британка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 14:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png британка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Преживеала пекол поради операција во Турција – еве какво и е лицето сега по затегнувањето (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prezhiveala-pekol-poradi-operatsija-vo-turtsija-eve-kakvo-i-e-litseto-sega-po-zategnuvaneto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prezhiveala-pekol-poradi-operatsija-vo-turtsija-eve-kakvo-i-e-litseto-sega-po-zategnuvaneto-video/#respond Wed, 19 Apr 2023 14:26:26 +0000 https://kurir.mk/?p=825537

„Ова никој не го кажува пред да направите затегнување на лицето, а симптомот што се појави после тоа, за малку ќе ме чинеше живот“! Британската корисничка на Тикток која на мрежата се претставува како @77apparel го подели своето искуство по интервенцијата за затегнување на лицето во Турција од која за малку ќе го изгубела животот. Како што кажува, по операцијата толку многу дехидрирала што несвесно испила 14 литра вода за 24 часа, па за малку ќе умрела. Таа им се обрати на корисниците на мрежата за да ги предупреди за ризиците и компликациите од таквата интервенција за кои не знаела дека може да се случат. Како резултат од преголемата количина течност во организмот, таа добила ендеми во ткивата и отоци поради кои не можела да дише. Стомакот и станал огромен, а вратот и нозете исто така ѝ отекле. Таа ги довикувала медицинските сестри, но тие не знаеле англиски јазик и не можеле да ја разберат. Почнала да се гуши и да се бори за здив. Во еден момент дошле две поискусни сестри кои сфатиле што се случува и веднаш ѝ дале инјекција за исфрлање на водата од организмот. -Откако ми дадоа инјекција, имав чувство како да тонам и исчезнувам. Веројатно сум се онесвестила. Во тој момент, близок до смртта, го запознав Бога кој ми кажа кои работи во мојот живот да ги поправам. Инјекциите делуваа, моето тело почна да го исфрла вишокот вода и се вратив во живот – го сподели таа своето трауматично искуство со своите придружници на оваа популарна социјална мрежа. Долго време по операцијата, таа имала отоци и модринки на лицето, и изгледала изобличено. За среќа, по извесно време, тие се намалиле и нејзиното лице сега изгледа нормално. Како што објаснија британските лекари, секоја операција е ризична: - Секоја операција е ризична, компликации се случуваат и во Велика Британија, но таму хирургот и останатиот медицинскиот тим сносат голема одговорност со цел да ви обезбедат соодветно закрепнување. Клиниките во странство може или не го обезбедуваат ова. Ризикот е ваш – соопшти Националната асоцијација на хирурзи. Да потсетиме, сè повеќе Британци одат во Турција на бројни естетски операции или стоматолошки интервенции бидејќи таму е многу поевтино, но и ризикуваат да се случат можни компликации за кои сè почесто се зборува на социјалните мрежи.
@77apparel Part 2 turkey surgery advice an a heads up #turkeysurgerytiktok #turkeysurgery #surgery #fatgrafting ♬ original sound - 77 Aparrel
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prezhiveala-pekol-poradi-operatsija-vo-turtsija-eve-kakvo-i-e-litseto-sega-po-zategnuvaneto-video/feed/ 0
ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО УМОТ ОД СУМАТА – Британка ограбена во Охрид од лица кои се грижеле за неа, на картичката имала незамислива сума на пари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-vi-se-zavrti-vo-umot-od-sumata-britanka-ograbena-vo-ohrid-od-lica-koi-se-grizele-za-nea-na-kartichkata-imala-nezamisliva-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-vi-se-zavrti-vo-umot-od-sumata-britanka-ograbena-vo-ohrid-od-lica-koi-se-grizele-za-nea-na-kartichkata-imala-nezamisliva-suma-na-pari/#respond Fri, 21 Oct 2022 14:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=749110

Британска државјанка, која била со привремен престој во Охрид, е ограбувана од лице кое се грижело за неа. Тој неовластено ја користел нејзината банкарската картичка, со којашто извршил повеќе трансакции во вредност од 1.700.000 денари. – Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека СВР Охрид има поденесенокривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-vi-se-zavrti-vo-umot-od-sumata-britanka-ograbena-vo-ohrid-od-lica-koi-se-grizele-za-nea-na-kartichkata-imala-nezamisliva-suma-na-pari/feed/ 0
Хуманоста на оваа Британка е ретка – Посвоила 14 деца од Африка за да ги спаси од улица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/humanosta-na-ovaa-britanka-e-retka-posvoila-14-deca-od-afrika-za-da-gi-spasi-od-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/humanosta-na-ovaa-britanka-e-retka-posvoila-14-deca-od-afrika-za-da-gi-spasi-od-ulica/#respond Thu, 22 Oct 2020 11:44:03 +0000 https://kurir.mk/?p=419403

