бруцоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 11:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бруцоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бруцошите имаат право на бесплатен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brutsoshite-imaat-pravo-na-besplaten-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brutsoshite-imaat-pravo-na-besplaten-prevoz/#respond Mon, 18 Sep 2023 11:23:50 +0000 https://kurir.mk/?p=879101

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, потсетуваме дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста. Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот. Потребни документи: • Потврда за редовен студент (не постара од еден месец) • Оригинал индекс и лична карта на увид • 200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“ На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год). Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа. За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee. Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brutsoshite-imaat-pravo-na-besplaten-prevoz/feed/ 0
Објавени списоци за примени бруцоши во студентските домови и резултати од приговори на студенти од повисоките години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/#respond Tue, 04 Oct 2022 10:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=740830

Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави резултати од конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови, како и резултати од приговори за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии. Електронското пријавување за сместување студенти од втора до шеста студиска година и апсолвенти во државните и приватните студентски домови треше од 18 јули до 5 август, а за сместување на студентите од прва година, рокот за аплицирање беше од 5 до 16 септември 2022, односно по завршувањето на првиот рок за упис на факултетите за академската 2022/2023 година. Според Конкурсот на МОН, слободни беа 4834 легла за редовни студенти на додипломски студии во 12 домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од вкупниот број, 3669 легла беа наменети за студентите од втора до шеста година и апсолвенти, а 1165 се за студенти кои ќе се запишат во прва година. Со најмногу слободни места (1186) располага студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Следни по број на слободни места, според конкурсот, беа: ДСД „Пелагонија“ во Скопје со 997 места и „Стив Наумов“ – трета зграда со 601 легло, покрај 138-те легла во новите бараки во овој студентски дом во главниот град. Студентите се сместуваат и во домовите: „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид, „Орде Чопела“ во Прилеп, ПСД „УЈИЕ“ во Тетово и во четири домови во Штип: ДСД „Браќа Миладиновци“, ПСД „Оаза“, ПСД „Хилјадников“ и ПСД „Логос“. Според Конкурсот, доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сѐ до нивното пополнување, но најдоцна до 15 ноември 2022. Согласно роковите за сместување наведени во Конкурсот, студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од десет дена од објавениот конечен список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/feed/ 0
Уписи на УКИМ: Четири факултети имаат по над илјада слободни места за бруцоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/#respond Tue, 23 Aug 2022 05:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=722384

