бранко героски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 17:11:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бранко героски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Героски: Власта треба да се тргне од опсесијата за уставни измени и да престане да го кодошат македонскиот народ, опозицијата и сите оние кои се против уставните измени кои се нудат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vlasta-treba-da-se-trgne-od-opsesijata-za-ustavni-izmeni-i-da-prestane-da-go-kodoshat-makedonskiot-narod-opozitsijata-i-site-onie-koi-se-protiv-ustavnite-izmeni-koi-se-nudat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vlasta-treba-da-se-trgne-od-opsesijata-za-ustavni-izmeni-i-da-prestane-da-go-kodoshat-makedonskiot-narod-opozitsijata-i-site-onie-koi-se-protiv-ustavnite-izmeni-koi-se-nudat/#respond Wed, 13 Sep 2023 17:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=877764

„Власта треба да се извлече од опсесијата со прашањето на уставните измени и да видат малку поширокиот контекст да се обидат да го почуствуваат, така можеби ќе се сетат како да предложат и подобро решение за влегување на Бугарите во Уставот и дефинитивно да престанат да го кодошат македонскиот народ, опозицијата и сите оние кои се против ова решение кое сега се нуди, дека се против затоа што луѓето ги мразат Бугарите и затоа се против Бугарите да бидат во уставот, тоа не е вистина и не е точно“, истакна новинарот Бранко Героски во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Тој додаде дека власта влегува во оваа приказна пропагандистички, површно и влегува со една сервилност со прифаќање на уцените од Софија од кои не може да се конституира сериозна одржлива политика. „Навистина може да се најде подобро решение за уставните промени, да Европа нас ни вели мора да ги внесете Бугарите во Уставот, тоа е јасно, но Европа не ни вели дека мора вака да ги внесете, Европа не вели стави запирка пиши Бугари стави точка. Што ние ќе запишеме во Уставот и како ние ќе го стокмиме тоа решение дали ќе предвидиме можеби и еден наратив со кој ќе го зацврстиме идентитетот на македонската нација со што ќе кажеме дека оваа држава почнува меѓудругото и на долговековната традиција, култура, идентитет на македонската нација“, кажа Героски. Тој истакна дека има простор да се направи подобро решение и јавно го повика премиерот Ковачевски да го повлече сегашниот предлог, бидејќи има доволно време да се врати на маса со друг подобар предлог ако веќе уставните промени се клучот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vlasta-treba-da-se-trgne-od-opsesijata-za-ustavni-izmeni-i-da-prestane-da-go-kodoshat-makedonskiot-narod-opozitsijata-i-site-onie-koi-se-protiv-ustavnite-izmeni-koi-se-nudat/feed/ 0
Героски: За да бидеме сигурни дека нема да има притисоци врз органите на прогон за случајот со Онкологија, мора да претходи политичка одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-za-da-bideme-sigurni-deka-nema-da-ima-pritisotsi-vrz-organite-na-progon-za-sluchajot-so-onkologija-mora-da-prethodi-politichka-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-za-da-bideme-sigurni-deka-nema-da-ima-pritisotsi-vrz-organite-na-progon-za-sluchajot-so-onkologija-mora-da-prethodi-politichka-odgovornost/#respond Tue, 05 Sep 2023 17:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=874884

Овој случај со Онкологија, значи станува збор за доста голем скандал и тоа бидејќи постојат сериозни основани сомнежи дека станува збор за трговија, нелегална трговија со скапи лекови во време кога на луѓето тие лекарства им се потребни. И сега се создава еден впечаток на дел од луѓето тоа право им е ускратено, некои луѓе можеби се богателе, вршеле буквално криминал. И ова е ситуација во која во едно нормално демократско општество во принцип треба да се случат две работи, од една страна мора да се спроведе ефикасна, брза, квалитетна истрага која ќе доведе до утврдување на вистината, евентуално до покренување на обвинение. И тоа е нешто со што не смее да се има некаков компромис. И од друга страна за да бидеме сигурни дека ова ќе се случи и дека нема да има притисоци врз органите на прогон, дека нема да има притисоци врз сведоци, и врз луѓе кои што можеби ќе откријат детали за случувањата, мора да постои и мора да претходи политичка