бре ајви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Dec 2022 07:31:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бре ајви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ајви си замина од МЗТ Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ajvi-si-zamina-od-mzt-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ajvi-si-zamina-od-mzt-skopje/#respond Thu, 08 Dec 2022 07:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=772568

Eден од клучните кошаркари на МЗТ Скопје го напушта клубот. Станува збор за Американецот Бре Ајви, кој денеска побарал и веднаш добил раскин на договорот со македонскиот првак, поради парите што му се должат. Ајви дојде во МЗТ Скопје пред крајот на ланската сезона од Академија ФМП, беспрекорната соработка со тренерот Петровиќ од тимот од Кисела Вода ја продолжи и во дресот на аеродромци, па беше меѓу најзаслужните и за освоената шампионска титула минатото првенство. Заминувањето на овој одличен кошаркар доаѓа во најлош можен момент, само неколку дена пред клучниот дуел со Борац Чачак за опстанок во АБА-лигата. Тој е вториот играч што го напушта МЗТ Скопје во рок од само неколку дена, по македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ajvi-si-zamina-od-mzt-skopje/feed/ 0
Бре Ајви останува во шампионот МЗТ Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bre-ajvi-ostanuva-vo-shampionot-mzt-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bre-ajvi-ostanuva-vo-shampionot-mzt-skopje/#respond Mon, 01 Aug 2022 06:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=712373

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје го продолжи договорот со Бре Ајви. Американскиот плејмејкер пристигна при крајот на ланската сезона. На шеснаесет одиграни натпревари запиша просек од 10,5 поени 4,1 скок и 4,3 асистенции. Аеродромци ги сочуваа своите најдобри играчи кои беа дел од тимот кој ја освои деветтата шампионска титула. Нови договори добија Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Дамјан Стојановски, по едногодишна пауза се врати Андреј Магдевски, а новајлии во ростерот се Американците Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец, Страхиња Миќовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bre-ajvi-ostanuva-vo-shampionot-mzt-skopje/feed/ 0
Бре Ајви е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bre-ajvi-e-najnovoto-zasiluvanje-na-mzt-skopje-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bre-ajvi-e-najnovoto-zasiluvanje-na-mzt-skopje-aerodrom/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=665219

Американецот Бре Ајви е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром. Се очекува Ајви да биде голема помош за плејмејкерската позиција која беше можеби најслабата точка на „сино-белите“. – Станува збор за исклучително квалитетен кошаркар, добро познат на македонската спортска јавност, со оглед на одличните настапи во дресот на Академија ФМП, за која играше од почетокот на сезоната. Ајви во домашното првенство во дресот на „академците“ од Кисела Вода одигра 20 меча со просек од 17 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции додека во Балканската лига (БИБЛ) на осум средби просечно реализираше 23,4 поени со 4,5 скока и 2,7 асистенции, соопшти МЗТ Скопје Аеродром. За 25-годишниот Американец ова е прва сезона во Европа, откако претходно одигра две сезони за Сан Хозе стејт универзитетот, каде што на 62 средби просечно реализирал девет поени со 2,6 скока и 2,9 асистенции. Ајви дебито во дресот на македонскиот шампион треба да го има утре во 1. коло од Суперлигата на дуелот со ТФТ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bre-ajvi-e-najnovoto-zasiluvanje-na-mzt-skopje-aerodrom/feed/ 0