Од 23-те факултети кои се во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, четири нудат по над илјада слободни места за студенти кои би се запишале во прва година во академската 2022/2023 на претстојните уписи. Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ заедно располагаат со 4535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10 918 предвидени во Конкурсот на УКИМ за новата студиска година. ПМФ има најмногу слободни места (1275), нуди 28 студиски програми на кои може да се запишат бруцоши – 655 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 445 за редовни кои плаќаат школарина и 175 слободни места за вонредни студенти. -Најголем интерес во последните неколку години постои за студиите по биологија, посебно за студиските програми Биохемија и физиологија и Молекуларна биологија со генетика. Постои растечки тренд и во бројот на студенти кои се одлучуваат да студираат хемија на студиската програма Применета хемија – аналитичка биохемија, изјави за МИА проф. д-р Александар Скепаровски, декан на ПМФ. Од оваа учебна година на студиите по биологија се нуди нова студиската програма по Екологија и животна средина (тригодишни студии). Минатата учебна (2021/2022) година започна со реализација студиската програма Менаџмент и заштита на културното наследство на Институтот за етнологија и антропологија. -Голем дел од студиските програми кои беа акредитирани во 2016 и 2017 година поминаа низ процес на реакредитација, па и покрај тоа што тие ги задржаа своите називи, нивните наставни програми и планови се освежени и модернизирани, додава деканот на Природно-математичкиот факултет. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ може да прими 1125 студенти во прва година на 22 студиски програми – 555 редовни во државна квота, 430 редовни со школарина и 140 вонредни. Студиските програми на Филолошкиот факултет опфаќаат области од македонскиот јазик, македонската книжевност и култура, општа и компаративна книжевност, преведување и толкување, други национални јазици, како и петнаесетина странски јазици. -Нови програми, како и постојните, но редизајнирани ќе нудиме следната година со новата акредитација, вели деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска. За МИА изјави дека континуирано најголем интерес има за програмата Англиски јазик и книжевност, потоа следуваат Преведување и толкување, и Германски јазик и книжевност. За студиската програма Македонски јазик има 80 слободни места, бројот е ист и оваа година како и на ланскиот конкурс, но, вели проф. Дучевска, не се пополнуваат сите слободни места. -Минатата година забележавме поголем интерес од претходните неколку години, кога имавме значително намален интерес. Очекуваме да се одржи, или да се зголеми, минатогодишната тенденција, додаде деканката на Филолошкиот факултет. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој од основањето пред 11 години секоја година е сѐ поатрактивен за младите, располага со 1080 места (550 за редовни во државната квота и 530 редовни кои ќе плаќаат школарина) во седум студиски програми. Деканот, проф. д-р Иван Чорбев за МИА вели дека поради големиот интерес за упис на ФИНКИ, речиси сите места кои се обезбедени во квотата, се пополнуваат при уписот, на сите понудени насоки. -Интересот за упис генерално е отсликан во самите квоти кои ни се обезбедени поединечно по студиските програми. Согласно законот, 60 проценти од предметите се задолжителни на студиските програми, додека 40 отсто се изборни. Поголем дел од задолжителните предмети се заеднички за сите студиски програми, па изборот на конкретна програма при упис не е критичен. Заради големиот процент на изборност и високиот број изборни предмети кои ги нудиме, благодарение на поголемиот број вработени професори, студентите може да изберат супспецијалност и фокус со внимателно избирање изборни предмети соодветни на нивните желби, интереси и капацитети. Бројни се можностите за вработување по дипломирање од која било наша студиска програма и секоја нуди своја специфичност за која има интерес и кај матурантите, и кај работодавачите, истакнува деканот на ФИНКИ. Во однос на новините од оваа академска година, Факултетот работи на враќање во поголем обем на настава со физичко присуство, но и задржување на некои од бенефициите на хибридната настава со онлајн-интеракции. -Со оглед на зголеменото физичко присуство, од оваа година ФИНКИ планира значително унапредување на соработката со индустријата што ќе им овозможи на идните студенти уште попрактични знаења и вештини и со тоа и сигурно работно место и конкурентни плати, како и досега. Исто така, ФИНКИ континуирано работи на зголемување на сопствените капацитети за научно-истражувачка дејност во насока на зголемување на квалитетот на постдипломските и докторските студии, додава проф. д-р Чорбев. Според Конкурсот на УКИМ, Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди 1055 места во пет студиски програми – 440 места за редовни во државната квота, 560 за редовни со школарина и 25 места за вонредни студенти. Од вкупниот број слободни на овој факултет, 725 се за програмата Правни студии. Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски, за МИА изјави дека во тек е реформирање на повеќе студиски програми на студиите во пресрет на нивната реакредитација наредната година. За студиската програма Правни студии, за која има најмногу слободни места, минатата година имало зголемен интерес од претходната. За студиите за Новинарство, пак, за кои според Конкурсот се предвидени 70 слободни места, Георгиевски вели дека во изминатите години, како и на другите студии, квотата не се пополнува. Според Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти. Пријавувањето на кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование ќе биде на 30 и 31 август во првиот рок, иако на факултетите е веќе отворен системот за електронско аплицирање пред официјалните датуми. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. Оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување е на 25 и 26 август во првиот рок, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/feed/ 0
БРУЦОШИ, ПОГЛЕДНЕТЕ ДАЛИ СТЕ ПРИМЕНИ ВО СТУДЕНТСКИ: Објавени листите, приговори најдоцна до 8 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brucoshi-poglednete-dali-ste-primeni-vo-studentski-objaveni-listite-prigovori-najdocna-do-8-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brucoshi-poglednete-dali-ste-primeni-vo-studentski-objaveni-listite-prigovori-najdocna-do-8-oktomvri/#respond Fri, 01 Oct 2021 16:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=571472

Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Македонија за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје се објавени и може да се погледнат на следниов линк. Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година. Дополнуваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4 октомври 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brucoshi-poglednete-dali-ste-primeni-vo-studentski-objaveni-listite-prigovori-najdocna-do-8-oktomvri/feed/ 0
Почнува пријавувањето за упис на Скопскиот универзитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvanjeto-za-upis-na-skopskiot-univerzitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvanjeto-za-upis-na-skopskiot-univerzitet/#respond Mon, 31 Aug 2020 05:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=397019