Млада Британка пред осум години отишла како доброволна помош во африканската земја Танзанија, па одлучила да посвои 14 деца оттаму, за „да ги спаси од улица“, како што вели самата. Лети Мекмастер помислила да ги посвои децата, кога видела како персоналот во домот се однесува со нив. Луѓето ги земале парите што децата ги добивале од донации, ги хранеле еднаш дневно, физички и психички ги малтретирале… Наместо предвидениот еден месец, таа минала три години во Африка, сѐ дури домот за сирачиња не бил затворен. Тогаш, таа сфатила дека повеќето деца така остануваат на улица, па повела постапка за посвојување. Првично ѝ припаднале девет деца – и девојчиња и момчиња, а годините потоа кај неа вселила уште пет деца. Сите денес живеат во гратчето Тунбриџ Велс во округот Кент, југоисточна Англија. – Некои од нив ме сметаат за мајка, а други ме гледаат како постара сестра. Јас сум посветена на нивното воспитание, најдобро што можам и многу сум среќна што имам две семејства, изјави Мекмастер за „Сан“. Момчињата и девојчињата што ги посвоила, денес тренираат фудбал, свират на музички инструменти и редовно одат на училиште. Освен што посвои 14-мина, Мекмастер во меѓувреме отворила и прифатилиште каде што деца од улица секоја недела се хранат и добиваат нова облека од донации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/humanosta-na-ovaa-britanka-e-retka-posvoila-14-deca-od-afrika-za-da-gi-spasi-od-ulica/feed/ 0
ФОТО: Британка се лекува од коронавирусот 130 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-britanka-se-lekuva-od-koronavirusot-130-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-britanka-se-lekuva-od-koronavirusot-130-dena/#respond Mon, 20 Jul 2020 06:57:39 +0000 https://kurir.mk/?p=378544

Државјанка на Велика Британија се бори со коронавирусот 130 дена, објави „Дејли Меил“. Британката Фатима Бридал го поминала целото време во болница, бидејќи била на механичка вентилација 105 дена. Бридал се заразила додека била на патување во Мароко. На почетокот на март, 35-годишната жена се вратила во Велика Британија со првите симптоми. Неколку дена подоцна се тестирала, резултатите биле позитивни на Ковид-19. Подоцна, состојбата и се влошила и не можела да дише самостојно. Таа била пренесена во одделението за интензивна нега и ставена на механичка вентилација. Бридал паднала во кома 40 дена. Жената почнала да развива пневмонија и сепса. Лекарите успеале да го обноват капацитетот на белите дробови на едвај 40 проценти. Таа во моментов не е во состојба да се движи поради слабост на мускулите. Користи количка за одење, но се надева дека вежбањето ќе и помогне во обновата на мускулите. Обединетото Кралство беше потешко погодено од другите европски земји од Ковид-19 и се наоѓа на деветтото место во светот по бројот на заразени – над 296 илјади луѓе. Повеќе од 45.000 од нив починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-britanka-se-lekuva-od-koronavirusot-130-dena/feed/ 0
По девет часа спасена Британката која падна во море од крузер во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-devet-chasa-spasena-britankata-koja-padna-vo-more-od-kruzer-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-devet-chasa-spasena-britankata-koja-padna-vo-more-od-kruzer-vo-hrvatska/#respond Sun, 19 Aug 2018 14:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=89609

Британска државјанка, која синоќа падна во море од крузер, пронајдена е и спасена по девет часа, соопшти хрватското Министерство за одбрана. Таа е пронајдена од припадниците на Крајбрежната стража на Цавтат, на оддалеченост од 60 наутички милји од Пула, односно 1,3 километри од местото каде падна во море од крузерот „Норвешка ѕвезда“. Во потрагата по жената учествуваа авион, чамец на Пристанишната капетанија и три цивилни бродови. Британката е во добра здравствена состојба и со брод е префрлена во Пула. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-devet-chasa-spasena-britankata-koja-padna-vo-more-od-kruzer-vo-hrvatska/feed/ 0