Брижит Бардо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 08:24:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Брижит Бардо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се снима серија за Брижит Бардо https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-snima-serija-za-brizhit-bardo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-snima-serija-za-brizhit-bardo/#respond Tue, 21 Mar 2023 08:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=814402

Француската телевизија „Франс 2“ наскоро ќе прикажува ТВ-серија за познатата поранешна глумица Брижит Бардо. Во улогата на секс-симболот од минатиот век, ќе се појави младата, нова и засега прилично непозната Жулија де Нунез. Серијата „Бардо“, којашто неодамна беше претставена на Фестивалот во Лил, но сѐ уште се снима, ќе има шест епизоди од 52 минути. Сѐ уште не е познат точниот датум на прикажувањето. Серијата на режисерката Даниела Томпсон и нејзиниот син Кристофер се однесува на десет години од животот на славната Брижит Бардо - од нејзината прва улога во 1950. до 1960 година, со нагласка на култниот филм од 1956 година - „И Бог ја создаде жената“. - Ова не е биографски филм. Не ми се допаѓа тој збор. Ова ќе биде дел од животот на глумицата, изјави режисерот. А пак, самата Брижит Бардо, која се движи кон крајот на деветтото десетлетиие од животот, неодамна изјави дека „баш ѝ е гајле за таа серија“, изразувајќи доста јасна рамнодушност кон остварувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-snima-serija-za-brizhit-bardo/feed/ 0
Брижит Бардо осудена на 20.000 евра парична казна за јавни навреди https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brizit-bardo-osudena-na-20-000-evra-parichna-kazna-za-javni-navredi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brizit-bardo-osudena-na-20-000-evra-parichna-kazna-za-javni-navredi/#respond Fri, 05 Nov 2021 08:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=591154

Поранешната актерка Брижит Бардо, која пред две години жителите на Реунион (француски остров во Индискиот Океан) – ги нарече „домородци дивјаци“, беше осудена на казна од 20.000 евра за јавна навреда, пренесоа француските медиуми. Некогашната филмска ѕвезда, која денес е посветена на борбата за заштита на животните и заколнат вегетаријанец, испрати отворено писмо до властите во Реунион во март 2019 година, каде се наведува дека „примила еден куп писма“ во кои се осудува варварството на жителите над животните. Таа притоа напишала дека жителите на Реунион биле „домородни луѓе кои ги зачувале гените на дивјаците“ споредувајќи ги со „Ѓаволскиот остров со дегенерирано население кое ги зачувало варварските традиции и корени“. Бардо подоцна се извини, оправдувајќи го својот гнев со, како што таа смета – трагичната судбина на животните на островот. Глумицата, ѕвезда на француската кинематографија во 1960-тите, се пензионираше во 1973., а потоа целосно се ѝ посвети на борбата за правата на животните. Позната е по тоа што често не бира зборови во изјавите околу општествените настани, особено односот кон животните, таа секогаш привлекува големо медиумско внимание во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brizit-bardo-osudena-na-20-000-evra-parichna-kazna-za-javni-navredi/feed/ 0
Брижит Бардо со порака до Холивуд: Има многу актерки кои се додворуваат на продуценти за улоги, силувањето е злосторство, а упорното флертување не е? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brizit-bardo-so-poraka-do-holivud-ima-mnogu-akterki-koi-se-dodvoruvaat-na-producenti-za-ulogi-siluvanjeto-e-zlostorstvo-a-upornoto-flertuvanje-ne-e/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brizit-bardo-so-poraka-do-holivud-ima-mnogu-akterki-koi-se-dodvoruvaat-na-producenti-za-ulogi-siluvanjeto-e-zlostorstvo-a-upornoto-flertuvanje-ne-e/#respond Sat, 20 Jan 2018 09:08:35 +0000 http://kurir.mk/?p=13297

Холивудските актерки кои јавно признавале за сексуалното насилство се наречени "лицемерни, смешни и неважни" од страна на француската глумица Брижит Бардо. Исто така, таа ги искритикувала и оние кои што со додворување заработуваат филмски улоги. Поранешното лице на француската кинематографија, која има 83 години, во интервју за "Париз меч" рекла дека никогаш не била жртва на сексуално насилство. -Ако ми велеа дека сум убава и дека имам убав, мал задник, тоа го сметав за шармантно. Таквиот вид на комплименти се пријатни, оценила актерката која важела за секс - симбол во педесетите години. За сексуалното насилство во светот, Брижит рекла дека поголемиот дел од актерките кои секојдневно ги тужат нивните колеги се "лицемерни, смешни и неважни" и додала дека нејзината проценка не се важи за сите жени. -Има многу актерки кои им се додворуваат на продуцентите за да добијат улоги. Потоа, за да се зборува повеќе за нив, велат дека биле сексуално малтретирани. Всушност, си прават поголема штета отколку корист од тие приказни, рекла познатата актерка која нема влакна на јазикот. "Лист Монд" од неодамна испрати писмо до група на 100 жени во Франција кои сметаат дека по скандалот со американскиот продуцент Вајнштајн, кој е обвинет за сексуални престапи, феминизмот се појави како "омраза против мажите". Тоа писмо го потпишала и глумицата Катрин Данев, која потоа им се извинила на жртвите на сексуално насилство, но додала дека овој скандал отишол предалеку и дека мажите станале жртви на "медиумско линчување". Во писмото на кое се потпишале и новинарката Катрин Мија, глумицата Ингрид Каван и филозофката Пеги Састр, се наведува дека "силувањето е злосторство", но "упорното флертување не е злосторство, додека машката галантност не мора да биде чин на агресија на мачо маж".]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brizit-bardo-so-poraka-do-holivud-ima-mnogu-akterki-koi-se-dodvoruvaat-na-producenti-za-ulogi-siluvanjeto-e-zlostorstvo-a-upornoto-flertuvanje-ne-e/feed/ 0