Британски научници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Dec 2021 17:27:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Британски научници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британски научници: Доколку не се воведат мерки, не чека голем бран на заразени со омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-dokolku-ne-se-vovedat-merki-ne-cheka-golem-bran-na-zarazeni-so-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-dokolku-ne-se-vovedat-merki-ne-cheka-golem-bran-na-zarazeni-so-omikron/#respond Sat, 11 Dec 2021 17:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=607121

Доколку не се преземат дополнителни рестриктивни мерки, Велика Британија во јануари ќе се соочи со голем бран на заразени лица со новиот сој омикрон, изјавија британски научници врз основа на спроведени студии и предвидувања, објави денеска Би Би Си. Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и еден од врвните британски истражувачи, истакна дека омикронот „се шири многу брзо“, тоа е „прилично загрижувачка варијанта“ и веројатно ќе биде доминантна форма на коронавирус во Англија до крајот на годинава. Во извештајот на влијателна група научници кои го предвидуваат текот на настаните врз основа на математички модели, вклучително и оние кои ја советуваат британската Влада, се наведува дека во Англија моментно бројот на заразени двојно се зголемува на секои два до четири дена. Британските експерти најавија и дека бројот на смртни случаи од последиците на оваа варијанта на коронавирус би можел да изнесува меѓу 25.000 и 75.000 до крајот на април следната година, во зависност од тоа колку ќе биде ефективна вакцината. Но, експертите кои стојат зад истражувањето сметаат дека сè е прилично неизвесно кога станува збор за предвидување на текот на настаните. Тие велат дека, во најлош случај, можеби ќе биде неопходно да се воведат построги ограничувања за да се спречи пренатрупаност во болниците. – Врз основа на она што се случува сега, можеме да очекуваме голем бран на ширење на сојот омикрон во Велика Британија, изјави д-р Дејвис. Истовремено, тој и неговите колеги веруваат дека големиот интерес на населението за засилувачка доза на вакцината против Ковид-19 веројатно ќе го ублажи влијанието на ширењето на омикронот. Најголемата неизвесност е до кој степен имунизацијата и дополнителните дози на вакцината ќе можат да спречат хоспитализација на населението. Според претходни студии спроведени од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство врз основа на собраните податоци, две дози од вакцината обезбедуваат само ограничена заштита од развој на симптоми по инфекција со омикрон, но засилувачката доза ја зголемува ефикасноста на 75 проценти. Според најоптимистичкото сценарио, бројот на хоспитализирани секојдневно треба да биде за 40 отсто помал од оној во периодот на најголемата зараза минатата зима. Во најпесимистичкото сценарио, бројот на болнички пациенти може да биде и речиси двојно поголем. Сепак, во извештајот се заклучува дека според „повеќето сценарија“, со сегашните мерки ќе има повеќе хоспитализирани отколку минатата зима.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-dokolku-ne-se-vovedat-merki-ne-cheka-golem-bran-na-zarazeni-so-omikron/feed/ 0
Над 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-200-britanski-nauchnici-osomnicheni-deka-na-kina-i-dostavuvale-klasificirani-informacii-za-najnovite-oruzja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-200-britanski-nauchnici-osomnicheni-deka-na-kina-i-dostavuvale-klasificirani-informacii-za-najnovite-oruzja/#respond Mon, 08 Feb 2021 10:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=465737

Британските безбедносни служби испитуваат повеќе од 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја, соопшти „Тајмс“, повикувајќи се на добро информиран извор. Според весникот, научниците се осомничени за кршење на „строгите извозни ограничувања, што имаат за цел спречување на трансферот на интелектуална сопственост“ во стратешки важните области кон непријателските земји. Според изворот, цитиран од „Тајмс“, британската Влада се подготвува да испрати известувања до повеќе од 200 британски граѓани кои работат во повеќе од десетина универзитети во Велика Британија. Тие се осомничени дека на Кина и ги предале резултатите од тајното истражување на најсовремената воена технологија поврзана со авиони, ракетен дизајн и кибер оружје. Голем дел од научниците, кои се под истрага, се осомничени дека ненамерно го прекршиле законот склучувајќи трговски зделки со кинески компании. -Во блиска иднина ќе можеме да видиме десетици научници како стојат пред судиите, изјави изворот за „Тајмс“. Доколку се докаже дека се виновни научниците можат да добијат затворска казна до 10 години, потсетува весникот. -Извозниците на воена опрема и оние кои се вклучени во трансферот на воена технологија, наведени во Уредбата за контрола на извозот од 2008 година, мораат да имаат дозвола за извоз или трансфер на технологии од Велика Британија, изјави претставник на британската Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-200-britanski-nauchnici-osomnicheni-deka-na-kina-i-dostavuvale-klasificirani-informacii-za-najnovite-oruzja/feed/ 0
Британски научници тврдат дека новиот вид на коронавирусот го има речиси секаде во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-tvrdat-deka-noviot-vid-na-koronavirusot-go-ima-rechisi-sekade-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-tvrdat-deka-noviot-vid-na-koronavirusot-go-ima-rechisi-sekade-vo-evropa/#respond Wed, 23 Dec 2020 15:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=447294

