број еден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jul 2020 06:33:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png број еден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на ФБИ ја посочи Кина како противник број еден за САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-fbi-ja-posochi-kina-kako-protivnik-broj-eden-za-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-fbi-ja-posochi-kina-kako-protivnik-broj-eden-za-sad/#respond Wed, 08 Jul 2020 06:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=371382

Најголема долгорочна закана за иднината на САД се актите на шпионажа и кражби од кинеската влада. Тоа го нагласи директорот на ФБИ во говор пред Институтот Хадсон во Вашингтон. Кристофер Реј рече дека „Кина работи да стане единствена суперсила во светот со сите неопходни средства“. Во речиси едночасовниот говор, директорот на ФБИ даде голема слика за кинеската интервенција, вклучително и економска шпионажа, кражба на податоци и пари и нелегална политичка активност, користејќи мито и изнуда за да влијае на американската политика. „Сега стигнавме до точката кога ФБИ отвора нов случај за контраразузнавање, поврзано со Кина на секои 10 часа. Од речиси 5.000 активни случаи на контраразузнавање во тек низ целата земја, скоро половина се поврзани со Кина“, наведе Реј. Директорот на ФБИ изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг води програма наречена „Лов на лисици“, насочена кон кинеските граѓани кои живеат во странство, за кои се сметаат како закана за кинеската влада. „Зборуваме за политички ривали, дисиденти и критичари кои настојуваат да ги изложат масовните кршења на човековите права во Кина“, рече тој. „Кинеската влада сака да ги присили да се вратат во Кина, а тактиките на Кина да го сторат тоа се шокантни“, рече Реј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-fbi-ja-posochi-kina-kako-protivnik-broj-eden-za-sad/feed/ 0