Бруно Ле Мер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 10:33:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бруно Ле Мер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ле Мер инсистира на договор за намалување на цените на храната до есен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-insistira-na-dogovor-za-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-do-esen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-insistira-na-dogovor-za-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-do-esen/#respond Wed, 03 May 2023 10:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=830092

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска најави дека следната недела ќе се сретне со трговците на мало и добавувачите за да разговара за начините да се прекине инфлаторната спирала на цените на храната до есен. Француските трговци со храна се согласија на просечно зголемување на цената од 10 отсто во годишните преговори во март, што за двете страни е неопходно за покривање на повисоките трошоци за производство. Ле Мер оттогаш постојано ги повика двете страни да ги отворат преговорите за да се осигури дека неодамнешниот пад на глобалните големопродажни цени на храната ќе се пренесе на потрошувачите. Тој дури се закани дека ќе преземе нешто доколку не одговорат на неговите повици. Годишната стапка на инфлација во Франција во април се зголеми на 5,9 отсто од 5,7 проценти во март. Инфлацијата во Франција, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени на ЕУ, изнесува 6,9 отсто. Гувернерот на француската Централна банка и член на Европската централна банка (ЕЦБ), Франсоа Вилерој де Галхау минатиот месец изјави дека очекува инфлацијата на цените на храната да почне да се намалува во втората половина од годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-insistira-na-dogovor-za-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-do-esen/feed/ 0
Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-francija-kje-go-ogranichi-poskapuvanjeto-na-strujata-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-francija-kje-go-ogranichi-poskapuvanjeto-na-strujata-slednata-godina/#respond Sat, 27 Aug 2022 15:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=724832

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ. „Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела изјави дека претстојат „тешки месеци“, а неговата влада предупреди на пораст на цените на енергијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-francija-kje-go-ogranichi-poskapuvanjeto-na-strujata-slednata-godina/feed/ 0
Ле Мер: Русија најверојатно целосно ќе ја прекине испораката на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-rusija-najverojatno-celosno-kje-ja-prekine-isporakata-na-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-rusija-najverojatno-celosno-kje-ja-prekine-isporakata-na-gas/#respond Sun, 10 Jul 2022 16:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=702922

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер предупреди дека најверојатно сценарио е целосен прекин на испораката на руски гас. Тој говорејќи на Конференцијата за бизнис и економија истакна дека Франција мора да се подготви за целосен прекин на рускиот гас. – Тоа, барем како што сега стојат работите, е најверојатното сценарио, истакна Ле Мер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-rusija-najverojatno-celosno-kje-ja-prekine-isporakata-na-gas/feed/ 0
Ле Мер: ЕУ работи на алтернативни начини за воведување глобална даночна стапка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-eu-raboti-na-alternativni-nachini-za-voveduvanje-globalna-danochna-stapka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-eu-raboti-na-alternativni-nachini-za-voveduvanje-globalna-danochna-stapka/#respond Thu, 30 Jun 2022 14:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=697918

ЕУ работи на алтернативни начини за воведување глобална корпоративна даночна стапка од 15 отсто и покрај отпорот на Унгарија, изјави денеска  францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. „Минималниот данок ќе биде воведен во наредните месеци без или со помош на Унгарија“, изјави Ле Мер во Париз. Париз и Брисел размислуваат за т.н. механизам за „засилена соработка“ што ќе им овозможи на земјите-членки кои ја поддржуваат мерката да постигнат напредок без да мораат да постигнат едногласност што вообичаено се бара за текстовите за фискалната политика, изјави претставник на француското Министерство за економија. За да функционира оваа процедура, најмалку девет земји треба да постигнат договор за законскиот текст. Земјите потоа можат да одлучат да се откажат од законодавната иницијатива доколку сакаат. Директивата за минимален данок беше еден од главните приоритети на ротирачкото француско претседателство со Советот на ЕУ. Париз ја стави на дневен ред на министрите уште на првиот состанок во јануари, но не успеа да постигне консензус бидејќи Унгарија стави вето на текстот на последниот состанок на Советот под претседателството на Париз на почетокот од овој месец. „Никогаш нема да се откажам од ова досие. Сите знаат дека спротивставувањето на Будимпешта нема апсолутно никаква врска со суштината на предлогот. Европа не смее повеќе да биде заложник на лошата волја на некои членки, рече Ле Мер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-eu-raboti-na-alternativni-nachini-za-voveduvanje-globalna-danochna-stapka/feed/ 0
Ле Мер: Светот се движи кон нафтениот шок од 1973 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-svetot-se-dvizi-kon-nafteniot-shok-od-1973-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-svetot-se-dvizi-kon-nafteniot-shok-od-1973-godina/#respond Wed, 09 Mar 2022 10:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=643910