одговорност“, истакна Бранко Героски во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. Героски додаде дека политичка одговорност е потребна бидејќи треба да се сфати дека власта, луѓето кои што се на власт во оваа земја, министрите, премиерот, Владата, не се одговорни само за состојбите во своите министерства внатре, туку се одговорни за состојбите вкупно во ресорите. -Значи ако нешто не чини во здравството, ако имаме голем скандал, ако имаме голема драма, се претпоставува дека министерот за здравство, заменикот, одговорните менаџери во соодветните институции по дифолт и како чувство на лична одговорност треба веднаш да се повлечат од своите позиции, нагласи Героски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-za-da-bideme-sigurni-deka-nema-da-ima-pritisotsi-vrz-organite-na-progon-za-sluchajot-so-onkologija-mora-da-prethodi-politichka-odgovornost/feed/ 0
Героски: Шлаканицата е тешка, ама заслужена, друже судија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-shlakanitsata-e-teshka-ama-zasluzhena-druzhe-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-shlakanitsata-e-teshka-ama-zasluzhena-druzhe-sudija/#respond Mon, 03 Apr 2023 19:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=819719

Колумна на новинарот Бранко Героски објавена во ПЛУСИНФО На 26 јули 2012 година, под наслов „Осудивте невин човек, друже судија!“, меѓу другото, на судијата Илија Трпков му се обратив со следните зборови: „Вашата осудителна пресуда е политичка. Можеби Вие и не сте сосема виновни за тоа, но дилеми нема – ова е класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувани во вид на судска пресуда! Трајко Вељаноски е ‘виновен’ исто толку колку што бил ‘виновен’ и Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, во 1946 година осуден на 11-годишна затворска казна поради наводен обид за бегство во Грција. Ако Апелацискиот суд не ја собори Вашата пресуда, друже судија, Трајко Вељаноски ќе лежи во истиот затвор во кој лежеше и Ченто, а Вие ќе ја понесете ‘славата’ на судиите што го осудија првиот претседател на Президиумот на АСНОМ – Панта Марина, Коле Чашуле (постариот) и Лазар Мојсов. А јас сум сигурен дека и Вашата пресуда, друже судија, еден ден ќе биде укината како што беше укината и пресудата за Ченто и дека за тоа нема да мора да чекаме половина век“. И ете, навистина не моравме да чекаме половина век… Скопскиот Апелационен суд ја укина пресудата за лицата обвинети дека се организатори на настаните во Собранието на 27 април – Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Не ми е баш по волја тоа што Министерството за правда реши да се огласи по повод оваа одлука – бидејќи сметам дека извршната власт ни под разно не смее да коментира судски одлуки! – но морам да нагласам дека беше крајно време некој јавно да ги опомене судиите за суштествените повреди во кривичните постапки и за намерните или ненамерните пропусти при утврдувањето на битните факти за кривичните дела што обвинителите им ги ставаат на товар на обвинетите. И не мора баш Министерството за правда да го повикува Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена првостепената пресудата. Судскиот совет може и самиот да се сети да поведе постапка, вклучувајќи и дисциплинска, „ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво“ (цитирам делови од реакцијата на Министерството). Нејсе… Ова е тешка шлаканица за судијата Илија Трпков. Тешка, ама заслужена! Го следев процесот за лицата обвинети дека се организатори на настаните на 27 април и темелно се запознав и со обвинението и со аргументите на одбраната на Трајко Вељаноски. Напишав неколку написи за овој случај. Јавно изнесов многу сериозни аргументи зошто пресудата мора да биде ослободителна. Сите сведоци на настаните кои дадоа искази во судница, вклучувајќи го и тогашниот пратеник Зоран Заев, не гледаат никаква, а најмалку кривична одговорност кај Вељаноски. Тоа го потврдуваат и сите материјални докази. А сепак, во првостепената пресуда, Трпков ги осуди и него и другите за – тероризам. Уважувајќи ги жалбите на обвинетите, скопска Апелација оценила дека при постапувањето по овој кривичен предмет се сторени суштествени повреди на кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право, односно Кривичниот законик. Освен тоа, првостепениот суд го повредил и правото