брет кавано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jun 2022 05:35:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брет кавано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсено лице кое сакало да убие судија на Врховниот суд на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseno-lice-koe-sakalo-da-ubie-sudija-na-vrhovniot-sud-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseno-lice-koe-sakalo-da-ubie-sudija-na-vrhovniot-sud-na-sad/#respond Thu, 09 Jun 2022 05:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=688601

Американското Министерство за правда синоќа обвини лице задржано во близина на домот на Брет Кавано, судија на Врховниот суд на САД, кое се заканувало дека ќe го нападне и киднапира судијата. Николас Џон Роске (26), допатувал до домот на судијата во Мериленд, а поттоа се јавил во службата за итна помош и кажал дека има самоубиствени намери и дека носи пиштол во ташната. Ова било причина за негово задржување, се наведува во тужбата. На истражителите тој им рекол дека дошол од Калифорнија да убие „одреден судија на Врховниот суд“. Според документите од истрагата се дознава дека Роске бил вознемирен од протекувањето на документ на Врховниот суд поврзан со информации за правото на абортус, за случај кој наскоро треба да се разгледува за контрола на оружјето во САД и масакрот во училиште во Јувалде Тексас. -Роске изјави дека судијата што тој се обидел да го убие би гласал за намалување на првата од Вториот амандамн. Тој размислувал како да го даде животот за некаква цел и кауза и одлучил дека може да го убие судијата на Врховниот суд, се наведува во тужбата. Тој би го сторил тоа со провалување во домот на судијата, а потоа планирал да изврши самоубиство. Според ФБИ, во ташната на Роске биле најдени спреј со солзавец, два магазина со муниција, пиштол „Глок“, и зип лисици. Тој носел и чекан, штрафцигер, шипка, полесен пиштол и салотејп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseno-lice-koe-sakalo-da-ubie-sudija-na-vrhovniot-sud-na-sad/feed/ 0
Емили Ратајковски уапсена во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emili-ratajkovski-uapsena-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emili-ratajkovski-uapsena-vo-vashington/#respond Fri, 05 Oct 2018 13:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=111246

Mанекенката Емили Ратајковски беше приведена вчера во Вашингтон додека протестираше против Брет Кавано, судија кој беше предложен за врховен судија на САД. Против Кавано се води судски процес за сексуално вознемирување. Освен Емили беше уапсена и глумицата Ејми Шумер и уште 300 други демонстранти. -Бев приведена денеска на протестите против човекот кој е обвинет од повеќе жени за сексуално злоставување. Човек што е непримерен кон жените не може да биде на така моќна функција. Потврдата на неговата кандидатура е пораката кон жените во оваа земја дека не се важни. Барам Владата да ги почитува и поддржи жените еднакво како и мажите, напиша Ратајковски на својот „Инстаграм“ откако ја пуштија од полиција. Досега три жени го обвинуваат Кавано за сексуален напад. Едната од нив ја застапува адвокатот Мајкл Авенати, кој ја застапува и порно-глумицата Сторми Даниелс во спорот со Трамп. Тој судски се обидува да го поништи договорот што Даниелс го имала со американскиот претседател Доналд Трамп да молчи за нивната наводна врска пред повеќе од десет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emili-ratajkovski-uapsena-vo-vashington/feed/ 0
Трамп побара Сенатот конечно да го избере Кавано за врховен судија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobara-senatot-konechno-da-go-izbere-kavano-za-vrhoven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobara-senatot-konechno-da-go-izbere-kavano-za-vrhoven-sudija/#respond Fri, 28 Sep 2018 06:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=107211

