бројки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Nov 2022 14:49:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бројки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светското првенство во Катар низ бројки: Еве зошто ќе ги надмине сите досегашни Мундијали https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskoto-prvenstvo-vo-katar-niz-brojki-eve-zoshto-kje-gi-nadmine-site-dosegashni-mundijali/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskoto-prvenstvo-vo-katar-niz-brojki-eve-zoshto-kje-gi-nadmine-site-dosegashni-mundijali/#respond Sun, 20 Nov 2022 14:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=763794

Светското првенство во Катар, што почнува денеска, ќе биде единствено и по многу нешта различно од претходните натпреварувања и ќе се одржи во најмалата земја домаќин досега. Како и да е, „фудбалската магија“ на Катар ќе ги надмине сите претходни Светски првенства и ви пренесуваме 10 клучни бројки пред почетокот на смотрата на најдобрите, објави Кликс.ба. Организацијата на Светското првенство во Катар ќе чини, според извештајот на Front Office Sport, неверојатни 220 милијарди евра, што е пет пати повеќе од последните седум турнири заедно. Вкупните трошоци го урнаа рекордот што претходно го држеше Бразил, каде организацијата на Мундијалот чинеше 15 милијарди евра. Тие изградија шест целосно нови стадиони, од кои секој има ултра модерен климатизиран систем за заштита на навивачите и играчите од жештината, а само изградбата на стадионот Ал Бајт (капацитет од 60.000) чинеше три милијарди евра, трипати повеќе од стадионот „Стад де Франс“ во Париз, кој е изграден за потребите на СП во 1998 година. Освен стадиони, Катар реализираше и големи други инфраструктурни проекти, изградба на аеродром, три подземни железници и сосема нов град – Лусаи, кој има хотели, терени за голф и луксузна марина, а овие трошоци се исклучени од проценката на вкупните трошоците за турнирот. Сите стадиони се наоѓаат во радиус од 55 километри од главниот град Доха, а тоа беше клучниот аргумент што го презентираше катарската Влада во обидот да биде домаќин на првенството, наведувајќи дека сите објекти се лесно достапни. Именуван по бројот на рециклирани бродски контејнери користени во неговата изградба, Стадионот 974, со капацитет од 40.000 седишта, ќе биде демонтиран по Светското првенство и повторно ќе се состави за да биде домаќин на спортски настани на друго место, иако следната дестинација сè уште не е позната. Вкупно 3,2 милиони билети се достапни за турнирот, од кои една третина ќе оди кај спонзорите и превозниците, а според бројките на ФИФА, продажбата на билети достигнала 2,89 милиони евра до 17 октомври. Земјите кои купиле најголем број се редоследно: Катар, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Мексико, ОАЕ, Аргентина, Франција, Бразил и Германија. Во средината на октомври, катарските власти соопштија дека примиле меѓу 1,5 и 1,7 милиони апликации за Hayya картички, кои вообичаено се потребни за пристап до стадионите и бесплатниот јавен превоз. Иако бројката е помала од трите милиони навивачи кои присуствуваа на Светското првенство во Русија, ова секако ќе биде голем логистички предизвик за Катар, земја со само три милиони жители. Недостигот на сместувачки капацитет во Катар значи дека вкупно 168 чартер летови ќе превезуваат навивачи од соседните земји секој ден од Светското првенство, вклучувајќи 60 дневни летови од Дубаи, 48 од Оман, 40 од Ријад и Џеда и 20 од Кувајт Сити. Во меѓувреме, Ер Франс привремено ќе ги обнови летовите од Париз до Доха првпат по 27 години, со три до шест летови неделно. За уживање на Мундијалот во Катар потребно е да се издвојат просечно по 6.000 евра за покривање на трошоците за превоз, сместување и билети, што е