на одбрана на обвинетите, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за примената на Законот за амнестија. Ќе ни објасни ли судијата Трпков кој го натерал да стори суштествени повреди на кривичната постапка? И кој го спречил правилно да го примени материјалното право? Не му е ова прва пресуда што му паѓа на Апелација! Да потсетувам ли на „Ровер“? Патем речено, тоа беше во времето на Груевски… На Трпков му се случи нешто уште потрагично. Во предметот „Плацеви на Водно“, одлучувајќи после него, скопска Апелација донесе мериторна одлука. Овој пат апелационите судии не му го вратија предметот на повторно судење, туку самите донесоа пресуда. Не е ли тоа уште поголем срам за судија што пресудил во прв степен? Гледам, сега, при повторното судење во предметот „Таргет-Тврдина“, судијата Трпков пак не ги почитува насоките на Апелација. Тој пак прави суштествени повреди на постапката и мислам дека пак го води процесот кон погрешна примена на материјалното право.... ЦЕЛАТА КОЛУМНА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА ПЛУСИНФО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-shlakanitsata-e-teshka-ama-zasluzhena-druzhe-sudija/feed/ 0
Героски: Веќе неколку часа полицијата врши претрес во домот на Марјан Стаменковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-veke-nekolku-chasa-politsijata-vrshi-pretres-vo-domot-na-marjan-stamenkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-veke-nekolku-chasa-politsijata-vrshi-pretres-vo-domot-na-marjan-stamenkovski/#respond Thu, 09 Feb 2023 20:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=798639

Се наоѓам пред домот на Марјан Стаменковски. Неколку часа овде се врши претрес. По наредбa на ОЈО Скопје. Ноќва тој ќе ја помине во полициската станица во Карпош, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка, објави на социјалната мрежа на Фејсбук новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски. Запленувани биле пари, телефони, компјутери... -Како што дознаваме, од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки, пишува Героски. Како што пишува Героски наводно станувало збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР. -Непотврдени сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР, пишува тој во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-veke-nekolku-chasa-politsijata-vrshi-pretres-vo-domot-na-marjan-stamenkovski/feed/ 0
Героски за ослободувањето на Мијалков од притвор: Македонија нема да се гордее со оваа бурлеска! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-za-osloboduvanjeto-na-mijalkov-od-pritvor-makedonija-nema-da-se-gordee-so-ovaa-burleska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-za-osloboduvanjeto-na-mijalkov-od-pritvor-makedonija-nema-da-se-gordee-so-ovaa-burleska/#respond Thu, 23 Dec 2021 15:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=612209

Новинарот Бранко Героски со свој став за последните случувања, односно за ослободувањето на Сашо Мијалков од притвор.
Што велат фактите, а што лагите и манипулациите, за вчерашната судско-обвинителска бурлеска, во која во еден ден, во период од само неколку часа, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше ослободен од притвор и потоа му беше доделен нов притвор? 1. Вистина е дека Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евро, со која Судот мерката притвор ја преиначи во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд. Лага е дека Мијалков гаранцијата ја понудил во кеш. Неправосилно осудениот Мијалков добил кредит од банка, за што понудил хипотека на свој имот како обезбедување на кредитот. Банката можела да одлучи вака или онака, но во секој случај не можела да прифати обезбедување на кредитот да биде незаконски стекнат имот. Со тоа сите дебати за начинот на кој е стекнат имотот даден под хипотека се сведуваат на шпекулации. Кој сака со ова да спори, мора да се обиде да докаже дека наведениот имот е стекнат незаконски. Поинаку не може. 2. Вистина е дека Апелацискиот суд донел одлука што може да се нарече контроверзна, со оглед на фактот што Мијалков за предметот „Трезор“ е неправосилно осуден на 8 години затвор (за овој предмет е донесена одлуката за ослободување од притвор), а тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет-тврдина“, со која е осуден на 12 години затвор.
