британија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 17:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png британија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сунак: Британската Влада ќе и обезбеди на Газа дополнителни 20 милиони фунти хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-britanskata-vlada-ke-i-obezbedi-na-gaza-dopolnitelni-20-milioni-funti-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-britanskata-vlada-ke-i-obezbedi-na-gaza-dopolnitelni-20-milioni-funti-humanitarna-pomosh/#respond Mon, 23 Oct 2023 17:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=892276

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека неговата влада ќе и обезбеди на Газа дополнителна хуманитарна помош во износ од 20 милиони британски фунти. - Треба да обезбедиме постојан проток на хуманитарна помош и да доставуваме вода, храна, лекови и гориво, рече Сунак на седницата на британскиот парламент. - Ослободуваме дополнителни 20 милиони фунти хуманитарна помош за цивилите во Газа, што е повеќе од двојно повеќе од нашиот претходен пакет, додаде тој. Сунак, исто така, им кажа на британските пратеници дека експлозијата во болницата Ахли Арап во Газа најверојатно била предизвикана од ракета истрелана од палестинската енклава, а не од Израел. Британската влада процени дека експлозијата најверојатно била предизвикана од ракета или остатоци од ракета истрелана од Појасот Газа кон Израел, рече тој. - Погрешното претставување на овој инцидент имаше негативен ефект врз регионот, вклучително и виталните дипломатски напори на САД, и предизвика тензии овде дома, нагласи Сунак. Наодите на Лондон се совпаѓаат со оние на САД, Франција и Канада. Палестинските власти соопштија дека 471 лице загинало во експлозијата што во вторникот ја потресе болницата Ахли Араб. Министерството за здравство во Појасот Газа го обвини Израел за нападот, а израелската армија соопшти дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинските борци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-britanskata-vlada-ke-i-obezbedi-na-gaza-dopolnitelni-20-milioni-funti-humanitarna-pomosh/feed/ 0
Сунак денеска ќе соопшти кој ќе биде нов министер за одбрана на Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-ke-soopshti-koj-ke-bide-nov-minister-za-odbrana-na-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-ke-soopshti-koj-ke-bide-nov-minister-za-odbrana-na-britanija/#respond Thu, 31 Aug 2023 08:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=872867

Британскиот премиер Риши Сунак денеска треба да соопшти кој ќе биде нов министер за одбрана на Велика Британија, јави Би-Би-Си. Бен Валас, кој беше министер за одбрана изминатите четири години, денеска поднесе оставка, откако минатиот месец соопшти дека ќе ја напушти функцијата при следната реконструкција на кабинетот. Во изјавата за оставката, Валас вели дека неговите воени и политички кариери биле „личен данок за него и неговото семејство“. - Министерството за одбрана што го напуштам сега е помодерно, подобро финансирано и посигурно од организацијата што ја презедов во 2019 година, нагласи тој. - Искрено верувам дека во текот на следната деценија светот ќе стане понесигурен, подвлече Валас. Риши Сунак изјави дека Валас работел на „најсложените позиции во владата“ и изрази благодарност и почит за неговата работа. Високи претставници на конзервативците изјавиле дека потенцијални наследници на Валас се министерот за вооружени сили Џејмс Хепи и главниот секретар на Министерството за финансии Џон Глен. Британската Влада не ги коментира информациите за тоа кој ќе биде нов министер за одбрана.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-ke-soopshti-koj-ke-bide-nov-minister-za-odbrana-na-britanija/feed/ 0
Трикратно убиство: Британската полиција испрашуваше осомничен барајќи мотив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trikratno-ubistvo-britanskata-politsija-isprashuvashe-osomnichen-barajki-motiv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trikratno-ubistvo-britanskata-politsija-isprashuvashe-osomnichen-barajki-motiv/#respond Wed, 14 Jun 2023 16:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=845724