два до три пати повеќе од буџетот што беше потребен за следење на Мундијалот во Русија. Организаторите на турнирот наведуваат дека Катар на крајот ќе профитира од организацијата на ова натпреварување близу девет милијарди евра, а бројката се базира на проценката на Катар за трошоците за организација на настанот. Организацијата на Светското првенство во Русија во 2018 година на оваа земја и донесе профит од 12,5 милијарди евра. За време на Светското првенство во Катар, во атмосферата ќе бидат испуштени 3,6 милиони тони CO2, но од невладините велат дека оваа бројка е многу поголема и дека организаторот се обидува да ја сокрие вистинската проценка на овие податоци. Според извештајот на Гардијан, повеќе од 6.500 работници од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинале за време на изградбата на инфраструктурата за Светското првенство, што започна во 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskoto-prvenstvo-vo-katar-niz-brojki-eve-zoshto-kje-gi-nadmine-site-dosegashni-mundijali/feed/ 0
Пресметајте го бројот на вашата животна патека: Откријте што ве очекува во иднина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/presmetajte-go-brojot-na-vashata-zivotna-pateka-otkrijte-shto-ve-ochekuva-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/presmetajte-go-brojot-na-vashata-zivotna-pateka-otkrijte-shto-ve-ochekuva-vo-idnina/#respond Thu, 25 Jul 2019 12:53:02 +0000 https://kurir.mk/?p=222645

Може ли нечија иднина да застане во само една бројка? Што тоа открива за нас? Нумеролозите истакнуваат дека може, бидејќи симболиката на бројките е стара колку и луѓето. А секој човек е роден со одреден датум и така може да се одреди неговата судбина. Постапката на пресметување е едноставна. Податокот кој ви е потребен е бројот на раѓање. Броевите од денот, месецот и годината на раѓање ги собираме додека не добиеме број од 1 до 9, односно едноцифрен број. Освен ако не ги добиеме броевите 11 или 22. Таквите броеви ги оставаме такви. Пример: Родени сте на 29.03.1981, па собираме 2+9+3+1+9+8+1=33=3+3=6 Тоа значи дека вашата патека го има бројот 6. Друг пример: Родени сте на 25.11.2000 година, па собираме 2+5+1+1+2=11 Само кога ќе го добиеме овој број, како и бројот 22 не собираме понатаму. Тоа значи дека вашата животна патека го носи бројот 11. 1 Животниот стил на овие луѓе е полн со индивидуализам. Сакале или не сакале, тие завршуваат многу работи сами, па со време зајакнуваат и стануваат пример за другите луѓе. Тоа што вообичаено ги карактеризира е силна храброст, волја, темперамент и динамика. Секогаш се активни и не сакаат да мируваат. Нивната животна патека носи многу борби и препреки, но имаат силен карактер и можат сите тие работи да ги совладаат. Во своите активности често ги следи и среќа. Тоа е така бидејќи секогаш имаат позитивен став, па што зрачат, тоа и привлекуваат. 2 Кај овие луѓе преовладува смиреноста и желбата да соработуваат и да се дружат со другите луѓе. Тие се луѓе кои најдобро функционираат во двојка и кои се талентирани за дипломатија. Секогаш им е полесно да делуваат заедно со некој друг, па ретко можете да ги најдете сами. Тие се развиваат постепено, чекор по чекор и кај нив нема големи животни скокови. 3 Овој број се сметка за среќен и светол број. Луѓето со овој број имаат силно чувство з стил, а посебно се надарени и за контакти и комуникација. Обично се наоѓаат на позиција каде поврзуваат други луѓе, пренесуваат информации или ги упатуваат другите во нешто. Многу се елоквентни и натпросечно снаодливи. Не е реткост голем дел од животот да го поминат во движење, па патувајќи од едно место на друго, така и уживаат во животот. Отворени се и со леснотија склопуваат другарства, па така и често се во различни друштва. 