Брдо Бриони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 05:43:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Брдо Бриони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лидерите од регионот на вечера кај Пендаровски во пресрет на состанокот на Процесот Брдо-Бриони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-od-regionot-na-vechera-kaj-pendarovski-vo-presret-na-sostanokot-na-protsesot-brdo-brioni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-od-regionot-na-vechera-kaj-pendarovski-vo-presret-na-sostanokot-na-protsesot-brdo-brioni/#respond Mon, 11 Sep 2023 05:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=876740 Фото: Твитер на Јаков Милатовиќ

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи денеска во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите. Претседателот Стево Пендаровски синоќа во просториите на Вила „Водно“ ги пречека лидерите на земјите од Западен Балкан, во очи на состанокот на Процесот Брдо-Бриони кој денеска ќе се одржи во Скопје. „Добредојде за моите колеги од регионот со кои утре очекувам да имаме конструктивна дискусија на состанокот во рамки на Процесот Брдо-Бриони“, напиша синоќа Пендаровски во објава на Фејсбук. На фотографиите со Пендаровски се претседателите на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на Косово, Вјоса Османи, на Албанија, Бајрам Бегај и членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и Денис Беќиниревиќ. На вечерата се присутни и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за европски прашања Бојан Маричиќ. Претходно беше најавено дека на денешниот состанок на Процесот Брдо-Бриони ќе учествуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ. Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите. Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања. Лидерите на земјите од Процесот се состануваат најмалку еднаш годишно. На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се акредитирани 125 претставници на медиумите, 72 од нашата држава и 53 од странство. Поради одржување на состанокот, денеска во Скопје ќе важи посебен сообраќаен режим.]]>
Фото: Твитер на Јаков Милатовиќ

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-od-regionot-na-vechera-kaj-pendarovski-vo-presret-na-sostanokot-na-protsesot-brdo-brioni/feed/ 0
Вучиќ утре во Скопје на самитот Брдо-Бриони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchik-utre-vo-skopje-na-samitot-brdo-brioni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchik-utre-vo-skopje-na-samitot-brdo-brioni/#respond Sun, 10 Sep 2023 12:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=876588

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре, понеделник 11 септември ќе ја посети Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, тој ќе учествува на самитот на Процесот Брдо-Бриони што ќе се одржи во Скопје. Како што пишуваат медиумите, на покана на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Зоран Милановиќ од Хрватска и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на самитот ќе присуствуваат лидерите од регионот, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ. Гостите вечерва ќе имаат неформална вечера што ќе ја приреди претседателот Стево Пендаровски пред почетокот на самитот за лидерите на земјите учеснички. Процесот Брдо-Бриони за прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска и е најпрестижната регионална иницијатива која дава политички резултати и го поттикнува политичкиот дијалог меѓу земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchik-utre-vo-skopje-na-samitot-brdo-brioni/feed/ 0
„Ој девојче, девојче…“ испеана на сите јазици на земјите учесници на Процесот Брдо Бриони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oj-devojche-devojche-ispeana-na-site-jazici-na-zemjite-uchesnici-na-procesot-brdo-brioni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oj-devojche-devojche-ispeana-na-site-jazici-na-zemjite-uchesnici-na-procesot-brdo-brioni/#respond Sun, 29 Apr 2018 12:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=47668

По завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо Бриони во петокот вечерта, во хотелот Парк, претседателот Иванов беше домаќин на вечерата за претседателите и нивните делегации. На вечерата присуствуваа претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. За високите гости беше подготвено врвно мени со традиционални македонски специјалитети, a за пријатната атмосфера на вечерата се погрижи етно бендот Баклава којшто на гостите им приреди пријатно изненадување со изведбата на песната „Ој, девојче, девојче“ на сите јазици на земјите учесници на состанокот на лидери од процесот Брдо Бриони, одржан во Скопје. Во знак на внимание, а согласно протоколот,  претседателите добија подароци од домаќинот, македонскиот претседател на вечерата: палета на гурмански производи од македонското поднебје, меѓу кои и македонски ајвар, колекција на чаеви, македонски мед, македонски вина брендирани со имињата на претседателите, а меѓу подароците се најде и англиската едиција на книгата „Душата на Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oj-devojche-devojche-ispeana-na-site-jazici-na-zemjite-uchesnici-na-procesot-brdo-brioni/feed/ 0
Кој самит имаше поголема тежина: „Процес Брдо-Бриони“ на Иванов или „Дигитален самит за Западен Балкан“ на Заев и Манчевски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-samit-imashe-pogolema-tezina-proces-brdo-brioni-na-ivanov-ili-digitalen-samit-za-zapaden-balkan-na-zaev-i-manchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-samit-imashe-pogolema-tezina-proces-brdo-brioni-na-ivanov-ili-digitalen-samit-za-zapaden-balkan-na-zaev-i-manchevski/#respond Sat, 28 Apr 2018 17:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=47477

