брендови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 06:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брендови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што ќе се случи со омилените брендови на кралицата – неколку со сигурност ќе ја загубат соработката со кралското семејство, еве ја причината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-kje-se-sluchi-so-omilenite-brendovi-na-kralicata-nekolku-so-sigurnost-kje-ja-zagubat-sorabotkata-so-kralskoto-semejstvo-eve-ja-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-kje-se-sluchi-so-omilenite-brendovi-na-kralicata-nekolku-so-sigurnost-kje-ja-zagubat-sorabotkata-so-kralskoto-semejstvo-eve-ja-prichinata/#respond Tue, 20 Sep 2022 06:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=735074

Смртта на британската кралица Елизабета Втора би можело да значи дека 600-те нејзе омилени стокови марки може да го загубат „кралскиот печат“ и доколку не ги одобри новиот крал Чарлс Трети, во рок од две години ќе мора да го отстранат. Чаевите „Fortnum and Mason“, мантилите „Burberry“, чоколадата „Cadbury“, па дури и метил и кучешка храна се наоѓаат меѓу производите кои се во опасноста да го загубат својот кралски престиж. Во прв ред, „кралскиот печат“ е знак за квалитетот и оните кои на него имаат право може да го втисната кралскиот грб на своите производи, пакувања, да го стават во огласи, работните простории или на возилата. Иако тоа е тешко прецизно да се измери, на некои брендови бездруго кралското одобрување им ја зголемува продажбата, проценуваат стручњаците за пазари. Доколку не го добијат одобрувањето од новиот крал Чарлс Трети, кој пак досега имаше свои 150 брендови со принцевско одобрување, во рок од две години ќе мора да ја отстранат ознаката дека се префериран добавувач на монархот. Некои од овие брендови беа заеднички за кралицата и принцот. На пример, „Fortnum and Mason“, за новото одобрување веројатно не би требало да бидат загрижени, бидејќи нивниот чај го обожува и Чарлс. „Горди сме што го имаме печатот на Нејзиното Величество од 1954 година и тоа што го снабдувавме кралското домаќинство во текот на нејзиниот живот“, соопштија од оваа лондонска компанија која чајот го произведувала и за кралот Едвард Седми, прадедото на Елизабета Втора. Причина за загриженост, најверојатно, немаат ниту во „Barbour“, компанијата којашто беше службен добавувач на кралицата со водоотпорна и заштитна облека, но исто така и за нејзиниот син. Аперитив и шампањ Меѓу брендовите кои имале полза од поврзаноста со кралицата е и аперитивот „Dubonnet“, кој се заснова на вино, а бил клучната состојка од омилените коктели на Елизабета Втора направен од овој пијалак и џин… Од друга страна, компанијата „Luner“, којашто се гордееше со тоа што кралицата ја снабдуваше со познатите рачни чантички, би можела да ја загуби драгоцената етикета. Брендовите кои за јавноста не претставуваа голема асоцијација за кралицата, како што се чантите и торбичките што несомнено биле, „е кралски сертификат над сето признание за умеењето и традицијата“, вели Кристијан Порта, директор за глобален развој во концернот „Pernod Ricard“, сопственик на „Dubonnet“. Споменатата француска компанија има кралска ознака и за шампањот „Mumm“. Построги критериуми И стоките за широка потрошувачка може да добијат одобрување, како на пример „Heinz“, познат по своите кечапи. Американската компанија „Kellogg’s“, пак, кралицата ја снабдувала со житарки. Нејзиниот портпарол за Велика Британија, Пол Вилер, вели дека биле постојани добавувачи на кралското семејство во текот на 70-годишното владеење на Елизабета. „Имавме специјално комбе со кои ги возевме житарките за кралското семејство директно од фабриката“, вели Вилер. Кралските одобрувања траат пет години, а за нивното одобрување критериумите стануваат сѐ построги. „Не е само во прашање совршениот квалитет и услугата, треба да докажете дека имате добро работење, особено по прашањето за почитување на човековите права“, додава Вилер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-kje-se-sluchi-so-omilenite-brendovi-na-kralicata-nekolku-so-sigurnost-kje-ja-zagubat-sorabotkata-so-kralskoto-semejstvo-eve-ja-prichinata/feed/ 0
