британци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 07:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png британци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мнозинството Британци сметаат дека Обединетото кралство згреши што ја напушти ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-britantsi-smetaat-deka-obedinetoto-kralstvo-zgreshi-shto-ja-napushti-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-britantsi-smetaat-deka-obedinetoto-kralstvo-zgreshi-shto-ja-napushti-eu/#respond Fri, 23 Jun 2023 07:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=848855

Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење, цитирано од ДПА. Истражувањето е спроведено на почетокот на јуни врз репрезентативен примерок од 1.525 возрасни лица, од кои само 34 отсто и натаму сметаат дека Брегзит е вистинската одлука. Резултатите, објавени од Институтот Тони Блер, исто така, покажуваат дека 18 отсто од оние кои гласале за напуштање на ЕУ сега сметаат дека одлуката била погрешна. Речиси 80 отсто сметаат дека Обединетото Кралство во иднина треба да има поблиски односи со ЕУ, при што 43 отсто сакаат Велика Британија повторно да се приклучи на ЕУ, а 13 отсто се за враќање само на единствениот пазар. Нешто повеќе од една петтина од луѓето поддржуваат поблиски односи со ЕУ, но не како членка или дел од единствениот пазар. Авторите на истражувањето, Антон Списак и Христос Цулакис, исто така, предупредуваат дека „се чини дека ставовите на оние кои гласаа на референдумот во 2016 година не се драматично променети. Место тоа, клучен двигател на оваа промена се ставовите на оние испитаници на возраст од 18 до 24 години кои не гласале во 2016 година, но кои во голема мера веруваат дека одлуката за заминување била погрешна“. -Поголемиот дел од промените се чини дека се должат на помладите луѓе кои влегоа во електоратот, место значителен дел од гласачите кои го сменија своето мислење, додаваат тие. придвижи дебатата напред од повторното водење на старите битки за тоа дали Брегзит е исправен или не, до дискусија како би требало да изгледа подобрениот иден однос со ЕУ“, нагласи тој. „ЕУ секогаш ќе остане клучен стратешки сојузник“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-britantsi-smetaat-deka-obedinetoto-kralstvo-zgreshi-shto-ja-napushti-eu/feed/ 0
Анкета: Само девет отсто Британци сметаат дека Брегзит беше подобар отколку лош потег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-samo-devet-otsto-britantsi-smetaat-deka-bregzit-beshe-podobar-otkolku-losh-poteg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-samo-devet-otsto-britantsi-smetaat-deka-bregzit-beshe-podobar-otkolku-losh-poteg/#respond Tue, 23 May 2023 06:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=837715

Само девет отсто од Британците мислат дека Брегзит претставува повеќе успех отколку неуспех, покажува новата анкета на јавното мислење. Околу 62 отсто од луѓето го опишуваат Брегзит како убедливо погрешен потег, се наведува во анкетата на YouGov. Агенцијата за испитување на јавното мислење објави дека „Брегрет“ („жалење поради Брегзит“) достигна нови нивоа, бидејќи само 31 отсто од Британците сметаат дека тоа е вистинската одлука да ја напуштат Европската унија во 2016 година, барем досега. Речиси двојно повеќе, 56 отсто, велат дека тоа бил погрешен потег. Бројот на испитаници кои гласале за напуштање на ЕУ и кои мислат дека тоа е погрешно се искачи на највисоко ниво досега, 22 отсто. Бројките потврдуваат дека многу луѓе се согласуваат со Најџел Фараж, поранешниот лидер на УКИП и партијата Брегзит, кој минатата недела рече дека излегувањето на Британија од ЕУ „се покажа како неуспех“. Дури и меѓу оние кои гласаа за напуштање, 37 отсто велат дека Брегзит е повеќе лоша работа отколку добра работа. Повеќето од нив, како Фараж, го вперуваат прстот кон Конзервативната партија, а 75 отсто веруваат дека „Брегзит имаше потенцијал да биде успешен, но поради лошата имплементација од оваа и/или претходните влади, се покажа како неуспех. . Поранешниот заговорник за евроскептицизмот, кој се впушти во телевизиските води, ја обвини конзервативната Влада за лошото постапување со Брегзит откако Обединетото Кралство ќе ја напушти Унијата во 2020 година. Околу 72 Британци велат дека владата лошо се справува со Брегзит, а меѓу нив има 63 отсто од оние кои гласале за напуштање на Унијата, покажа истражувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-samo-devet-otsto-britantsi-smetaat-deka-bregzit-beshe-podobar-otkolku-losh-poteg/feed/ 0
Анкета: Мнозинство Британци се против финансирање на крунисувањето на кралот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/#respond Wed, 19 Apr 2023 05:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=825239

