британец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 12:48:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png британец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британец се обидел да преплива 171 километар без престан, па покажал како му изгледаат рацете и нозете (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanets-se-obidel-da-prepliva-171-kilometar-bez-prestan-pa-pokazhal-kako-mu-izgledaat-ratsete-i-nozete-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanets-se-obidel-da-prepliva-171-kilometar-bez-prestan-pa-pokazhal-kako-mu-izgledaat-ratsete-i-nozete-foto-video/#respond Mon, 17 Jul 2023 12:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=857407

Британскиот авантурист Рос Еџли се обиде да го собори светскиот рекорд во најдолго континуирано пливање, надевајќи се дека ќе успее да преплива 171 километар без престан во Тразименското езеро, инаку најголемото езеро во средна Италија. Неговиот подвиг започна оваа недела, а се согласи на истиот само 9 месеци по излегување од болница, надевајќи се дека ќе го собори светскиот рекорд по втор пат. Тоа требаше да биде најдлабокото постојано пливање во езеро без никаква помош од страна, но неговиот обид бил прекинат поради „бруталните услови“ кои предизвикале бројни здравствени проблеми, вклучувајќи и ризик од оштетување на бубрезите.
Авантурата на Еџли била прекината во моментот кога препливал 70 километри, а температурата на водата во некои делови достигнувала 33 степени, додека топлотен бран го зафатил подрачјето. Експертите предвидувале пораст на температурите и до рекордни 48 Целзиусови степени.
Покажал во каква состојба е Во објава на Инстаграм, Еџли им се заблагодарил на фановите за поддршката, а во пораката 35-годишниот авантурист покажал и како изгледаат неговите раце и нозе, збрчкани до непрепознатливост поради долгиот престој во вода. „Без оглед на тоа, се обидовме и тимот беше неверојатен, но авантурата беше прекината на околу 70 километри поради топлотен удар и загриженост од дехидрација и оштетување на бубрезите. Одам да одморам и да јадам пица“, напишал Рос на Инстаграм.
Ова не му е прв ваков подвиг Ова не е прв пат Еџли да се обиде со ваков подвиг. Минатата година тој пливаше во езерото Лох Нес неверојатни 59 часа (или 79 километри) пред да биде повлечен од предизвикот поради медицински причини. Еџли завршил во болница поради хипотермија, откажување на бубрезите и целулитис (бактериска инфекција) предизвикана од осип од костимот за нуркање.
Овој Британец во 2018 година стана првиот човек на светот кој испливал 2860 километри околу Велика Британија, за што му биле потребни околу 6 месеци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanets-se-obidel-da-prepliva-171-kilometar-bez-prestan-pa-pokazhal-kako-mu-izgledaat-ratsete-i-nozete-foto-video/feed/ 0
Британец на лотарија освоил неверојатни 130 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-na-lotarija-osvoil-neverojatni-130-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-na-lotarija-osvoil-neverojatni-130-milioni-evra/#respond Sun, 06 Feb 2022 17:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=627788

Британец освоил 130 милиони евра од лотаријата EuroMillions, пишува Дејли Стар. Името на среќниот добитник се уште не е откриено, но познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07. Самиот лоз чини 2,5 евра. Победникот ќе може да ги повлече средствата во рок од шест месеци. Лотаријата EuroMillions се игра во Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Луксембург, Белгија, Швајцарија, како и Португалија, Ирска и Австрија. Добивката се оданочува само во Швајцарија. Претходно, жител на Велика Британија освои два милиони фунти на лотарија и веднаш ја напушти работата во фабриката. Иан Блек (61) се враќал дома од ноќна смена во фабрика и застанал во продавница за да купи весник. Во исто време, тој купил лото тикет на билетарницата. Хартијата му донесе на човекот голема сума со многу нули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-na-lotarija-osvoil-neverojatni-130-milioni-evra/feed/ 0
Му било кажано дека ќе умре од коронавирус, а потоа преживеал вистинска драма, за да на крајот се случи ова (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-bilo-kazano-deka-kje-umre-od-koronavirus-a-potoa-preziveal-vistinska-drama-za-da-na-krajot-se-sluchi-ova-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-bilo-kazano-deka-kje-umre-od-koronavirus-a-potoa-preziveal-vistinska-drama-za-da-na-krajot-se-sluchi-ova-foto-video/#respond Fri, 08 May 2020 19:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=343747