Британската полиција денеска испрашуваше осомничен во Нотингем, барајќи мотив за трикратното убиство со нож и прегазување со автомобил, при што едно лице беше тешко повредено. Двајца 19-годишни момчиња, студент и студентка, биле пронајдени мртви на улица во центарот на градот со убодни рани, откако инцидентот бил пријавен во полиција во вторникот околу 4 часот наутро. Трет маж, 65-годишен училишен чувар, исто така бил пронајден мртов со убодни рани на пат оддалечен околу 3,2 километри. Комбе, украдено од чуварот, потоа удрило во три лица, од кои едното е тешко повредено и се наоѓа во болница. Откако возилото било запрено, полицијата го привела 31-годишникот. Никој друг не е осомничен за нападите. Полицијата соопшти дека истрагата открила дека маж кој одговара на описот, исто така се обидел да упадне во Дом за стари лица откако ги нападнал учениците. Службеници за борба против тероризмот помагаат во истрагата, но началникот на полицијата во Нотингемшир, Кејт Мејнел, изјави дека мотивот за нападот не е познат. „Тоа не значи дека во моментов се третира како терористички напад“, рече министерката за внатрешни работи Суела Браверман во британскиот Парламент. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trikratno-ubistvo-britanskata-politsija-isprashuvashe-osomnichen-barajki-motiv/feed/ 0
ММФ: Британија сепак ќе избегне рецесија во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-britanija-sepak-ke-izbegne-retsesija-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-britanija-sepak-ke-izbegne-retsesija-vo-2023-godina/#respond Tue, 23 May 2023 13:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=837915

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повеќе не очекува британската економија да падне во рецесија оваа година, но предупредува дека изгледите за раст остануваат придушени. - Се очекува британската економија да избегне рецесија и да одржи позитивен раст во 2023 година, поддржана од отпорната побарувачка во контекст на падот на цените на енергијата, се вели во ажурираните прогнози на ММФ. ММФ сега предвидува раст од 0,4 отсто за британската економија оваа година, но порачува дека изгледите сè уште се „придушени“. ММФ во април во редовните пролетни прогнози прогнозираше речиси ист процентуален пад на активноста за Британија. Подобрената прогноза одразува поголема отпорност и во побарувачката и во понудата од очекуваното, објаснува ММФ, мислејќи на подобрената деловна доверба и падот на трошоците за енергија. Британскиот министер за финансии Џереми Хант рече дека извештајот на ММФ покажува „големо подобрување“ во изгледите за растот, припишувајќи ги заслугите на „мерките на владата за враќање на стабилноста и зауздување на инфлацијата“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-britanija-sepak-ke-izbegne-retsesija-vo-2023-godina/feed/ 0
Британија ја одлага изградбата на дел од брзата железничка линија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlaga-izgradbata-na-del-od-brzata-zheleznichka-linija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlaga-izgradbata-na-del-od-brzata-zheleznichka-linija/#respond Fri, 10 Mar 2023 12:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=810451

Велика Британија најави дека ќе ја одложи изградбата на дел од новата брза железничка линија што треба да го поврзе Лондон со северна Англија поради зголемување на трошоците. Одложувањето на проектот HS2 е тежок удар за планот за модернизација на железничката мрежа и зголемување на капацитетот на транспортните линии. -Инфлациските притисоци се значителни, а трошоците за проектот се зголемени, рече британскиот министер за транспорт Марк Харпер во писмената изјава до Парламентот. Градежните работи им беа доверени на компаниите Киер, Балфур Бити и Винчи. Изградбата на брзата линија беше предложена во 2009 година и претставена како најголем инфраструктурен проект во Европа, што требаше да и овозможи на Велика Британија да ги достигне другите европски земји во проширувањето на мрежата за супербрзи возови. Железницата треба да го поврзе Еустон во Лондон со Манчестер, а завршувањето на работите беше планирано за периодот од 2035 до 2040 година. Според изменетите планови што ги откри Харпер, изградбата на делот меѓу Бирмингем и Кру ќе биде одложен за две години. Харпер не даде нов датум за завршување на целиот северен дел од пругата од Бирмингем до Манчестер. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlaga-izgradbata-na-del-od-brzata-zheleznichka-linija/feed/ 0
Голем синдикален штрајк, околу половина милион Британци излегоа на улиците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-sindikalen-shtrajk-okolu-polovina-milion-britantsi-izlegoa-na-ulitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-sindikalen-shtrajk-okolu-polovina-milion-britantsi-izlegoa-na-ulitsite/#respond Wed, 01 Feb 2023 16:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=794819

