бриселски договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 05:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бриселски договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти ги прифатил Бриселскиот договор и Анексот од Охрид, Вучиќ одбива да ги потпише https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-gi-prifatil-briselskiot-dogovor-i-aneksot-od-ohrid-vuchik-odbiva-da-gi-potpishe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-gi-prifatil-briselskiot-dogovor-i-aneksot-od-ohrid-vuchik-odbiva-da-gi-potpishe/#respond Fri, 27 Oct 2023 05:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=893600

Косовската Влада соопшти дека премиерот Албин Курти ги прифатил бриселскиот Основен договор меѓу Косово и Србија од 27 февруари 2023 година и Анексот за спроведување на Охридскиот договор од 18 март 2023 година, но тие не можат да се спроведат поради одбивањето на Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение на Владата во Приштина по вчерашните средби во Брисел на Курти со високи претставници на Европската унија, се наведува дека косовскиот премиер им нагласил на европските лидери дека „само потпишувањето значи имплементација на договореното“. - Овие договорени документи се заеднички успех со Европската унија. Договореното мора да се спроведе во целост, без услови, без одлагања, се цитира Курти во соопштението. Според кабинетот на косовскиот премиер, потпишувањето на бриселскиот договор и охридскиот анекс го отфрлил српскиот претседател, Александер Вучиќ, кој побарал прифаќање на „странично писмо“ со кое, вели косовската Влада, укинуваат одредени принципи од договорот. - Претседателот на Србија, Вучиќ, одби да потпише договор со Косово и побара да се прифати странично писмо со кое практично укинува три принципи од Основниот договор, на Анексот за спроведување, како и на нацртот предложен од петмината емисари на 21 октомври годинава, се вели во соопштението. Во него се наведува дека Курти на вчерашните средби во Брисел со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерката на Италија, Џорџија Мелони, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, потпретседателот на Европската комисија и Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, како и со неговиот емисар Мирослав Лајчак, „им се заблагодарил за нивната улога, посветеност и придонес за мирот и нормализацијата на односите меѓу Република Косово и Србија“. Тој го повторил барањето за санкции и казна кон Србија, поради нејзината улога во нападот врз косовската полиција на 24 септември во северно Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-gi-prifatil-briselskiot-dogovor-i-aneksot-od-ohrid-vuchik-odbiva-da-gi-potpishe/feed/ 0
Србија – Косово: Десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kosovo-deset-godini-od-potpishuvaneto-na-briselskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kosovo-deset-godini-od-potpishuvaneto-na-briselskiot-dogovor/#respond Wed, 19 Apr 2023 06:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=825273

На денешен ден, пред 10 години, беше потпишан Првиот договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, т.н. Договор од Брисел, кој беше склучен под покровителство на ЕУ. Преговорите ги водеа тогашниот премиер на Србија, Ивица Дачиќ, и премиерот на Косово, Хашим Тачи, со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон. Договорот со кој започна нормализацијата на односите со Косово има 15 параграфи, од кои првите шест се однесуваат на формирањето, опсегот и функциите на планираната ЗСО, а следните три на полицијата и безбедноста, со прецизирање на едни Полициски сили за цело Косово, вклучително и северно Косово, наречени полиција на Република Косово. Според став 14, беше договорено дека „ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ“. Ставот 15 предвидува формирање комитет за имплементација, со помош на ЕУ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на годишната прес-конференција на почетокот на јануари објави дека во моментов 106 земји не го признаваат Косово, 84 го признаваат, а три држави „не се на чисто“. Косовските власти, пак, тврдат дека Косово го признаа 115 земји. Српските власти наведуваат и дека во последните 15 години 27 земји донеле одлука за повлекување на признавањето. Дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ, започна во март 2011 година. Првиот бриселски договор беше потпишан на 19 април 2013 година, додека две години подоцна Косово и Србија потпишаа договор за Заедница на општини со српско мнозинство, со кој се усогласија општите принципи и клучните елементи. Договорот од 2015 година се состои од 22 точки, во кои се прецизирани законската рамка, целите, организациската структура, односот со централните власти, буџетот и поддршката. Во согласност со првиот Бриселски договор, врз основа на Статутот треба да се формира Заедница на општини со српско мнозинство, чија една верзија беше изготвена во 2018 година со одобрение на ЕУ врз основа на договорот од 2015 година, но никогаш не беше претставен на јавноста. Оваа година двете страни го прифатија германско-францускиот предлог за нормализација на односите и се договорија за Анексот за имплементација. Српската страна инсистира прво да се формира ЗСО, односно да се исполнат одредбите од Бриселскиот договор, за да се продолжи со понатамошна нормализација, а косовската страна одбива, наведувајќи дека формирањето на ЗСО не е во согласност со Уставот на Косово. Следната рунда разговори ќе се одржи, како што наведува Н1, на 2 мај, кога ќе се разговара за спроведувањето на договорите. Потоа Александар Вучиќ и Албин Курти ќе патуваат за Брисел. Иако сите рокови предвидени со Бриселскиот договор се истечени, ЗСО се уште не е на повидок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kosovo-deset-godini-od-potpishuvaneto-na-briselskiot-dogovor/feed/ 0
Вучиќ: ЗСО само во согласност со Бриселскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zso-samo-vo-soglasnost-so-briselskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zso-samo-vo-soglasnost-so-briselskiot-dogovor/#respond Wed, 11 Apr 2018 06:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=38876

Српскиот претседателот Александар Вучиќ изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово ќе биде формирана во согласност со Бриселскиот договор, додавајќи дека е изненаден од изјавата на портпаролката на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, Маја Коцијанчиќ дека ЕУ го подржува формирањето на ЗСО „според косовските закони“. - Сакам да ни покажат, каде тоа го пишува во Бриселскиот договор, кој го знам на памет... тоа никаде не е напишано, изјави синоќа Вучиќ за сепската државна телевизија РТС. Тој додаде дека ЗСО може да биде формирана само во согласност со Бриселскиот договор, утврдените принципите и според планот за имплементација. Портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика вчера изјави дека Заедницата на општини со српско мнозинство ќе биде формирана врз основа на косовските закони. Вучиќ оцени дека по таквите изјави, недвосмислено е јасно кој на Србија и е пријател, а кого не може да го нарече со тоа име. Како што истакна, доколку усогласеноста со косовскиот Устав е единствената работа која им е битна на преставниците на ЕУ, тогаш повеќе не може да се каже дека тие се статусно неутрални. - Единственото она што е овде добро, е тоа што им се покажува на граѓаните во Србија какви се преговорите во Брисел и колку е тешко тоа со што се соочувате, кога тие и јавно го кажуваат, изјави српскиот претседател. Според него, за Србија сега е најважно да го зачува мирот. - Наше е да го зачуваме мирот, да сме сталожени, смирени и дека тоа се нашите пораки и дека се бориме за српскиот народ, изјави Вучиќ. Косовските власти инсистираат ЗСО да се формира врз основа на косовскиот Устав, додека српската Влада и преставниците на Српската листа бараат таа да биде формирана врз основа на Бриселскиот договор од 2013 година. Во меѓу време, Српската листа постави ултиматум најдоцна до 19 април да започне изработката на Статутот на ЗСО или во спротивно тие самите ќе ја формираат Заедницата. Според најавите од Брисел, Статутот на Заедницата ќе го подготви работна група формирана од Владата на Косово, со помош на ОБСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zso-samo-vo-soglasnost-so-briselskiot-dogovor/feed/ 0