Целиот текст може да го прочитате на ПЛУСИНФО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-za-osloboduvanjeto-na-mijalkov-od-pritvor-makedonija-nema-da-se-gordee-so-ovaa-burleska/feed/ 0
Героски: СДСМ заличи на ДОО, антимакедонизмот пропагиран од Заев и неговото губење доверба во сопствениот народ значи дека е политички мртов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-sdsm-zalichi-na-doo-antimakedonizmot-propagiran-od-zaev-i-negovoto-gubenje-doverba-vo-sopstveniot-narod-znachi-deka-e-politichki-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-sdsm-zalichi-na-doo-antimakedonizmot-propagiran-od-zaev-i-negovoto-gubenje-doverba-vo-sopstveniot-narod-znachi-deka-e-politichki-mrtov/#respond Fri, 03 Dec 2021 18:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=603816

Новинарот Бранко Героски вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, истакна дека СДСМ последните години заличело на ДОО или фирма, а наративите и пропагандата на антимакедонизам кои се терала во последниве години, му нанела тежок удар на Заев, а губењето на доверба кон народот значи дека вие сте политички мртов. -СДСМ заличи на Друштво со ограничена одговорност, на фирма, кога немате екипа кога не создавате екипа тогаш вие сте одговорен тогаш цената на неуспехот не ја плаќаат разноразните советници собрани од секаде, како што вели Заев „сум собрал и шуто и рогато“ , тоа шуто и рогато не ја плаќа цената, ти ја плаќаш цената, во изборните резултати видовме намалување на довербата, но и во вокабуларот на Заев видовме негово разочарување од народот и тоа е моментот кога се прави фаталната грешка, објаснува Героски. Тој вели дека ако се изгуби довербата во народот да не знаете дека кога тој е во право и кога греши, вие сте политички мртов. -Во договорот со Бугарија почнува една ноторна историска невистина и тврдење кое експлицитен на антимакедонизмот кој се шири во Софија со децении, а е тоа дека македонската нација е од 1945 година и македонскиот јазик е западно бугарски дијалект, кои две работи се огромни лаги, а се правеше и екстензија да се воведе службеното име на земјава да го употребуваме во секојдневна употреба кое не го нормира ни договорот од Преспа, вели Героски. -Во моментот кога се јави отпор од овие прашања се јави тој наратив дека овде има луѓе кои влечат напред кон промена на името, кон отфрлање на химната македонска, кон отфрлање на историјата, приказните дека ние не сме биле жртви од Втората Светска војна на фашистичката окупација, со овие наративи се пропагира еден нов антимакедонизам, вели Героски. Новинарот потенцираше дека ова е клучниот момент според кон пропагандата на Заев му нанесе тежок удар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-sdsm-zalichi-na-doo-antimakedonizmot-propagiran-od-zaev-i-negovoto-gubenje-doverba-vo-sopstveniot-narod-znachi-deka-e-politichki-mrtov/feed/ 0
Режимот на Зоран Заев е делeгитимиран, оваа влада нема иднина! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezimot-na-zoran-zaev-e-delegitimiran-ovaa-vlada-nema-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezimot-na-zoran-zaev-e-delegitimiran-ovaa-vlada-nema-idnina/#respond Thu, 11 Nov 2021 13:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=594162

Денеска Зоран Заев не може да победи. Нема да може ни утре. Затоа што веќе изгуби. Режимот е на колена. На апарати. Агонијата може да потрае, но исходот е извесен, објавува во својата колумна новинарот Бранко Героски за ПлусИнфо. Закани, уцени, притисоци… Тоа е начинот на кој во моментов се прави обид да се спречи јасно изразената волја на мнозинството пратеници на владата на Зоран Заев да ѝ се изгласа недоверба. Еден пратеник подлегнал на притисоците. Киднапиран е. Метафорично, а можеби и реално. Нека му биде. Нека бидат и двајца. И тројца… И што со тоа? Јасна е волјата на мнозинството избирачи, изразена на локалните избори, кои самиот Заев ги прогласи за референдум за или против оваа власт. Народот на изборите му кажа одлучно „не“ на хибридниот режим во Македонија. Што значи тоа дека дека недостасува еден пратенички глас за да ѝ се изгласа недоверба на владата? Од аспект на легалитетот, тоа значи неуспех на една иницијатива и Пирова победа на владејачката коалиција. Од аспект на легимитетот, без оглед на исходот од денешната седница на парламентот, режимот на Зоран Заев веќе е делегитимиран. Режим што се одржува со закани, со уцени и со притисоци, на крајот секогаш лошо