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре ќе се спроведува пријавување за упис во прва година во студиската 2020/2021 година. Според  Конкурсот за прв циклус студии кој УКИМ го објави пред два месеца, на 23-те факултети во негов состав се слободни вкупно 10 798 места за идни студенти. Од нив, 5300 места се за студии во редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4438 се за кофинансирање на студиите и 1060 слободни места има за вонредни студенти. Надоместот за студии за редовни студенти останува како и во изминатите години 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни е 400 евра. Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, конечната ранг-листа на 7 септември, а  запишувањето на кандидатите ќе биде на 10 и 11 септември. Поради пандемијата со КОВИД-19, оваа година, првпат од воведувањето во 2007, не се организираше државна матура. Матурантите добија диплома за завршено средно образование која ќе има важност на диплома за државна матура, училишна матура или завршен испит. Во Конкурсот на УКИМ се наведени условите и критериумите за упис и начинот на бодирање за селекција на матурантите кои ќе бидат примени на факултетите, како и информации за потребните документи. Вториот рок за пријавување кандидати за прва година во 2020/2021 на УКИМ ќе биде на 15 и 16 септември, а третиот  е на 28 септември на факултетите на кои ќе останат места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvanjeto-za-upis-na-skopskiot-univerzitet/feed/ 0
Прв уписен рок за студенти бруцоши на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/#respond Thu, 27 Aug 2020 08:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=395959

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го реализира првиот уписен рок за студенти бруцоши. За студирање во прва година на сите универзитетски единици огласени се 2 697 слободни места, а од нив 1 450 се за редовни студенти кои ќе студираат во рамки на државната квота, 790 места се за категоријата редовни студенти со школарина во студиите, а 457 места се за вонредни студенти. Според јавниот конкурс на УКЛО-Битола, најмногу слободни места за упис се понудени на Технички факултет-Битола каде на осум насоки може да се запишат 420 студенти, ФИКТ-Битола годинава ќе запише 370, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид огласи 324 слободни места за упис. Во новата академска година, во прва година на Економскиот факултет во Прилеп ќе може да студираат 248 студенти, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, исто така членка на УКЛО, има можност за студирање на 75 студенти, а Факултетот за безбедност во Скопје може да запише 350 студенти. Денеска, во понеделник и во вторник пријави за студирање во прва година ќе се примаат и на Правен факултет, каде може да се запишат 220 студенти во трите категории за студирање, на Факултетот за биотехнички науки има 150 места, Ветеринарен факултет објави 45 слободни места, Педагошки факултет објави 215, додека Високата медицинска школа во новата академска година може да запише 280 студенти бруцоши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/feed/ 0
Првите индекси од УКИМ за 2019/2020 врачени на бруцоши од ФМУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-indeksi-od-ukim-za-2019-2020-vracheni-na-brucoshi-od-fmu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-indeksi-od-ukim-za-2019-2020-vracheni-na-brucoshi-od-fmu/#respond Tue, 01 Oct 2019 09:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=246588