Мнозинството Британци, 51 отсто, сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај, бидејќи трошоците за живот растат, покажа објавеното истражување на јавното мислење во Велика Британија. Само 32 отсто од испитаниците веруваат дека државата треба да го финансира крунисувањето на најстариот син на кралицата Елизабета Втора, која почина во септември, и крунисувањето на кралицата-сопруга Камила, покажа анкетата на ЈуГов. Најкритични се младите на возраст од 18 до 24 години, од кои 62 отсто сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето. Тој процент се намалува на 44 отсто кај оние на возраст од 65 и повеќе, 46 отсто кај луѓето меѓу 50 и 64 години и 55 отсто кај оние од 25 до 49 години. Британската влада и Бакингемската палата не објавија никакви информации за цената на крунисувањето. Се очекува да чини неколку десетици милиони фунти. Крунисувањето на Елизабета Втора во 1953 година чинеше тогаш 912.000 фунти, што е околу 20,5 милиони фунти денес, додека крунисувањето на нејзиниот татко Џорџ Шести денес достигна 24,8 милиони фунти. Тоа беше најскапата церемонија во повеќе од 300 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/feed/ 0
Голем број Британци се откажуваат од државјанството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-broj-britanci-se-otkazuvaat-od-drzavjanstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-broj-britanci-se-otkazuvaat-od-drzavjanstvoto/#respond Mon, 09 Jan 2023 09:47:56 +0000 https://kurir.mk/?p=784941

Се повеќе Британци се откажуваат од своето државјанство. Според лондонскиот весник Индипендент, во периодот од 2011 до 2021 година вкупно 6.507 лица поднеле барање за откажување од британското државјанство. -Причините за откажување варираат од личност до личност, но најчест е потегот да се аплицира за државјанство во друга земја која, за разлика од Велика Британија, го ограничува или забранува двојното државјанство, вели Марием Ахмед, шеф на имиграција во специјализираната фирма OTS Solicitors. Според Индипендент, ограничувањата на двојното државјанство се долгорочно прашање, а Брегзит одеднаш доведе до сосема нови компликации за некои британски граѓани кои живеат во ЕУ, па по Брегзит исто така се зголеми бројот на Британци кои аплицираа за пасоши на некои други земји од ЕУ, најмногу Франција, Белгија или Ирска. Меѓутоа, за други земји, како што се Шпанија или Холандија, двојното државјанство во комбинација со британското државјанство не е дозволено во повеќето случаи. Запрашан да го коментира порастот на бројот на луѓе кои се откажуваат од британското државјанство, портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи рече дека повеќето луѓе кои одлучуваат да се откажат од државјанството го прават тоа за да добијат или задржат државјанство на друга земја. „Се разбира, станува збор за земји кои за разлика од Велика Британија не дозволуваат двојно државјанство“, изјави портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-broj-britanci-se-otkazuvaat-od-drzavjanstvoto/feed/ 0
Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-britanci-mislat-deka-bregzit-e-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-britanci-mislat-deka-bregzit-e-greshka/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=754882

Анкетите меѓу британските граѓани покажуваат дека голем дел од населението го дефинира Брегзит како грешка, објави Британскиот совет за анкети – синдикат на социолошки агенции во земјата. „Брегзит денес е веројатно со најниска популарсност од јуни 2016 година“, рече политикологот Џон Кертис, претседател на Советот. На гласањето во 2016 година, 52 отсто од Британците избраа да ја напуштат ЕУ, а 48 отсто да останат во неа. Трендот кон промена на ставовите на јавноста започна во есента 2021 година, кога недостигот на возачи во Британија јасно ја покажа цената за напуштање на Европската унија, додаде Кертис. Тој рече дека се уште е рано да се каже дека јавното мислење ќе бара ревизија на гласањето во 2016 година. Според него, Лабуристичката опозиција не изгледа подготвена повторно да отвори дебата за враќање во ЕУ и единствениот пазар пред следните општи избори за две години, поради страв од губење на гласачите.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-britanci-mislat-deka-bregzit-e-greshka/feed/ 0
Тројца Британци, Швеѓанец и Хрват обвинети од судот во Доњецк дека се платеници, им се заканува смртна казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/#respond Mon, 15 Aug 2022 20:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=719043

Судот во самопрогласената Народна република Доњецк (ДНР) денеска обвини петмина странци, кои се бореле од страна на Украина, дека се платеници и соопшти дека тројца од нив може да се соочат со смртна казна. Британецот Џон Хардинг, Хрватот Векослав Пребег и Швеѓанецот Матијас Густафсон, заробени во градот Мариупол и околината, можат да бидат осудени на смрт според законите на т.н. ДНР. Други двајца Британци, Дилан Хили и Ендрју Хил, исто така беа обвинети, но не се соочуваат со егзекуција. Ниту еден од петмината обвинети не се изјасни за виновен. Судот соопшти дека судењето ќе продолжи на почетокот на октомври. Хрватското Министерство за надворешни работи како одговор на обвинувањата против Пребег соопшти дека „Хрватска го отфрла обвинението и не го смета за оправдано и легално бидејќи е во спротивност со меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на притворени цивили и воени заробеници“. Властите во Доњецк во јуни осудија на смрт двајца Британци и еден Мароканец фатени како се борат на страната на украинските сили против Русија, под обвинение за обид за преземање на власта и платеништво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/feed/ 0
Борис Џонсон е „згрозен“ од смртната пресуда на двајцата Британци во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-e-zgrozen-od-smrtnata-presuda-na-dvajcata-britanci-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-e-zgrozen-od-smrtnata-presuda-na-dvajcata-britanci-vo-ukraina/#respond Fri, 10 Jun 2022 14:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=689290