4 Патот на овие луѓе е обележан со бавно и сигурно напредување, а нивните главни особини се упорност, доследност, конвенционалност и почитување на традицијата. Тие се сигурни чувари на сопствениот дом и вистински патриоти. Се што е сигурно и утврдено е нивно подрајче. За другите, често нивниот живот не делува многу интересно, сепак тие функционираат на долг рок, низ трпелива работа. Тоа што ги издвојува од другите е дека често знаат да бидат голема поддршка и рамо за плачење. Кој бара сигурност и цврстина, може да им се обрати ним. 5 Животот на овие луѓе е богат со многу различни, но и неочекувани ситуации. Тие се креативни и способни за голема страст. Знаат од ништо да направат вистинска сензација, па се омилени меѓу луѓето бидејќи ги создаваат оние вибрации кои ретко кој може да ги создаде. 6 На овие луѓе им е важна рамнотежата во животот. Тие често се наоѓаат во позиции да можат да избираат меѓу 2 или повеќе варијанти. Нивниот избор од нив бара преземање одговорност за тоа во што се впуштиле. Затоа нивниот пат може да ги однесе во различни насоки – оној кој е добар, и оној кој не е добар за нив, но чии последици ги преземаат самите. Тие се многу способни да постигнат големи работи, но и да комуницираат со другите луѓе. Важен им е бракот, љубовта и семејството, па така ја наоѓаат својата рамнотежа во животот. Тоа ги прави смирени и приглагодливи. 7 Седмицата е богата со дух, независна е и оригинална. Тоа е свет број кој се состои од 4 страни на светот, плус 3 па неговата симболика е многу сложена. Овие луѓе често имаат посебен пат, можно е и да дојдат во борба со околината. Често тоа се случува поради нивните силни ставови и идеи. Тие се оригинални истражувачи кои во својот живот минуваат низ сешто. 8 Животната патека на овие луѓе е обележана со јасно и моќно делување. Имаат смисла за материјално и обично успеваат во работата, но често се соочуваат и со ризици. Во животот често се затекнати во опасни ситуации или дилеми, каде до израз доаѓа и нивната студена страна, издржливост и сила. Вообичаено доаѓаат до стабилна позиција по ваквите ситуации, а неретко и до големо богатство. 9 Тие се непоправливи идеалисти и племенити личности кои не знаат да бидат злобни и подли. Често се многу наивни, но во таквиот пристап често имаат и голема среќа, како мали деца. Скони се кон далечини, висини и длабочни. Често стануваат филозофи, истражувачи и луѓе со висока толеранција. Имаат отворен дух и се големи хуманисти. Секогаш, буквално секогаш ги следат своите идеали, а знаат и да се издигнат одлично над пролемите. Храбри се и ги сакаат луѓето. 11 Животната патека на овие луѓе носи големи планови, но секогаш е присутна и уникатноста. Тие се способни да влијаат на другите луѓе, па можат да остварат големи нешта. Истовремено, не поднесуваат игри. Често чекорат на работ и играат со ризици, што може да им донесе многу успеси, но и неуспеси. Нивната животна патека така е обележана со огромни успони и падови. Сепак, имаат силен карактер и можат успешно да продолжат напред. 22 Овој број носи многу циклуси и наговестува животна патека со големи проблеми, но и успеси. Тие се луѓе кои имаат натпросечна способност и неретко добиваат шанса да делуваат на општеството за општо добро. Поради таквите особини, тие често ги занемаруваат и сопствените интереси и делуваат на големи проекти кои се важни за целото општество. Имаат многу активности во животот, а станува збор за луѓе кои се паметат со генерации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/presmetajte-go-brojot-na-vashata-zivotna-pateka-otkrijte-shto-ve-ochekuva-vo-idnina/feed/ 0
Гледање на кафе: Што значат бројките? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gledanje-na-kafe-shto-znachat-brojkite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gledanje-na-kafe-shto-znachat-brojkite/#respond Sun, 12 May 2019 09:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=196994

