брис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jul 2020 05:19:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворање мобилен пункт во Свети Николе за земање брисеви за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-mobilen-punkt-vo-sveti-nikole-za-zemanje-brisevi-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-mobilen-punkt-vo-sveti-nikole-za-zemanje-brisevi-za-kovid-19/#respond Wed, 29 Jul 2020 05:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=382887

Мобилен пункт за земање брисеви за тестирање за Ковид-19 денеска ќе биде отворен во Свети Николе. Од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести одговорила на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена, како што се посочува, ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица во Свети Николе при Центарот за јавно здравје Велес. Објектот ќе има посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти. Контролните прегледи ќе ги закажуваат докторите од ЦЈЗ Велес, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар. Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот, информираат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-mobilen-punkt-vo-sveti-nikole-za-zemanje-brisevi-za-kovid-19/feed/ 0
ФОТО: Брис за проверка на коронавирус во Скопје може да се земе и од автомобил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bris-za-proverka-na-koronavirus-vo-skopje-moze-da-se-zeme-i-od-avtomobil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bris-za-proverka-na-koronavirus-vo-skopje-moze-da-se-zeme-i-od-avtomobil/#respond Thu, 02 Apr 2020 16:31:05 +0000 https://kurir.mk/?p=326349

Во непосредната близина на Скопскиот центар за јавно здравје денеска екипите кои што се задолжени за земање на брис за потврда или отфрлање на присуство на Ковид-19 имаа многу работа. Дел од нивните активности беа забележани од будното око на објективот на ВЕЧЕР, кога на едно дете му беше земено брис додека тоа се наоѓаше во автомобил. Медицинското лице беше опремено и заштитено по сите протоколи што ги наложи Министерството за здравство. Безбедноста на граѓаните пред се! Извор: Вечер Фото Н.Батев]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-bris-za-proverka-na-koronavirus-vo-skopje-moze-da-se-zeme-i-od-avtomobil/feed/ 0
МЗ: Закажувањето за земање брис се врши телефонски и преку матичните лекари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-zakazuvanjeto-za-zemanje-bris-se-vrshi-telefonski-i-preku-matichnite-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-zakazuvanjeto-za-zemanje-bris-se-vrshi-telefonski-i-preku-matichnite-lekari/#respond Tue, 24 Mar 2020 13:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=321420

Закажувањето за земање брисеви за тестирање од коронавирус од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар, соопшти Министерството за здравство. Матичниот лекар, како што се посочува, им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања, а согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Од Министерството апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање, и да се јават само доколку имаат симптоми, да не се оптоварува системот беспотребно. Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку „МојТермин” на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин. Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Тие треба да носат заштитна опрема и по можност да не доаѓаат со јавен превоз, наведуваат од Министерството. По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна секојдневна комуникација со матичните лекари и со сестра и доктор од Клиниката за инфективни болести. Во функција за поддршка на граѓаните е и бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03 на кој може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-zakazuvanjeto-za-zemanje-bris-se-vrshi-telefonski-i-preku-matichnite-lekari/feed/ 0