Македонија и Скопје месецов беа домаќини на два самити. Претседателот Иванов, вчера, го организираше самитот на Процесот Брдо Бриони, додека пак Владата, премиерот Заев и министерот Манчевски пред десетина дена, го организираа „Дигиталниот самит за Западен Балкан“. Двата имаа регионален карактер и се најавуваше посета на високи претставници како од земјите од Балканот, така и од Европа.
Седум шефови на држави, еден премиер и претседателот на Европскиот совет Туск, беа гости на Иванов, којшто беше домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, во Скопје. Настанот го проследија дури 156 акредитирани новинари, 116 од Македонија и 40 од странство. На процесот Брдо Бриони чијашто главна цел е европската интеграција на земјите од регионот присуствуваа претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово, Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. Како специјални гости на Иванов, во Скопје допатуваа и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Гости на Заев на дводневниот „Дигитален самит за Западен Балкан“, беа двајца премиери и еден заменик-премиер. Само претседавачот на Министерскиот Совет на БиХ, Денис Звиздиќ, премиерот на Косово Харадинај, заменик претседателот во Владата на Албанија Сенида Меси се одзваа на поканата. Иако за некои од порталите во февруари годинава, високи владини претставници брифираа дека канцеларката Меркел ќе биде учесник на „Дигиталниот самит за Западен Балкан“, до тоа не дојде, а Германија ја претставуваше државниот секретар во министерството за економија и енергетика.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-samit-imashe-pogolema-tezina-proces-brdo-brioni-na-ivanov-ili-digitalen-samit-za-zapaden-balkan-na-zaev-i-manchevski/feed/ 0
Оптимистички пораки од состанокот на Процесот Брдо-Бриони во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/optimistichki-poraki-od-sostanokot-na-procesot-brdo-brioni-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/optimistichki-poraki-od-sostanokot-na-procesot-brdo-brioni-vo-skopje/#respond Sat, 28 Apr 2018 06:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=47222

