Брус Спрингстин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 08:56:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Брус Спрингстин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џо Бајден го одликуваше Брус Спрингстин и десетици други познати Американци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-go-odlikuvashe-brus-springstin-i-desetitsi-drugi-poznati-amerikantsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-go-odlikuvashe-brus-springstin-i-desetitsi-drugi-poznati-amerikantsi/#respond Wed, 22 Mar 2023 08:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=814824

Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан. При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден рече: - Брус, некои луѓе се просто родени да трчаат, човеку! Мноштвото уметници и општественици му се придружија на Бајден во „Источната соба“ на Белата куќа за да ги добијат националните медали. Комичарката Џулија Луис-Драјфус, чија ТВ-серија „Потпретседателот“ фрли нови погледи на потпретседателството - функција што некогаш ја имаше и Бајден, исто така беше почестена. - Таа го прифаќа животниот апсурд со апсолутна духовитост и се справува со вистинските пресврти во животот со апсолутна благодат. Таа е мајка, таа е преживеана од рак, таа е пионер во комедијата, таа е американски оригинал, изјави Бајден за Луис-Драјфус, која многумина ја знаат и по улогата во серијата „Сајнфелд“. Одличје доби и глумицата Минди Калинг, една од главните ликови на долгогодишната ТВ-серија „Канцеларија“ (The Office), чијашто приказна беше сместена во родниот град на Бајден - Скрентон, Пенсилванија, САД. Кога Бајден го претстави писателот Колсон Вајтхед пред присутните, тој нагласи дека ја добил Пулицеровата награда за неговите книги две години по ред. - И јас ќе пробам двапати по ред!, се пошегува Бајден, кој претходно навести дека има намера повторно да се кандидира за претседател во 2024 година. Почестени беа и пејачката Гледис Најт, модната дизајнерка Вера Ванг, писателите Ен Пачет и Тара Вестовер, меѓу другите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-go-odlikuvashe-brus-springstin-i-desetitsi-drugi-poznati-amerikantsi/feed/ 0
Брус Спрингстин сè уште не размислува да се пензионира https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brus-springstin-se-ushte-ne-razmisluva-da-se-penzionira/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brus-springstin-se-ushte-ne-razmisluva-da-se-penzionira/#respond Tue, 01 Nov 2022 08:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=753678

Брус Спрингстин смета дека продажбата на неговиот музички каталог и правата за издавање – на „Сони“ лани, за 500 милиони долари било во вистинско време, но сè уште нема намера да се пензионира. -Продажбата од минатата година има смисла, бидејќи знам дека мојот труд така ќе биде сочуван… Случајно наидов на најсреќната работа на светот, бидејќи добив „богатство“ за нешто што би го направил и бесплатно, изјави тој. „Сони“ стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги и класиците „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA”. Сличен договор потшишаа и Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви. Договорите им обезбедуваат на музичарите непосредна финансиска безбедност, а новите носители на правата се надеваат дека ќе заработат со нови приливи преку соработка со филмови и телевизии, од изведби и слично. Инаку, пејачот „не е сигурен уште колку ќе може да ги изведува“ своите препознатливи долги настапи, но, вели, може уште да им понуди на обожавателите. -Мислам, ако дојдам до точка каде што сум онеспособен или нешто слично… Но, дотогаш, мислам, погледнете ги Џони Кеш, Питер Сигер. Не можам сè уште да замислам пензионирање, не!, кратко додаде тој. Спрингстин, познат и по неговиот прекар „Шефот“ (The Boss), е еден од најуспешните и најпочитуваните американски рокeри на сите времиња. Родум и израснат во Њу Џерси, во 1999 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот. (МИА)
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brus-springstin-se-ushte-ne-razmisluva-da-se-penzionira/feed/ 0
Ова е најплатениот музичар за 2021 година- заработил вртоглава сума https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-e-najplateniot-muzichar-za-2021-godina-zarabotil-vrtoglava-suma/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-e-najplateniot-muzichar-za-2021-godina-zarabotil-vrtoglava-suma/#respond Mon, 17 Jan 2022 13:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=620340

