бранко геровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 19:03:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бранко геровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Геровски: Политиката на владата на СДСМ е да се прифати се од бугарска страна, дури и со уцени врз пратениците нема да обезбедат 2/3 мнозинство за уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-politikata-na-vladata-na-sdsm-e-da-se-prifati-se-od-bugarska-strana-duri-i-so-utseni-vrz-pratenitsite-nema-da-obezbedat-2-3-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-politikata-na-vladata-na-sdsm-e-da-se-prifati-se-od-bugarska-strana-duri-i-so-utseni-vrz-pratenitsite-nema-da-obezbedat-2-3-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni/#respond Thu, 02 Feb 2023 19:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=795393

Проширувањето на сегашното мнозинство кое што ја подржува владата е со идеја да се купи време од двете партии на власт СДСМ и ДУИ до редовниот термин на изборите 2024 година, со надеж дека ќе се дојде до фамозното мнозинство од 80 плус 1 пратеник за да се изгласаат овие уставни промени. Математички и тоа не обезбедува двотретинско мнозинство, што значи дека нема двотретинско мнозинство, вели новинарот Бранко Геровски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија. На прашањето дека може да се прави притисок врз пратениците, Геровски саркастично одговори дека доколку се уценуваат луѓето и се зголеми притисок ќе биде супер европски, потенцирајќи дека тој лично смета дека и да има притисок сепак власта нема да обезбеди двотретинско мнозинство. Ако се зголеми притисокот, ако се врши корупција, ако се уценуваат луѓето, тоа ќе биде супер европски. Јас мислам дека дури и така со притисок пак нема да се дојде до приказната двотретинско мнозинство, дециден е Геровски. Во однос на надворешната политика на државата и односите на Македонија со Бугарија, Геровски смета дека министерот за надворешни работи Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа се да се прифати од бугарска страна, како и дека преговарачката рамка од францускиот предлог кој го потпиша владата на СДСМ и ДУИ и внесувањето на Бугарите во македонскиот устав нема ништо да се реши. Проблемот е во тоа што Софија ја негира македонската нација и јазик како историски феномен. Бујар Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа дека треба да се прифати се, практично се што бара бугарската страна или најголемиот дел основното од барањата на бугарската страна и на тој начин ние да влеземе во ЕУ. Јас тврдам дека тоа е драстично погрешно и дека прифаќањето на преговарачката рамка на францускиот предлог беше погрешно. Ве уверувам дека ќе се покаже набрзо и дека тие кои што ја потпишуваа и се приклонија кон таа рамка што ја прифатија, тие самите ќе дојдат до сознание бидејќи таа ништо во суштина не решава,. Дури и некако да се реши ова со бугарите во уставот, со тоа ништо не завршуваа, тука почнуваат проблемите, изјави Геровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-politikata-na-vladata-na-sdsm-e-da-se-prifati-se-od-bugarska-strana-duri-i-so-utseni-vrz-pratenitsite-nema-da-obezbedat-2-3-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Героски: Влада која има мало мнозинство пратеници не може да решава за спор со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vlada-koja-ima-malo-mnozinstvo-pratenici-ne-moze-da-reshava-za-spor-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vlada-koja-ima-malo-mnozinstvo-pratenici-ne-moze-da-reshava-za-spor-so-bugarija/#respond Mon, 24 Jan 2022 20:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=622616

