бритни грајнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 14:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бритни грајнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кој е Виктор Бут, Русинот разменет за американската кошаркарка?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-viktor-but-rusinot-razmenet-za-amerikanskata-kosharkarka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-viktor-but-rusinot-razmenet-za-amerikanskata-kosharkarka/#respond Fri, 09 Dec 2022 14:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=773241

Русинот Виктор Бут, кој во вчерашната размена на затвореници беше разменет за американската кошаркарка Бритни Грајнер, е познат како „трговец на смртта“, чија животна приказна го инспирира и Холивуд. Озлогласениот шверцер на оружје со години им бегаше на американските власти, иако важеше за еден од најголемите непријатели на американската држава. Кога конечно беше фатен, Бут во американски суд беше осуден на 25 години затвор. Пресудата покажа дека овој Русин учествувал во заговор за убивање Американци, соработувал со терористи и им продавал оружје на колумбиските герилци, познати како ФАРК. Кремљ во 2012 година реагираше на пресудата изречена на Бут, велејќи дека таа е „неоснована и пристрасна“. Бут со години беше на меѓународни потерници додека американските агенти не го уапсија во Тајланд во 2008 година. По неговата животна приказна беше снимен и холивудскиот филм „Господар на војната“, со Николас Кејџ во главната улога. Во Америка се верува дека Бут бил офицер за време на Советскиот Сојуз и дека го искористил распадот на СССР за да шверцува советско оружје во Либерија, Сиера Леоне и Авганистан. Според американски извори, Бут не би можел да продава оружје во воените зони кога би ја немал помошта од Кремљ, па најверојатно работел за руската разузнавачка служба. Според американските медиуми, Министерството за правда и Пентагон биле против ослободувањето на Виктор Бут бидејќи предвидуваат дека трговецот со оружје ќе ѝ се врати на својата стара „трговија“ и повторно ќе претставува закана за Америка и за нејзините сојузници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-viktor-but-rusinot-razmenet-za-amerikanskata-kosharkarka/feed/ 0
Кошаркарката Бритни Грајнер ослободена од руски затвор, во размена на затвореници излегува и “трговецот на смртта“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kosharkarkata-britni-grajner-oslobodena-od-ruski-zatvor-vo-razmena-na-zatvorenici-izleguva-i-trgovecot-na-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kosharkarkata-britni-grajner-oslobodena-od-ruski-zatvor-vo-razmena-na-zatvorenici-izleguva-i-trgovecot-na-smrtta/#respond Thu, 08 Dec 2022 14:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=772778

Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер е ослободена од рускиот притвор поради размена на затвореници за осудениот руски трговец со оружје Виктор Боут, изјави извор за Си-Ен-Ен. Грајнер беше осуден на девет години зад решетки во Русија, откако беше обвинета за поседување дрога. Двократната олимписка освојувачка на златен медал и шампионка беше уапсена на 17 февруари, една недела пред Русија да испрати војници во Украина, на московскиот аеродром со со масло од канабис, кое е забрането во Русија. Претседателот Џо Бајден пред малку објави на Твитер дека зборувал со Грајнер, дека таа е безбедно и е во авион на пат за дома во САД. Познат како „трговец на смртта“, Боут беше еден од најбараните луѓе во светот пред неговото апсење во 2008 година под повеќе обвиненија поврзани со трговија со оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kosharkarkata-britni-grajner-oslobodena-od-ruski-zatvor-vo-razmena-na-zatvorenici-izleguva-i-trgovecot-na-smrtta/feed/ 0
Грејнер ја отслужува казната во руска казнена колонија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/grejner-ja-otsluzuva-kaznata-vo-ruska-kaznena-kolonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/grejner-ja-otsluzuva-kaznata-vo-ruska-kaznena-kolonija/#respond Sat, 19 Nov 2022 07:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=763217

Американската кошаркарка Бритни Грајнер почна да ја отслужува деветгодишната казна за поседување дрога во руска казнена колонија, објавија нејзините адвокати. Грајнер била префрлена во казнена колонија во Мордовија, на околу 350 километри источно од Москва, откако рускиот суд, минатиот месец, ја одби нејзината жалба. ејзините адвокати рекоа дека ја посетиле претходно оваа недела. „На Бритни и оди како што може да се очекува и се обидува да остане силна додека се прилагодува на новата средина“, велат нејзините адвокати во соопштението. Двократната освојувачка на златен олимписки медал беше приведена во февруари, на аеродромот Шереметјево. Цариниците во нејзиниот багаж пронашле капсули со масло од канабис. На судењето, Грајнер призна дека имала капсули со масло од канабис во багажот, но сведочеше дека ненамерно ги спакувала во брзањето да избега од војната и дека немала криминална намера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/grejner-ja-otsluzuva-kaznata-vo-ruska-kaznena-kolonija/feed/ 0
Одбиена жалбата на кошаркарката Грајнер за намалување на деветгодишната затворска казна https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/odbiena-zalbata-na-kosharkarkata-grajner-za-namaluvanje-na-devetgodishnata-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/odbiena-zalbata-na-kosharkarkata-grajner-za-namaluvanje-na-devetgodishnata-zatvorska-kazna/#respond Tue, 25 Oct 2022 16:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=750339