Новиот тип на Ковид-19, потврден во Велика Британија, веќе е скоро сигурно присутен во повеќето европски земји, тврдат британски научници. Ова го потврди Нил Фергусон од „Империјал колеџ“ во Лондон, во неговото обраќање пред Комитетот за наука и технологија на Долниот дом на британскиот Парламент, заедно со други експерти од Советодавната група за нови респираторни вирусни закани (NERVTAG), кој ја советува Владата. За овој вид, кој веќе е потврден во други земји, како што е Данска, Фергусон рече: „Јас сум речиси сигурен дека овој вирус е присутен во повеќето, ако не и во сите, европски земји во овој момент“. Професорот Питер Хорби од Универзитетот во Оксфорд рече дека е фер да се каже дека земјите со поразвиена и поригорозна наука се потранспарентни со важни информации што ги ставаат на располагање на другите. Велика Британија истражуваше 45 отсто од сите генетски кодови на коронавирусот во светот и сè уште не е сигурно дали новиот вид потекнува од југоистокот на Англија или само за првпат бил откриен таму. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-tvrdat-deka-noviot-vid-na-koronavirusot-go-ima-rechisi-sekade-vo-evropa/feed/ 0
Британски научници: Децата веројатно поподложни на новата варијанта на коронавирусот отколку на досегашната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-decata-verojatno-popodlozni-na-novata-varijanta-na-koronavirusot-otkolku-na-dosegashnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-decata-verojatno-popodlozni-na-novata-varijanta-na-koronavirusot-otkolku-na-dosegashnata/#respond Wed, 23 Dec 2020 07:12:39 +0000 https://kurir.mk/?p=446930

Членовите на советничката група на британската влада НЕРВТАГ ​​тврдат дека децата најверојатно се поподложни на заразување со мутираниот коронавирус, во споредба со неговите претходни варијанти, но дека нема докази дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна, објави Дејли меил. Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на НЕРВТАГ, тврди дека постои навестување дека децата се подложни на инфекција со новата, мутирана форма на коронавирус. Оваа хипотеза, сепак, сè уште не е докажана. Фергусон наведува дека бројот на заразени со новата варијанта на коронавирус кај деца под 15-годишна возраст е многу поголем, во споредба со бројот на заразени со други соеви на САРС-КоВ-2 во истата возрасна група, но не даде точни податоци. Тој рече дека е можно оти новата варијанта на вирусот, наречена Б.1.1.7, која се појави во текот на ноемврискиот карантин, за време на првото полугодие во училиштата, бидејќи оваа варијанта е поефикасна во заразувањето деца отколку претходните форми на САРС-КоВ-2. Научниците веруваат дека новата варијанта на вирусот е позаразна за 50 до 70 проценти, но тие не веруваат дека е посмртоносен, ниту дека предизвикува потешки форми на болеста кај деца и возрасни. Досега, децата биле заразени со коронавирусот во многу помал број отколку од другите респираторни заболувања, вклучувајќи го и грипот. Според водечката теорија, ова се случува затоа што децата имаат многу помалку рецептори на ACE2 преку кои коронавирусот влегува во човечките клетки, а чиј број се зголемува со возраста. Професорката Венди Баркли од Кралскиот колеџ во Лондон и членка на НЕРВТАГ тврди дека поради тоа возрасните се полесна „мета“ за коронавирусот во споредба со децата. Баркли верува дека новата варијанта на вирусот инфицира повеќе деца, не затоа што тие се негова „мета“, туку затоа што сега тој е помалку инхибиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-decata-verojatno-popodlozni-na-novata-varijanta-na-koronavirusot-otkolku-na-dosegashnata/feed/ 0
Британски научници: Масовното тестирање ќе биде неефикасно и скапо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-masovnoto-testiranje-kje-bide-neefikasno-i-skapo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-masovnoto-testiranje-kje-bide-neefikasno-i-skapo/#respond Mon, 16 Nov 2020 13:27:48 +0000 https://kurir.mk/?p=430228