Историските прашања и теми коишто се наметнати од страна на Софија, се со идеја да се оспори прашањето на идентитетот и потеклото на јазикот. Ќе биде добро ако меѓу разговорите помеѓу Скопје и Софија дојде до фокусирање на разговорите на други теми за развој и соработка, истакна новинарот Бранко Героски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „Само Вистина“. „Да потсетиме дека поранешниот специјален претставник задолжен за спорот со Бугарија, Владо Бучковски имаше намера да ги менува учебниците. Во македонската јавност имаше и пробен балон од претходниот премиер Зоран Заев за постоењето на македонската нација од 1945-та година, но тој пробен балон не успеа поради големите реакции на македонската јавност“, рече Героски. Тој додаде дека една од причините поради која туку така не може да се заврши спорот со Бугарија е поради тоа што самата Бугарија бара гаранции од Македонија за прашања коишто се потребни и двотретинско мнозинство во Собранието. Героски посочи дека новиот пристап на оваа нова Влада за клучните политички прашања мора да се води сериозен внатрешен политички дијалог. Од страна на една Влада која има мало мнозинство од пратеници не може да решава за сите нас и за спор кој се однесува на толку суштински важни прашања во државата. „Овие прашања и некој си иден договор во пакет, без засегање на клучните идентитетски прашања ќе биде подложен да се обезбеди широк политички консензус. Бидејќи Без политички консензус секој договор ќе биде со слабост во него и таа слабост најмногу ќе се почувствува токму во Софија“, заклучи Героски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vlada-koja-ima-malo-mnozinstvo-pratenici-ne-moze-da-reshava-za-spor-so-bugarija/feed/ 0
Геровски: Изборите беа референдум, Заев и СДСМ изгубија, немаат поддршка од народот ни легитимтет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-izborite-bea-referendum-zaev-i-sdsm-izgubija-nemaat-poddrshka-od-narodot-ni-legitimtet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-izborite-bea-referendum-zaev-i-sdsm-izgubija-nemaat-poddrshka-od-narodot-ni-legitimtet/#respond Mon, 08 Nov 2021 18:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=592804

Заев рече дека ако ги изгуби локалните избори и Скопје дека ќе си даде оставка. Имавме поднесување оставка на премиерот, не беше понудена, туку соопштена на официјална прес конференција. Оставката беше јасно образложена како прифаќање на одговорноста за изборниот пораз кој сите знаеме дека е голем и практично дебакл за СДСМ и јасно изразена политичка волја на електоратот, изјави за „Само вистина“ на Канал 5 новинарот Бранко Геровски. Геровски истакна дека тоа што понатаму на Заев му следува е процедурална егзекуција на неговата јасно изразена волја ако држи до неа и покрај битката за мнозинството бидејќи граѓаните си го кажаа своето. - Во моментот битката за мнозинството стана понеизвесна, но со пратениците не се знае, како што рече Трајанов „берзата е отворена“. Како и да е до четврток ќе имаме расплет ќе знаеме дали владата на СДСМ ќе остане или Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја паднат владата. Изборите не беа само локални беа малку повеќе од тоа, тие беа и референдум за или против СДСМ, и на тој референдум Заев загуби. Според Геровски изборите се одмерување на изборното расположение и тоа е многу важно и токму затоа предвремени парламентарни се објективност која ќе се случи. Кога ќе завршат избори логиката е во тоа да се спроведе волјата на гласачите, вие не можете да одите против таа волја. Се гледа дека Заев нема поддршка кај електоратот, нема легитимитет, нема моќ и сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-izborite-bea-referendum-zaev-i-sdsm-izgubija-nemaat-poddrshka-od-narodot-ni-legitimtet/feed/ 0
Героски: Изборите беа референдум „за“ или „против“ Заев, тој ги изгуби! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-izborite-bea-referendum-za-ili-protiv-zaev-toj-gi-izgubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-izborite-bea-referendum-za-ili-protiv-zaev-toj-gi-izgubi/#respond Tue, 02 Nov 2021 21:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=590012

