Брегу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Nov 2020 14:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Брегу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брегу: Владите на Западен Балкан ќе треба да преземат одговорност за спроведување на заедничкиот регионален пазар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bregu-vladite-na-zapaden-balkan-kje-treba-da-prezemat-odgovornost-za-sproveduvanje-na-zaednichkiot-regionalen-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bregu-vladite-na-zapaden-balkan-kje-treba-da-prezemat-odgovornost-za-sproveduvanje-na-zaednichkiot-regionalen-pazar/#respond Mon, 09 Nov 2020 14:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=426990

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, нагласи дека владите на земјите од регионот ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на заедничкиот регионален пазар. Како што истакна Брегу, лидерите од Западен Балкан утре ќе го потврдат новиот план за заедничкиот регионален пазар. – Заедничкиот регионален пазар не е нова идеја. Тоа е одличен план базиран на четири слободи, како и на единствениот пазар на Европската унија, но и поддржан од дигитални, иновативни, индустриски и инвестициски сегменти. Горди сме што го понесовме тешкиот товар на овој процес заедно со Генералниот директорат на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, регионални организации, меѓународни финансиски институции и долгорочни партнери. Сепак, владите ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на овој план, рече Брегу. Според неа, Западен Балкан не е совршен регион. Невработеноста, економската состојба, одливот на квалификувана работна сила и младите кои ги напуштаат земјите, се обесхрабрувачка реалност. – Пред 20 години, многу луѓе кои бараа засолниште од војните се вратија дома. Денес, 71 отсто од младите од Западен Балкан размислуваат за заминување во странство на работа, додека 43 проценти се подготвени да се преселат во потрага по изгубената надеж. Регионалниот раст се предвидува да падне на -5,1 процент. Падот на БДП во вториот квартал од оваа година е огромен, во некои случаи и до -20 проценти, главно како резултат на колапсот во туристичкиот сектор, истакна Брегу. Не е лесно, дополни таа, да се постигне напредок во такви околности. – Затоа, не треба да ги комплицираме работите дополнително, туку да дадеме можност да ги реализираме тие предлози за кои шест економии од Западен Балкан помогнаа да се утврдат. Политиките што се фокусираат на границите и споровите нема да му помогнат на регионот да биде побогат. Навистина се надевам дека заедничкиот регионален пазар ќе биде поддржан и имплементиран за да се обезбеди подлабока економска интеграција на регионот. Ако се случи тоа, сите ќе имаме корист, заклучи Брегу. Заедничкиот регионален пазар произлезе од повеќегодишниот акциски план, усвоен пред три години во Трст, кога лидерите на шесте економии од Западен Балкан се согласија да му дадат на регионот можност да изгради сопствен економски простор за непречен проток. стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила со што би станал попривлечен и попогоден за инвестиции. Постигнатите резултати во рамки на Регионалниот економски простор се: 96 проценти пониски цени за роаминг и нивно целосно укинување од јули 2021 година, зголемена трговија со стоки за 25 проценти, како и раст на директните странски инвестиции за 35 остсто од 2016 година. Состанокот, чиј домаќин беше бугарското Министерство за надворешни работи и со кој копретседаваа бугарскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, ги собра шефовите на дипломатиите од земјите од Берлинскиот процес, претставници на Европската унија и меѓувладините организации од Берлинскиот процес. Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зајакнување на регионалната соработка на Западен Балкан и помагање во интеграција на шесте економии на регионот во Европската унија. Иницијативата ја покрена германската канцеларка Ангела Меркел на 28 август.2014 година. Оваа година, со Берлинскиот процес заеднички претседаваат Бугарија и Северна Македонија. Самитот во Софија на кој ќе се соберат премиерите на Берлинскиот процес и на кој треба да бидат потврдени Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар, Зелениот план за Западен Балкан и заклучоците од Министерскиот состанок за интеграција на Ромите, ќе се одржи утре. Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, ќе зборува на отворањето на официјалниот дел од состанокот, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bregu-vladite-na-zapaden-balkan-kje-treba-da-prezemat-odgovornost-za-sproveduvanje-na-zaednichkiot-regionalen-pazar/feed/ 0