Околу половина милион британски учители, државни службеници, машиновозачи денеска излегоа на улиците на градовите ширум Велика Британија во знак на протест поради ниските плати, во најголемиот координиран штрајк во таа земја во изминатата деценија. Синдикатите се закануваат со уште поголем застој на државата, доколку владата не одговори позитивно на нивните барања во однос на платите. Поради масовните протести затворени се училиштата низ целата земја, железничките линии се запрени, а војската е во состојба на подготвеност да помогне на границите, во денот наречен „Излези надвор во среда“. Според податоците на синдикатот, околу 300.000 наставници биле меѓу 500.000 демонстранти, што е најголем број на штрајк од 2011 година, кога државните службеници масовно излегоа на улиците. Премиерот Риши Сунак го осуди штрајкот, бидејќи милиони деца не можеа да одат на училиште.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-sindikalen-shtrajk-okolu-polovina-milion-britantsi-izlegoa-na-ulitsite/feed/ 0
Полицаец призна дека речиси две децении силувал и злоставувал жени, ужас во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsaets-prizna-deka-rechisi-dve-detsenii-siluval-i-zlostavuval-zheni-uzhas-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsaets-prizna-deka-rechisi-dve-detsenii-siluval-i-zlostavuval-zheni-uzhas-vo-london/#respond Mon, 16 Jan 2023 16:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=788046

Полицаец од Лондон денеска се изјасни за виновен по 24 точки од обвинение за силување и злоставување жени во период од 2003 до 2020 година, со што е еден од најтешките сексуални престапници во британската историја. Лондонската полиција и државното обвинителство објавија дека Дејвид Керик (48) ја злоупотребил својата позиција на моќ со цел да ги контролира и заплаши своите жртви, заканувајќи се дека никој нема да им верува на зборот дека припадник на полицијата извршил кривично дело. По серијата скандали во полицијата, која и онака се бори со големата недоверба на јавноста, беше издадено извинување. Во меѓувреме, портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак истакна дека тоа е „страшен случај“. Ова е ужасен случај и мислите на премиерот се со сите жртви. Полицијата мора засекогаш да се ослободи од таквите членови за да ја врати довербата на јавноста, посочи портпаролот на Сунак. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsaets-prizna-deka-rechisi-dve-detsenii-siluval-i-zlostavuval-zheni-uzhas-vo-london/feed/ 0
Британија: Русија деновиве би можела да изврши нов голем напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-rusija-denovive-bi-mozela-da-izvrshi-nov-golem-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-rusija-denovive-bi-mozela-da-izvrshi-nov-golem-napad/#respond Sat, 31 Dec 2022 10:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=782694

Британското Министерство за одбрана наведува дека постои реална можност Русите деновиве да извршат удари со долг дострел врз Украина со цел да го поткопаат украинскиот дух. Тие додадоа дека од октомври, Русија го следи моделот на започнување интензивен бран на напади на секои седум до 10 дена, првенствено насочени кон електричната мрежа на Украина. Последниот беше во четвртокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-rusija-denovive-bi-mozela-da-izvrshi-nov-golem-napad/feed/ 0
Кевин Спејси обвинет за уште седум случаи на сексуална злоупотреба https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-obvinet-za-ushte-sedum-sluchai-na-seksualna-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-obvinet-za-ushte-sedum-sluchai-na-seksualna-zloupotreba/#respond Thu, 17 Nov 2022 08:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=762216