Судот во Красногорск, на периферијата на Москва, ја одби жалбата на американската кошаркарка Бритни Грајнер против нејзината деветгодишна казна за поседување и трговија со дрога. На рочиштето кое траело нешто повеќе од половина час, судот го одбил барањето на адвокатите на спортистката казната да и биде укината или барем скратена. Одбраната тврдеше дека изречената казна затвор од девет години е непропорционално сурова за поседување на пумпа за дишење со масло од канабис во неа. 32-годишната Грајнер беше приведена на 17 февруари на московскиот аеродром откако во нејзиниот багаж беа пронајдени забранетите супстанци. Во август судот по шестмесечен притвор и одреди ефективна затворска казна. Таа казна беше потврдена и по денешното рочиште, на кое Грајнер се приклучи преку интернет конекција. Адвокатите на Грајнер, двократна олимписка шампионка со тимот на САД, рекоа дека не се откажуваат од надежта дека нивниот клиент би можел да биде вратен во САД во размена на затвореници. Властите во Вашингтон ветија дека ќе продолжат да работат со руската страна за ослободување на „незаконски притворената“ Грејнер, изјави портпаролот на Белата куќа, Џејк Саливан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/odbiena-zalbata-na-kosharkarkata-grajner-za-namaluvanje-na-devetgodishnata-zatvorska-kazna/feed/ 0
Американската кошаркарка Бритни Грајнер во Русија осудена на девет години затвор, остри реакции од САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-kosharkarka-britni-grajner-vo-rusija-osudena-na-devet-godini-zatvor-ostri-reakcii-od-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-kosharkarka-britni-grajner-vo-rusija-osudena-na-devet-godini-zatvor-ostri-reakcii-od-sad/#respond Thu, 04 Aug 2022 17:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=714212

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на девет години затвор поради поседување и шверц на дрога. -Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога“ изјави судијката Ана Сотникова. Судијката рече дека обвиненијата за поседување и трговија со дрога се докажани на судењето и оти времето поминато во притвор ќе се пресмета во казната на Грајнер. Грајнер во притвор е од 17 февруари, кога беше приведена на руски аеродром откако властите во нејзиниот багаж пронајдоа помалку од еден грам хашиш-масло. Грајнер, исто така, е казнета и парично, во износ од еден  милион рубљи, што е приближно 16.300 долари. Претходно денеска руското обвинителство побара затворска казна од девет и пол години, додека одбраната побара ослободување. Сопругата на Грајнер, кошаркарките од нејзиниот тим, соиграчките од ВНБА, како и спортисти од сите спортови, веднаш упатија остри реакции и побараа нејзино ослободување. Реакција веднаш дојде и од американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека пресудата на рускиот суд е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи. „Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата. Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерката, саканите, пријателите и соиграчите“. Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така упати критики по повод пресудата и рече дека тоа „дополнително ја зголемува неправдата од нејзиниот незаконски притвор“ и ја зголемува американската загриженост за „рускиот правен систем и употребата на погрешни притвори од страна на руската влада заради унапредување на својата сопствена агенда, користејќи поединци како политички пиони“. Правникот тим на 31-годишната кошаркарка најави дека ќе се жали на пресудата, истакнувајќи дека Судот ги игборирал сите докази што тие ги доставиле. „Многу сме разочарани од пресудата. Како правни професионалци, сметаме дека судот треба да биде праведен кон сите без разлика на националноста. Судот целосно ги игнорираше сите докази на одбраната и што е најважно признавањето на вината“, се вели во соопштението. „Ова е во спротивност со постојната правна практика. Имајќи ја предвид количината на супстанцата (да не зборуваме за недостатоците при експертизата) и изјаснувањето, пресудата е апсолутно неразумна. Сигурно ќе поднесеме жалба“, додаваат тие. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-kosharkarka-britni-grajner-vo-rusija-osudena-na-devet-godini-zatvor-ostri-reakcii-od-sad/feed/ 0
Американската кошаркарка Грајнер се изјасни за виновна за шверц на дрога во Русија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskata-kosharkarka-grajner-se-izjasni-za-vinovna-za-shverc-na-droga-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskata-kosharkarka-grajner-se-izjasni-za-vinovna-za-shverc-na-droga-vo-rusija/#respond Thu, 07 Jul 2022 16:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=701877

Кошаркарката Бритни Грајнер, која е обвинета за шверц на масло од канабис, пред судот во Химки изјави дека целосно ја признава вината. Грајнер беше приведена на 17 февруари на аеродромот Шереметјево. Таа се товари за шверц на дрога и нелегално транспортирање. Таа се соочува со затвор од пет до десет, како и со парична казна. Ова беше второ рочиште за случајот Бритни Гринер, аследното ќе се одржи на 14 јули. Бритни Грајнер е двократна олимписка шампионка со тимот на САД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanskata-kosharkarka-grajner-se-izjasni-za-vinovna-za-shverc-na-droga-vo-rusija/feed/ 0