бразил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 08:47:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бразил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нејмар по операцијата во Бразил: „Сè ќе биде во ред“! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-po-operatsijata-vo-brazil-se-ke-bide-vo-red/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-po-operatsijata-vo-brazil-se-ke-bide-vo-red/#respond Fri, 03 Nov 2023 08:47:27 +0000 https://kurir.mk/?p=896069

Бразилскиот напаѓач Нејмар (31) е опериран во Бело Хоризонте, две недели по тешката повреда на натпреварот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство 2024, јавија синоќа локалните медиуми. Операцијата на вкрстените лигаменти, како и на менискусот на левото колено, траеше четири часа, а ја изврши докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, објави „Глобо Еспорте“. Саудискиот клуб Ал Хилал, во чиј редови настапува Нејмар, планираше операцијата да биде извршена во Париз, меѓутоа бразилскиот репрезентативец се одлучи за докторот Ламар, кој веќе го оперираше во истата болница во 2018 година по тешката повреда на стапалото додека беше член на ПСЖ. Нејмар по хируршката интервенција објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа додека спие со своите две деца и порача: „Сè ќе биде во ред“. Се очекува играчот на Ал Хилал да се врати на теренот до крајот на првата половина на 2024 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-po-operatsijata-vo-brazil-se-ke-bide-vo-red/feed/ 0
Бразил испраќа војска на аеродромите и пристаништата со цел борба против организираниот криминал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ispraka-vojska-na-aerodromite-i-pristanishtata-so-tsel-borba-protiv-organiziraniot-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ispraka-vojska-na-aerodromite-i-pristanishtata-so-tsel-borba-protiv-organiziraniot-kriminal/#respond Thu, 02 Nov 2023 09:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895676

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва најави дека ќе испрати војска на најважните аеродроми и пристаништа во земјата и на границите, за да ја зајакне безбедноста во обид да се бори против организираниот криминал во најголемата земја во Јужна Америка. Бразил ќе испрати 3.600 армиски, морнарички и воздухопловни сили да ги засилат патролите и да ги надгледуваат меѓународните аеродроми во Рио и Сао Паоло, како и двете поморски пристаништа во Рио и пристаништето Сантос во Сао Паоло, кое е најпрометното пристаниште во Јужна Америка. Распоредувањето на вооружените сили е дел од поширокиот владин план кој вклучува зголемување на бројот на полицајци во Рио, подобрување на соработката меѓу безбедносните служби и повеќе инвестирање во најсовремената технологија за собирање разузнавачки информации. Државните и федералните власти укажаа во последните недели дека планираат да ги „задушат“ криминалните банди со кратење на нивните финансиски приходи. Министерот за правда Флавио Дино рече дека новите мерки се резултат на повеќемесечните консултации на претседателот Лула со полициските сили, локалните власти и експертите за јавна безбедност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ispraka-vojska-na-aerodromite-i-pristanishtata-so-tsel-borba-protiv-organiziraniot-kriminal/feed/ 0
УЖАС во Бразил: Шеснаесетгодишно момче во училиште убило ученичка и ранило уште три лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-brazil-shesnaesetgodishno-momche-vo-uchilishte-ubilo-uchenichka-i-ranilo-ushte-tri-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-brazil-shesnaesetgodishno-momche-vo-uchilishte-ubilo-uchenichka-i-ranilo-ushte-tri-litsa/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=892382

Шеснаесетгодишен ученик утрово влегол во училиштето Сапопемба во градот Сао Паоло и почнал да пука при што убил една ученичка со истрел во главата и рани уште три лица. Полицијата го уапсила напаѓачот. Нападот почнал во 7 часот и 30 минути по локално време, соопшти полицијата, а како што се наведува ученикот кој пукал бил жртва на малтретирање. -Бидејќи повеќе не можел да го поднесе малтретирањето во училиште, поточно хомофобијата, решил да го земе пиштолот на татко му. „Тој додаде дека мајката веќе поднела жалба поради малтретирањето што го претрпел нејзиниот син, а притисокот дополнително се зголемил кога тој решил да носи женска облека, изјавил адвокатот на момчето, пренесува „Ел Паис“. Владата на Сао Паоло соопшти дека во престрелката биле погодени тројца ученици. -Еден ученик загина, а тројца се во болница, меѓу кои и еден кој беше повреден додека се обидуваше да избега. Сите жртви се женски, се вели во соопштението. Според една неодамнешна студија на бразилскиот форум за јавна безбедност, оваа година имало осум слични настани во Бразил. Напаѓачот употребил огнено оружје и покрај тоа што набавката на оружје во Бразил е многу покомплицирана отколку во САД. Минатиот април четири деца помлади од седум години беа убиени во градинка во Бразил. Тој настан следеше неполн месец по убиство на ученик во училиште. Полицијата уапси повеќе од 200 тинејџери поради ширење закани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-brazil-shesnaesetgodishno-momche-vo-uchilishte-ubilo-uchenichka-i-ranilo-ushte-tri-litsa/feed/ 0
Уругвај го победи Бразил за прв пат по 22 години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/urugvaj-go-pobedi-brazil-za-prv-pat-po-22-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/urugvaj-go-pobedi-brazil-za-prv-pat-po-22-godini/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=890143

