Брисел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 17:29:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Брисел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Протестен собир во Брисел за поддршка на жителите во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesten-sobir-vo-brisel-za-poddrshka-na-zhitelite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesten-sobir-vo-brisel-za-poddrshka-na-zhitelite-vo-gaza/#respond Sun, 22 Oct 2023 17:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891987

Неколку илјади лица попладнево учествува на протест во Брисел за поддршка на жителите на Газа, организиран од неколку белгиски синдикати и невладини организации. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според организаторите на протестот, на него учествувале околу 25.000 лица, додека, според белгиската полиција, на собирот присуствувале 12.000 луѓе. Протестот започна пред седиштето на Европската комисија, од каде демонстрантите се упатија на марш низ околните улици, кој заврши на почетната локација – плоштадот „Шуман“ пред зградата на ЕК. Учесниците на протестот носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка за Палестинците и за прекин на „масакрите во Газа“, но и „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Капитализмот е вистинската бомба“. Организаторите на собирот, меѓу кои и Генералната федерација на трудот на Белгија, Конфедерацијата на христијански синдикати, Белгиско-палестинската асоцијација, организацијата Координација и иницијативи за бегалците и странците, Христијанското работничко движење, Националниот центар за развојна соработка и здружението Женски живот, ја повикаа Европската Унија да направи се што е во нејзина моќ да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа, како и да се заштити целото цивилно население и да му се овозможи пристап до меѓународна помош. Уште при најавата на протестот, организаторите апелираа тој да биде мирен, да нема оправдување за воените злосторства, напади врз цивили или каква било манифестација на антисемитизам или која било друга форма на расизам, а во неколку наврати и на собирот потсетија дека не сакаат никакви антисемитски или пораки против еврејскиот народ. - Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз цивилното население, вклучително и оние извршени од Хамас од 7 октомври врз израелски цивили, кои резултираа со стотици загинати. Сепак, ниту еден напад не може да го оправда непочитувањето на правилата на војување, беше наведено во прогласот на организаторите на собирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesten-sobir-vo-brisel-za-poddrshka-na-zhitelite-vo-gaza/feed/ 0
Потврдена смртта на извршителот на синоќешниот напад во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-smrtta-na-izvrshitelot-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-smrtta-na-izvrshitelot-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 10:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=889751

Осомничениот извршител на синоќешното убиство на двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, почина денеска откако беше застрелан од полицијата во кафуле, потврдија белгиските власти. - Сторителот на терористичкиот напад во Брисел е идентификуван и почина, објави белгиската министерката за внатрешни работи Анелис Верлинден на платформата Икс (X). Претходно, како што јави дописникот на МИА од Брисел, државната телевизија РТБФ објави дека белгиската полиција го застрелала и убила 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани, кој беше осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани. Според телевизијата, извршителот на нападот бил прогласен за мртов утрово во 9:38 часот, откако со прострелни рани бил пренесен в болница. Ал Гуилани бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек при полициска акција за негово апсење, која започна синоќа откако тој уби двајца шведски државјани и рани трет. Верлинден, претходно, соопшти дека мажот осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и е пронајдено автоматското оружје со кое е извршен нападот. - Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ. Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“. Портпаролот на белгискиот обвинител Ерик Ван Дајсе потврди дека полицајци отвориле оган при апсењето на осомничениот, но одби да даде повеќе детали. Белгискиот премиер Александер де Кро изјави дека станува збор за „кукавички терористички напад“ - Напаѓачот избра за мета двајца шведски фудбалски навивачи, додаде Де Кро. Ал Гуилани синоќа на социјалните мрежи објави видео со кое презеде одговорност за убиствата, тврдејќи дека е припадник на Исламската држава и дека нападот го извршил во „име на Алах“. Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбил неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-smrtta-na-izvrshitelot-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/feed/ 0
Застрелан осомничениот извршител на синоќешниот напад во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrelan-osomnicheniot-izvrshitel-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrelan-osomnicheniot-izvrshitel-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 08:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=889685

Мажот осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и пронајдено е автоматското оружје со кое е извршен нападот, соопшти претпладнево белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден. - Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, локални медиуми објавија дека напаѓачот им подлегнал на здобиените повреди на пат кон болница, но засега нема официјакна потврда на оваа информација. Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“. Според медиумските информации, осомничениот, 45-годишниот Абдесалем Ал Гуилани по потекло од Тунис, бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек. Полицијата трагаше по него од синоќа, откако уби двајца шведски државјани и рани трет. Портпаролот на белгискиот обвинител Ерик Ван Дајсе потврди дека полицајци отвориле оган при апсењето на осомничениот, но одби да даде повеќе детали. Ал Гуилани синоќа на социјалните мрежи објави видео со кое презема одговорност за убиствата, тврдејќи дека е припадник на Исламската држава и дека нападот го извршил во „име на Алах“. Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбил неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrelan-osomnicheniot-izvrshitel-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/feed/ 0
Белгиски обвинител: Уапсен осомничениот за вчерашниот напад во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-obvinitel-uapsen-osomnicheniot-za-vcherashniot-napad-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-obvinitel-uapsen-osomnicheniot-za-vcherashniot-napad-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=889642