Зголемувањето на цените на енергијата предизвикано од руската војна во Украина ќе произведе ефекти споредливи со нафтениот шок од 1973 година, предупреди денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер. Сегашната енергетска криза е „споредлива по интензитет, по бруталност, со нафтениот шок од 1973 година“, нагласи Ле Мер на конференција во Париз. „Во 1973 година, како што знаете, одговорот предизвика инфлациски шок, што ги доведе централните банки масовно да ги зголемат своите стапки, што го уништи растот“, додаде Ле Мер. „Ова има име: стагфлација, и тоа е токму она што сакаме да го избегнеме во 2022 година“. Првиот нафтен шок во раните 1970-ти беше предизвикан од Јомкипурската војна кога египетските и сириските сили започнаа офанзива против Израел. Шест арапски членки на нафтениот картел на ОПЕК прогласија ембарго на извозот во земјите кои го поддржуваат Израел, особено САД. Тие ја зголемија цената на нафтата за четирипати на 11,65 долари за барел, предизвикувајќи рецесија во западните земји и голема инфлација. Европската големопродажба на гас и сурова нафта се зголеми до рекордни или речиси рекордни цени оваа недела поради стравувањата за снабдување поврзани со руската инвазија на Украина на 24 февруари. САД и Велика Британија вчера објавија дека го прекинуваат увозот на руската енергија како одговор на војната, што предизвика нов пораст на цените. Цената на нафтата од типот „брент“, меѓународниот репер, утрово се зголеми на речиси 130 долари за барел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-svetot-se-dvizi-kon-nafteniot-shok-od-1973-godina/feed/ 0
Ле Мер: ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-eu-kje-gi-vkluchi-kriptovalutite-vo-paketot-sankcii-protiv-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-eu-kje-gi-vkluchi-kriptovalutite-vo-paketot-sankcii-protiv-moskva/#respond Wed, 02 Mar 2022 18:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=639712

Европската унија ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Русија, со цел да ја направи агресијата на Москва врз Украина колку е можно поскапа, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ истакна дека санкциите против Русија се многу ефикасни и дека тие го дезорганизираат рускиот финансиски систем и ја парализираат способноста на руската централна банка да ја заштити рубљата. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска ја поздрави одлуката на БиХ, Северна Македонија, Црна Гора и Албанија да се приклучат кон финансиските санкции што ЕУ ги воведе на 23 февруари против Руската Федерација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-eu-kje-gi-vkluchi-kriptovalutite-vo-paketot-sankcii-protiv-moskva/feed/ 0
Ле Мер: Ќе предизвикаме колапс на руската економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-kje-predizvikame-kolaps-na-ruskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-kje-predizvikame-kolaps-na-ruskata-ekonomija/#respond Tue, 01 Mar 2022 09:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=638496