Новинарот Бранко Героски во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат оцени дека локалните избори на кои триумфираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беа референдум на кој гласачите претежно се изјаснувале за или против Зоран Заев. Героски нагласи дека одлуката на Заев да објави негова оставка од премиерската функција и од лидерската во СДСМ била добро промислена и соодветно образложена. „Да го цитирам Заев, тие беа историски избори. Тие беа референдум, за или против Заев, самиот ги прогласи како такви, изгуби на тие избори и тоа катастрофално и нормално, во такви околности да поднесе оставка и тој тоа го стори, со сериозно образложение. Неговата одлука не можам да ја сфатам како нерационална“, рече Героски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-izborite-bea-referendum-za-ili-protiv-zaev-toj-gi-izgubi/feed/ 0
Друже Заев, дома го покажуваш ли „стапот“ вака како што го покажуваш по митинзи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/druze-zaev-doma-go-pokazuvash-li-stapot-vaka-kako-shto-go-pokazuvash-po-mitinzi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/druze-zaev-doma-go-pokazuvash-li-stapot-vaka-kako-shto-go-pokazuvash-po-mitinzi/#respond Wed, 06 Oct 2021 13:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=574052

Не му е прв пат на премиерот Зоран Заев на јавна сцена да ја превитка раката преку лактот и на тој начин да си го покаже „стапот“. Не знам дали ќе му биде последен… Го видов еднаш тој гест и се згрозив. Искрено, ама баш најискрено, се понадевав дека никогаш веќе нема да го повтори. Со текот на годините, научив дека Зоки не е искрен и простодушен каков што го запознав пред десетина години. Но сепак, не верував дека еден ден ќе падне на ова дереџе со вакви гестикулации да испраќа пораки какви што доликуваат само на простаци и на насилници. Ги опоменувам сите оние што ќе се обидат сега „креативно“ да го толкуваат гестот на лидерот на СДСМ на митингот во најурбаната скопска општина Аеродром, за да ни објаснат дека тој не значел тоа што всушност значи, да не се трудат и да не се резилат. Не сме вчерашни, сите многу добро знаеме што значи овој простачки гест. Патем речено, тој беше популарен пред много години (и тогаш меѓу простаците, се разбира). Тогаш бевме млади и неопитни, а од нас помладиот Заев можеби на овој начин ја импресионирал и фамозната Јелена од Горни Милановац. Како и да е, одамна не сум видел некој вака да се однесува. Ваков гест веќе не „пали“ никаде. Освен во СДСМ. И зарем вакво поведение му приличи на политички лидер кој за два дена ќе наполни 48 години? Човек на таа возраст би требало одамна да е ослободен од своите пубертетски и адолесцентски фрустрации, кои се „лечат“ со вакви гестикулации. Освен тоа, има ли некој да му каже на Зорана Заев дека ова сепак е Скопје, а не Муртино? Не е Скопје некоја метропола, далеку од тоа, ама не е ни паланка или селендра во која секој може да се однесува како што ќе му прдне на умот. Скопје е „една поинаква приказна“, што би рекол Петре Шилегов. Иако сум убеден дека и муртинските домаќини би го опоменале доколку се обиде и со нив да „разговара“ на ваков начин… Ќе се одважи ли некој да го опомене лидерот на СДСМ дека не смее вака да гестикулира кога ги клевети своите политички противници, а особено не кога клевети една жена (во случајов, Данела Арсовска), која се осмелила да биде кандидат за градоначалник? Има ли некој да го едуцира дека оваа гестиклулација, меѓу другото, е и мизогинична? Ќе му кажат ли госпоѓите од семејството Заеви на својот сопруг, татко и роднина, дека не е убаво вака да се однесува пред луѓе? Не е убаво и дома, ама да речеме дека дома може и да му се прости. Ама на митинг?! Што ако еден ден некој друг вака си го покаже „стапот“ додека ги спомнува нивните ценети имиња? Дали Зоки ќе биде навреден и повреден? Сите гледаме дека Заев во оваа кампања е многу напнат и егзалтиран повеќе од вообичаено. Говори на висок тон, на моменти буквално вика, колку што го држи грлото и колку што го гонат нервите. Ја разбираме нервозата, но таа не може да биде оправдување за ова недолично поведение. Искрено се надевам дека во продолжението од кампањата тој ќе се потсмири малку и дека ќе демонстрира макар елементарно ниво на политичка култура и пристојност на говорницата. Ако му послужи за стрес-менаџментот, како мала утеха, го потсетувам на еден стар добар афоризам: На лагата нозете ѝ се кратки, ама не се гледаат зад говорницата. ПС. Кога човек ќе направи ваква глупост, има само еден начин да ги намали штетите. Да се извини. Ама Заев уште не чул за зборот извини. За него другите деца учеле на четвртиот час во петок… извор: plusinfo.