Британи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Oct 2022 09:50:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Британи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Докторите на раѓање им кажале дека нема да ја преживеат ноќта, а живеат 33 години – Сијамски близначки кои инспирираат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-na-ragjanje-im-kazale-deka-nema-da-ja-preziveat-nokjta-a-ziveat-33-godini-sijamski-bliznachki-koi-inspiriraat-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-na-ragjanje-im-kazale-deka-nema-da-ja-preziveat-nokjta-a-ziveat-33-godini-sijamski-bliznachki-koi-inspiriraat-video/#respond Tue, 18 Oct 2022 09:48:49 +0000 https://kurir.mk/?p=746941

Аби и Британи се сијамски близначки чија животна приказна инспирираше многу луѓе. Тие се родени пред 33 години кога на нивните родители им било кажано дека нема да ја преживеат ноќта. Ја имаат најретката форма на споени близнаци, ретка медицинска состојба во која една оплодена јајце клетка не успева правилно да се одвои во целост во утробата. Кога зборуваме за внатрешни органи, тие имаат две срца, два стомаци, три бубрези, четири бели дробови. Од друга страна, делат еден црн дроб, еден граден кош, имаат заеднички циркулаторен систем и само делумно одделен нервен систем. Од половината надолу, Аби и Британи делат органи, вклучувајќи ги цревата, мочниот меур и репродуктивните органи.
Нивните родители никогаш не размислувале да ги разделат од страв дека една или двете ќе починат или ќе останат со тежок инвалидитет. Всушност, нивната мајка Пети не ни знаела дека очекува близнаци се додека не се родиле девојчињата. Ниту лекарите не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата. До раѓањето. Бебињата веднаш биле пренесени во клиника во поголем град. -Педијатарот рече дека моите бебиња се споени и дека имаат две глави, се присетува Пети Хенсел во интервју за Дејли Меил од 2006 година. „Беше многу директен, но апсолутно коректен. Кога првпат ги видовме, рековме дека се убави. Иако Аби и Британи се поподложни на настинки и имале два напади на пневмонија, и двете велат дека се во добра здравствена состојба, и покрај серијата операции. Третата неразвиена рака им била извадена од градите кога биле уште бебиња. Нивното искривување на 'рбетот било корегирано, додека градната празнина им била проширена кога имале дванаесет години, за да се спречат проблеми со дишењето. Близначките велат дека нивните тела се „поделени со црвена линија“. Едната ја контролира левата страна на телото, додека другата ја контролира десната. Тие мора да работат синхронизирано за да се движат правилно. Нивната анатомија се уште е мистерија за лекарите. Тие не чувствуваат допири на спротивната страна од телото. Кога една од нив ќе се ракува, другата не го чувствува тоа. Ова ги наведува лекарите да веруваат дека нивните неврони се единствени и дека не постои друг таков познат случај во светот. Тие си ги завршуваат речениците и си ги читаат мислите, додека нивните тела се совршено синхронизирани. Родителите не сакаа да зборуваат јавно додека тие самите не одлучиле дека се подготвени. Во 2012 година, сестрите сакаа да го споделат својот живот на социјалните мрежи. Светот за првпат ги виде на малите екрани во 1996 година, кога Опра Винфри ги донесе во своето шоу. Тие глумеа и во неколку документарни филмови. Во тие филмови, сестрите зборуваа за нивното секојдневие и за тоа како научиле да живеат исполнет живот и покрај различните интереси: Аби, на пример, сака математика, додека Британи е родена писателка. На многу начини, Аби и Британи живеат нормален живот. Тие оделе во редовно училиште и биле исклучително социјални. Пријателите и семејството секогаш ги поддржувале. Во прилог на тоа дека совладувањето на животните пречки не им е проблем, говори и фактот дека двете го положиле и возачкиот испит. Денес овие близначки водат мирен живот во родниот град и работат како учителки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-na-ragjanje-im-kazale-deka-nema-da-ja-preziveat-nokjta-a-ziveat-33-godini-sijamski-bliznachki-koi-inspiriraat-video/feed/ 0