брз тест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jul 2021 07:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брз тест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џорџ Сорос и Бил Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzordz-soros-i-bil-gejts-kje-ja-prezemat-firmata-za-brzi-kovid-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzordz-soros-i-bil-gejts-kje-ja-prezemat-firmata-za-brzi-kovid-testovi/#respond Tue, 20 Jul 2021 07:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=539016

Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија „Мологик“, која разви брз, десетминутен тест за откривање на коронавирусот, објави Фајненшл тајмс. За извршување на аквизицијата, конзорциумот го формираше социјалното претпријатие „Глобал Аксес Хелт“ (ГАХ), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија. Членовите на ГАХ, како што е наведено, се подготвени да инвестираат над 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Мологик“. „Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство, рече Шон Хинтон, извршен директор на СЕДФ. „Мологик“ неодамна доби милион фунти од британските власти за развој на тестови за Ковид-19, но подоцна ја обвини владата дека ја „цементира“ употребата на тие тестови во матичната земја. Генералниот директор на „Мологик“, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие, што тој го оцени како „промислен, логичен и природен чекор насочен кон обезбедување прифатлива дијагностика и биотехнологија на местата што се маргинализирани во немилосрдната трка за профит“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzordz-soros-i-bil-gejts-kje-ja-prezemat-firmata-za-brzi-kovid-testovi/feed/ 0
СРЕЌНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Грција донесе нова одлука за влез во земјата, ќе започне да важи уште утре наутро! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srekjna-vest-za-makedoncite-grcija-donese-nova-odluka-za-vlez-vo-zemjata-kje-zapochne-da-vazi-ushte-utre-nautro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srekjna-vest-za-makedoncite-grcija-donese-nova-odluka-za-vlez-vo-zemjata-kje-zapochne-da-vazi-ushte-utre-nautro/#respond Fri, 18 Jun 2021 12:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=525139

Можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, се двете промени на правилата за влез во Грција, кои од утре, во 6 часот наутро стапуваат во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука, Северна Македонија и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји. Па така, како што пренесува МИА, за патување кај јужниот сосед задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или негативен резултат од рапид (брз) тест до 48 часа пред пристгнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот. Овие обврски важат за лица со наполнети 12 години. Промените вчера ги најави заменик -министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој рече дека земјите ќе бидат поделени во зелена, портокалова и црвена категорија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srekjna-vest-za-makedoncite-grcija-donese-nova-odluka-za-vlez-vo-zemjata-kje-zapochne-da-vazi-ushte-utre-nautro/feed/ 0
РЕЗУЛТАТИ ЗА 15 минути: Брз тест за коронавирус наскоро на пазарот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rezultati-za-15-minuti-brz-test-za-koronavirus-naskoro-na-pazarot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rezultati-za-15-minuti-brz-test-za-koronavirus-naskoro-na-pazarot/#respond Wed, 02 Sep 2020 10:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=398191

Фармацевтската компанија Рош од Швајцарија објави дека до крајот на овој месец на пазарот ќе пушти брз тест за откривање на коронавирус, тест што ќе дава резултати за 15 минути. Тој тест за антигените на вирусот САРС-КоВ-2 што ја предизвика пандемијата Ковид-19 ќе биде достапен во земјите што ја признаваат ознаката СЕ, што е задолжително за производите што влегуваат на пазарот на Европската унија. - 40 милиони брзи тестови за САРС-CoV-2 ќе бидат достапни секој месец. Тој капацитет ќе се зголеми повеќе од двојно до крајот на годината, со цел да се одговори на побарувачката за здравствени системи ширум светот - објави компанијата ОВЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rezultati-za-15-minuti-brz-test-za-koronavirus-naskoro-na-pazarot/feed/ 0