бронзен тен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 13:31:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бронзен тен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БРОНЗЕН ТЕН БЕЗ ПРЕТЕРАНО СОНЧАЊЕ? Нутриционист открива кои 4 НАМИРНИЦИ ќе ви помогнат во тоа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bronzen-ten-bez-preterano-sonchanje-nutricionist-otkriva-koi-4-namirnici-kje-vi-pomognat-vo-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bronzen-ten-bez-preterano-sonchanje-nutricionist-otkriva-koi-4-namirnici-kje-vi-pomognat-vo-toa/#respond Thu, 04 Aug 2022 13:31:31 +0000 https://kurir.mk/?p=714113

Доколку не сакате премногу да се изложувате на сонце, но сепак сакате бронзен тен, нутриционистката Јована Вучелиќ истакнува дека тоа можете да го постигнете со моркови, јајца, домати и кајсии. Многу луѓе сакаат да имаат бронзен тен во лето, но ако не сте љубител на долгото изложување на сонце, кое всушност може да биде штетно за вашата кожа, можеби ќе сакате да пробате поздрава алтернатива. – Неколку недели пред секоја летна сезона се трудам на сосема природен начин да ги подготвам кожата и телото за потемнувањето. Затоа што за здрава и зачувана кожа е важна и надворешната и внатрешната нега – вели нутриционистката Јована Вучелиќ и додава: – Бета каротенот е најдобриот сојузник на кожата за време на летните горештини. Бета каротенот е антиоксиданс кој во организмот се претвора во витамин А. Важен е за одржување на здрава кожа и во борбата против слободните радикали кои се создаваат со изложување на УВ зрачење – истакнува таа и продолжува: – Бета каротенот е одличен сојузник за заштита од оксидативен стрес, кој може да предизвика брчки и предвремено стареење на кожата. Доколку сакате да се ослободите од тоа непријатно црвенило и чувство на печење кое се јавува по сончањето, време е да ја зголемите дозата на бета каротен – вели Јована и открива кои намирници ќе ви помогнат во тоа: МОРКОВИ Полн со бета каротен, кој природно го забрзува потемнувањето на кожата. Може да се консумира свеж или во форма на сок. ЈАЈЦА Богати се со калциум, селен, како и со витамини А, Б и Д. Овие нутриенти помагаат да се задржи бета каротенот подолг временски период, а со тоа и подолг летен тен. ДОМАТ Содржи минерали, витамини Б и ликопен. Освен што го забрзуваат процесот на потемнување на кожата, доматите ги намалуваат и шансите за рак на кожата. КАЈСИИ Полни со течности, витамини и минерали. Поради големото количество на бета каротен, кајсијата го штити организмот од слободните радикали, а во исто време ја регенерира кожата и мукозните мембрани иритирани по сончањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bronzen-ten-bez-preterano-sonchanje-nutricionist-otkriva-koi-4-namirnici-kje-vi-pomognat-vo-toa/feed/ 0
За БРОНЗЕН тен за кој сонувате: 4 природни средства кои ќе ви помогнат да потемните https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-bronzen-ten-za-koj-sonuvate-4-prirodni-sredstva-koi-kje-vi-pomognat-da-potemnite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-bronzen-ten-za-koj-sonuvate-4-prirodni-sredstva-koi-kje-vi-pomognat-da-potemnite/#respond Wed, 15 Jun 2022 20:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=691413