Белгиската полиција денеска уапси осомничен вооружен маж кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во, како што соопштија властите, „терористички напад“. Апсењето, во бриселската населба Скарбек, уследи по интензивната потера во главниот град по напаѓачот вооружен со автоматска пушка. - Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство, Ерик Ван Дујс, без да ја потврди информацијата на телевизијата RTBF дека осомничениот е ранет. Локалниот градоначалник, Филип Клоз, изјави за францускиот ТВ канал BFMTV дека осомничениот се чини дека е „неутрализиран“. Ова се уште не е потврдено од властите. Претходно, дел од бриселски медиуми јавија дека осомниочениот е застрелан во градите, но дека е жив и приведен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-obvinitel-uapsen-osomnicheniot-za-vcherashniot-napad-vo-brisel/feed/ 0
Околу 35.000 навивачи не можеа да го напуштат стадионот четири часа по прекинот на натпреварот Белгија – Шведска https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/okolu-35-000-navivachi-ne-mozhea-da-go-napushtat-stadionot-chetiri-chasa-po-prekinot-na-natprevarot-belgija-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/okolu-35-000-navivachi-ne-mozhea-da-go-napushtat-stadionot-chetiri-chasa-po-prekinot-na-natprevarot-belgija-shvedska/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=889636

Во Брисел околу 35 илјади луѓе кои дојдоа на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 меѓу Шведска и Белгија чекаа четири часа за евакуација на стадионот по убиството на двајца шведски навивачи. Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Бодуен“. Според ТВ каналот „ВРТ“, по прекинот на средбата, полицијата им наредила на гледачите да останат на своите места. На стадионот беа повикани и дополнителни сили за да се подготват за безбедно евакуација на навивачите. Околу 35 илјади луѓе останаа во арената околу четири часа, по што околу полноќ полицијата почна да ги отстранува сите од стадионот. Евакуацијата траела околу 30 минути. Синоќа, двајца навивачи облечени во дресови на шведската репрезентација беа убиени во Брисел пред квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Белгија и Шведска. УЕФА го прекина натпреварот од безбедносни причини. Селекторот на шведската репрезентација Јане Андерсон изрази сочувство до семејствата на жртвите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/okolu-35-000-navivachi-ne-mozhea-da-go-napushtat-stadionot-chetiri-chasa-po-prekinot-na-natprevarot-belgija-shvedska/feed/ 0
Приведен сторителот на синоќешниот напад во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-storitelot-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-storitelot-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 06:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=889625

Сторителот на синоќешниот напад во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани е приведен, јавија локалните медиуми. Се наведува дека бил застрелан од полицијата во градите, но е жив, пренесе БТА. Според извештаите на медиумите, Абдесалем Л., роден на 1 септември 1978 година, мигрант од Тунис кој илегално престојувал во Белгија, бил пронајден во кафуле недалеку од домот во кој живеел во квартот Скарбек во главниот град. Според локалните медиуми, тој престојува во Белгија од 2019 година и поднел барање за бегалска заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-storitelot-na-sinokeshniot-napad-vo-brisel/feed/ 0
Осомничениот за вчерашното убиство на две лица во Брисел во терористички напад се уште е во бегство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-vcherashnoto-ubistvo-na-dve-litsa-vo-brisel-vo-teroristichki-napad-se-ushte-e-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-vcherashnoto-ubistvo-na-dve-litsa-vo-brisel-vo-teroristichki-napad-se-ushte-e-vo-begstvo/#respond Tue, 17 Oct 2023 06:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=889614

Во Брисел продолжува полициската потрага по човекот осомничен за убиството на двајцата шведски државјани и ранувањето на трето лице во нападот што белгискиот премиер Александре де Кро го оквалификува како терористички, јави ДПА. -Вчера три лица излегоа со намера да одат на прекрасен фудбалски празник. Двајца од нив го загубија животот во брутален терористички напад, изјави Де Кро на прес-конференција утринава. - Се верува дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија, рече Де Кроа. -Сторителите конкретно ги нападнаа шведските навивачи кои дојдоа во Брисел на фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“, рече премиерот, мислејќи на натпреварот меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, кој беше прекинат по прво полувреме поради нападот.полувреме 1-1. -Терористите мора да разберат дека никогаш нема да успеат во својата намера. Никогаш нема да успеат да ги потчинат нашите слободни општества. Со својата омраза и насилство тие само покажуваат немоќ, рече Де Кро. „Тероризмот никогаш нема да не победи“. Де Кроа посочи дека полициското присуство во белгискиот главен град ќе биде зголемено. Мерките за безбедност, исто така, ќе бидат зголемени на голем број чувствителни локации, особено оние поврзани со шведската заедница, рече тој, а проверките ќе бидат засилени во остатокот од Белгија. Де Кро ги повика сите во Брисел да бидат внимателни. Попладне ќе заседава Советот за национална безбедност, додаде премиерот на Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-vcherashnoto-ubistvo-na-dve-litsa-vo-brisel-vo-teroristichki-napad-se-ushte-e-vo-begstvo/feed/ 0
Терорист уби двајца шведски навивачи во Брисел https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 04:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=889549