завршува. Две години режимот на Груевски се одржуваше на власт на апарати, за на крајот, во 2017 година, сепак да падне. Режимот на Заев веќе е на колена. На апарати. А народот гледа што се случува. Народот знае дека гласот за Зоран Заев е глас за „независното суство“. Кое пак се спогоди со Зоки Кичеец. Гласот за Заев е глас за Кичеец. Знае народот дека гласот за Заев е глас за Венко Филипче. Глас за отсуството на одговорност за пожарот во тетовската ковид болница, во кој загинаа 14 лица. Знае народот дека гласот за Заев е глас за власта која нè остави во енергетска криза. Гласот за Заев е глас за рестрикции на струјата. Знае народот дека гласот за Заев е глас за човекот кој рече дека Албанците не вредат ни пет банки на политичкиот пазар. Народот знае. Покажа дека не простува така лесно. Казнува. И допрва ќе казнува. Пратениците имаат должност да ја артикулираат волјата на народот што ги избрал. Ако воопшто имаат намера утре пак да се појават на избори. Никакви скаламуции на Заев и на Талат Џафери не може да ја спречат артикулацијата на волјата на народот во парламентот. Ете, во случај само 60 пратеници да гласаат за недоверба, тоа нема да биде доволно владата на Заев да падне, но ќе покаже дека таа иста влада нема мнозинска поддршка во парламентот. Дополнително, опозицијата ќе има можност, а сега и силен мотив, со отсуство да ја блокира работата на парламентот во иднина – ако сега половина пратеници од власта не сакаат да учествуваат во работата на законодавниот дом и ако тоа е легитимно, во секоја наредна прилика другата половина ќе може да отсуствува и да се повика на истиот „легитимитет“. Да не заборавиме, падот на режимот на Никола Груевски почна со блокада на парламентот од страна на опозицијата. „Бомбите“ дојдоа подоцна. И сега може да се повтори истата шема – блокада на парламентот, а после „бомби“. Како и да е, денеска Зоран Заев не може да победи. Нема да може ни утре. Затоа што веќе изгуби. Самиот си кажа кога се коцкаше и кога се закануваше со оставка – ако не победам на локалните избори, ако го изгубам Скопје, не можам да владеам, не можам да влечам напред. Сидрото што го џитна Заев за да влече напред конечно заглави во милта. Ова што сега се случува и што ќе се случува во периодот пред нас се вика агонија. После смрт – болест. Колумна на Бранко Геровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezimot-na-zoran-zaev-e-delegitimiran-ovaa-vlada-nema-idnina/feed/ 0
Героски: Мицкоски демонстрира одговорност, има фокус и има план https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-mickoski-demonstrira-odgovornost-ima-fokus-i-ima-plan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-mickoski-demonstrira-odgovornost-ima-fokus-i-ima-plan/#respond Sun, 07 Nov 2021 20:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=592377

Новинарот Бранко Героски со свој став за последните случувања и за однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Може кој што сака да каже... Мицкоски демонстрира одговорност, има фокус и има план, напиша тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-mickoski-demonstrira-odgovornost-ima-fokus-i-ima-plan/feed/ 0
Героски: СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега, во недела отворете очи и чувајте ги избирачките кутии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-sdsm-nikogash-ne-bil-vo-vakva-panika-i-ochaj-kako-sega-vo-nedela-otvorete-ochi-i-chuvajte-gi-izbirachkite-kutii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-sdsm-nikogash-ne-bil-vo-vakva-panika-i-ochaj-kako-sega-vo-nedela-otvorete-ochi-i-chuvajte-gi-izbirachkite-kutii/#respond Tue, 26 Oct 2021 20:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=586083

Го следам СДСМ три ипол децении, ги следев сите изборни кампањи, и сведочам дека СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега, пишува на својот Фeјсбук профил новинарот и уредник на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски, и апелира опозицијата во недела да ги отвори очите и да ги чува избирачките кутии! -Го следам СДСМ три ипол децении. Од времето на СКМ и СКМ-ПДП. Ги следев сите изборни кампањи. И сведочам: СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега. Дури ни во годините кога беше извесно дека ги губи изборите. Црната пропаганда на СДСМ покажува дека партијата, за жал, сега ги живее своите најцрни денови. Под водство на Зоран Заев, човекот што ја подели Македонија. И сака уште да ја дели. Упатувам порака до опозицијата: В недела отворете очи на избирачките места и чувајте ги избирачките кутии!, пишува Героски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-sdsm-nikogash-ne-bil-vo-vakva-panika-i-ochaj-kako-sega-vo-nedela-otvorete-ochi-i-chuvajte-gi-izbirachkite-kutii/feed/ 0