Репрезентацијата на Уругвај го победи Бразил со 2:0 ноќеска во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 година. Уругвајците за прв пат по 22 години ги победија Бразилците во квалификациите за Светското фудбалско првенство. Покрај тоа, Уругвај стана првиот тим кој го победи Бразил во квалификациите за КОНМЕБОЛ по повеќе од осум години. Бразилците немаа пораз од 8 октомври 2015 година (33 натпревари). Благодарение на оваа победа, селекцијата на Уругвај е изедначена со Бразил во поредокот - по седум бодови. Репрезентациите се на 2. и 3. место. Лидер е Аргентина со максимални 12 бода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/urugvaj-go-pobedi-brazil-za-prv-pat-po-22-godini/feed/ 0
Бразил ќе свика итен состанок на СБ на ОН по нападот врз Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ke-svika-iten-sostanok-na-sb-na-on-po-napadot-vrz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ke-svika-iten-sostanok-na-sb-na-on-po-napadot-vrz-izrael/#respond Sat, 07 Oct 2023 15:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=886413

Бразилското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН по денешните напади на Хамас врз Израел. Бразил, кој овој месец го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, ги осуди нападите и изрази солидарност со народот на Израел. Соопштението на Министерството ја потврди посветеноста на „решение со две држави“ - Палестина и Израел, кои коегзистираат во меѓусебно договорени и меѓународно признати граници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ke-svika-iten-sostanok-na-sb-na-on-po-napadot-vrz-izrael/feed/ 0
Разбиена група на нарко-дилери во Бразил, меѓу уапсените има лица од Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-grupa-na-narko-dileri-vo-brazil-megu-uapsenite-ima-litsa-od-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-grupa-na-narko-dileri-vo-brazil-megu-uapsenite-ima-litsa-od-balkanot/#respond Fri, 06 Oct 2023 12:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=886111 Фото Бразилска полиција

Во меѓународна акција спроведена како дел од оперативната работна група на Европол „Балкански картел“, во Бразил уапсени се 16 членови на организирана криминална група обвинета за шверц на кокаин, меѓу кои има и еден српски државјанин за кој постои сомневање дека е водач на таа група, јавија српските медиуми Министерството за внатрешни работи на Србија, заедно со други колеги од Европа и Јужна и Северна Америка, преку размена на оперативни податоци придонесе за разбивање на оваа организирана криминална група, која шверцувала кокаин од Бразил во Европа. Според информациите, по една и пол година заедничка напорна работа, на 5 октомври полицијата од двете страни на Атлантскиот Океан извршила претрес на повеќе локации и уапсила 16 лица, од кои некои се осомничени дека се поврзани со криминалната организација „Примеиро Командо ди Капитал“, каде како што наведуваат медиумите во моментов еден српски државјанин е уапсен под сомнение дека тој е организатор на оваа криминална група која организирала бројни пратки на наркотици меѓу двата континента. Постојат основи за сомневање дека разбиената организирана криминална група била поврзана со заплените на кокаин во април и август 2022 година, кога во Зеленортските Острови беа запленети 5,7 тони кокаин и во Бразил уште 1,3 тони кокаин. Разбивањето на оваа организирана криминална група е еден од низата успеси во заедничката меѓународна борба против „Балканскиот картел“, а српската полиција со доставување оперативни податоци уште еднаш потврди дека е доверлив и посветен меѓународен партнер во борбата против организиран криминал, пренесуваат регионалните медиуми.]]>
Фото Бразилска полиција

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-grupa-na-narko-dileri-vo-brazil-megu-uapsenite-ima-litsa-od-balkanot/feed/ 0
Бразилска Амазонија се бори со тешка суша, потенцијална опасност за пола милион луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=882275

Амазонската прашума во Бразил се бори со тешка суша, поради што властите издадоа предупредување за потенцијални последици врз речиси 500.000 луѓе до крајот на годината, јави агенцијата Анадолија. Властите во државата Амазонас во северозападниот дел на Бразил вчера прогласија вонредна состојба во 13 општини поради екстремна суша, додека други 16 се под тревога. На 21 септември, за реката Солимоес, која тече од бразилско-перуанската граница на запад до амазонската Општина Бенџамин Констант во близина на Манаус, е пријавено критично ниско ниво на водата означено на -43 см. Ситуацијата ги остави локалните жители да се борат да пристапат до основните резерви на храна и вода. Во овој регион, водените патишта служат како примарен начин на транспорт, но нивото на реките достигна историски најниско ниво. Покрај тоа, негативните ефекти на сушата се одразуваат во риболовните активности, витален извор на егзистенција за многу заедници долж овие реки. Гувернерот на Амазонас, Вилсон Лима, отпатува за Бразилија, главниот град на земјата, за да се сретне со претседателот Луис Инасио Лула да Силва на разговори за актуелното прашање со сушата. Различни нивоа на Владата „ќе ги координираат мерките за поддршка на луѓето кои живеат во погодените општини“, објави Лима на платформата X. За да им помогне на погодените, државната Агенција за цивилна одбрана почна да дистрибуира основни средства - храна, вода и комплети за лична хигиена. Се очекува сушата да трае подолго и да биде поинтензивна поради временскиот феномен Ел Нињо, кој го попречува формирањето дождовни облаци, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/feed/ 0
Тропски циклон: 22 лица загинаа на југот на Бразил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropski-tsiklon-22-litsa-zaginaa-na-jugot-na-brazil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropski-tsiklon-22-litsa-zaginaa-na-jugot-na-brazil/#respond Wed, 06 Sep 2023 11:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=875196

