресуда со сериозни напатствија, затоа што ваква пресуда каква што е не може да опстои. Толку има суштествени повреди на одредбите од Законот за кривична постапка што е неверојатно. Најклучно е тоа, да забраните на одбраната да го дискредитира сведокот во смисла на одредбите од член 388, односно да забраните да поставува прашања кои се однесуваат на исказ на сведок дадени во фаза на истрага е сосема недозволиво. Тоа ниту еден суд не го прави, тоа е елементарно непознавање на законот за кривична постапка, изјави Дуковски. На почетокот обвинетиот Александар Василевски Нинџа го извести Судот дека, денеска додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на Митко Чавков. – Лица кои беа во придружба на сопругата и на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска додека бев спроведуван во Судот. Чавков директно ми се закани и на денот на изрекување на пресудата, изјави Нинџа. Адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски на паузата од денешната расправа, рече дека немало закани ниту ништо, бидејќи на денешното рочиште немало никој од семејството на Чавков. – Тоа е истото сценарио, заради кое, некои добија осум години, а сите други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Ниту закана, ниту ништо. Кој на кого ќе се заканува. Зошто се командирите тука да интервенираат. Кој си има мува на капата си кажува. Не станува збор за никаква закана, изјави Дуковски. Бранителот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, адвокат Ѕвонко Давидовиќ, рече дека околу делот на заканите го известил судот, кој тоа го забележал и дали ќе го испита и што ќе направи веќе останува на судот и на обвинителството. – По однос на жалбата. Првостепениот суд не кажал и не навел што е уставниот поредок кој бил загрозен. Јас верувам дека првостепениот суд и не знаел што е, инаку ваквата пресуда не би ја напишал. Не може уставен поредок да бидат двајца пратеници за кои тврди во пресудата дека биле таргет, ниту избор на претседател на собрание, кој веќе бил извршен откако се случиле настаните. Тврди дека имаме терористичко загрозување и терористи во судницата, но не даде појаснување како ја утврдил терористичката организација и која е, кои се членовите и на кој начин постапувале, изјави Давидовиќ. По однос на самата пресуда, нагласи Давидовиќ, ако тврдите дека Митко Чавков не издал наредба, па потоа тврдите дека Митко Пешов не издал, па потоа тврдите дека Душко Лазаров не издал, вие тогаш стварно не знаете кој требал да издаде и дали воопшто и на кој начин требал да издаде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinuvanje-na-presudata-i-vrakjanje-na-postapkata-bara-odbranata-na-obvinetite-za-27-april/feed/ 0
Чулев ги посети семејствата на загинатите бранители и „Тигрите“ кои се на обука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-gi-poseti-semejstvata-na-zaginatite-braniteli-i-tigrite-koi-se-na-obuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-gi-poseti-semejstvata-na-zaginatite-braniteli-i-tigrite-koi-se-na-obuka/#respond Sat, 08 Feb 2020 12:08:27 +0000 https://kurir.mk/?p=301026

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денес ги посети семејствата на загинатите бранители. Тие овие денови го поминуваат зимскиот одмор во сместувачките капацитети на министерството за внатрешни работи на Понивка. -За мене беше голема чест и вистинско задоволство да поразговарам со семејствата и дечињата на оние кои својот живот го дале за Република Македонија. Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Сето ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законската можност да одговориме позитивно на нивните потреби, истакна тој.
Во рамки на оваа посета се сретна и со припадниците на Единицата за специјални задачи „Тигар“ кои тука ја изведуваат зимската обука.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-gi-poseti-semejstvata-na-zaginatite-braniteli-i-tigrite-koi-se-na-obuka/feed/ 0
Во Прилеп почнуваат чествувањата за загинатите бранители кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-pochnuvaat-chestvuvanjata-za-zaginatite-braniteli-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-pochnuvaat-chestvuvanjata-za-zaginatite-braniteli-kaj-karpalak/#respond Wed, 07 Aug 2019 05:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=227102