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/druze-zaev-doma-go-pokazuvash-li-stapot-vaka-kako-shto-go-pokazuvash-po-mitinzi/feed/ 0
Героски: Имавме Сваровски судство, Луј Вутон обвинителство, а од СДСМ до сега не видовме реформи и борба против корупција и криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-imavme-svarovski-sudstvo-luj-vuton-obvinitelstvo-a-od-sdsm-do-sega-ne-vidovme-reformi-i-borba-protiv-korupcija-i-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-imavme-svarovski-sudstvo-luj-vuton-obvinitelstvo-a-od-sdsm-do-sega-ne-vidovme-reformi-i-borba-protiv-korupcija-i-kriminal/#respond Mon, 31 Aug 2020 17:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=397474

Нас ни е потребно подигање на стандардите во правосудството, но прашањето е дали ние имаме капацитет за тие хокеарски потези, а ако промените се козметички тогаш има капацитет, ама за длабоки реформи немаме. Истите луѓе во правосудството служеа на државата и на владеачките елити во цел период на независна Македонија. И ги нарековме Сваровски судство, па Луј Вутон обвинителство. На тие луѓе треба да им се овозможи да работат по правила, ако луѓето ги ставите под притисок се доаѓа до тоа да имате систем на расипување на администрацијата, а таа администрација е расипувана три децении, рече новинарот и аналитичар Бранко Героски на гостување на емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5. Според него само системските решенија се одговор на лошата ситуација во повеќе области и воопшто во државата. -Имавме една институција како СЈО, но таа не беше системско решение, туку имаше кадровски решенија. Таа институција се сруши во внатрешна корупција, кога ги решавате на ура работите не добивате ништо, затоа се потребни системски решенија, рече Героски. Тој посочи дека веројатно е можен генерален реизбор на судии, но и во други области, но ние, додаде Героски, немаме доволно кадар во ниту една област, и тој факт мора да се земе во предвид. -Вие може да направите неколку смени, но тоа не е решение. Со оваа влада не видовме ништо. Се зборуваше дека им требало оптимизам, демек со оптимизам се решавал криминалот, не тој се решава со постапки, посочи Героски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-imavme-svarovski-sudstvo-luj-vuton-obvinitelstvo-a-od-sdsm-do-sega-ne-vidovme-reformi-i-borba-protiv-korupcija-i-kriminal/feed/ 0
Героски: Оваа влада нема да има мир ниту 100 дена, воведоа функција вицепремиер за борба против корупцијата, а оваа работа е во надлежност на правосудната власт, не знам што ќе работи Николовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-ovaa-vlada-nema-da-ima-mir-nitu-100-dena-vovedoa-funkcija-vicepremier-za-borba-protiv-korupcijata-a-ovaa-rabota-e-vo-nadleznost-na-pravosudnata-vlast-ne-znam-shto-kje-raboti-nikolovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-ovaa-vlada-nema-da-ima-mir-nitu-100-dena-vovedoa-funkcija-vicepremier-za-borba-protiv-korupcijata-a-ovaa-rabota-e-vo-nadleznost-na-pravosudnata-vlast-ne-znam-shto-kje-raboti-nikolovski/#respond Mon, 31 Aug 2020 17:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=397468

