брвеница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Sep 2023 11:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брвеница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илиевски: Во Брвеница инвестирани над 100 милиони денари, исполнив 80% од ветеното, а не сум ни на половина од мандатот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ilievski-vo-brvenitsa-investirani-nad-100-milioni-denari-ispolniv-80-od-vetenoto-a-ne-sum-ni-na-polovina-od-mandatot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ilievski-vo-brvenitsa-investirani-nad-100-milioni-denari-ispolniv-80-od-vetenoto-a-ne-sum-ni-na-polovina-od-mandatot/#respond Sat, 23 Sep 2023 11:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=880968

Со голема радост обзнанувам три големи проекти, реконструкција на улица од 1.223 метри, улица во вредност од 7 милиони денари во село Брвеница, реконструкција на улица од 1.252 метри Поречко мало во село Радионце во вредност од 11 милиони денари и реконструкција на улица 820 метри во село Челопек во вредност од 6 милиони и 200 илјади денари. Дополнително во изминатиот период во цела општона Брвеница имаме реконструирано скоро 10 километри улици со околу 25 милиони денари, вели Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница. -Посветено работиме и во останатите области ќе набројам неколку. Водоводната мрежа ја проширивме за 4 илјади метри, додека канализационата мрежа 3465 метри инвестиравме повеќе од 3 милиони денари. Го уредивме центарот во село Брвеница во вредност од 10 милиони денари, изградивме паркови, игротеки, оплеменивме многу простор за одмор и рекреација, организиравме спортски и културни настани, реновирање на цело основно училиште училници, училишни дворови, спортски терени, помагаме на ранливи категории на граѓани, се грижиме за безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, возниот парк го збогативме со автобус, нов багер, нов камион за отпад и нови камионети. Не прогласија за најтранспарентна општина во Полог. За мене е најважно рамномерен развој на сите населени места и унапредување на квалитетот на животот, а притоа се зачувува позитивниот биланс на општинската сметка и на правните субјекти основани од општината. Вкупно инвестирани средства во општина Брвеница по сите основи се над 100 милиони денари или над милион и 600 илјади евра, истакна тој. Градоначалникот посочи дека ветеното во програмата го исполни повеќе од 80 проценти, а не е ни на половина од мандатот. -Довербата од претседателот Мицкоски и моите сограѓани ја оправдувам со дела кои имаат трајна вредност за општината, порача тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ilievski-vo-brvenitsa-investirani-nad-100-milioni-denari-ispolniv-80-od-vetenoto-a-ne-sum-ni-na-polovina-od-mandatot/feed/ 0
Објавени конечните резултати од локалните избори за Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/#respond Tue, 09 Nov 2021 13:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=593190

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, по завршување на сите постапки, ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане. Во вториот круг од изборите во Желино победи кандидатот на Движењето Беса Блерим Сејди, во Брвеница ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски, во Студеничани ДПА Азем Садики, во Старо Нагоричане Коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ Жаклина Јовановска. Општинските изборни комисии треба веднаш да ги објават резултатите и да ги достават до ДИК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/feed/ 0
Новиот градоначлник на Брвеница се обрати и на албански јазик до граѓаните и порача дека повеќе нема делби https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/noviot-gradonachlnik-na-brvenica-se-obrati-i-na-albanski-jazik-do-gragjanite-i-poracha-deka-povekje-nema-delbi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/noviot-gradonachlnik-na-brvenica-se-obrati-i-na-albanski-jazik-do-gragjanite-i-poracha-deka-povekje-nema-delbi/#respond Tue, 02 Nov 2021 13:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=589765

Јовица Илиевски во вториот круг од локалните избори ја понесе убедливата победа во општина Брвеница. Новиот градоначалник преку својата официјална страница на Фејсбук и на албански јазик им се обрати на граѓаните, порачувајќи дека нема да има делби и дека ќе работи за сите граѓани независно од нивната етничка припадност. Илиевски со овој потег започна да ја оправдува довербата на сите граѓани кои го дадоа гласот за него и ја заслужува сечија почит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/noviot-gradonachlnik-na-brvenica-se-obrati-i-na-albanski-jazik-do-gragjanite-i-poracha-deka-povekje-nema-delbi/feed/ 0
„Вечерва ќе има крв“: Маж од Брвеница ја тепал ќерката (10), им се заканувал на сопругата и татко му https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vecherva-kje-ima-krv-maz-od-brvenica-ja-tepal-kjerkata-10-im-se-zakanuval-na-soprugata-i-tatko-mu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vecherva-kje-ima-krv-maz-od-brvenica-ja-tepal-kjerkata-10-im-se-zakanuval-na-soprugata-i-tatko-mu/#respond Thu, 05 Aug 2021 08:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=546522