Првиот академски час од учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ симболично почна на Факултетот за музичка уметност каде што индексите на новите бруцоши им ги врачи ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски. На новозапишаните студенти им порача да учат и да стекнат знаења со кои ќе бидат конкурентни затоа што, како што рече, пазарот на знаење и пазарот на трудот се брутално сурови и бараат квалитет, одличност и извонредност, не признаваат површност и импровизација. Истакна дека направиле вистинска одлука со изборот да студираат на Скопскиот универзитет затоа што дипломите се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот. -Во наредните четири години ќе се сретнете со сериозни предизвици, но најбитно од сè е да не се откажувате без оглед со колку предизвици ќе се соочите. Учете да бидете трпеливи и да одите напред. Можеби ќе наидете и на одредени тешкотии, можеби ќе имате и сериозни падови и порази. И од нив, исто така, може многу да научите. Вашиот младешки ентузијазам, желба за знаење и изборот на вашите студии се формула за успех, бидејќи УКИМ е познат и признат по својот квалитет, истакна Јанкуловски. Ги запозна студентите дека универзитетот на кој се запишале е најстариот и најголем во земјава, кој оваа година заокружи 70 години постоење и  денес е заедница од 23 факултети, пет научни институти, како и придружни членки. УКИМ организира настава на повеќе од 480 студиски програми во сите научни области.  Рече и дека има долгорочна билатерална соработка која ја остварува со 180 странски универзитети. Им порача на новите студенти и да се  охрабрат да ги искористат можностите за студентска мобилност преку програмата Еразмус+  кои им ги нуди УКИМ. Добредојде на ФМУ им посака и деканот на овој факултет, Живко Фирфов, кој  рече дека со тоа што го положиле приемниот испит и се запишале на факултетот, направиле уште еден чекор во остварувањето на нивниот професионален сон. -Сте избрале убава и достоинствена професија – музичката уметност. Што и да работите во иднина, дали ќе бидете музички творци, истражувачи, изведувачи, педагози, музички уредници, секогаш ќе ја имате со вас креативната енергија и духот на вашите претходници и современици кои ја создаваа и ја создаваат македонската и светската музичка култура. Колку подобри професионалци ќе станете, толку поголем ќе биде и вашиот влог во оваа заедничка работа, рече Фирфов. Соодветно за факултетот домаќин, кој постои од 1966 година, првиот академски час имаше и музичка програма со настап на хорот „Драган Шуплевски“ и на студенти од инструменталните оддели на ФМУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-indeksi-od-ukim-za-2019-2020-vracheni-na-brucoshi-od-fmu/feed/ 0
На УКЛО-Битола запишани околу 1.000 бруцоши https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-uklo-bitola-zapishani-okolu-1-000-brucoshi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-uklo-bitola-zapishani-okolu-1-000-brucoshi/#respond Wed, 12 Sep 2018 08:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=99738

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го заврши првиот уписен рок за студенти во прва година и запишани се околу 1.000 бруцоши. Од УКЛО-Битола информираат дека во наредните два дена, утре и во петок ќе се реализира вториот уписен рок, а места за упис има во сите универзитетски единици. - Според конкурсот, УКЛО-Битола во новата академска година може да запише  вкупно 3.635 студенти, и тоа 2.005 во државна квота,  1.015 студенти во квота со кофинансирање и  615 вонредни студенти. Како што се очекуваше, по првиот уписен рок исполнета е една третина од можностите и изборот што им беше понуден на кандидатите, и според традицијата, во вториот упис очекуваме зголемен интерес за студирање на универзитетските единици, информираат од УКЛО-Битола. Право на упис во вториот и во третиот уписен рок, покрај кандидатите со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Пријавување на кандидатите ќе се врши утре и на 14. септември, објавување прелиминарна ранг-листа ќе има на 18. септември, додека запишувањето ќе се врши на 21 септември. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-uklo-bitola-zapishani-okolu-1-000-brucoshi/feed/ 0
УКЛО објави конкурс за упис на студенти во прва година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uklo-objavi-konkurs-za-upis-na-studenti-vo-prva-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uklo-objavi-konkurs-za-upis-na-studenti-vo-prva-godina/#respond Mon, 04 Jun 2018 06:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=61997

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година за новата академска година. Според конкурсот, во новата академска година, на прв циклус студии ќе може да се запишат 3.635 бруцоши, од нив 2.005 редовни студенти во т.н. државна квота, 1.015 студенти со партиципација во студирањето и 615 вонредни студенти. Најмногу слободни места за упис годинава нуди Економскиот факултет во Прилеп, вкупно 504, а потоа следуваат Технички факултет-Битола со објавени 490 слободни места, Факултетот за безбедност-Скопје може да запише 450 студенти, ФТУ-Охрид со 405, ФИКТ-Битола со 400 слободни места збирно во трите категории за студирање, Технолошко-технички факултет-Велес има 210 слободни места, Правен факултет-Кичево има 315, Педагошкиот факултет објави 225 слободни места, а Биотехничкиот факултет обезбеди можност за упис на 230 студенти. На прв циклус студии Високата медицинска школа ќе запише 325, а Ветеринарниот факултет годинава може да запише максимум 45 студенти. Првиот уписен рок во сите високообразовни единции на УКЛО-Битола ќе се реализира на 30 и 31 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uklo-objavi-konkurs-za-upis-na-studenti-vo-prva-godina/feed/ 0