Консултирајте се со дерматолог и не заборавајте на заштитниот фактор Едно нешто што со години не излегува од мода, особено во летната сезона, е бронзениот тен. Исончаната кожа се наметна како идеал за убавина, поради што многу луѓе, од кои повеќето жени, одат во солариум и користат разни производи за самопотемнување. Меѓутоа, ако времето е убаво и сончево, овие чекори се сосема непотребни. Ви требаат десет минути до половина час на сонце за да ги видите првите резултати. Некои поевтини препарати кои лесно се добиваат може да ви помогнат побрзо да ја добиете бојата, а веројатно веќе имате и во кујната. Масло од орев Често ќе најдете тезги покрај плажите каде што се продава ова чудесно средство за кое одамна е познато дека промовира потемнување на кожата. За да ги подобрите работите, можете сами да направите масло од орев. Незрелите ореви потребно е да се исечат на 8 приближно еднакви делови, да се прелијат со маслиновото масло и да се стават во тегла да отстои на сончево место 45 дена. Мешајте повремено. Маслото од орев е одличен и корисен крем за сончање бидејќи содржи супстанции кои реагираат со кератинските протеини кои природно се наоѓаат во човечката кожа, што го стимулира пигментот. Маслиново масло Ова повеќенаменско масло е можеби најдоброто средство за брзо потемнување. Освен што дава пигмент, ова масло ја прави кожата помека и хидрирана. Маргарин Маргаринот е намирница која сигурно ја имате во фрижидерот. Многу луѓе се колнат во ефектот на ова едноставно средство. Кокосово масло Кокосовото масло е исто така повеќенаменско и содржи многу хранливи материи кои се добри за вашата кожа. Покрај користењето на средствата што ги наведовме, доколку сакате брзо да добиете убава боја, применете некои важни правила. Прво поработете на вашата исхрана. Храната богата со каротин ја стимулира способноста на кожата да потемнува на сонце, како и витаминот А. Бета каротенот може да се најде во храната како што се дињите, кајсиите, морковите, доматите и спанаќот, затоа слободно направете слатка или солена салата пред да се сончате. Освен што ќе се освежите, ќе добиете и одличен сојузник за добивање бронзен тен. Не се препорачува туширање пред сончањето. Кожата содржи природни масла кои го потпомагаат процесот на потемнување, додека производите кои ги користиме за туширање често ја сушат кожата. Бојата подобро ќе се прими ако кожата е помрсна. Никогаш не заборавајте на кремите со заштитен фактор, за заштита на вашата кожа од штетните УВ зраци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-bronzen-ten-za-koj-sonuvate-4-prirodni-sredstva-koi-kje-vi-pomognat-da-potemnite/feed/ 0
Сакате бронзен тен и после летото – престанете да го правите ова https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakate-bronzen-ten-i-posle-letoto-prestanete-da-go-pravite-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakate-bronzen-ten-i-posle-letoto-prestanete-da-go-pravite-ova/#respond Sun, 15 Aug 2021 19:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=550848

Бронзениот тен на кој секоја комбинација на облека изгледа многу подобро се добива во лето, но жените често прават грешки кои го забавуваат сончањето и поради што многу побрзо ја губат бојата што ја добиле на одмор. Иако е многу важно да се заштитите од сонцето, подолу се дадени неколку совети кои ќе ви помогнат да го одржите вашиот прекрасен бронзен тен подолго: Прескокнете ја депилацијата во текот на летото Добро е познато дека жените не се љубители на жилетот, бидејќи само краткотрајно ги отстранува влакната, но во лето сепак е попаметен избор. Имено, депилацијата го отстранува и мртвиот површински слој на кожата што потемнува, па доколку сакате да ја задржите бојата подолго, префрлете се на жилети. Избегнувајте чести пилинзи на кожата Иако пилингот е секогаш корисен, бидејќи ги отстранува мртвите клетки на кожата, не е корисен кога станува збор за одржување на тенот. Покрај мртвите клетки, го отстранува и површинскиот слој на кожата, па побрзо ја губите бојата. Обидете се да користите понежни препарати во текот на летото и избегнувајте пилинг. Кремите за тело се задолжителни Во лето, добро е почесто да се користат лосиони за кожа поради изложувањето на сонце и сол. Ако не ги користите доволно, вашата кожа ќе се лупи, а причината за тоа може да лежи во прекумерното сончање кога вашата кожа гори. Запомнете, хидратацијата е најважна. Јадете моркови Морковот содржи бета каротен, кој е совршен за потемнување, затоа обидете се да консумирате сок од морков што е можно почесто или едноставно ужинајте по еден сиров морков дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakate-bronzen-ten-i-posle-letoto-prestanete-da-go-pravite-ova/feed/ 0