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен жител на Брвеница за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот. -Во вечерните часови тој пристигнал во домот во алкохолизирана состојба и иако со решение на Основниот суд Тетово му биле изречени повеќе забрани да ги вознемирува домашните и да врши семејно насилство, тој најпрвин започнал да ѝ се заканува на сопругата дека ќе ја убие. Девојчето побарало од осомничениот да не ја вознемирува мајката. Тогаш тој грубо ја фатил ќерката за десната рака, ѝ ги свиткал прстите и почнал да ѝ удира шлаканици, нанесувајќи ѝ физички повреди, болка и страдање. Мајката се обидела да ја одбрани ќерката, но тој ја удрил со тупаница. Во собата влегол таткото на осомничениот, кој побарал од синот да не прави проблеми. Во тој момент, осомничениот од џебот извадил два скалпела, го фатил за коса својот татко и ставајќи му го скалпелот на вратот, му се заканил дека ќе го убие. Потоа го пуштил, а со скалпелите продолжил да им се заканува на домашните со зборовите: „Вечерва ќе има крв“, информираат од Обвинителството. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vecherva-kje-ima-krv-maz-od-brvenica-ja-tepal-kjerkata-10-im-se-zakanuval-na-soprugata-i-tatko-mu/feed/ 0
Сајкоски оствари средба со жители на Тетово и Брвеница: Граѓаните се разочарани од празните ветувања на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-ostvari-sredba-so-ziteli-na-tetovo-i-brvenica-gragjanite-se-razocharani-od-praznite-vetuvanja-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-ostvari-sredba-so-ziteli-na-tetovo-i-brvenica-gragjanite-se-razocharani-od-praznite-vetuvanja-na-sdsm/#respond Mon, 05 Jul 2021 19:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=532426

Денес остварив средба и со жителите на Тетово и Брвеница. Граѓаните се разочарани од празните ветувања на СДСМ со кои им беше ветено европска Македонија и едно општество за сите. Ветуваа и кажуваа дека во четиригодишниот мандат ќе изградат улици, патишта, канализации и водоводи, ќе отворат нови работни места и ќе донесат нови странски инвестиции. Со ваквите лажни ветувања СДСМ само си го забрза падот, подфрлија онаму каде највеќе ветуваа. Затоа сега е ред на граѓаните, да им кажат ДОСТА на лагите и празните ветувања. Само заедно и сплотени ќе и помогнеме на Македонија да оди напред, за подобра иднина на сите. Граѓаните ќе одлучат во каква Македонија сакаат да живеат. #МакедонијаЗаСитеЛуѓе Фејсбук статус на Ѓорѓија Сајкоски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-ostvari-sredba-so-ziteli-na-tetovo-i-brvenica-gragjanite-se-razocharani-od-praznite-vetuvanja-na-sdsm/feed/ 0
Поведена постапка против жител на Брвеница – поседувал дрога и муниција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-zitel-na-brvenica-poseduval-droga-i-municija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-zitel-na-brvenica-poseduval-droga-i-municija/#respond Thu, 04 Mar 2021 11:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=477123

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 47-годишник во Брвеница, на 2 март, полицијата пронашла наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 778 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот. Освен ова, полициските службеници пронашле и 29 куршуми со различен калибар. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-zitel-na-brvenica-poseduval-droga-i-municija/feed/ 0
Во тетовска Брвеница пожар во објект на земјоделска задруга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovska-brvenica-pozar-vo-objekt-na-zemjodelska-zadruga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovska-brvenica-pozar-vo-objekt-na-zemjodelska-zadruga/#respond Fri, 25 Sep 2020 17:53:02 +0000 https://kurir.mk/?p=408611

Тетовските пожарникари неколку часа се борат со пожарот што попладнево избувна во објект на земојделска задруга во село Брвеница. Според првичните и неофицијални информации еден пожарникар има лесна повреда на лицето, а од огнот покрај објектот, изгорени се илјадници бали слама и механизација. -Пожар во објект на земјоделската задруга е пријавен во СВР Тетово во 16 часот. Првично нема информации за повредени лица. Изгорена е поголема количина кабаста добиточна храна и дрвени предмети за складирање овошје. Пожарот се уште не е локализиран, информираат од тетовската полиција. Увид од страна на полицијата ќе биде извршен дури по целосно гаснење и локализирање на пожарот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovska-brvenica-pozar-vo-objekt-na-zemjodelska-zadruga/feed/ 0