„Санкциите се неверојатно ефикасни. Ќе водиме тотална економска и финансиска војна против Русија“, изјави францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, за ФрансИнфо, јави дописникот на МИА. -Ќе предизвикаме колапс на руската економија. Економската и финансиската рамнотежа на силите е целосно во корист на Европската Унија, која е во процес на откривање на својата економска моќ, додаде министерот. Русија, според него, е таа што ќе настрада. -Европа навистина може да има малку поголема инфлација. Европа, единствената последица што може да ја има во наредните недели, е мало зголемување на цените во зависност од зголемувањето на цените на енергијата, додаде Ле Мер. Според него, санкциите ќе се применуваат се додека „Владимир Путин не се врати на добрите намери во Украина“. Би сакал да се прошири тарифниот штит околу гасот, додаде министерот, бидејќи војната во Украина влијае врз цените на енергијата и на куповната моќ. -Наша одговорност е да ги заштитиме поединците, додаде министерот, кој најави „тарифен штит за одредени компании“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-kje-predizvikame-kolaps-na-ruskata-ekonomija/feed/ 0
Француски министер прогнозира раст на цените и во текот на 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-minister-prognozira-rast-na-cenite-i-vo-tekot-na-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-minister-prognozira-rast-na-cenite-i-vo-tekot-na-2022-godina/#respond Thu, 21 Oct 2021 10:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=583054

Цените на горивата, енергијата и на суровините ќе продолжат да растат во 2022 година, прогнозира францускиот министер за финансии Бруно ле Мер. -Многумина продолжуваат да тврдат дека зголемувањето на цената е привремено. Но, се зависи од тоа што се подразбира под тој збор. Лично, не гледам перспектива за подобрување на ситуацијата до крајот на 2022 година, изјави францускиот министерот. За време на својот говор, тој објасни дека порастот на цените се должи на недостигот на челик, алуминиум, дрва, нафтени производи и гас. Одговарајќи на многу прашања за можноста Французите да го компензираат наглото поскапување на горивата, Ле Мер нагласи дека е „за“ насочени мерки за помош на најпогодените семејства од економската ситуација. -Задачата на државата е да го заштити населението, ние мора да им помогнеме на оние што работат или бараат работа, увери министерот. Според него, доколку се воведе субвенција за скапо гориво, таа ќе биде доделена на ниско платени лица и невработени. Бруно ле Мер, исто така, го поддржа евентуалното намалување на тарифите за електрична енергија од страна на владата, кои веќе неколку недели растат во Франција. – Ако не направиме ништо, струјата ќе скокне за 15 отсто, предупреди министерот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-minister-prognozira-rast-na-cenite-i-vo-tekot-na-2022-godina/feed/ 0
Бруно ле Мер: Не е време за „Црн петок“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bruno-le-mer-ne-e-vreme-za-crn-petok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bruno-le-mer-ne-e-vreme-za-crn-petok/#respond Thu, 19 Nov 2020 07:11:32 +0000 https://kurir.mk/?p=431495

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер ги повика супермаркетите и трговците на интернет да го одложат таканаречениот „Црн петок“, што привлекува голем број клиенти поради значителни попусти. „Црниот петок“ е на 27 ноември, а во Франција, продавниците што не продаваат есенцијални стоки се затворени поради ограничувачките мерки за борба против коронавирусот. Помалите продавници, што не работат поради одлуката на Владата, стравуваат дека ќе претрпат загуби од конкурентите, големите онлајн компании како „Амазон“, кои можат да работат и да испорачуваат стоки за време на втората блокада во Франција. – Дали следниот петок е навистина вистинското време да се организира Црн петок? Мојот одговор е не, нагласи Ле Мер во Сенатот. Тој најави дека ќе побара од супермаркетите и продавачите на интернет да ги истражат сите опции за одложување на настанот. Директорот на Амазон за Франција претходно изјави дека компанијата забележала зголемување на активноста до 50 проценти за време на второто заклучување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bruno-le-mer-ne-e-vreme-za-crn-petok/feed/ 0
Францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-minister-za-finansii-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-minister-za-finansii-pozitiven-na-kovid-19/#respond Sat, 19 Sep 2020 07:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=405391

Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер изјави дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој на Твитер наpиша дека немал симптоми и порача дека ќе продолжи со работа од дома. Мер истакна дека ќе биде во изолација седум дена. – Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот, истакна Мер. Минатата недела премиерот на Франција Жан Кастекс беше позитивен на Ковид-19 откако беше во контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс. Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-minister-za-finansii-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0