Омар Тејлор (31) преживеал вистинска драма пред да излезе од болница во Велика Британија. Тој бил во индуцирана кома, а 30 дена бил на респираторна машина, имал два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на плуќа и срцето му откажало. На крајот тој го победил корона вирусот и излегол од болница на денот на роденденот на неговиот син. Најпрво му било кажано дека ќе умре и дека нема да преживее. Потоа му било кажано дека нема да може да оди, но он успеал. Неговото оздравување е чудесно, изјавила неговата сопруга Кејтлин. Омар сега е дома и се опоравува. Единствен проблем кој што го има е тоа што десната рака не му функционира и слабо зборува, но лекарите веруваат дека и тоа ќе се поправи и ќе биде добро. „Беше многу тежок период за нас, поготово со две деца. Него го немаше 8 недели, на децата тоа им изгледаше како цела вечност“, кажува сопругата Кејтлин. Кога Омар излегол од болница му припремиле голема прослава. Во болницата бил испратен со аплауз, а пред неговата куќа се собрале сите комшии и му честитале за чудесното оздравување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-bilo-kazano-deka-kje-umre-od-koronavirus-a-potoa-preziveal-vistinska-drama-za-da-na-krajot-se-sluchi-ova-foto-video/feed/ 0
Тврди дека се излечил од коронавирусот, виски било неговиот спас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tvrdi-deka-se-izlechil-od-koronavirusot-viski-bilo-negoviot-spas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tvrdi-deka-se-izlechil-od-koronavirusot-viski-bilo-negoviot-spas/#respond Mon, 03 Feb 2020 20:33:39 +0000 https://kurir.mk/?p=298875

Британец тврди дека успешно се излечил од коронавирусот без да користи никакви лекови. Конор Рид (25) кој е учител од Велс и работи во жариштето на вирусот, градот Вухан, пред два месеци добил вирус и морал да оди во болница откако имал потешкотии до дишењето. -Користев само инхалатор кој ми помогна околу кашлицата и пиев виски со мед, додека не останав без него. Тоа е стар лек, но изгледа дека „запали“. Одбив да земам антибиотици бидејќи не сакав никакви фармацевтски помагала, вели Рид. Откако му се подобрила состојбата бил пуштен од болница на домашно лекување, а две недели подоцна докторите откриле дека боледувал од коронавирус. Тој во Кина работи веќе три години, а во Вухан е во последните шест месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tvrdi-deka-se-izlechil-od-koronavirusot-viski-bilo-negoviot-spas/feed/ 0
Паднал во река барајќи си го мобилниот: Пронајдено телото на исчезнатиот Британец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padnal-vo-reka-barajkji-si-go-mobilniot-pronajdeno-teloto-na-ischeznatiot-britanec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padnal-vo-reka-barajkji-si-go-mobilniot-pronajdeno-teloto-na-ischeznatiot-britanec/#respond Wed, 05 Jun 2019 07:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=205379

23-годишниот Британец, кој исчезнал пред пет дена во Кортница, пронајден е денеска мртов во реката, соопштила полицијата. Неговите останки ги идентификувале неговите родители, откако бил извлечен од реката. Телото го пронашле 300 метри од тврдината Клужа, која се наоѓа над реката. Британецот во четвртокот ја разгледувал тврдината кога му паднал телефонот, а кога сфатил дека не може да го дофати, со автомобил возел половина километар заедно со пријателот, каде е најлесно да се пријде до реката. После половина час, пријателот кој останал во автомобилот повикал полиција затоа што момчето исчезнало и била веднаш покрената истрага. Во потрагата учествувале сепцијалната единица на Словенија, нуркачи, пожарникари и Горската служба за спасување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padnal-vo-reka-barajkji-si-go-mobilniot-pronajdeno-teloto-na-ischeznatiot-britanec/feed/ 0