Најмалку 22 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил. Регионалниот гувернер Едуардо Леите изјави дека прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови и дека 15.000 луѓе се евакуирани. Тој потврди дека циклонот предизвикал поплави и лизгање на земјиштето. Леите изјави дека 22 смртни случаи се потврдени во државите Рио Гранде до Сул и Санта Катарина на границата со Аргентина и Уругвај. Леите истакна дека бројот на жртвите може да се зголеми. Според него, циклонот погодил 60 градови. Реките се излеаја, а операциите за пребарување и спасување се отежнати. - Ќе ја видиме вистинската големина на штетата кога водата ќе се повлече, додаде Лејте. Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат граѓани чии куќи се под вода и чекаат помош, качени на покривите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropski-tsiklon-22-litsa-zaginaa-na-jugot-na-brazil/feed/ 0
Бразил сака да учествува во истрагата за несреќата во која загина Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-saka-da-uchestvuva-vo-istragata-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-saka-da-uchestvuva-vo-istragata-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prigozhin/#respond Wed, 30 Aug 2023 07:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=872304

Бразилскиот Центар за истражување и спречување на воздухопловни несреќи (ЦЕНИПА) препорача Русија да отвори истрага за падот на авионот од бразилско производство во кој загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин според меѓународните правила, но Русија одговори дека тоа нема да го стори „во овој момент“. ЦЕНИПА соопшти дека е подготвена да ѝ се приклучи на Русија во нејзината истрага за падот на приватниот авион Embraer Legacy 600. Руските воздухопловни власти немаат обврска да се согласат бидејќи тоа беше домашен лет од Москва до Санкт Петербург, но некои иследници веруваат дека Русија треба да го стори тоа затоа што САД и други западни влади се сомневаат дека Кремљ стои зад авионската несреќа. - Тие немаат никаква обврска, само им беше препорачано да го сторат тоа, изјави шефот на ЦЕНИПА Марсело Морено откако бразилската агенција испрати барање до руските власти. - Но, ако кажат дека ќе отворат истрага и ќе го повикаат Бразил, ние ќе учествуваме од далеку, додаде Морено. Американскиот консултант за воздухопловна безбедност и поранешен истражител Џон Кокс рече дека внатрешната руска истрага ќе биде доведена во прашање без учество на Бразил, земјата во која е произведен авионот. - Мислам дека тоа ја повредува транспарентноста на руската истрага, рече Кокс за одговорот на Русија кон Бразил. Пригожин загина на 23 август во пад на приватен авион во Тверската област, недалеку од Москва. Кремљ негира каква било вмешаност во смртта на Пригожин. Несреќата се случи два месеци откако тој и неговите платеници почнаа бунт против руските воени команданти во кој ја презедоа контролата врз јужниот град Ростов на Дон и напредуваа кон Москва, пред да се вратат во своите бази. Тоа беше најголемиот предизвик за владеењето на рускиот претседател Владимир Путин откако ја презеде власта во 1999 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-saka-da-uchestvuva-vo-istragata-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prigozhin/feed/ 0
Диниз: Ми се оствари сонот да бидам селектор на Бразил https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/diniz-mi-se-ostvari-sonot-da-bidam-selektor-na-brazil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/diniz-mi-se-ostvari-sonot-da-bidam-selektor-na-brazil/#respond Wed, 05 Jul 2023 06:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=852806

Новиот селектор на Бразил, Фернандо Диниз ги искажа своите впечатоци по неговото назначување. Тој ќе продолжи да го предводи клубот Флуминенсе, каде е тренер од 2022 година. - Сон за сите, голема гордост е да можеш да работиш во репрезентацијата. Ова е чест, а уште повеќе ме радува начинот на кој се случи. Резултат е на заеднички напор меѓу фудбалската конфедерација и Флуминенсе и убеден сум дека имаме се за да продолжиме напред и се да функционира како што треба, изјави Диниз за „АС“. Со бразилскиот стручњак е потпишан едногодишен договор кој стапува на сила од септемвриските натпревари на квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година. Едналдо Родригез, претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, по назначувањето на Диниз на селекторската функција, изрази надеж дека Карло Анчелоти ќе биде нивни предводник на Копа Америка во 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/diniz-mi-se-ostvari-sonot-da-bidam-selektor-na-brazil/feed/ 0