Земјите од регионот со сигурност ќе можат да ги решат меѓусебните несогласувања, порачаа вчера учесниците на состанокот на земјите од Процесот Брдо - Бриони во Скопје, кој помина во знакот на веста број еден во светот- договорот на лидерите на Северна и Јужна Кореја дека заедничка цел ќе им биде целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и прогласување службен крај на Корејската војна. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој беше специјален гостин на состанокот, на заедничката прес-конференција на која учествуваа и домаќинот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, претедателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов, нагласи дека на регионот му се потребни повеќе позитивни примери, како Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, спогодбата меѓу Приштина и Црна Гора. - Можеби, историјата на Балканот, која наликува на хорор филм, кој никогаш не завршува, сепак да има среќен крај. Она што се случи со Северна и Јужна Кореја покажува дека невозможното станува возможно, рече Туск. Напомена дека за време на неговата турнеја низ Западен Балкан дал јасна порака дека земјите-членки на Унијата цврсто се залагаат за европската перспектива на регионот. - Можете да сметаме на нас, тоа не се само празни зборови, тоа е факт, рече Туск. Врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во ЕУ, рече претседателот Иванов и оцени дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со земјава, не поради принципите и критериумите на ЕУ, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка. - Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов. Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање. - Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов. Бугарскиот премиер Борисов изрази надеж дека Македонија и Грција брзо ќе го решат спорот околу името и оти за тоа сега постои историска можност. И тој направи паралела со Северна и Јужна Кореја, напоменувајќи дека кога овие две држави успеале да постигнат договор, земјите од регионот сигурно ќе можат да ги надминат разликите. Хрватската претседателка ја поздрави одлуката со која се препорачува почеток на преговори со Македонија и со Албанија и нагласи дека Загреб ќе стори се што е можно да се забрза овој процес за двете земји. - Хрватска силно ја поддржува политиката на проширување, која е засновна врз принципот на сопствени заслуги, кој е втемелен на строги правила и вреднување, рече таа. Словенечкиот претседател Пахор рече дека одлуката на ЕК повторно да ги поддржи реформите во ЈИЕ со цел еднаш засекогаш државите од регионот да станат дел од Унијата е од големо значење. - Врз основа на моите политички искуства јасно е дека Брисел не може да направи се доколку тоа не го направат и лидерите на државите. Убеден сум дека со добра политичка волја може да се решат сите проблеми и на иднината гледам со оптимизам, рече Пахор. На состанокот на Процесот Брдо-Бриони присуствуваа и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Лидерите во заклучоците, меѓудругото ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со регионот. Особено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот. - Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се, на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите. Состанокот на лидерите на Процесот Брдо - Бриони идната година ќе се одржи во Албанија (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/optimistichki-poraki-od-sostanokot-na-procesot-brdo-brioni-vo-skopje/feed/ 0
Процес Брдо-Бриони: Кога двете Кореи успеаја да се договорат, можеме и ние https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proces-brdo-brioni-koga-dvete-korei-uspeaja-da-se-dogovorat-mozeme-i-nie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proces-brdo-brioni-koga-dvete-korei-uspeaja-da-se-dogovorat-mozeme-i-nie/#respond Fri, 27 Apr 2018 19:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=47198

