британски научник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 07:12:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png британски научник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британски научници: Децата веројатно поподложни на новата варијанта на коронавирусот отколку на досегашната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-decata-verojatno-popodlozni-na-novata-varijanta-na-koronavirusot-otkolku-na-dosegashnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-decata-verojatno-popodlozni-na-novata-varijanta-na-koronavirusot-otkolku-na-dosegashnata/#respond Wed, 23 Dec 2020 07:12:39 +0000 https://kurir.mk/?p=446930

Членовите на советничката група на британската влада НЕРВТАГ ​​тврдат дека децата најверојатно се поподложни на заразување со мутираниот коронавирус, во споредба со неговите претходни варијанти, но дека нема докази дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна, објави Дејли меил. Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на НЕРВТАГ, тврди дека постои навестување дека децата се подложни на инфекција со новата, мутирана форма на коронавирус. Оваа хипотеза, сепак, сè уште не е докажана. Фергусон наведува дека бројот на заразени со новата варијанта на коронавирус кај деца под 15-годишна возраст е многу поголем, во споредба со бројот на заразени со други соеви на САРС-КоВ-2 во истата возрасна група, но не даде точни податоци. Тој рече дека е можно оти новата варијанта на вирусот, наречена Б.1.1.7, која се појави во текот на ноемврискиот карантин, за време на првото полугодие во училиштата, бидејќи оваа варијанта е поефикасна во заразувањето деца отколку претходните форми на САРС-КоВ-2. Научниците веруваат дека новата варијанта на вирусот е позаразна за 50 до 70 проценти, но тие не веруваат дека е посмртоносен, ниту дека предизвикува потешки форми на болеста кај деца и возрасни. Досега, децата биле заразени со коронавирусот во многу помал број отколку од другите респираторни заболувања, вклучувајќи го и грипот. Според водечката теорија, ова се случува затоа што децата имаат многу помалку рецептори на ACE2 преку кои коронавирусот влегува во човечките клетки, а чиј број се зголемува со возраста. Професорката Венди Баркли од Кралскиот колеџ во Лондон и членка на НЕРВТАГ тврди дека поради тоа возрасните се полесна „мета“ за коронавирусот во споредба со децата. Баркли верува дека новата варијанта на вирусот инфицира повеќе деца, не затоа што тие се негова „мета“, туку затоа што сега тој е помалку инхибиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnici-decata-verojatno-popodlozni-na-novata-varijanta-na-koronavirusot-otkolku-na-dosegashnata/feed/ 0
Британски научник: Ако сакате запирање на ограничувањата, тогаш вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-ako-sakate-zapiranje-na-ogranichuvanjata-togash-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-ako-sakate-zapiranje-na-ogranichuvanjata-togash-vakcina/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=438138

Луѓето треба да ја примат вакцината против Ковид-19 ако сакаат да стават крај на физичкото дистанцирање, изјави професорот Џнатан Ван-Там, британски заменик министер за здравство. На прес-конференција во Даунинг стрит тој рече дека, иако на луѓето им е „преку глава“ од мерките против коронавирусот, мал одзив на вакцинацијата речиси сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, пренесува Скајњуз. За време на брифингот, професорот Ван-Там, исто така, рече дека по објавата за одобрување на вакцината, тој бил должен да ги ублажи очекувањата дека пандемијата може да заврши наскоро. – Не мислам дека владата и натаму ќе мора да препорачува физичко дистанцирање, маски и средства за дезинфекција на рацете. Се надевам дека ќе се вратиме во многу понормален свет, рече тој, но исто така рече дека условот е луѓето да прифатат вакцинација. – Никој не сака „заклучување“ и штетата што ја предизвикува. Но, ако сакате тој сон да се оствари што е можно побрзо, тогаш мора да ја примите вакцината кога ќе ви биде понудена. Помал одзив сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, рече Ван-Там. Тој, сепак, повика на дополнителна претпазливост во смисла дека луѓето треба да продолжат да бидат трпеливи и да ги следат упатствата за физичко дистанцирање се додека не се препорача поинаку. Ван-Там, исто така, рече дека верува дека вирусот ќе биде „засекогаш со човештвото“ и дека тој никогаш нема да се искорени, но ќе биде сезонска болест како грипот, а не како сеопфатна пандемија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-ako-sakate-zapiranje-na-ogranichuvanjata-togash-vakcina/feed/ 0
Британски научник: Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-eksplozijata-vo-bejrut-e-treta-po-mokjnost-vo-istorijata-po-bombite-vo-hiroshima-i-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-eksplozijata-vo-bejrut-e-treta-po-mokjnost-vo-istorijata-po-bombite-vo-hiroshima-i-nagasaki/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=386977

Експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан е трета по моќност во историјата, веднаш после експлозијата на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, тврди Кристофер Базби, британски експерт за ефектите од јонизирачкото зрачење и научен секретар во Европскиот комитет за ризик од радијација. Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд веќе ја спореди експлозијата во бејрутското пристаниште со експлозиите на нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945-та година. Сепак, британскиот експерт Базби има научна аргументација за тоа - на бејрутското пристаниште експлодираа повеќе од 2,700 тони амониум нитрат, што значи дека експлозијата е еквивалентна на силата на експлозија од 10 до 12 килотони ТНТ. -Силниот ударен бран направи компресирачки прстен во воденото испарување, како што тоа го прави и нуклеарната бомба кога се детонира во близина на водена површина, го објаснува Базби ефектот на создавање на печурка по експлозијата. Како што вели, слични експлозии се случувале низ историјата, но ниту една не била силна како оваа во Бејрут. -Една се случи во Тексас, исто така на пристаниште, а втората во Германија во 20-тите години од 20-тиот век во еден магацин. Меѓутоа, оваа во Бејрут е најмоќна после Хирошима и Нагасаки, заклучи британскиот експерт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-eksplozijata-vo-bejrut-e-treta-po-mokjnost-vo-istorijata-po-bombite-vo-hiroshima-i-nagasaki/feed/ 0