ТОП ПОЗНАТИ брендови кои не можат лесно да ја напуштат Русија – ова е една од причините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/top-poznati-brendovi-koi-ne-mozat-lesno-da-ja-napushtat-rusija-ova-e-edna-od-prichinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/top-poznati-brendovi-koi-ne-mozat-lesno-da-ja-napushtat-rusija-ova-e-edna-od-prichinite/#respond Thu, 17 Mar 2022 08:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=648640

Инвазијата на Украина поттикна многу западни брендови да се повлечат од Русија, но некои сè уште имаат продавници, ресторани и хотели во земјата и велат дека не можат да ги затворат. „Marks and Spencer“, „Burger King“ и хотелските синџири „Marriott“ и „Accor“ се ограничени од сложени договори за франшиза што ги спречуваат да се повлечат. Компаниите користат аутсорсинг за нивните операции во Русија и не ги поседуваат бизнисите во земјата што ги носат нивните имиња. Заедно, овие компании имаат речиси 1.000 продавници, ресторани и хотели кои сè уште работат во Русија. „M&S“ има 48 продавници, а „Burger King“ има 800 ресторани кои сè уште се отворени, додека „Marriott“ и „Accor“ имаат 28 и 57 хотели, соодветно, кои сè уште примаат гости. Брендовите се блокирани со договори за франшиза, кои не дозволуваат отстранување на нивните имиња од руските трговски улици и центри, информира Би-Би-Си. Многу западни компании имаат такви договори со децении. Продавниците на „Marks and Spencer“, на пример, се управувани од турската компанија FiBA, која ги поседува правата да продава производи на трговците на мало во Источна Европа од 1999 година. „M&S“ рекоа дека компанијата привремено го прекинала снабдувањето со производи на FiBA како одговор на војната. Според сопственикот на ресторанот „Brands International“, рестораните на „Burger King“ ги водат и франшизи. Овие „долгорочни договори не можат лесно да се променат во догледна иднина“, изјавија од компанијата за Би-Би-Си. Хотелските синџири „Marriott“, „IHG“ и францускиот „Accor“, чии брендови ги вклучуваат Ibis и Novotel, работат во Русија користејќи слични договори. Хотелите на „Marriott“ во Русија се во сопственост на трети страни, но компанијата рече дека „ќе продолжи да ја оценува можноста овие хотели да останат отворени“, сугерирајќи дека ги ревидира своите договори за франшиза. Според Греам Пејн од адвокатската фирма „Bird & Bird“, франшизата е погодна за западните брендови кои сакаат да влезат на пазарите во различни земји, но немаат локално знаење, пари или способност за тоа. „Луѓето би се запрашале зошто овие компании едноставно не ги затвораат своите продавници? Но, од деловна и договорна гледна точка, многу е тешко да се направи тоа без сериозни правни последици“, рече Пејн. Овие последици може сериозно да им наштетат на западните компании, кои би можеле да бидат тужени од франшизите доколку ги прекршат нивните договори, кои често се 10 години или повеќе. Дури и ако брендот успее да добие пресуди во друга земја против франшиза во Русија, „руските судови нема да го спроведат тоа“, според Џон Прат, експерт за франшизи. Во меѓувреме, компаниите се обидуваат да направат што можат во оваа ситуација и најавија поддршка за Украина по руската инвазија. „Accor“, кој има 57 брендирани хотели во Русија и има 3.500 вработени во земјата, го суспендираше отворањето на нови хотели и резервациите за лицата на списокот со санкции. „Burger King“, од друга страна, профитот од своите активности за франшиза во Русија го пренасочува кон хуманитарни цели. „Marriott“ и „IHG Hotels & Resorts“, кои имаат по 28 хотели во Русија, исто така ги запреа новите проекти и инвестиции и ги затворија своите корпоративни канцеларии во Москва. „M&S“ вети дека ќе обезбеди повеќе од 1,5 милиони фунти (1,95 милиони долари) за поддршка на бегалците, а исто така ќе донира палта и термална долна облека. И додека многу брендови не можат да ја напуштат Русија, Yum Brands, кој ги поседува „KFC“ и „Pizza Hut“, објави дека го финализира договорот со својот главен партнер за франшизата за суспендирање на „Pizza Hut“ во земјата. Брендовите се „многу загрижени“ за оштетувањето на нивниот углед бидејќи продолжуваат да работат во Русија, вели Хобс од адвокатската фирма „Bird & Bird“. „Тие се загрижени од човечка и морална гледна точка за тоа што се случува, но мислам дека се загрижени и поради тоа што на голем број компании им се закануваат бојкоти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/top-poznati-brendovi-koi-ne-mozat-lesno-da-ja-napushtat-rusija-ova-e-edna-od-prichinite/feed/ 0