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го повика Сенатот да го одобри именување на судијата Брет Кавано на испразнетото место во Врховниот суд на САД. Повикот на Трамп уследи по сослушувањето во Сенатот на Кавано и на докторката Кристин Блејзи Форд, која го обвинува за сексуален напад пред три и пол децении, при што, според американскиот претседател, судијата настапил „силно, чесно и уверливо“. Прво Форд, а потоа и Кавано, со часови сведочеа пред членовите на Комисијата за правосудство на Сенатот на САД. Форд настапи смирено и со сигурност тврдеше дека Кавано е човекот кој се обидел да ја силува за време на средношколска забава во 1982 година, кога тој имал 17, а таа 16 години. Кавано, пак, имаше крајно емотивен настап, обвинувајќи ги сенаторите од Демократската партија дека „му го уништиле животот и растуриле семејството ширејќи лажни обвинувања против него низ медиумите“. - Судијата Кавано и покажа на Америка зошто го предложив за ова место. Јасно можеше да се види дека стратегијата на демократите е да го уништат човекот. Целиот процес беше монтиран обид да се одложи и попречи неговото именување. Сенатот сега мора да гласа!, напиша Трамп на Твитер. Кавано мора да добие 51 глас во Сенатот, мнозинство кое Републиканската партија го има, но обвинувањата на Форд може да премислат неколку републикански сенатори, како што се Сузан Колинс или Лиза Мурковски, кои демократите ги повикуваат да покажат женска солидарност со Форд. Демократите воедно бараа целиот процес да се одложи за по конгресните изборите во ноември, инсистирајќи самиот Кавано да се обрати до Федералното истражно биро (ФБИ) и да побара истрага за обвинувањата. Повеќе републикански извори, по сведочењето на Кавано и Форд, најавија дека партијата сепак ќе ги обезбеди потребните 51 глас и дека ќе побрза со гласањето, не дозволувајќи обвинувањата против судијата да го попречат неговото именување, како што тоа се случи со неуспешниот избор на судијата Роберт Борк во 1987 година и на судијата Кларенс Томас во 1991 година. Врховниот суд е важен поради неговото право да поништи закони кои ќе ги оцени како противуставни, а со именувањето на Кавано се очекува Републиканската партија да има солидно мнозинство во деветчлениот суд. Републиканските сенатори се откажаа од правото да ја сослушуваат Форд, и повикаа жена - обвинителка да го стори тоа место нив. Форд беше прашана зошто тројцата сведоци кои таа ги посочи дека учествувале во забавата кога таа наводно била силувана ја негираат нејзината верзија на настаните. Таа, помогната од неколку адвокати, се повика на тоа дека настанот се случил одамна и побара едниот од пријателите на Кавано, новинарот Марк Џад, да дојде лично пред Комисијата и да го повтори своето писмено тврдење дека настанот не се случил. - Секој ден се измачував себеси околу тоа дали да излезам во јавноста и да кажам за нападот врз мене, изјави таа. Кавано во сведочењето повеќе се осврна за „ударот“ што обвинувањата на Форд го имале врз неговото семејство, врз сопругата и двете ќерки. - Мојата десетгодишна ќерка, кога клекна да се моли една вечер, побара од мене да се помолиме и за жената, озјави Кавано, низ солзи, уверувајќи ја доктор Форд дека ниту тој, ниту неговото семејство немаат лоши намери кон неа, но дека нејзината верзија на настаните не е точна и дека тој е невин. Во Сенатот беа отворени повеќе теории дека можеби некој друг соученик се обидел да ја силува, а таа го помешала со Кавано. Кавано воедно ги обвини демократите дека со личниот напад врз него „исполнуваат нарачка на Бил и Хилари Клинтон“, имајќи предвид дека тој како помлад правник беше дел од истрагата за сексуалните обвинувања против поранешниот американски претседател Клинтон. Кавано воедно праша зошто никој во Сенатот не ги отвара и другите, уште посериозни обвинувања против него, од две други жени кои го обвинија дека учествувал во групни силувања на девојки, обвинувања за кои рече дека се крајно неуверливи, а му предизвикале огромна емотивна болка на неговото семејство. Една од жените кои го обвинија беше понудена како сведок од страна на адвокатот Мајк Авенати, кој ја промовираше порно актерката Сторми Даниелс и нејзините обвинувања против претседателот Доналд Трамп. За време на сведочењата, пред зградата на Конгресот се одржуваа протести на поддржувачи на двете политички партии, додека преку социјалните мрежи беснееше расправа меѓу тие кои бараат да се верува на Кавано или на Форд. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobara-senatot-konechno-da-go-izbere-kavano-za-vrhoven-sudija/feed/ 0
Форд е подготвена да сведочи, а не сака да биде во истата просторија со Кавано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-e-podgotvena-da-svedochi-a-ne-saka-da-bide-vo-istata-prostorija-so-kavano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-e-podgotvena-da-svedochi-a-ne-saka-da-bide-vo-istata-prostorija-so-kavano/#respond Fri, 21 Sep 2018 08:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=104013

Жената, која го обвини кандидатот на американскиот претседател за судија на Врховен суд, порача дека нема да сведочи в понеделник, туку в четврток  и оти не сака во таа прилика да биде во иста просторија со неа Брет Кавано. Кавано и Кристин Блејси Форд требаше в понеделник да се појават на сослушување пред сенатскиот Комитет за правосудство. Форд имаше време до денеска да се изјасни дали в понеделник ќе се појави пред Комиетот за правосудство. Порталот „Политико", осврнувајќи се на неименувани извори, наведува дека адвокатот на Форд сака таа прва да сведочи. Кавано ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека не го знаел ниту идентитетот на жената која го обвинува, се додека не прочитал како Кристин Блејси Форд во текст во „Вашингтон пост“ тврди дека тој насила ја допирал во една куќа во предградие на  на Вашингтон на почетокот на 80-тите години од минатиот век и дека била исплашена за својот живот. - Никогаш не сум направил ништо слично на тоа што го опиша жената која ме обвини - ниту неа, ниту на некој друг, истакна Кавано. Тој претходно изјави дека е подготвен да одговори на прашањата на Комитетот за правосудство на Сенатот за „да ги побие лажните обвинувања за настаните пред 36 години и да го одбрани својот интегритет“. Белата Куќа и натаму го поддржува именувањето на 53-годишен судија за местото на највисокиот суд во земјата, наведувајќи дека му верува оти не учествувал во инцидентот за кој е обвинет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-e-podgotvena-da-svedochi-a-ne-saka-da-bide-vo-istata-prostorija-so-kavano/feed/ 0
Трамп го номинира Брет Кавано за судија во Врховниот суд на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-nominira-bret-kavano-za-sudija-vo-vrhovniot-sud-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-nominira-bret-kavano-za-sudija-vo-vrhovniot-sud-na-sad/#respond Tue, 10 Jul 2018 06:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=75032

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира конзервативниот судија Брет Кавано за нов судија на Врховниот суд на САД. - Имам чест за Врховниот суд да го именувам Брет Кавано, беспрекорен судија, рече Трамп. Брет Кавано (53) во моментов е судија во Апелацискиот суд во Вашингтон, а беше и правен советник на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот. Судиите на Врховниот суд на САД кој има девет членови, се именуваат со доживотен мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-nominira-bret-kavano-za-sudija-vo-vrhovniot-sud-na-sad/feed/ 0