брт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 11:48:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Битиќи: БРТ не може да биде поштетен за Скопје од автобуси кои се 30 години стари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-brt-ne-moze-da-bide-poshteten-za-skopje-od-avtobusi-koi-se-30-godini-stari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-brt-ne-moze-da-bide-poshteten-za-skopje-od-avtobusi-koi-se-30-godini-stari/#respond Tue, 06 Dec 2022 11:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=771714

Бас рапид транзит (БРТ) што го финансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) не може да биде поштетен за Скопје од автобуси кои сообраќаат, а се 30 години стари, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -За жал состојбата во Градот Скопје е од 1980 година и не наликува на град кој е престолнина на земја што аспирира да биде членка на ЕУ. Во Град Скопје ни требаат решенија од 2040 или 2050 година и сметам дека БРТ е токму едно такво решение. Жалам што не се седнува и да се видат, да им остави на тие што се најразумни и најповикани да кажат кое е најдоброто решение за превозот во Градот Скопје, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија. Тој нагласи дека останува на ставот дека БРТ е решение кое треба да примени, бидејќи со него граѓаните би добиле поквалитетен, побрз и почист превоз во градот кој со тоа ќе наликува на модерен град. Проектот БРТ, кој е вреден 70 милиони евра и финасиски е поддржа од ЕБОР, го започна претходната градска администрација. За него беше добиен и кредит, но по промената на локалната власт проектот беше прекинат бидејќи новата градоначалничка Данела Арсовска и мнозинството во Град Скопје сметаа дека БРТ не е еколошки исплатлив проект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-brt-ne-moze-da-bide-poshteten-za-skopje-od-avtobusi-koi-se-30-godini-stari/feed/ 0
Мицкоски: БРТ не е напуштен, туку се корегира и одглавува каде што претходниот градоначалник заглави, има и тендер за 11 нови булевари, ништо не е закочено, се поправаат грешките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-brt-ne-e-napushten-tuku-se-koregira-i-odglavuva-kade-shto-prethodniot-gradonachalnik-zaglavi-ima-i-tender-za-11-novi-bulevari-nishto-ne-e-zakocheno-se-popravaat-greshkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-brt-ne-e-napushten-tuku-se-koregira-i-odglavuva-kade-shto-prethodniot-gradonachalnik-zaglavi-ima-i-tender-za-11-novi-bulevari-nishto-ne-e-zakocheno-se-popravaat-greshkite/#respond Tue, 15 Mar 2022 19:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=647795

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 телевизија најави дека има распишан тендер за 11 нови булевари во Скопје, а зборуваше и за проектот БРТ за кој истакна дека тој проект не е напуштен туку едноставно се корегираат грешките и се одглавува каде што претходниот градоначалник Петре Шилегов го заглавил. -Проектот БРТ не е напуштен туку грешките кои што претходниот градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ Петре Шилегов во проектот, всушност нема проект туку таму има само желба, технички ги корегираме. Ниеден проект нема да се стопира, само проектите кои што беа заглавени од претходната администрација и претходниот градоначалник на Градот Скопје овие четири се решаваат и се одглавуваат, како што е мостот АСНОМ кој што ги поврзува Аеродром со Керамидница, како што е првата фаза на булеварот АСНОМ 1, 2 кој што проаѓа покрај Ист Гејт, како што е мостот тука на Љубљанска карши Сити Мол, како што е булеварот Борис Трајковски кон Драчево, како што е Сенинова, како што се Теодосиј Гологанов и многу други проекти, и во моментот распишан е тендер за реконструкција на 11 булевари кој што треба да заврши до крајот на месецов и веќе од есен да почнат да се реализираат, започнува Усјански канал, започнуваат и други проекти кои што ќе се градат, започнуваат и Бутелска, Славка Димкова во Драчево, неколку проекти за физибилите за кружен тек во Сарај и Ѓорче. Повторно го вадиме на виделина проектот за Цветан Димов, да нема гужва на Бит Пазар за да можат пристојно да се движат Чаирчани, Бутелчани и сите останати во тој дел на градот, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-brt-ne-e-napushten-tuku-se-koregira-i-odglavuva-kade-shto-prethodniot-gradonachalnik-zaglavi-ima-i-tender-za-11-novi-bulevari-nishto-ne-e-zakocheno-se-popravaat-greshkite/feed/ 0
Андоновски: БРТ заменуваше една линија, а ние имаме концепт да се поврзе секое населено место со јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovski-brt-zamenuvashe-edna-linija-a-nie-imame-koncept-da-se-povrze-sekoe-naseleno-mesto-so-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovski-brt-zamenuvashe-edna-linija-a-nie-imame-koncept-da-se-povrze-sekoe-naseleno-mesto-so-javen-prevoz/#respond Mon, 20 Dec 2021 19:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=610987