Оваа влада нема да има мир ни 100 часа, а не да зборуваме за 100 дена. Ова барем што се однесува до мене, бидејќи ситуацијата е специфична, денес се е завршено и веќе утре би требало да работат со полна пареа, рече новинарот и аналитичар Бранко Героски на гостувањето на телевизија Канал 5 на емисијата Само вистина. Героски се осврна на функцијата вицепремиер за борба против корупцијата посочувајќи дека неговата работа и функцијата не се баш јасни. -Добро е што борбата против криминалот и корупцијата е прва, е приоритет. Тоа е признание за нивните слабости, за слабостите на СДСМ, претходната влада на СДСМ, за што јас зборував и пишував. Но, не е јасно што тоа значи освен што е јасно дека ќе има прочистување, се смисли на кадровско прочистување, а јас сум голем скептик. Не гледам како ќе го прават тоа, нема концепт. А го има секаде, корупцијата ја има секаде, можеби во судството е најизразена, таа е плод да се задоволат интересите на врхушката во СДСМ затоа што борбата против корупцијата не е кај извршната власт. Вицепремиерот можеби ќе може да координира и да прави политики, но директно не е надлежен за тоа, објасни Героски. Според него оваа влада нема концепт и е ЌЕ влада. Героски укажа дека е чудно затоа што ова е во еден дел влада во контиуитет со отприлика исти кадри. -Отрилика исти кадри, а се воведува нова функција вицепремиер за борба против корупцијата. Борбата против корупцијата и криминалот е јасно кој е надлежен за неа, обвинителство, судство, има институции и тука не може да се меша некој од извршната власт. Исто не објаснија ниту што точно тој ќе работи. Многу ќе биде опасно ако извршаната власт почне да се меша во судската. Ако вицепремиерот Николовски доаѓа со идеја дека ќе може да влијае врз едно независно тело како Антикорупциска тогаш може слободно да се стави клуч на Илинденска и на таа Комисија и да си одат дома, бидејќи од таа работа не може да има ништо. јаас не знам што ќе работи овој вицепремиер, но знам што нема да работи нема да може да му се јавува на министерот за внатрешни Спасовски. Мора да функционира поделба на власт, рече Героски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-ovaa-vlada-nema-da-ima-mir-nitu-100-dena-vovedoa-funkcija-vicepremier-za-borba-protiv-korupcijata-a-ovaa-rabota-e-vo-nadleznost-na-pravosudnata-vlast-ne-znam-shto-kje-raboti-nikolovski/feed/ 0
Геровски: Поради лошиот однос на СДСМ кон ДУИ во предизборната кампања, формирањето на ново парламентарно мнозинство нема да биде едноставно и лесно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-poradi-loshiot-odnos-na-sdsm-kon-dui-vo-predizbornata-kampanja-formiranjeto-na-novo-parlamentarno-mnozinstvo-nema-da-bide-ednostavno-i-lesno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-poradi-loshiot-odnos-na-sdsm-kon-dui-vo-predizbornata-kampanja-formiranjeto-na-novo-parlamentarno-mnozinstvo-nema-da-bide-ednostavno-i-lesno/#respond Mon, 10 Aug 2020 17:36:05 +0000 https://kurir.mk/?p=388959

Во денешното издание на дебатната емисија “Само вистина” гостуваше новинарот Бранко Геровски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, преговорите за ново парламентарно мнозинство, како и на можните коалициони комбинаторики. Геровски потенцираше дека Зоран Заев во предизборната кампања на неколку наврати зборуваше против Албанците во Македонија, односно водеше кампања со реторика преку која го напаѓаше ДУИ и му се закануваше со опозиција. -Зоран Заев носи товар во овие преговори за ново парламентарно мнозинство, токму поради лошиот однос кон ДУИ во предизборната кампања. Многу пати и јавно му се закани на Али Ахмети дека нема да биде во Владата, односно дека следат години во опозиција за ДУИ. Дали Али Ахмети ќе помине преку тоа и дали албанскиот народ ќе ги заборави тие навреди, останува да покаже времето, вели Геровски. -СДСМ иако во неколку наврати соопшти дека е договорена нова коалиција, односно е обезбедено ново парламентарно мнозинство, сепак голем број факти говорат дека има потешкотии во договарањето, односно дека не оди се како подмачкано. Овој пат формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе оди тешко, односно до последен момент отворени ќе бидат сите комбинации, заврши Геровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-poradi-loshiot-odnos-na-sdsm-kon-dui-vo-predizbornata-kampanja-formiranjeto-na-novo-parlamentarno-mnozinstvo-nema-da-bide-ednostavno-i-lesno/feed/ 0