Заеб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaeb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaeb/#respond Mon, 18 Oct 2021 13:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=581530

Кога ќе научиш дека народот во Македонија е изморен од овие поделби, од овие кавги, од овие одмазди, од оваа омраза? До кога мислиш да го делиш овој народ, другарче Заев? Погледни убаво околу себе, ако си способен да направиш макар минимална дистанца од своите заблуди, дистанца од себе и ако веќе не си станал заблуда и заеб по себе. Погледни, луѓето во Македонија имаат и желба и потреба да гледаат напред, во иднината. И веќе не трпат некој да ги дели, да ги хушка едни на други, да ги крви. Тоа е пораката што ти ја испрати народот. Ништо ти не си разбрал, другарче Зоран Заев! Да, точно е, народот македонски вчера ти испрати порака. Жестока порака, силна, јасна и прецизна. Ама ти ништо не си разбрал. Ама баш ништо! Кој заеб… Со часови чекав да го слушнам твојот говор после дебаклот на СДСМ во првиот круг од локалните избори. Те чекав до еден ипол сабајле, во ниедно време што се вели, да ве видам тебе и твоето хорче од скиселени фаци, да слушнам каков спич ти стокмиле шарените другарчиња. Го видов и другарот Венко, стутулен во дуксерче. И другарот Оливер, набрекнат во фацата ко корнишон. И Љупче Путеро од зад грб. А кај ти беше Радмила Шеќеринска? Неа не ја ни очекував. Рада знае каде (не) ѝ е местото. Бира друштво, нормално … Не видов никого и од твоите кандидати за градоначалници. Ги упропасти, човече! Цела кампања вревиш на бината. Гласот го искина. Се грчеше во твоите наместени насмевки. Киптеше од нервоза. Ни кажа дека сите сме ти криви. Ни се закануваше. Нè испоапси. Ни пресуди. Со еден збор, мамето мамино ни го … Да потраеше уште малку кампањава, мајките децата ќе ги плашеа со тебе. Молчете и спијте деца, сега Заев ќе се појави на телевизија. Hannibal ante portas! И што со тоа? Што ќар видоа од тоа СДСМ, кандидатите, коалициските партнери? Никаков. Голем заеб, другарче. Оној непристоен гест, кога со раката свиткана во лактот ни го покажа „стапот“, тоа ли беше најдобро за кое Македонија требаше да гласа масовно и бескомпромисно? Може ли сериозен човек да си дозволи таков заеб и да се надева дека ќе победи? Кога ли ќе ти кажат, другарче Заев – ако веќе не сфаќаш самиот – дека ти си проблемот на СДСМ и затоа веќе не можеш да бидеш истовремено и дел од решението на проблемот? Не се виновни кандидатите за овој пораз на СДСМ. Не е виновен ни Петре Шилегов. Ти си виновен! Само ти и никој друг! Твојата моќ на перцепција е сериозно оштетена. Не гледаш ништо. Надвор ден светнал, ти велиш ноќ е. И обратно. Не слушаш. Не успеваш да се соочиш со елементарните факти. Не успеваш два и два четири да врзеш. Не е можно два дена пред изборниот молк, на митинг, триумфално да соопштиш дека СДСМ во првиот круг ќе добие 22 градоначалнички мандати, а ВМРО-ДПМНЕ само 6. И при тоа да нагласиш дека си знаел што зборуваш и дека си имал добри информации. И после да излезе дека цифрите се можеби и точни, само во обратната насока – дека тебе те растртиле, другарче. Кој заеб … Не е можно во еден ипол сабајле да соопштиш дека Петре Шилегов во Скопје води со 15.000 гласови, а само неколку часа подоцна и официјално да се каже она што беше познато уште додека кинеше зелени, имено дека во Скопје сепак води Данела Арсовска со најмалку 4.000 гласови разлика. Не е можно во еден ипол сабајле часот да не ти било јасно дека ти си тој што од цело Скопје пак направи вмровски град. И дека губиш насекаде. Откако само пред четири години ВМРО-ДПМНЕ спадна на одвај 4 градоначалнички мандати. Не е можно да не си знаел дека СДСМ ја губи битката за советите безмалку во цела Македонија. Јас мислев дека ќе губиш од ВМРО-ДПМНЕ само со околу 20.000 гласови, не повеќе од тоа, но изгледа дека ова сепак ќе биде дебакл за тебе. Навистина не верувам дека си немал информации што се случува. А тоа значи дека не си ја зборувал вистината, пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Героски. Целата колумна на Героски прочитајте ја ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaeb/feed/ 0