британска амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 13:34:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png британска амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години затвор поради шпионажа во корист на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-osuden-chuvarot-na-britanskata-ambasada-na-13-godini-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-osuden-chuvarot-na-britanskata-ambasada-na-13-godini-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/#respond Fri, 17 Feb 2023 13:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=801798

Човек кој и доставувал на Русија многу чувствителни информации додека работел како обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон. Судот го сослуша 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит кој собирал доверливи информации повеќе од три години, вклучително и „тајни“ владини комуникации со тогашниот премиер Борис Џонсон и други чувствителни документи. Смит се изјасни за виновен за осум прекршоци според Законот за службени тајни во ноември, вклучително и обвинение за предавање информации на Сергеј Чукров, рускиот воен аташе во Берлин, во ноември 2020 година. Останатите седум обвиненија се однесуваат на собирање информации потенцијално корисни за Русија. Дури четири обвиненија се однесуваат на службеникот на МИ5, „Дмитриј“, руски државјанин кој наводно и помагал на Велика Британија. Смит пред судот додаде дека почнал да собира доверливи информации по расправија со колегите и додека страдал од депресија. Тој истакна дека ги снимил документите откако испил „седум литри пиво“. - Во тоа време се чинеше како добра идеја... но никому не ги проследив документите бидејќи тоа би било намерно оштетување на Велика Британија, наведе Смит.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-osuden-chuvarot-na-britanskata-ambasada-na-13-godini-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/feed/ 0
Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskata-ambasada-vo-skopje-pokrena-inicijativa-zasadi-drvo-za-jubilejot-za-odbelezuvanje-na-70-platinest-jubilej-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskata-ambasada-vo-skopje-pokrena-inicijativa-zasadi-drvo-za-jubilejot-za-odbelezuvanje-na-70-platinest-jubilej-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Thu, 24 Nov 2022 15:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=766003

Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. На настанот биле поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатување на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Северна Македонија. Како што информираат од Британската амбасада во Скопје, засадени се повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини. – Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие Национални шуми и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13 000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион. Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување, се посочува во соопштението на Амбасадата. Амбасадорот Метју Лосон изјави дека бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. – Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП Национални шуми, како и на бизнис заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Северна Македонија каде е најмногу потребно. Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија. Би сакал да се заблагодарам на Алкалоид, Kuehne Nagel, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Универзал груп, Британската детска академија, Квенбергер Логистик и Дени Интернационал за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес, рече Лосон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskata-ambasada-vo-skopje-pokrena-inicijativa-zasadi-drvo-za-jubilejot-za-odbelezuvanje-na-70-platinest-jubilej-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Се јавил во британската амбасада и им се заканил на вработените: Амбасадата ќе биде нападната со огнено оружје, сега ќе се кае од казната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-javil-vo-britanskata-ambasada-i-im-se-zakanil-na-vrabotenite-ambasadata-kje-bide-napadnata-so-ogneno-oruzje-sega-kje-se-kae-od-kaznata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-javil-vo-britanskata-ambasada-i-im-se-zakanil-na-vrabotenite-ambasadata-kje-bide-napadnata-so-ogneno-oruzje-sega-kje-se-kae-od-kaznata/#respond Tue, 26 Apr 2022 09:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=667935

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои ос новано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 април, се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина: „Британската амбасадорка во Скопје ќе биде напдната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“. По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот. Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-javil-vo-britanskata-ambasada-i-im-se-zakanil-na-vrabotenite-ambasadata-kje-bide-napadnata-so-ogneno-oruzje-sega-kje-se-kae-od-kaznata/feed/ 0