бразилска мутација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Mar 2021 06:58:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бразилска мутација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ОТКРИВА: Вакцината на „Фајзер“ ефикасна против бразилската мутација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-istrazuvanje-otkriva-vakcinata-na-fajzer-efikasna-protiv-brazilskata-mutacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-istrazuvanje-otkriva-vakcinata-na-fajzer-efikasna-protiv-brazilskata-mutacija/#respond Tue, 09 Mar 2021 06:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=479289

Вакцина на „Фајзер“ и „НиоНТек“ успеа да ја неутрализира новата варијанта на коронавирусот што брзо се шири низ Бразил, покажаа лабораториските истражувања објавени вчера во списанието „New England Journal of Medicine“. Истражувањето објаснува дека крвта на луѓето кои примиле вакцина на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја неутрализира вештачката верзија на вирусот што ги содржи истите мутации во „шилото“ што во себе ја имаше многу заразната, P.1 верзија на вирусот пронајден во Бразил. Научниците во истражувањето наведуваат дека неутрализирачката способност е приближно еднаква со нивната вакцина ја имаше на претходната, помалку заразна, варијанта на вирусот од минатата година. „Шилестиот протеин“, што вирусот го користи за влегување во човечките клетки, е примарна цел на многу вакцини против коронавирусите. Во претходно објавеното истражување, „Фајзер“ откри дека нивната вакцина неутрализира други позаразни варијанти на вирусот, како британскиот и јужноафриканскиот, иако е докажано дека јужноафриканската варијанта може да го намали нивото на антитела произведени по вакцинацијата. „Фајзер“ соопшти дека верува дека е многу веројатно нивната сегашна вакцина да штити од јужноафриканската варијанта. Како и да е, компанијата планира да го тестира можниот ефект на третата доза на вакцината, како и да тестира редизајнирана верзија на вакцината, дизајнирана за борба против оваа варијанта, со цел подобро да се разбере имунолошкиот одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-istrazuvanje-otkriva-vakcinata-na-fajzer-efikasna-protiv-brazilskata-mutacija/feed/ 0
Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-brazilskata-mutacija-moze-povtorno-da-se-zarazat-do-60-procenti-od-poraneshnite-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-brazilskata-mutacija-moze-povtorno-da-se-zarazat-do-60-procenti-od-poraneshnite-pacienti/#respond Tue, 02 Mar 2021 13:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=476038

Најмалку шест од 10 лица кои прележале коронавирус се ранливи на бразилската мутација П1, покажа истражувањето на градот Манаус, во државата Сао Паоло. Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор“. Истражувањата ја покажаа „шокантната брзина“ со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од појавувањето. Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло изјави дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата кои биле создадени за време на првата инфекција со коронавирусот не делуваат против мутацијата П1. – Едноставно кажано – од 100 луѓе кои имале Ковид-19, меѓу 25 и 61 се подложни на мутацијата П1. Се запрепастивме кога видовме со колкава брзина расте бројот на пациенти, рече Сабино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-brazilskata-mutacija-moze-povtorno-da-se-zarazat-do-60-procenti-od-poraneshnite-pacienti/feed/ 0
Бразилскиот сој на корона вирус пристигна на Балканот – Еве за која земја станува збор! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brazilskiot-soj-na-korona-virus-pristigna-na-balkanot-eve-za-koja-zemja-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brazilskiot-soj-na-korona-virus-pristigna-na-balkanot-eve-za-koja-zemja-stanuva-zbor/#respond Thu, 18 Feb 2021 11:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=470479

Бразилската мутација на коронавирусот е идентификувана првпат во Хрватска, потврди научниот тим од Лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Според Институтот, од вкупно 50 анализирани примероци собрани во изминатите три месеци, тимот предводен од Оливер Вугрек кај еден примерок пронашол мутација на протеинот каков што постои во бразилскиот вид на коронавирус, односно варијанта Б. 1.1.28. Собрани се примероци од Загреб, Чаковец и Осиек, а бразилската мутација била потврдена на примерок од Загреб. Тој примерок е земен на 30 јануари. Првите случаи на британска мутација на коронавирусот, од примероци земени на Загребската клиника за инфективни болести, исто така, неодамна беа потврдени во Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brazilskiot-soj-na-korona-virus-pristigna-na-balkanot-eve-za-koja-zemja-stanuva-zbor/feed/ 0
Кластер меѓу полицајци од бразилската мутација на коронавирус во Белгија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaster-megju-policajci-od-brazilskata-mutacija-na-koronavirus-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaster-megju-policajci-od-brazilskata-mutacija-na-koronavirus-vo-belgija/#respond Wed, 17 Feb 2021 14:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=470043

Триесетина полицајци во Белгија се дијагностицирани позитивни на Ковид-19, од кои кај еден е потврдена бразилската мутација, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја пренесуваат белгиските медиуми денеска. Полицаецот кај кого е потврдено дека е инфициран со бразилскиот вид на Ковид-19 се наоѓа во карантин, а се прават испитувања врз триесетте други позитивни полицајци. Оваа мутација на вирусот се смета за позаразна од претходните. Потврдени се уште три лица позитивни на овој јужноамерикански вид на вирусот во земјата. Симптомите не се исти кај сите, еден од нив е тешко болен и е хоспитализиран. Пациентот „нулта“ не е пронајден и ниту еден од заразените со бразилската мутација не патувал во таа земја, информираат медиумите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaster-megju-policajci-od-brazilskata-mutacija-na-koronavirus-vo-belgija/feed/ 0