брегот на слоновата коска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Apr 2022 14:30:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брегот на слоновата коска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дрогба не е избран за претседател на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата коска https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/drogba-ne-e-izbran-za-pretsedatel-na-fudbalskata-federacija-na-bregot-na-slonovata-koska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/drogba-ne-e-izbran-za-pretsedatel-na-fudbalskata-federacija-na-bregot-na-slonovata-koska/#respond Sun, 24 Apr 2022 14:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=667370

Прославениот фудбалер на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба, не успеа во својата намера да стане претседател на тамошната фудбалска федерација, јави денеска агенцијата ДПА. Дрогба испадна во првиот круг гласање, а за нов претседател на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата коска е избран 61-годишниот Јасин Идриз Дијало. Во текот на кариерата, 44-годишниот Дрогба беше капитен на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска и нејзин најдобар стрелец во историјата. На 105 натпревари постигна 65 голови, а со националниот тим настапи на три светски првенства (2006, 2010, 2014). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/drogba-ne-e-izbran-za-pretsedatel-na-fudbalskata-federacija-na-bregot-na-slonovata-koska/feed/ 0
ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТA НА ДРЖАВАТА: Доживотен затвор за поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-zagrozi-bezbednosta-na-drzavata-dozivoten-zatvor-za-poraneshniot-premier-na-bregot-na-slonovata-koska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-zagrozi-bezbednosta-na-drzavata-dozivoten-zatvor-za-poraneshniot-premier-na-bregot-na-slonovata-koska/#respond Wed, 23 Jun 2021 18:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=527219

Поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска и лидер на бунтовниците, Гијом Соро, од кривичниот суд во Абиџан денеска е осуден на доживотен затвор заради „загрозување на државната безбедност“ во врска со делата извршени на крајот на 2019 година, јави ДПА. Неколку многу блиски соработници на Соро, меѓу кои се поранешната шефица на протоколот, Солејмане Камагејт, поранешната министерка за комуникација, Афоусијата Бамба и поранешниот шеф на неговите комуникации, Туре Муса, се осудени на 20 години затвор. Агенцијата наведува дека Судот, исто така, нареди одземање на имотите на Соро и на другите 19 осудени лица, негови блиски соработници. Двајца браќа на Соро и неговата поранешна десна рака, поранешниот член на парламентот Ален Лобоњон, се осудени на 17 месеци затвор заради „нарушување на јавниот ред и мир“. Но, тие наскоро треба да бидат ослободени, со оглед на тоа што веќе минаа повеќе од 17 месеци зад решетки. Соро во април 2020 година веќе беше осуден на 20 години затвор заради проневера на јавни средства во времето кога беше премиер. Оваа казна доведе до поништување на неговата претседателска кандидатура неколку месеци подоцна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-zagrozi-bezbednosta-na-drzavata-dozivoten-zatvor-za-poraneshniot-premier-na-bregot-na-slonovata-koska/feed/ 0
Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-premierot-na-bregot-na-slonovata-koska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-premierot-na-bregot-na-slonovata-koska/#respond Thu, 09 Jul 2020 06:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=372229

Премиерот на Брегот на Слоновата Коска Амаду Гон Кулибали почина, откако му се слошило на вчерашната седница на Владата. Кулибаи (61) се вратил од Франција, каде два месеца се лекувал од срцеви проблеми, пренесува Би-Би-Си. Тој беше избран за кандидат на владејачката партија на претседателските избори во октомври, откако сегашниот претседател Аласан Утара објави дека нема да се кандидира за трет мандат. Кулибали имаше трансплантација на срце во 2012 година, а на почетокот на мај замина за Париз заради вградување стент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-premierot-na-bregot-na-slonovata-koska/feed/ 0
Во Брегот на Слоновата Коска уапсени двајца најбарани европски бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bregot-na-slonovata-koska-uapseni-dvajca-najbarani-evropski-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bregot-na-slonovata-koska-uapseni-dvajca-najbarani-evropski-begalci/#respond Sat, 23 Nov 2019 08:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=267961

Властите на Брегот на Слоновата Коска синоќа соопштија дека уапсиле двајца најбарани европски бегалци, осудени на доживотен затвор поради убиство на еден Британец во Белгија во 1996 година. Жандармеријата на африканската држава соопшти дека се во средата и четвртокот во Абиџан уапсени се Французинот, Жан-Клод Лакот и Белгијанката, Хилде ван Акер. Лакот и Ван Акер првично беа уапсени во Белгија поради убиство на бизнисменот Маркус Мичел, но тие беа ослободени поради недостиг на докази и побегнаа во Јужна Африка. Во 2011 година осудени се во отсуство на доживотен затвор, а во Белгија беа ставени на листата најбарани лица. Властите на Брегот на Слоновата Коска истакнаа дека Лакот и Ван Акер го смениле идентитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bregot-na-slonovata-koska-uapseni-dvajca-najbarani-evropski-begalci/feed/ 0