Актерот Кевин Спејси е обвинет за уште седум сексуални престапи во Велика Британија. Оскаровецот сега во таа земја се товари за вкупно 12 случаи на сексуално насилство што наводно се случило додека тој бил на чело на лондонскиот театар „Олд Вик“. -Кралското обвинителство објави дека обвинението е проширено со уште три случаи на недолично однесување, три сексуални напади и еден случај на принудување на лице на сексуална активност без нивна согласност, пренесува „Холивуд репортер“. Спејси претходно беше обвинет за пет точки за сексуален напад во Велика Британија, а на претходното рочиште се изјасни за невин. Судијата Марк Вол, кој го надгледуваше рочиштето, го одреди почетокот на судењето на 6-ти јуни следната година. На Спејси, сепак, му беше дозволено слободно да се движи. Пред неколку недели, Спејси беше ослободен во случајот што против него го покрена актерот Ентони Рап, кој тврдеше дека бил сексуално вознемируван од постариот колега во 1980-тите. И додека актерот стана „персона нон грата“ во Холивуд поради големите контроверзи кои го следат со години, тој ја оживува својата кариера во Европа, а Филмскиот музеј во Торино планира следната година да му додели награда за животно дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-obvinet-za-ushte-sedum-sluchai-na-seksualna-zloupotreba/feed/ 0
Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-seksualnata-zloupotreba-vrz-deca-vo-britanija-e-epidemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-seksualnata-zloupotreba-vrz-deca-vo-britanija-e-epidemija/#respond Fri, 21 Oct 2022 05:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=748704

Сексуалното насилство врз деца во Британија е епидемија што погодува милиони жртви, а грозоморните и ужасни дејствија се кријат со децении, бидејќи институциите и политичарите имаат приоритет на угледот пред благосостојбата на младите луѓе, тврди новото јавно истражување. Независната студија за сексуална злоупотреба врз деца, една од најголемите и најскапите од ваков вид во таа држава, вели дека станува збор за глобална криза. Предупредува дека децата ќе бидат изложени на ризик доколку не се преземат итни мерки. „Природата и обемот на злоупотребата со која наидовме беа шокантни и длабоко вознемирувачки“, изјави Алексис Џеј, експертка за социјална заштита која ја водела студијата. „Ова е се поголем проблем и национална епидемија“, нагласи таа. Истрагата започна во јули 2014 година по серија шокантни откритија за злоупотреби, некои од нив датираат со децении. Најзначајниот од нив беше покојната ТВ ѕвезда на Би-Би-Си Џими Савил, за кој по неговата смрт беше откриено дека е меѓу луѓето вклучени во најмногу случаи на сексуална злоупотреба во Британија. Беа објавени 15 истраги и десетици извештаи, со детали за ужасните злоупотреби во институциите, вклучително и Католичката и Англиканската црква, како и центарот на британската политика, Вестминстер. Политичарите, црковните водачи и социјалните служби ги игнорираа извештаите за заштита на сторителите и нивниот углед, а полицијата покажа несоодветна почит кон јавните личности, се тврди во студијата. Вкупно 725 сведоци се сослушани од 2017 година и се обработени речиси 2,5 милиони страници докази. Повеќе од 6.000 жртви ги споделија своите искуства со „Проект за Вистина“ преку истражувањето. Џеј рече дека цел на сексуалните напади биле бебиња, мали деца и тинејџери, често придружени со ужасно насилство и садистички чинови кои предизвикуваат физичка болка. „Тоа е одвратно и понижувачко и ефектите често траат цел живот за жртвите“, рече таа. Запрепастувачки е бројот на луѓе кои биле и се жртви на насилство. Според бројките од 2019 година, имало вкупно 3,1 милиони жртви во Англија и Велс, или околу 7,5 отсто од населението на возраст од 18 до 75 години. Џеј рече дека во која било група од 200 деца, 10 момчиња и повеќе од 30 девојчиња ќе бидат погодени пред да наполнат 16 години. Во студијата е наведено дека додеја биле анализирани податоците, обемот на злоупотреба на интернет драстично се зголемил.
+]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-seksualnata-zloupotreba-vrz-deca-vo-britanija-e-epidemija/feed/ 0