Британскиот премиер Борис Џонсон е „згрозен“ од смртната казна изречена на двајца Британци од страна на проруските сепаратисти во Украина, соопшти денеска Даунинг стрит, наведувајќи дека ќе работи со Киев на нивно ослободување. Судот во самопрогласената „Доњецка Народна Република“ вчера осуди на смрт двајца Британци – Ајден Еслин и Шон Пинер и Мароканецот Брахим Садун кои се бореле на страната на Украина. Тие беа фатени во источна Украина и осудени за „делување со цел насилна промена на власта, платеништво и тероризам“. – Премиерот е згрозен од осудата на овие луѓе, изјави портпаролот на Џонсон нагласувајќи дека Лондон ја поддржува Украина во нејзините напори да ги ослободи. – Јасно е дека тие служеле во украинските вооружени сили и оти се воени заробеници, додаде тој. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас претходно изјави дека пресудите против двајца Британци осудени на смрт во источна Украина ја прекршуваат Женевската конвенција. – Пресудата против нив е грубо кршење на Женевската конвенција, напиша Трас на Твитер по разговорот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. И ОН денеска изразија загриженост поради смртната казна изречена од проруските бунтовници за воените затвореници. – Според украинската висока команда, сите овие луѓе биле дел од украинските вооружени сили. Доколку е така, тие не треба да се сметаат за платеници, изјави портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-e-zgrozen-od-smrtnata-presuda-na-dvajcata-britanci-vo-ukraina/feed/ 0
Суд во Доњецк осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-donjeck-osudi-na-smrt-dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-na-stranata-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-donjeck-osudi-na-smrt-dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-na-stranata-na-ukraina/#respond Thu, 09 Jun 2022 16:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=689009

Суд во самопрогласената Народна Република Доњецк денеска осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина. Судот ги прогласи за виновни Ејден Ајслин, Шон Пинер и Саудун Брахим, кои претходно беа заробени во источна Украина. Тие беа осудени за дејствување со цел насилна промена на власта и тероризам. Имаат рок од еден месец да поднесат жалба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-donjeck-osudi-na-smrt-dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-na-stranata-na-ukraina/feed/ 0
„Титаник“ е омилениот филм на Британците https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/titanik-e-omileniot-film-na-britancite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/titanik-e-omileniot-film-na-britancite/#respond Fri, 29 Apr 2022 06:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=669524

Филмот „Титаник“ е избран за омилен филм на сите времиња меѓу гледачите од Велика Британија, покажува најново истражување. Добитникот на 11 „Оскари“ од 1997 година, во режија на Џејмс Камерон, со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги, го зазеде првото место откако една четвртина Британци го прогласија за најдобар и најгледан филм во анкета со 2.000 учесници. Следуваат „Гладијатор“ со Расел Кроу – на второто место, па „Говорот на кралот“, „Опатијата Даунтон”, „Храбро срце“ и „Бен-Хур“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/titanik-e-omileniot-film-na-britancite/feed/ 0
Британците обвинија трет руски агент за труење на поранешниот шпион Скрипал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britancite-obvinija-tret-ruski-agent-za-truenje-na-poraneshniot-shpion-skripal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britancite-obvinija-tret-ruski-agent-za-truenje-na-poraneshniot-shpion-skripal/#respond Tue, 21 Sep 2021 12:07:01 +0000 https://kurir.mk/?p=566425

Трет агент на руската воена разузнавачка служба е обвинет во истрагата за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Солсбери, југозападно од Англија во 2018 година, објави денеска британската полиција. Сергеј Федотов, познат и како Денис Сергеев, е обвинет за заговор за убиство на Сергеј Скрипал, обид за убиство на Скрипал, неговата ќерка Јулија и полицаецот Ники Бејли, заразени при интервенцијата, како и за поседување и употреба на хемиско оружје. Заменик полицискиот комесар Дин Хејдон, кој ја предводеше антитерористичката полициска истрага за нападите во Солсбери и Ејмсбери, во изјавата рече дека ова е нов важен развој во истрагата започната по труењето со нервен агенс на поранешниот руски шпион Скрипал и неговата ќерка на 4 март 2018 година. Поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени без свест на клупа во Солсбери и префрлени во болница во тешка состојба. Тие преживеаја и сега живеат под заштита. Лондон ја обвинува Москва дека стои зад ова труење и претходно издаде налог за апсење на двајца Руси, Александар Петров и Руслан Боширов, што најверојатно се нивни псевдоними, кои се осомничени за извршување на нападот и за кои се тврди дека се членови на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Сергеј Федотов е третиот човек што британската полиција го идентификуваше и издаде налог за апсење на сите тројца. Според полицијата, тројцата осомничени претходно работеле заедно за ГРУ како дел од операциите надвор од Русија.  (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britancite-obvinija-tret-ruski-agent-za-truenje-na-poraneshniot-shpion-skripal/feed/ 0