Кога Северна и Јужна Кореја успаја да се договорат, откако денеска лидерите на двете земји се согласија дека заеднича цел ќе им биде целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и прогласување службен крај на Корејската војна, земјите од регионот со сигурност ќе можат да ги решат меѓусебните несогласувања, порачаа денеска учесниците на состанокот на земјите од Процесот Брдо - Бриони во Скопје. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој беше специјален гостин на состанокот, на заедничката прес-конференција на која учествуваа и домаќинот, македонскиот перетседател Ѓорге Иванов, претедателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов, нагласи дека на регионот му се потребни повеќе позитивни примери, како Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, спогодбата меѓу Приштина и Црна Гора. - Можеби, историјата на Балканот, која наликува на хорор филм, кој никогаш не завршува, сепак да има среќен крај. Она што се случи со Северна и Јужна Кореја покажува дека невозможното станува возможни, рече Туск. Напомена дека за време на неговата турнеја низ Западен Балкан дал јасна порака дека земјите-членки на Унијата цврсто се залагаат за европската перспектива на регионот. Туск Скопје - Можете да сметаме на нас, тоа не се само празни зборови, тоа е факт, рече Туск и напомена дека 73 отсто од трговската размена на земјите од регионот се остварува токму со ЕУ. Според него, не станува збор само за трговија, инвестиции и пари, тука за тоа во какви општества сакаме да бидеме. Ова е, рече, избор што само вие самите треба да го направите, додавајќи дека станува збор за важноста за движење напред, за поврзаноста во самиот регион и за поврзаноста на регионот со ЕУ. - Ако ЕУ не ни ја обезбедите иднината, тогаш ние ќе се занимаваме со минатото, рече претседателот Иванов на прес-конференцијата. Оценувајќи дека врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во ЕУ, Иванов оцени дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со земјава, не поради принципите и критериумите на ЕУ, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка. - Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов . Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање. - Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов. Истакнувајќи дека најважното нешто што ги поврзува земјите од регионот е желбата за членство во ЕУ, Иванов рече дека очекува Унијата да не ни дава празни ветувања,бидејќи „членството во Унијата за нас не е празен идеал“. Бугарскиот премиер Борисов изрази надеж дека Македонија и Грција брзо ќе го решат спорот околу името. - За тоа сега постои историска можност. Во иднината 60 години отсега историчарите ќе го оценуваат овој момент и ќе ги запишат нашите имиња, порача Борисов. И тој направи паралела со Северна и Јужна Кореја, напоменувајќи дека кога овие две држави успеале да постигнат договор, земјите од регионот сигурно ќе можат да ги надминат разликите. - Имаме историска шанса да ги придвижиме земјите кон ЕУ. Денеска е решен проблемот меѓу двете Кореи, зошто ние да не можеме да ги решиме нашите балкански проблеми. Навистина се надевам дека лидерите ќе разберат што не очекува на самитот во Софија. Крајно време е да и покажеме на ЕУ дека ние сами можеме да си ги решаваме нашите отворени прашања, додаде Борисов. Хрватската претседателка ја поздрави одлуката со која се препорачува почеток на преговори со Македонија и со Албанија. - Хрватска од своја страна ќе стори се што е можно да се забрза овој процес за Македонија и Албанија. Хрватска силно ја поддржува политиката на проширување, која е засновна врз принципот на сопствени заслуги, кој е втемелен на строги правила и вреднување, рече таа. Посочи дека за напредокот во процесот на проширувањето најважни се резултатите во подрачјето на владењето на правото, реформите во правосудството, борбата против коупцијата и организианиот криминал, безбедноста, како и јакнењето на регионалната соработка. Словенечкиот претседател Пахор рече дека одлуката на ЕК повторно да ги поддржи реформите во ЈИЕ со цел еднаш за секогаш државите од регионот да станат дел од Унијата е од големо значење. - Врз основа на моите политички искуства јасно е дека Брисел не може да направи се доколку тоа не го направат и лидерите на државите. Убеден сум дека со добра политичка волја може да се решат сите проблеми и на иднината гледам со оптимизам, рече Пахор. На денешниот состанок на Процесот Брдо-Бриони учествуваа македонскиот претседател Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес. Присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет Туск и премиерот на Бугарија Борисов. Лидерите во заклучоците меѓудругото ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со регионот. Особено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот. Нагласија дека е потребна поголема синергија во регионалните иницијативи и механизми во однос на градењето на инклузивен регион. - Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се, на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите. брдо бриони фемили мала Тие се согласија Албанија следната година да биде домаќин на состанокот на лидерите на Процесот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proces-brdo-brioni-koga-dvete-korei-uspeaja-da-se-dogovorat-mozeme-i-nie/feed/ 0
Иванов: ЕУ да овозможи паралелно преговори за членство и надминување на спорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-eu-da-ovozmozi-paralelno-pregovori-za-chlenstvo-i-nadminuvanje-na-sporot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-eu-da-ovozmozi-paralelno-pregovori-za-chlenstvo-i-nadminuvanje-na-sporot-za-imeto/#respond Fri, 27 Apr 2018 17:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=47169

Ако ЕУ не ни ја обезбеди иднината, тогаш ние ќе се занимаваме со минатото, рече претседателот Ѓорге Иванов на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони. Оценувајќи дека врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија, Иванов рече дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со Република Македонија не поради принципите и критериумите на Унијата, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка. - Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов. Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање. - Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов. Истакнувајќи дека најважното нешто што ги поврзува земјите од регионот е желбата за членство во ЕУ, Иванов рече дека очекува Унијата да не ни дава празни ветувања бидејќи, членството во Унијата за нас не е празен идеал. Ги поздрави објективните критериуми за проширување на ЕУ со Западен Балкан со вреднување на заслугите на секоја земја поединечно. - Сепак, не можам, а да не го забележам следново. Стратегијата експлицитно истакнува дека нови отворени прашања нема да бидат увезувани во Унијата. Сакам да потсетам дека граничните прашања и идентитетските прашања имаат различна природа, а со тоа и различни последици. А прашањата со различни последици не можат да се третираат на идентичен начин. Република Македонија нема отворени територијални и гранични прашања, и затоа со право очекува поголема флексибилност од Унијата, нагласи Иванов. Додаде дека со новите процеси не се намалува, ниту исцрпува Порцесот Брдо-Бриони, кој, како што посочи има незаменлива уога да нуди стратегиски решенија. Денешниот состанок, рече тој се одржал во духот на поврзаноста, нагласувајќи оти семјите во него се ги поврзуваат економијата, безбедноста и инфраструктурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-eu-da-ovozmozi-paralelno-pregovori-za-chlenstvo-i-nadminuvanje-na-sporot-za-imeto/feed/ 0
Отворените спорови да се решаваат во духот на добрососедството, порачаа лидерите од Брдо Бриони процесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sporovi-da-se-reshavaat-vo-duhot-na-dobrososedstvoto-porachaa-liderite-od-brdo-brioni-procesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sporovi-da-se-reshavaat-vo-duhot-na-dobrososedstvoto-porachaa-liderite-od-brdo-brioni-procesot/#respond Fri, 27 Apr 2018 17:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=47166