И проектот набавка на 250 автобуси нема да се случува веднаш или за шест месеци, туку ќе оди етапно, или контиуирано ќе се спроведува 4 години. И за 4 години очекувам да имаме 250 ноови, и наредната година ќе има набавка на дел и прво ќе бидат на гас, а потоа на електричен погон, рече Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема. Тој посочи дека како алтернатива можеби треба да има поделба на ленти како во европските градови или посебна лента. -Една лента да биде за автобуси. Нешто што што постоеше, ама не се спроведуваше целосно, рече Андоновски. Тој посочи дека концептот е да нема заборавена населба, а БРТ ја заменува само линијата 5. -Почести автобуси, повеќе линии тоа треба, а БРТ не го решава проблемот. БРТ не решава многу проблеми, нема многу одговори и за самиот БРТ. Тоа е само дека ќе биде зелен транспорт, но одговор нема за ништо друго, рече Андоновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovski-brt-zamenuvashe-edna-linija-a-nie-imame-koncept-da-se-povrze-sekoe-naseleno-mesto-so-javen-prevoz/feed/ 0
„БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brt-na-shilegov-kje-go-zagrozeshe-vodosnabduvanjeto-na-skopje-i-mozeshe-da-predizvika-seriozna-havarija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brt-na-shilegov-kje-go-zagrozeshe-vodosnabduvanjeto-na-skopje-i-mozeshe-da-predizvika-seriozna-havarija/#respond Sat, 18 Dec 2021 13:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=610198

БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија. Системот на БРТ како што Шилегов го проектираше е несоодветен за Скопје од просторни причини, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20 тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе кма потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов. При најмал дефект трасата на БРТ ќе треба да биде вонсообраќај. А при поголем дефект може да се доведе нормалното функционирање на Скопје во прашање, стои во Дополнително Шилегов нема предвидено нов мост над Вардар од Карпош кон Влае, бидејќи постоечкиот нема простор за БРТ системот, тоа се нови потреби за кои не се предвидени пари. Првичниот проект кој според Шилегов и СДСМ треба да чини 70 милиони, може многу лесно да не може да се заврши ниту со двојно повеќе пари, затоа што е правен нестручно и без да се земат во предвид бројни пропратни проблематики. Скопје има потреба од трајни обмислени решенија, а не аматеризам како што правеше СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brt-na-shilegov-kje-go-zagrozeshe-vodosnabduvanjeto-na-skopje-i-mozeshe-da-predizvika-seriozna-havarija/feed/ 0
Град Скопје ќе го презентира проектот за новиот јавен транспорт – БРТ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-go-prezentira-proektot-za-noviot-javen-transport-brt/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-go-prezentira-proektot-za-noviot-javen-transport-brt/#respond Thu, 08 Jul 2021 05:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=533591

Град Скопје денеска ќе го презентира системот на брз автобуски јавен превоз БРТ во Скопје. На презентацијата ќе учествуваат градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенинкс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефанович и генералниот менаџер на РОМ Инженерство, Мош Хрш. Проектот се реализира со кредит од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој.Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување приоритетни автобуски коридори коишто ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси, кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, треба да го подигнат квалитетот на услугите на ново ниво, беше најавено при потпишувањето на договорот за кредитот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-go-prezentira-proektot-za-noviot-javen-transport-brt/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Средишниот дрворед по Партизанска и 40.000 м2 зеленило ќе бидат уништени од БРТ на Шилегов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sredishniot-drvored-po-partizanska-i-40-000-m2-zelenilo-kje-bidat-unishteni-od-brt-na-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sredishniot-drvored-po-partizanska-i-40-000-m2-zelenilo-kje-bidat-unishteni-od-brt-na-shilegov/#respond Wed, 28 Apr 2021 06:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=503078

