бродови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 07:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бродови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амстердам ги забрани бродовите за крстарење во градот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amsterdam-gi-zabrani-brodovite-za-krstarene-vo-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amsterdam-gi-zabrani-brodovite-za-krstarene-vo-gradot/#respond Fri, 21 Jul 2023 07:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=858628

Градскиот совет на Амстердам донесе одлука да ги забрани бродовите за крстарење во центарот на главниот град во Холандија. Тоа значи дека средишното пристаниште за крстарење на реката Иј, близу Централната железничка станица во Амстердам, ќе се затвори. Градските власти тврдат дека бродовите за крстарење не се во согласност ни со стремежите за еколошката одржливост во градот. „Бродовите за крстарење што ја загадуваат животната средина не се во согласност со амбициите за одржливост на нашиот град“, се вели во соопштението Со ова, се надеваат, ќе се ограничи и бројот на посетители, па и така ќе се намали загадувањето. Градот уште во март почна со интернет-кампања каде што ги повика младите Британци кои размислуваат за ергенска забава во Амстердам - да престанат да доаѓаат. Бродовите за крстарење станаа главен симбол на проблемот со прекумерниот туризам во холандската престолнина, а предлогот во Советот за преместување на пловилата помина со големо мнозинство при гласањето. Амстердам стана жртва на сопствената популарност. Околу 20 милиони посетители годишно доаѓаат во градот, надалеку познат како град на забавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amsterdam-gi-zabrani-brodovite-za-krstarene-vo-gradot/feed/ 0
Шест бродови со жито ги напуштија пристаништата во Украина откако Русија повторно се приклучи на договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-brodovi-so-zito-gi-napushtija-pristanishtata-vo-ukraina-otkako-rusija-povtorno-se-prikluchi-na-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-brodovi-so-zito-gi-napushtija-pristanishtata-vo-ukraina-otkako-rusija-povtorno-se-prikluchi-na-dogovorot/#respond Thu, 03 Nov 2022 07:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=754971

Шест бродови натоварени со жито денеска ги напуштија украинските пристаништа. Тоа се случува еден ден откако Русија се врати на договорот за дозволување извоз преку Црното Море, изјави турскиот министер за одбрана. „По продолжувањето на иницијативата за жито, шест бродови ги напуштија украинските пристаништа“, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар, цитиран од официјалната новинска агенција Анадолија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-brodovi-so-zito-gi-napushtija-pristanishtata-vo-ukraina-otkako-rusija-povtorno-se-prikluchi-na-dogovorot/feed/ 0
Блокирани товарните бродови со украинско жито во пристаништата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blokirani-tovarnite-brodovi-so-ukrainsko-zito-vo-pristanishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blokirani-tovarnite-brodovi-so-ukrainsko-zito-vo-pristanishtata/#respond Wed, 02 Nov 2022 08:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=754283

Товарни бродови со украинско жито денеска беа блокирани во пристаништата бидејќи Москва побара гаранции за заштита на руската флота во хуманитарниот коридор во Црното Море за извоз на жито. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека „на коридорот за транспорт на жито му треба сигурна и долгорочна заштита“. - Русија мора јасно да сфати дека ќе добие остар глобален одговор на секоја мерка што го нарушува нашиот извоз на храна, рече Зеленски. Тој додаде дека тоа е „витално прашање за десетици милиони луѓе“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е „потребно“ од Киев да се добијат „реални гаранции за строго почитување на договорот од Истанбул, конкретно дека хуманитарниот коридор нема да биде употребен за воени цели“. Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина. Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Нападите беа извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито. Од друга страна, од Украина велат дека Русија користела лажен изговор за да не го спроведе договорот. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blokirani-tovarnite-brodovi-so-ukrainsko-zito-vo-pristanishtata/feed/ 0
Бродови полни со гас чекаат покрај брегот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-polni-so-gas-chekaat-pokraj-bregot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-polni-so-gas-chekaat-pokraj-bregot-na-evropa/#respond Tue, 25 Oct 2022 13:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=750245