Одговорноста сега е кај земјите -кандидатки и потенцијалните кандидати на патот за стекнување полноправно членство во ЕУ на кој треба посветено и натаму да работат на реформите, кои од нив се бараат, заклучија учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони денеска во Скопје. Свесни сме, како што се наведува во заклучоците од Самитот, дека владеењето на правото, основните човекови права ефикаснито судство и доброто владеење, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал се клучни за напредокот, развојот и стабилноста. Претседателите на Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, претседателот на ЕС и бугарскиот премиер во заедничкиот заклучок од состанокот нагласуваат дека ги подджуваат објективните критериуми за проширување на ЕУ со земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони, каде што е истакната проценката на индивидуалните заслуги. Ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со Западен Балкан. Особено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот. Сметаат дека е потребна поголема синергија во регионалните иницијативи и механизми во однос на градењето на инзкулзивен регион. - Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите. Очекуваат натамошна помош од ЕУ за подобрување на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони со силна поддршка на постојните проекти. Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес. На двочасовниот состанок присуствуваа и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,  на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. Тие се согласија Албанија следната година да биде домаќин на состанокот на лидерите на Процесот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sporovi-da-se-reshavaat-vo-duhot-na-dobrososedstvoto-porachaa-liderite-od-brdo-brioni-procesot/feed/ 0
Почна состанокот на Брдо-Бриони процесот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sostanokot-na-brdo-brioni-procesot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sostanokot-na-brdo-brioni-procesot-vo-skopje/#respond Fri, 27 Apr 2018 14:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=47090

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ попладнево почна состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони. Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес. На состанокот присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,  на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. Според агендата, предвидено е заедничка прес-конференција да одржат претседателите Иванов, Грабар Ќитаровиќ, Пахор, бугарскиот премиер Борисов и претседателот на ЕС ДоналдТуск. Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери го надлетуваат главниот град, а има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари. Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство. По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера во еден скопски хотел. На менито се традиционална македонска храна и домашни вина, а ќе ги забавува македонскиот бенд Баклава, со нивни авторски и изворни македонски песни. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Називот на ицијативата е поради споделената идеја на претседателите на двете земји, на Брдо кај Крањ се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, а Бриони, е во чест на ко-организаторот и партнерот во иницијативата, Хрватска. Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sostanokot-na-brdo-brioni-procesot-vo-skopje/feed/ 0
Туск, седум претседатели е Борисов гости на Иванов на состанок за Брдо-Бриони процесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tusk-sedum-pretsedateli-e-borisov-gosti-na-ivanov-na-sostanok-za-brdo-brioni-procesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tusk-sedum-pretsedateli-e-borisov-gosti-na-ivanov-na-sostanok-za-brdo-brioni-procesot/#respond Fri, 27 Apr 2018 05:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=46739

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи денеска во Скопје. Како што соопштија од кабинетот на Иванов, подготовките за состанокот, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, веќе финишираат. Официјално своето присуство го потврдија претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,  на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Како специјални гости на состанокот, во Скопје ќе допатуваат и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери ќе го надлетуваат главниот град, а ќе има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари. Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство. По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера во еден скопски хотел. На менито се традиционална македонска храна и домашни вина, а ќе ги забавува македонскиот бенд Баклава, со нивни авторски и изворни македонски песни. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Називот на ицијативата е поради споделената идеја на претседателите на двете земји, на Брдо кај Крањ се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, а Бриони, е во чест на ко-организаторот и партнерот во иницијативата, Хрватска. Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tusk-sedum-pretsedateli-e-borisov-gosti-na-ivanov-na-sostanok-za-brdo-brioni-procesot/feed/ 0