Британски музички награди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 08:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Британски музички награди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колатерална штета на родовата неутралност: Ниедна жена не е номинирана за главната „Брит-награда“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kolateralna-shteta-na-rodovata-neutralnost-niedna-zhena-ne-e-nominirana-za-glavnata-brit-nagrada/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kolateralna-shteta-na-rodovata-neutralnost-niedna-zhena-ne-e-nominirana-za-glavnata-brit-nagrada/#respond Wed, 25 Jan 2023 08:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=791506

Номинациите за овогодишните „Британски музички награди“ (Brit Awards) предизвикаа лавина коментари на интернет, откако ниту една жена не беше номинирана во категоријата „Најдобар изведувач“. Во трката за тоа признание се Стормзи, Централ Си, Фред Аген, Џорџ Езра и Хари Стајлс. „Брит-наградите“ одлучија да ги укинат родовите категории од 2021 година, заради поголема „инклузивност“, што беше поттикнато и иницирано од пејачите Сем Смит, Вил Јанг и неколкумина други. Сем Смит, кој се изјасни како небинарен во 2019 година, па таа година автоматски беше исклучен од категоријата за најдобар машки изведувач, и покрај тоа што беше успешен уметник кој, според многумина, заслужи да биде во трката за главната награда. И, иако Адел беше почестена со првата родово неутрална награда лани, многу корисници на интернет-просторот сега ги повикуваат организаторите да размислат за додавање уметнички како Чарли Екс-си-екс и рок-составот „Флоренс енд д машин“ на листата номинирани. Претставничка на организаторите на „Брит-наградите“ одговори со објаснување дека минатава година имало нешто помалку жени на врвот на музичката индустрија кои објавиле нови албуми. Имено, за да бидат во трка за одличјата, изведувачите мора да имаат најмалку еден албум или два топ 20 синглови објавени меѓу 10 декември 2021 и 9 декември 2022 година. И во категоријата за албум на годината, иако има повеќе жени како нови изведувачки, четворица од петте номинирани се мажи. Организаторите, наводно, имаат намера да ја преиспитаат одлуката за родово неутрални награди по годинашната свеченост на доделувањето на признанијата на 11 февруари.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kolateralna-shteta-na-rodovata-neutralnost-niedna-zhena-ne-e-nominirana-za-glavnata-brit-nagrada/feed/ 0
Дуа Липа триумфираше на Британските музички награди https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dua-lipa-triumfirashe-na-britanskite-muzichki-nagradi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dua-lipa-triumfirashe-na-britanskite-muzichki-nagradi/#respond Wed, 12 May 2021 07:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=509270

Синоќа се одржа доделувањето на Британските музички награди, на коишто поп-ѕвездата Дуа Липа по вторпат ја освои наградата за најдобра британска соло-пејачка. Свеченоста се одржа во лондонската „О2 арена“. Конкуренти на Дуа Липа беа групата „Арло паркс“, која ја доби наградата за најдобар нов уметник, натаму – Селест (Вајт), Џеси Вејр и Лин ла Хавас. Албумот на Липа, „Future Nostalgia“ е избран за најдобар британски албум. Џеј Хас ја освои БРИТ наградата за најдобар британски машки соло-изведдувач. Поп-триото „Литл Микс“ победи во категоријата Најдобар британски бенд. Американската пејачка Тејлор Свифт стана првата жена што ја доби наградата „Светска икона“, по Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс. – Горда сум што сум дел од оваа музичка заедница, особено во една година кога на сите ни требаше музика, рече Свифт прифаќајќи го одличјето. На ова, 41. доделување на БРИТ наградите, како дел од контролиран експеримент спроведен од научници, со владина дозвола, од гостите во салата не беше строго побарано да одржуваат физичко растојание и да носат маски, но мораше да минат уште еден тест за коронавирус по завршувањето на свеченоста. На овој начин, властите сакаат да проверат дали укинувањето на условот за социјално растојание ќе доведе до масовни случаи на зараза, и покрај негативните тестови што ги добија присутните пред настанот. Лекарите имаат намера да ги користат информацииве во пресрет на одлуките за отворање на ноќните клубови и големи настани во затворени простории во земјата од крајот на јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dua-lipa-triumfirashe-na-britanskite-muzichki-nagradi/feed/ 0