Огромни танкери полни течен природен гас (LNG) се во близина на бреговите на Шпанија, Португалија, Велика Британија и други европски земји во моменти кога Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи и се врти кон увоз на течен гас, пишува Би-Би-Си. Западот воведе опсежни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, а Москва одговори со декрет за плаќања во рубљи и намалени пратки во текот на летото. Првично имаше проблем со поправката на турбината за испорака на руски гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа и експлозии во Балтичкото Море, кои европските земји ги припишуваа на саботажа. Русија не е вклучена во истрагата, а виновникот се уште не е познат. Цените на гасот нагло пораснаа, а Европа го засили увозот на течен гас за да обезбеди снабдување во текот на зимата. Бродовите со ЛНГ се веќе пред европските брегови, но товарот се уште не е истоварен. – Бројот на бродови пред пристаништата се зголемува изминативе пет до шест недели, изјави за Би-Би-Си Аугустин Прејт, потпретседател за енергетски и стоковни пазари во Кајрос, и еден од многуте набљудувачи кои го следат развојот на ситуацијата. – Јасно е како ден дека тоа е голема приказна, вели Прејт. Аналитичарот на Wood Mackenzie, Фрејзер Карсон, изброи 268 од нив во водите ширум светот во октомври, што е значително повеќе од годишниот просек од 241 брод. Од оние кои моментално се на море, 51 брод се во близина на европските брегови. „Европските земји купуваа многу гас во текот на летото за да ги наполнат складиштата и да обезбедат покриеност на зимската побарувачка“, објаснува Карсон. Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и најновите податоци покажуваат дека капацитетот за складирање е исполнет 95 проценти. Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на таа цел во Европа. Но, бидејќи ЛНГ продолжува да пристигнува, побарувачката за капацитет за гасификација останува висока. Нема многу од нив во Европа, делумно затоа што континентот долго време се потпира на гас што доаѓа преку гасоводи од Русија. Затоа бродовите стојат во ред пред терминалите за гасификација. Германија и Холандија и нвестираа во нови капацитети и се очекува дел од нив да започнат со работа за неколку месеци.
Истовремено, Европа во моментов троши помалку гас од вообичаено поради невообичаено високите температури за октомври. На тоа треба да се додаде и пониското ниво на индустриски активности кои се потпираат на гас, забележува ко-основачот на Kaјрос, Антоан Халф. – Производството на цемент и челик во Европа е драматично намалено, објаснува Халф за Би-Би-Си. Во таква ситуација, цената на течниот гас кај терминските договори со подолги рокови на испорака е повисока отколку кај договорите со термини за испорака веќе во ноември. – Можете да добиете повисока цена за испорака во јануари отколку во ноември, рече тој. Дури и да доцни испораката за само еден месец, до декември, тоа може да значи и до неколку десетици милиони долари поголема заработка по пратка, објаснува уредничката на специјализираното издание Lloyd’s List, Мишел Визе Бокман. Иако купувачите во другите делови на светот би можеле да преземат дел од товарот, Европа би можела да има корист и од вишокот снабдување со ЛНГ што буквално плута пред нејзините брегови. Добро е што бродовите чекаат затоа што рационално сакате да имате гас при рака доколку ви треба, објаснуваат некои аналитичари. Единствениот проблем е што во прашање се огромни суми. Поради побарувачка за гас, некои земји веќе платија исклучително високи суми за да го добијат. Германија на тој начин потрошила 49,5 милијарди евра за увоз на гас од јануари до август, јави Би-Би-Си цитирајќи го Ројтерс. Во истиот период лани нејзиниот увоз чинел 17,1 милијарди евра. „Така функционира пазарот“, вели Бокман, додавајќи дека европските земји „се во најдобра позиција во која можат да бидат, со оглед на геополитичката ситуација“. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-polni-so-gas-chekaat-pokraj-bregot-na-evropa/feed/ 0
Во Албанија пристигна еден од двата брода што ќе произведуваат електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-pristigna-eden-od-dvata-broda-shto-kje-proizveduvaat-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-pristigna-eden-od-dvata-broda-shto-kje-proizveduvaat-elektrichna-energija/#respond Fri, 09 Sep 2022 18:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=730931