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека средишниот дрворед по булеварот Партизански одреди, и 40.000м2 зеленило ќе бидат уништени како последица на БРТ на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Од партијата истакнуваат дека под постојана закана ќе биде и водоснабдувањето на Скопје, чија главна цевка, во големина од 1 метро и 60 сантиметри минува на 2 метри под средишното зеленило на булеварот Партизански одреди. -И најмали осцилации можат да ја оштета и да предизвикаат пукање. Имајќи ја во предвид големината на истата и големиот притисок, штетите во минута ќе бидат огромни. Дополнително БРТ не е превоз за мали градови како Скопје, тој се користи за градови како Истанбул и Мексико сити, каде растојанието од едниот до другиот крај на градот е и до 180 километри. Автобуските постојки кај истиот се поставени на поголемо растојание и со цел да се овозможи брз излез и влез на секоја постојка има натпатници. Во Скопје е проблем што растојанието е мало, а ќе треба да се намали бројот на постојки, со тоа граѓаните ќе добијат нефункционален транспорт, каде за да стигнат од една до друга постојка ќе треба да поминат големо растојание, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат Шилегов наместо да продава скапи проекти, кои не се за град како Скопје нека направи две подземни раскрсници, и раскрсници на повеќе нивоа, и целиот проблем со метежот во Скопје ќе биде решен во целост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sredishniot-drvored-po-partizanska-i-40-000-m2-zelenilo-kje-bidat-unishteni-od-brt-na-shilegov/feed/ 0
Трајановски: БРТ на Шилегов е многу несоодветен и има доста негативни страни https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trajanovski-brt-na-shilegov-e-mnogu-nesoodveten-i-ima-dosta-negativni-strani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trajanovski-brt-na-shilegov-e-mnogu-nesoodveten-i-ima-dosta-negativni-strani/#respond Tue, 27 Apr 2021 17:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=502905

Јас моето мислење за овој проект го кажав на мојот ФБ и тоа два пати. На некој начин го предупредив и сакав да му дадам дознаење на градоначалникот Шилегов дека ова не е добар проект, дека ова ќе биде штетен проект за градот Скопје од повеќе аспекти. Имено, ваков бас рапид транзит, значи брз автобуски превоз и се практикува во големи градови, односно милионски градови, кои што имаат многу голема должина од едниот до другиот крај. Таков има Истанбул, таков има Мексико Сити и сл. И тоа има дури 180 километри од едниот до другиот крај. Но, на 12 километри раздалеченост, растојание вие да правите ваков проект мислам дека е многу несоодветен, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија. Трајановски додаде дека од тој пркет кој што го замислил Шилегов нема да има воопшто ефект. „Нема да има ефект од тоа, прво ќе ги намали автобуските станици, ќе има само 21 автобуска станица. Долу по „Партизанска“ поминува водоводна цевка од метар и 60 сантиметри значи повеќе од метар ипол и таа е правена 1967-68 година, со челични заварени цевки, кои што не трпат големи осцилации. И при најмали осцилации може да имаме големи проблеми. Тоа е под еден. Под два, според најавите бидејќи немаме голема транспарентност, ние знаеме само од медиумите, овие две ленти од едната и другата насока ќе бидат во средишното зеленило. И ќе фаќаат можеби и малку од левата брза лента.Автобуските станици ќе бидат исто така на ова зеленило. Значи ќе се уништи зеленилото во најмалку десет километри ако има ова 12 километри, најмалку 10 километри, 10.000 метри квадратни по 3-4 значи ќе имаме околу 30-40.000 метри квадратни уништено зеленило во Скопје“, рече Трајановски. Трајановски посочи дека и дрвјата ќе се уништат поради овој проект на Шилегов. „Околу брзината и околу автобуските станици, значи тие автобуски станици ќе бидат во средината, ќе бидат затворени, значи како што слушнав ќе имаат исто така картичка, можеби и истата ќе остане. Меѓутоа секаде каде што сме гледале, еве видете во Истанбул таму каде што стои автобуската станица веднаш има пешачки натпатник, значи патниците кога ќе се симнат се качуваат горе и поминуваат на лева или на десна страна. Ако поминуваат на обичен пешачки премин ќе биде небезбедно, ќе го кочат и БРТ и другиот сообраќај“, укажа Трајановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trajanovski-brt-na-shilegov-e-mnogu-nesoodveten-i-ima-dosta-negativni-strani/feed/ 0