Ова се најмоќните и највредни светски брендови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najmokjnite-i-najvredni-svetski-brendovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najmokjnite-i-najvredni-svetski-brendovi/#respond Fri, 01 Feb 2019 06:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=158930

Италијанскиот производител на автомобили „Ферари“ повторно ја освои титулата најмоќен светски бренд, стои во најновиот извештај на „Бренд фајненс“, претставен на штотуку завршениот Светски економски форум во Давос. Во извештајот на компанијата „Бренд фајненс“, која ја мери вредноста на 500. најголеми светски брендови, е наведено дека „Ферари“ во текот на минатата година во категоријата Индекс на сила на брендот (БСИ) го подобрил својот рејтинг за три поени, од 91,5 на 94,8 од можни 100. Така, „Ферари“ ги претекна „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Лего“ и „Дизни“. Гигантот меѓу автомобилските брендови титулата за најмоќен светски бренд последен пат ја доби во 2014 година. - Како најквалитетен светски произведувач на луксузни возила, „Ферари“ има неспоредливо ниво на препознатливост на брендот, кој е поддржан од прекрасен дизајн и иновација. Логото со потскокнат коњ е совршен симбол за силата и виталноста на брендот кој планира нови модели и допира надвор од автоиндустријата - истакна Дејвид Хејг, извршен директор на „Бренд фајненс“. Кога станува збор за вредноста на брендот, на врвот на листата се наоѓа „Амазон“, со 187,9 милијарди долари (раст од 24,6 отсто во споредба со 2018 година), на второто место е „Епл“ со 153,6 милијарди долари (5,0 отсто) и на третото е „Гугл“ со 142,7 милијарди долари (18,1 отсто). „Мајкрософт“ се искачи на четвртата позиција, со вредност на брендот од 119,6 милијарди долари и го потисна „Самсунг“ на петтото место. Вредноста на брендот на овој јужнокорејски технолошки гигант е намалена за 1,1 отсто, на 91,3 милијарда долари. Треба да се спомене и скокот на кинескиот „Хуавеи“, кој со раст на вредноста на брендот од 63,7 отсто, на приближно 62,3 милијарди долари, од минатогодишното 25. се искачи на 12. место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najmokjnite-i-najvredni-svetski-brendovi/feed/ 0
Интересни комбинации: Како големите брендови ги добиле своите имиња? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesni-kombinacii-kako-golemite-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesni-kombinacii-kako-golemite-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja/#respond Tue, 29 Jan 2019 19:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=158046

Имињата на некои компании се многу необични, но ние толку сме навикнати на нив што воопшто не го забележуваме тоа. Со имињата на популарните брендови се сретнуваме секојдневно. Дали некогаш сте се запрашале како настанале? Популарната германска марка на спортска облека и обувки „Адидас“ името го добила, благодарение на нејзиниот креатор Адолф Даслер, кого пријателите го нарекувале Ади. Со спојувањето на неговиот прекар и првите три букви од презимето, настанало името на брендот, Адидас, открива „Енаука“. „Најк“ е име на грчката божица на победата, а популарниот знак на таа компанија го симболизира нејзиниот лет. Американската софтверска компанија „Adobe“, го носи името на потокот, кој тече зад куќата на ко-оснивачот на компанијата Џон Варнок, додека името на компанијата, Ај–би–ем (IBM- International Business Machine), настанало кога Џон Вотсон, одлучил да стекне предност над своите поранешни работодавачи, кои ги продавале производите само на национално ниво. ИКЕА е име, кое е комбинација од првите букви на името и презимето на нејзиниот креатор Ингвара Кампрада и првите букви од имотот и селото во кое тој пораснал – Елмтарид и Агунарид. „Лего“ е комбинација од данските зборови „лег годт“, што значат „играј добро“. На латински јазик Лего значи „составувам“. Од компанијата велат дека се работи за случајност. Популарниот газиран пијалок Кока Кола, името го добил по состојките кои се употребуваат за неговото произведување. Се работи за лист од кока и оревасти плодови, кои на пијалакот му даваат оригинален вкус. Компанијата „Пепси“, своето име го добила од дигестивниот ензим, пепсин. Познато е дека „Фолксваген“, произведува народни автомобили во Германија, а името на оваа компанија во превод значи: „народен автомобил“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesni-kombinacii-kako-golemite-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja/feed/ 0