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“. Најголем дел од заработката е од продажба на своите песни и авторските права минатиот месец. Договорот на музичарот со „Сони мјузик“ беше проценет на 550 милиони долари и тоа воедно претставува најголема продажба што еден музичар некогаш ја остварил. „Сони“ на тој начин стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги тука и класиците „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA“. Слични договори потпишаа и Боб Дилан, групата „Блонди“ и Дејвид Боуви. Вториот најплатен музичар за 2021 година е Џеј Зи. Поголемиот дел од неговата заработка од 470 милиони долари е од продажба на сопственичкиот удел од 302 милиони долари во „Тидал“ на коосновачот на Твитер – Џек Дорси. На третото место се наоѓа Пол Сајмон, а потоа следуваат Кање Вест, Рајан Тедер, групата „Ред хот чили пеперс“, Линдзи Бакингем, „Мотли кру“, Блејк Шелтон и Тејлор Свифт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-e-najplateniot-muzichar-za-2021-godina-zarabotil-vrtoglava-suma/feed/ 0
ПРВИ ЗАБРАНИ: Со вакцина „АстраЗенека“ не може на овој концерт! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-zabrani-so-vakcina-astrazeneka-ne-moze-na-ovoj-koncert/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-zabrani-so-vakcina-astrazeneka-ne-moze-na-ovoj-koncert/#respond Sun, 20 Jun 2021 13:17:29 +0000 https://kurir.mk/?p=525751

Со олабавување на ковид мерките почнаа и концертите, но паднаа и првите забрани! Присуството ќе зависи и од примената вакцина. Пејачот Брус Спрингстин им се враќа на настапите на Бродвеј, но на забавата ќе може да присуствуваат само одредени лица. За жал, за вакцинираните со „АстраЗенека“ влезот нема да биде дозволен, бидејќи таа вакцина сè уште не е официјално одбрена од „Американската агенција за храна и лекови“. Концертите ќе се одржуваат од 26 јуни сè до 4 септември, а на службената страница на пејачот има и бројни упатства и протоколи поврзани за вакцинирањето- сите кои сакаат да го гледаат Спрингстин во живо ќе морат да ги примат сите дози вакцини и тоа само оние кои ги одобрила „Американската агенција за храна и лекови“. На концертот може да влезе само личност која ја примила втората доза од „Фајзер Бионтек“, „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, најмалку 14 дена претходно. Децата под 16 години мораат да имаат негативен антигенски тест направен шест часа пред концертот или негативен брис од нос не постар од 72 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-zabrani-so-vakcina-astrazeneka-ne-moze-na-ovoj-koncert/feed/ 0
Брус Спрингстин со нов албум (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/brus-springstin-so-nov-album-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/brus-springstin-so-nov-album-video/#respond Mon, 14 Sep 2020 15:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=403157

Американската поп-рок легенда Брус Спрингстин за оваа есен најави нов албум, под наслов „Letter to you”. Официјалниот датум е 23 октомври. По тој повод е објавен и видеоспот за насловната песна. Албумот „Letter to you” (Писмо до тебе) ќе биде објавен непосредно пред овогодишните претседателски избори во САД, каде што постојниот претседател и кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, и кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден – инаку поранешен потпретседател на САД, ќе ги одмерат своите сили. Спрингстин, инаку, никогаш не ги криел своите политички погледи и ставови и наклонетоста кон Демократската партија. Сѐ ова потсеќа на една од најпознатите погрешно сфатени песни – „Born in the USA“, која ако се слушне само рефренот, делува како величање на американскиот национал-патриотизам. Поради тоа, пред неколку десетлетија беше прифатена како своевидна химна на републиканците. Но, тука всушност, Брус Спрингстин јасно ги критикува САД и воената интервенција во Виетнам. Според западните медиуми, можно е Спрингстин повторно да има своја порака во овие бурни времиња за неговата земја. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/brus-springstin-so-nov-album-video/feed/ 0