Гледањето на кафе е забавна активност. Многумина веруваат дека талогот од кафе крие вистини и преку него може човек да ја открие својата судбина. Ова е особено популарно помеѓу младите девојки и постарите жени, кои обожаваат да си гледаат на кафе додека се информираат за најновите случувања во своето соседство. Сепак, повеќето го гледаат гледањето на кафе како една забавна активност со која побрзо поминуват времето. Дали вие често гледате на кафе или ви гледаат? Како и да е, денес за вас ги пронајдовме значењата на бројките во шолјата, така што полесно ќе можете да го откриете нивното значење. 1 – Имате моќ, можете да промените се од корен. 2 – Овој број означува мирољубивост, ќе дојдете до договор, ама без наредување. 3 – Ова е бројот на љубомората. Внимавајте, затоа што постои можност за љубоморни испади. 4 – Ова е бројот за работа и работни успеси. Ако го видите овој број во вашата чаша, радувајте се – успехот е пред вашите порти. 5 – Ова е бројот наменет за љубовта и страстите. Во шолјата кафе често претставува некоја забранета љубов, па дури и прељуба. 6 – Ако го гледате овој број, можно е од вас да се бара да жртвувате нешто. Ова е често добар знак, но внимавајте да не ве изневери некој. 7 – Ќе дојде до големи измами. Ќе ве насамари човек што е неверојатно интелигентен. 8 – Ќе ги победите стравовите. 8 претставува голема борба и голема победа. 9 – Бројот на оптимизмот. Ако го видите овој број значи ви престои убав период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gledanje-na-kafe-shto-znachat-brojkite/feed/ 0
Дознајте што открива вашиот број на раѓање за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doznajte-shto-otkriva-vashiot-broj-na-ragjanje-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doznajte-shto-otkriva-vashiot-broj-na-ragjanje-za-vas/#respond Mon, 10 Dec 2018 10:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=138012

Од датумот на раѓање можете да го дознаете вашиот број, кој ја опишува вашата личност, одредува во што сте добри и за што сте талентирани, но и нагласува што треба да промените. За да откриете кој е вашиот број, соберете ги броевите на вашиот датум на раѓање, се додека не добиете само една цифра. Тоа е вашиот број. Еве еден пример за пресметување броевите за лице родено на 20 март 1980 година, чиј број е 5: 20 + 3 + 1980 = 2003 2 + 0 + 0 + 3 = 5 Пресметајте го вашиот датум на раѓање и дознајте што зборува тој за вас. Број 1 – Двигател Вие сте секогаш оригинални, а донесување на нови идеи и нивно извршување ви е во природата. Многу ве доживуваат како тврдоглави и арогантни, бидејќи секогаш се стремите да биде како што ќе кажете вие. Сакате да преземате иницијатива и да бидете најдобри, а идеални работни места за вас се тие за лидери и шефови, односно да сте сам свој шеф. Совет: Бидете отворен ум и имајте предвид дека идеите на другите луѓе понекогаш се добари или подобри од вашите. Познати личности „единици” се: Том Хенкс, Роберт Редфорд, Ненси Реган, Ракел Велч… Број 2 – Миротворец Вие сте роден дипломат. Свесни сте за туѓите потреби и чувства и попрво мислите на другите, отколку на вас. Аналитички сте и многу интуитивни и не ви се допаѓа осаменоста. Пријателство и друштвото ви се многу важни и можат да ве поттикнат да бидете успешни, но од друга страна попрво би биле сами, отколку во љубовна врска во која не можете да бидете сосема сами. Совет: природно сте срамежливи и треба да работите на подигнување на самодовербата и да учите слободно да се изразите во секоја ситуација. Познати личности „двојки”: Бил Клинтон, Мадона, Вупи Голдберг, Томас Едисон, Волфганг Амадеус Моцарт… Број 3 – Идеалист Вие