Брисел и Шведска се сретнаа во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Иако дуелот нема резултатско значење освен престиж, на улиците во Брисел се случувала голема драма поради која на стартот на второто полувреме, натпреварот беше прекинат. Имено, двајца шведски навивачи се убиени од страна на оружен напаѓач. Убиецот самиот се идентификувал како член на терористичката група ИСИС, извикувал дека е тука за да ги „одмазди муслиманите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/feed/ 0
Убиството во Брисел се третира како терористички напад, откриени нови детали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubistvoto-vo-brisel-se-tretira-kako-teroristichki-napad-otkrieni-novi-detali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubistvoto-vo-brisel-se-tretira-kako-teroristichki-napad-otkrieni-novi-detali/#respond Mon, 16 Oct 2023 20:46:04 +0000 https://kurir.mk/?p=889534

Двајца шведски државјани се убиени вечерва од засега непознат вооружен напаѓач во белгискиот главен град Брисел, објавија локалните медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, напаѓачот, кој носел портокалова јакна и бела кацига, веднаш по инцидентот побегнал од местото на настанот и се уште е во бегство. Според белгиското Јавно обвинителство, инцидентот се третира како терористички напад. Убиените Швеѓани носеле дресови на шведската фудбалска репрезантација, па бидејќи во Брисел вечерва се игра меч од квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2024 година меѓу Белгија и Шведска, се претпоставува дека допатувале во белгискиот главен град за следење на натпреварот. Инцидентот се случил околу 19:15 часот на околу пет километри од стадионот „Крал Бодуен“, каде што се игра натпреварот. Поради нападот шведските навивачи се задржани на стадионот, а прекинат е и преносот од натпреварот. Портпарол на бриселската полиција потврди дека се убиени две лица, но одби да даде повеќе детали за настанот. На социјалните мрежи се појави снимка на маж кој зборува арапски јазик и тврди дека е припадник на Исламска држава и дека тој го извршил нападот „во името на Алах“, но и дека убил три лица. Белгиското Федерално јавно обвинителство потврди дека е запознато со видеото, но не може да ја потврди веродостојноста на тврдењата во него. Во врска со нападот се огласи и белгискиот премиер Александер Де Кро, кој на платформата Икс (Х) објави дека му изразил сочувство на неговиот шведскиот колега по вечерашниот „страшен напад врз шведските граѓани во Брисел“. - Нашите мисли се со семејствата и пријателите кои ги загубија своите најблиски. Како блиски партнери, борбата против тероризмот е заедничка, наведе Де Кро. Тој нападот го оквалификува како „кукавички обид за атентат“ и апелираше до жителите на Брисел да бидат „внимателни“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubistvoto-vo-brisel-se-tretira-kako-teroristichki-napad-otkrieni-novi-detali/feed/ 0
Ужас во Брисел: Две лица се убиени, убиецот избега со мотор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-brisel-dve-litsa-se-ubieni-ubietsot-izbega-so-motor-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-brisel-dve-litsa-se-ubieni-ubietsot-izbega-so-motor-video/#respond Mon, 16 Oct 2023 20:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=889531

Две лица се убиени вечерва во Брисел од истрели од огнено оружје, а осомничениот е во бегство, изјави претставник на обвинителството во белгискиот главен град. Според видеото објавено на порталот „Het Laatste Nieuws“, напаѓачот облечен во флуоресцентен портокалов елек бил на мотор и побегнал откако отворил оган од автоматска пушка. Медиумите објавија аматерски видеа на кои се гледа како човекот пука повеќе пати, а една белгиска телевизија објави дека двајцата убиени се Швеѓани. Шведска требаше да одигра натпревар против Белгија подоцна вечерва на стадионот Хејсел, на околу пет километри од местото на нападот. Портпаролката на полицијата изјави дека полицијата брзо пристигнала на местото на нападот и го опколила. Портпаролот на обвинителот рече само дека истрагата е отворена и оти засега не може да зборува за мотивот. Белгискиот премиер Александар Де Кро на X изрази „најдлабоко сочувство до роднините на жртвите од кукавичкиот напад во Брисел“. -Ги следам случувањата заедно со министрите за правда и за внатрешни работи од националниот кризен центар. Ја следиме ситуацијата и бараме од луѓето во Брисел да бидат внимателни, напиша тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-brisel-dve-litsa-se-ubieni-ubietsot-izbega-so-motor-video/feed/ 0