Првиот брод-генератор кој Албанија ќе го користи за производство на електрична енергија пристигна во пристаништето во Валона. – Албанската Влада изнајми два вакви брода со двегодишен договор со компаниите Exelerate Energy и Renco со поддршка на Соединетите Американски Држави. Бродовите имаат големи генератори кои ќе се напојуваат со нафта и ќе произведуваат 114 мегават часови електрична енергија. Ова претставува речиси 15 отсто од потребите во Албанија јави Топ чанел. Бродовите ќе бидат закотвени во близина на Трипорти во Валона и ќе бидат поврзани со копнените наоѓалишта на нафта лоцирани во областа. Во меѓувреме, поврзувањето со електропреносниот систем ќе се реализира преку трафостаницата на ТЕЦ Валона и 220 киловолтната трафостаница во Бабица. Ќе бидат ставени во функција заедно со термоелектраната Валона за да го претворат заливот Валона во еден од најважните извори на енергија во Албанија. -Бродовите се пловечки електрани со инсталирана моќност од 110 мегавати. Од нив се очекува да произведуваат струја по просечна цена многу пониска од пазарните цени на берзите. Прелиминарна пресметка е дека цената за мегават час ќе биде околу 200 евра. Тоа ќе овозможи намалување на ризикот од изложеност на државната компанијата КЕШ при увоз на енергија, наведува телевизијата. Од јануари до сега Албанија потрошила 350 милиони евра за купување енергија, додека цената на берзата е осум пати повисока од пред една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-pristigna-eden-od-dvata-broda-shto-kje-proizveduvaat-elektrichna-energija/feed/ 0
Акција за спречување еколошка катастрофа по судар на два брода кај Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/#respond Thu, 01 Sep 2022 16:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=727389

Морнарицата на Гибралтар покрена голема операција за спречување на излевање гориво во морето откако товарен брод се судри со друг брод што превезувал течен гас, соопштија денеска властите на британската прекуморска територија. Од бродот „OS-35″ што се наоѓа во близина на брегот на Гибралтар во најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров почнало да истекува гориво, откако во понеделникот вечерта се судри со друг брод што превезувал течен природен гас. Екипажот составен од 24 члена е евакуиран. Според гибралтарските власти, трупот на товарниот брод напукнал, но се уште пловилото е во еден дел. Капетанијата на пристаништа на Гибралтар соопшти дека нафтата што се излеала од бродот се собира во пловечката ограда поставена да спречи еколошка катастрофа. Инаку, самиот брод не служи за транспорт на горива, туку горивото на пловилото е исклучиво за придвижување на бродските мотори. Судирот со бродот што превезувал течен гас се случил кога „ОС-35“ се обидел со манвеар да го напушти Гибралтарскиот залив. Непосредно по инцидентот привремено бил прекинат целиот морски сообраќај во пристаништето. Владата во Гибралтар соопшти дека подготвува операција за да се источи горивото од загрозениот брод што е можно поскоро, но на најсоодветен и најмалку ризичен начин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/feed/ 0
Киев: Вкупно 720.000 тони житарици на 33 бродови ги напуштија украинските пристаништа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-vkupno-720-000-toni-zitarici-na-33-brodovi-gi-napushtija-ukrainskite-pristanishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-vkupno-720-000-toni-zitarici-na-33-brodovi-gi-napushtija-ukrainskite-pristanishta/#respond Tue, 23 Aug 2022 10:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=722559

Министерството за земјоделство на Украина соопшти дека вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле земјата согласно договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на ОН и Турција ги деблокира украинските поморски пристаништа. Според Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот, од постигнувањето на договорот од три украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони житарици и прехранбени производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-vkupno-720-000-toni-zitarici-na-33-brodovi-gi-napushtija-ukrainskite-pristanishta/feed/ 0
Бродовите годишно при пловидба убиваат 20 илјади китови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovite-godishno-pri-plovidba-ubivaat-20-iljadi-kitovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovite-godishno-pri-plovidba-ubivaat-20-iljadi-kitovi/#respond Mon, 18 Jul 2022 13:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=707001