Героски: Јасно е од корупциските скандали дека станува збор за рекетарска шема во која е Заев, Дончев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-jasno-e-od-korupciskite-skandali-deka-stanuva-zbor-za-reketarska-shema-vo-koja-e-zaev-donchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-jasno-e-od-korupciskite-skandali-deka-stanuva-zbor-za-reketarska-shema-vo-koja-e-zaev-donchev/#respond Fri, 26 Jun 2020 21:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=363853

Смислата на разоткривањето на корупциските скандали, или има сериозен рекет, притисоци врз компании, и сето тоа е логично да завршува со правна завршница. Тоа беше поента на реформата, а јас сум сигурен за сите случаи кои ги објавив. Тука мислам на случајот со Дијамед, треба темелна разврска. Купецот е Дијаверум и ги врши услугите за дијализа, дадени се пари на продавачот, но парите се блокирани. Има информации кои ги знам, зборувам за исплатите на рекет, најавив дел зошто имам сигурен исказ. Пари кои се земани од Диамед и од другиот оператор, тоа се серизони пари на месечно ниво, ако се се собере заедно тоа оди преку 800 илјади евра сигурен сум дека тоа не е се, но очекувам актерите како обвинителството кое истражува, а Дончев веќе беше повикан во полициска станица за исказ очекувам да ги откријат тие суми, Рече новинарот Бранко Героски на гостувањето на емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа. Героски посочи дека во сите приказни, во сите случаи се вртат истите ликови. -Очигледно е дека станува збор за рекетарска шема, за еден мал рекетарски октопод што се обидел да рекетира на различни страни, кажа Героски. Според него е добро што работите за кои пишувал излегуваат, се разоткриваат, има и нови бомби, видео материјали и слично. -Слушаме во разговорите како се зборува дека поранешен премир, Заев дава пас, како се говори за лини интереси, и се е многу јасно, вели Героски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-jasno-e-od-korupciskite-skandali-deka-stanuva-zbor-za-reketarska-shema-vo-koja-e-zaev-donchev/feed/ 0
Бомба од Героски: Најмалку една личност од високата политика е посочена во изказ за РЕКЕТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomba-od-geroski-najmalku-edna-lichnost-od-visokata-politika-e-posochena-vo-izkaz-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomba-od-geroski-najmalku-edna-lichnost-od-visokata-politika-e-posochena-vo-izkaz-za-reket/#respond Thu, 26 Sep 2019 10:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=244885

Во дебатната емисија 24 Анализа, новинарот Бранко Героски, кој прв почна да пишува за аферата Рекет, посочи дека во исказите на рекетираните бизнисмени има најмалку еден исказ со кој се посочува на една висока политичка фигура која е вмешана во криминалните дејанија. Тој смета дека не може да се каже оти нема вмешаност на политичари во аферата Рекет. -Се уште не би се согласил со дел од јавноста и новинарите кои велат, добро се докажа дека нема политичари кои се кривично одговорни. Да почекаме да заврши истрагата и во оној дел кај што се зборува за рекетирање на бизнисмени за наводен проект за пензионерски домови, при што се склучувани криминални договори и при што според моите сознанија има изјава на најмалку еден од бизнисмените кои биле жртва на таков рекет кој даде исказ во јавното обвинителство, каде што се посочува евентуално и на кривична одговорност на една личност од македонската висока политика, рече Героски. Геровски не го откри името, туку најави дека ќе почека истрагата за случајот Рекет во делот на Меѓународниот сојуз да заврши и тогаш да се открие дали и каква улога имала таа личност во рекетирањето на бизнисмени за наводниот проект кој што го водел Бојан Јовановски Боки 13. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomba-od-geroski-najmalku-edna-lichnost-od-visokata-politika-e-posochena-vo-izkaz-za-reket/feed/ 0