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп вечер почнуваат чествувањата по повод 18-годишнината од масакрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 прилепски резервисти на АРМ. Пред спомен-обележјето на 10-те загинати бранители во прилепската касарна „Мирче Ацев“ во 18:00 часот цвеќе ќе положат делегации кои ќе им оддадат почит на загинатите прилепчани. Потоа, ќе биде посетена Спомен-собата во касарната каде се спомените на загинатите армиски резервисти и бранители. Во 19:00 часот ќе биде посетен споменикот во прилепското село Лениште, посветен на трагично загинатите бранители и ќе се служи вечерна литургија во манастирот „Света Петка“ во селото. Делегации, изутрината на 8 август, од 6:00 часот ќе тргнат на чествувањето на овој трагичен настан на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде ќе положат цвеќе на спомен-обележјето. Во Прилеп од 7:30 часот ќе се положат цвежиња и ќе им биде оддадена почит на загинатите на нивните вечни почивалишта во градот и во околните населени места. Во 10:00 часот ќе се одржи панихида за загинатите во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила, а од 13:00 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. На 8 август 2001 година во заседа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак животот го загубија Сашо Кутаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Тие беа армиски резервисти од Прилеп и околината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-pochnuvaat-chestvuvanjata-za-zaginatite-braniteli-kaj-karpalak/feed/ 0
Прилепските бранители бараат општината да ги ослободи од плаќање комунали по теркот на општина Сарај https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilepskite-braniteli-baraat-opshtinata-da-gi-oslobodi-od-plakjanje-komunali-po-terkot-na-opshtina-saraj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilepskite-braniteli-baraat-opshtinata-da-gi-oslobodi-od-plakjanje-komunali-po-terkot-na-opshtina-saraj/#respond Tue, 06 Nov 2018 18:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=124400

По примерот на Општина Сарај која ги ослободи од комуналии припадниците на ОНА и прилепските бранители бараат Општина Прилеп да ги ослободи од плаќање на комуналните давачки. Советникот и бранител Гоце Стефаноски ова прашање ќе го поставел на наредната седница на Советот на Општина Прилеп. Бранителите се револтирани од долгогодишниот несоодветен третман кон нив од страна на државата, а последната одлука на Општина Сарај ја прелила чашата, пренесе Сител. „Воопшто не не почиитуваат како бранители како личности кои навистина се заложиле за подобро општество и подобро утре. Не исмеваат на улица и не прашуваат : Зошто се боревте Вие ? Зошто Вие бевте во одбрана на државата, за да сега шетате по улици“, вели Цане Тодороски, поранешен бранител. Велат дека тие кои во 2001 година биле против Македонија сега имаат далеку поголеми права од нив. Се уште дел од бранителите се невработени и живеат во сиромаштија. „Ако не плажам данок, ова она, јас со тиие парии ќе си купам леб. Јас сум невработен иако бев бранител во 2001 година. И мислам дека не е во ред јас да трпам за леб, а некој да не знае што да правии со парите“, рече Тони Јосифоски, поранешен бранител. Бранителите истакнаа дека ова барање ќе биде повод повторно на дневен ред да ги постават нивните други долгогодишни барања како што е неослободувањето од плаќање на здравствените услуги. „Во последниов период се јавуваат големи здравствени проблеми кај бранителите како последица од поствоен синдром. Тое се воени стресови, кој ги чувствува порано, кој подоцна. А од страна на државното здравство немаме никакво ослободување“,  истакна Гоце Стефаноски, поранешен бранител и советник. Од Општина Прилеп во моментов немаат став околу ова најново барање на бранителите, велат дека почекаат тоа офиицијално да биде доставено до Советот на Општина Прилеп, па потоа да биде и разгледано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilepskite-braniteli-baraat-opshtinata-da-gi-oslobodi-od-plakjanje-komunali-po-terkot-na-opshtina-saraj/feed/ 0