Плановите на британскиот премиер Борис Џонсон за масовно тестирање на Ковид-19, што може да доведе до повторно отворање на големи делови од економијата, попозната како „Операција за лансирање на Месечината“, веројатно ќе бидат неефикасни и скапи, соопштија денеска британските научници. Според нив, плановите на Владата укажуваат на промена во стратегијата за „испитување и следење“, што е придружено со тешкотии при нејзиното спроведување, но дека скринингот на населението ќе донесе нови проблеми. – Нема докази за скрининг. Доказите поврзани со тестовите во моментов се лоши и слаби и треба да се подобрат, изјави професорката Алисон Полок, клинички професор по јавно здравје на Универзитетот во Њукасл. Полок, заедно со колегите од универзитетите во Бирмингем, Варвик и Бристол, предупреди дека неефикасните стратегии за тестирање и неточните тестови можат да ја загрозат довербата во тестирањето воопшто. Тие истакнаа дека приоритет треба да биде подобрување на системот за тестирање и следење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-masovnoto-testiranje-kje-bide-neefikasno-i-skapo/feed/ 0
Контроверзен експеримент на британските научници за побрз развој на вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kontroverzen-eksperiment-na-britanskite-nauchnici-za-pobrz-razvoj-na-vakcina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kontroverzen-eksperiment-na-britanskite-nauchnici-za-pobrz-razvoj-na-vakcina-protiv-kovid-19/#respond Tue, 20 Oct 2020 10:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=418445

Британските истражувачи се подготвуваат да почнат контроверзен експеримент во кој ќе инфицираат здрави доброволци со новиот коронавирус со цел подобро да ја проучат болеста и да го забрзаат развојот на вакцина. Пристапот наречен студија на предизвик, е ризичен, но според научниците може побрзо да доведе до резултати во однос на стандардното истражување. Владата на Велика Британија најави дека ќе вложи 33,6 милиони фунти. Кралскиот колеџ Лондон денеска соопшти дека во истражувањето ќе бидат вклучени доброволци од 18 до 30 години. – Никогаш не е лесно мамерното заразување на доброволци со познат човечки патоген, изјави професор Питер Опеншоу, додавајќи оти таквите студии овозможуваат исклучително важни информации за болеста. Во првата фаза од студијата, истражувачите ќе се обидат да го утврдат најмалото ниво на изложеност потребно за предизвикување на болеста, а потоа ќе го користат истиот метод на предизвик за да проучат како потенцијалните вакцини дејствуваат во телото, имунолошкиот одговор на телото и потенцијалните третмани. Претседавачката со Работната група за вакцини Кејт Бингам изјави дека истражувањето ќе доведе до сознанија за имунитетот и колку долго вакцината може да штити од повторна инфекција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kontroverzen-eksperiment-na-britanskite-nauchnici-za-pobrz-razvoj-na-vakcina-protiv-kovid-19/feed/ 0
Британски научници: Не излегувајте од дома без маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-ne-izleguvajte-od-doma-bez-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-ne-izleguvajte-od-doma-bez-maski/#respond Tue, 07 Jul 2020 07:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=370601

Секој треба да носи прекривка за лице кога ќе излезе од дома со цел спречување на ширење на коронавирусот, изјави претседателот на националната академија на науките на Велика Британија „Ројал Сосајати“, професорот Сер Венки Рамакришнан. Рамакришнан нагласи дека постојат докази оти маската го штити оној што ја носи и другите околу него. – Велика Британија беше „далеку зад“ многу земји во употребата на маски, рече тој. Агенцијата за јавно здравство на Англија претходно соопшти дека маски не треба да се носат на отворено. Постојат мешани чувства меѓу експертите во владината научна советодавна група, САГЕ, околу употребата на маски за лице, јави Би-Би-Си. Некои укажуваат на докази според кои маските не го забавуваат ширењето на грипот кога се носат во азиските земји и постои загриженост дека тие би можеле да дадат погрешно чувство за безбедност. Но, постои консензус дека тие можат да го намалат ризикот заразено лице да го пренесе вирусот на некој друг. Откако Ројал Сосајети објави два извештаи за носење маски, професорот Рамакришнан рече дека јавноста се уште е „скептична“ во врска со придобивките од нив, бидејќи „пораката не е доволно јасна“ и упатствата не биле конзистентни. Кон крајот на април, само околу 25 проценти од луѓето во Велика Британија носеле маски на лице, наспроти 83,4 отсто во Италија, 65,8 проценти во САД и 63,8 отсто во Шпанија, покажа еден од извештаите. Неносењето прекривка за лице треба да се смета за „антисоцијално“, исто како и пиење алкохол при возење или неносење безбедносен ремен, рече Рамакришнан. – Ако не го правите тоа, го зголемувате ризикот за сите, од вработените во националното здравство до вашата баба, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-ne-izleguvajte-od-doma-bez-maski/feed/ 0