Научници од италијанската еколошка организација „Пријатели на морето“ утврдиле дека бродовите при нивните пловидби низ светските мориња годишно од небрежност убиваат по 20 илјади китови. Студијата на организацијата што е проект на Светската организација за одржливост покажала дека комерицијалните бродови предизвикуваат најголеми штети врз популацијата китови, животни што од 2016 година се прогласени за загрозена врста. „Според податоците, последните 20 години бројот китови во светските мориња е преполовен“, пишува порталот „Данас“. Минатата година е покрената кампања за заштита на китовите поради зголемениот број смртни случаи предизвикани од удар на бродови, во услови кога се зголемува поморскиот транспорт. Програмата „Пријатели на морето“ има за цел клиентите да влијаат врз транспортните компании да ги намалат ризиците од бродски удари со смртни последици по китовите. Ознаката „Безбедно за китови“ се доделува на оние бродови што спроведуваат мерки за спречување удари на китови, преку посебни термални камери, онлајн-системи за известување, промени во бродските рути и имаат за цел подигнување на свеста за колективен дијалог во насока на осмислување ефикасни решенија, конечно и до неопходни измени во поморскиот сообраќај. Италијанско-швајцарската компанија „МСЦ Крузес“ неодамна ја доби наградата „Одржливи крузери“ заради нивната ригорозна импементација на мерките за заштита на загрозената популација китови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovite-godishno-pri-plovidba-ubivaat-20-iljadi-kitovi/feed/ 0
Бродовите за крстарење се враќаат во Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovite-za-krstarenje-se-vrakjaat-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovite-za-krstarenje-se-vrakjaat-vo-avstralija/#respond Mon, 18 Apr 2022 06:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=664551

Брод за крстарење денеска се закотви на пристаништето во Сиднеј првпат по повеќе од две години, откако беше укината забраната од 2020 година предизвикана од пандемијата на коронавирусот. „Пацифик експлорер“ направи „драматично влегување“, со голем натпис „Ние сме дома“, распослан на носот од пловилото. Маса луѓе се собраа на Сиднејскиот пристаништен мост за да го гледаат пристигнувањето на бродот, кој пред речиси еден месец го почна своето 18.000 километри долго патување од Кипар назад кон Австралија. Резервациите за австралиското крстарење на најголемата компанија – „Ар енд O“ веќе се блиску до нивоата пред пандемијата, смета нивната претставничка Линдзи Гордон. –Сега ги гледаме можностите за речиси нормална летна сезона на крстарење за 2022-23 година, рече таа. Пред пандемијата, околу 350 бродови годишно за крстарење пристигнуваа во Австралија, превезувајќи повеќе од 600.000 патници, со што според Меѓународната асоцијација за крстарење, австралиска индустрија ѝ носи приход од 5,2 милијарди австралиски долари (3,5 милијарди евра) на националната економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovite-za-krstarenje-se-vrakjaat-vo-avstralija/feed/ 0
Бродови на НАТО влегоа во Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-na-nato-vlegoa-vo-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-na-nato-vlegoa-vo-baltichkoto-more/#respond Fri, 15 Apr 2022 09:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=663479

Бродовите од составот на првата постојана поморска антиминска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили. „Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО (SNMG1) влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од пет бродови“, се наведува во соопштението. Некои од бродовите вчера впловија во Балтичкото Море додека останатите бродови денеска ќе пристигнат во Талин. Примарна задача на групата е да демонстрира сојузничко присуство во регионот на Балтичкото Море и да спроведе заеднички вежби со естонската воена морнарица. Според командантот на естонската воена морнарица Јуриј Саск, планирано е следната недела да почнат вежби со естонските маринци, а ќе се вежба и поставување и откривање мини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-na-nato-vlegoa-vo-baltichkoto-more/feed/ 0