сте идеалист, креативни, социјални, шармантни, романтични и опуштени. Често започнувате нешто, но не го спроведувате до крај. Сакате кога луѓето околу вас се среќни и ќе дадете се од себе за да им помогне во тоа, поради што сте омилени во друштво. Совет: научете да го гледате светот и животот малку пореално. Познати личности „тројка”: Бил Козби, Мелани Грифит, Салвадор Дали, Џоди Фостер… Број 4 – Конзервативец Чувствителни сте и традиционални и сакате ред и рутина. Дејствувате само кога целосно ќе разберете што се очекува од вас. Не се плашите од напорна работа. Сакате времето да го трошите надвор затоа што чувствувате силна поврзаност со природата. Не ви е тешко да чекате, затоа што сте тврдоглави и упорни. Совет: бидете пофлексибилни и помалку строги кон себе. Познатиоти „четворки”: Нил Дајмонд, Маргарет Тачер, Арнолд Шварценегер, Тина Тарнер, Опра Винфри… Број 5 – Некомформист Вие сте истражувач, а вашата љубопитност, страст за ризик и ентузијазам често ве доведува во несреќна ситуација. Потребна ви е разновидност и ви се гади од рутина. Полни сте со прашања, а целиот свет за вас е училиште и сметате дека од секоја ситуација може нешто да се научи. Совет: понекогаш е потребно да размислите пред да дејствувате и да бидете запознати со сите факти пред да избрзувате со носење заклучок. Познати „петки”: Абрахам Линколн, Винсент ван Гог, Бет Мидлер, Хелен Келер… Број 6 – Романтичар Вие сте идеалист, а да бидете среќни, треба да се чувствувате корисни. Имате силна потреба да се грижите за другите и да им помогнете. Поврзаноста со вашето семејство ви е многу важна. Многу сте лојални, а учителската работа е создадена за вас. Сакате уметност и музика. Вие сте верен пријател и сериозно ги разбирате пријателствата. Совет: научете да разликувате што можете да промените и што не можете. Познати „шестки“: Алберт Ајнштајн, Џејн Сејмур, Мерил Стрип, Кристофер Колумбо, Голди Хоун Број 7 – Интелектуалец Вие сте трагач кој е во постојана потрага по скриени информации и секогаш сакаат да проникнете во длабочината на сето она што ве опкружува. Чувствата не управуваат со вашите одлуки. Во животот сѐ преиспитувате, а не сакате кога другите ве прашуваат. Никогаш не брзате, вашето мото е дека со побавно и сталожено дејствување ќе дојдете први до целта. Ве интересира технологија и  успешни сте во истражувачки занимања. Сакате тајни. Совет: живеете во свој свет, но треба да научите што е прифатливо и за светот кој ве опкружува. Познати „седмици”: Вилијам Шекспир, Мајкл Џексон, Џоан Баез, принцезата Дијана… Број 8 – Главен „лик” Мајстор сте за решавање на проблеми, професионални, понекогаш немилосрдни, добро ги проценувате  работите и одлучни сте. Имате големи планови и сакате да живеете добро. Сакате да имате контрола над другите луѓе, а сите луѓе ги гледате ​​објективно. На другите јасно им давате до знаење дека сте главни. Совет: бидете опуштени и сузбијте ја потребата за контрола на луѓето околу вас.. Познати „осмици“: Барбра Стрејсенд, Џорџ Харисон, Џејн Фонда, Пабло Пикасо, Арета Френклин… Број 9 – Забавувач Вие сте роден забавувач, грижливи сте и дарежливи, подготвени да ги дадете и последните пари за да помогнете. Неодоливо сте шармантни и лесно наоѓате пријатели, вам никој не ви е странец. Имате толку многу различни карактеристики, што понекогаш на луѓето им е тешко да ве сфатат. Како камелеон сте, постојано се менувате за да се вклопите во секоја околина. Љубовта е ваш предуслов за успех во животот. Совет: не мора постојано да се менувате и да се прилагодувате на другите за да им бидете мили на луѓето. Познати „деветки”: Ширли Меклејн, Харисон Форд, Џими Картер, Елвис Присли…  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doznajte-shto-otkriva-vashiot-broj-na-ragjanje-za-vas/feed/ 0