брилијант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Apr 2022 12:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брилијант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Големо поскапување: Маслото за јадење „Брилијант“ ја зголеми продажната цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/golemo-poskapuvanje-masloto-za-jadenje-brilijant-ja-zgolemi-prodaznata-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/golemo-poskapuvanje-masloto-za-jadenje-brilijant-ja-zgolemi-prodaznata-cena/#respond Thu, 28 Apr 2022 09:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=669079

„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината. Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон. На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи. Со поскапувањето, „Брилијант“ ја изедначи цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители. Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња зејтин. (МИА)    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/golemo-poskapuvanje-masloto-za-jadenje-brilijant-ja-zgolemi-prodaznata-cena/feed/ 0
Витаминка го купи имотот на штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitaminka-go-kupi-imotot-na-shtipski-brilijant-za-7-3-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitaminka-go-kupi-imotot-na-shtipski-brilijant-za-7-3-milioni-evra/#respond Thu, 15 Feb 2018 14:27:11 +0000 http://kurir.mk/?p=21870

„Витаминка“ денес потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална Банка АД Скопје. Во сопственост на „Витаминка“ АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 метри квадратни и земјиште со право на сопственост од 21.592 метри квадратни, подвижни ствари како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна проценета вредност од 7.300.000 ЕУР во денарска противвредност. Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија. -Со денешниот потпишан договор започнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко- технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството како и развој на нова група производи. Правиме еден голем чекор напред што ќе значи поголема и подобрена деловност на компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот, велат од „Витаминка“. Од Комерцијална банка, која се јавува во својство на продавач за значењето на договорот, велат: Задоволни сме што една од најдобрите македонски компании во прехранбената индустрија „Витаминка“ Ад Прилеп го презема деловниот потфат на фабриката за масло за јадење „Брилијант“ од Штип. Сметаме дека овој договор има пошироко значење за економијата и ќе претставува успешно искуство во промоцијата на домашното производство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitaminka-go-kupi-imotot-na-shtipski-brilijant-za-7-3-milioni-evra/feed/ 0