брза храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Apr 2022 09:58:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брза храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И брзата храна може да биде поздрава https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/i-brzata-hrana-moze-da-bide-pozdrava/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/i-brzata-hrana-moze-da-bide-pozdrava/#respond Tue, 26 Apr 2022 09:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=667964

Честото консумирање брза храна може да доведе до многубројни здравствени проблеми. За да се избегнат, има здрави трикови околу најчестите омилени јадења… Хамбургер И за хамбургерот има неколку начини да биде поздрав. За почеток, не треба да се претерува со масло додека се пече месото и – умерено со сосовите. Не се става ниту премногу кашкавал, а плескавицата може да се збогати со повеќе зеленчук. Исто така, лебот може да се изостави, а да се користат само листови зелена салата. Јаглехидрати Тестенини, леб, ориз, тортиљи… Сите овие намирници често се наоѓаат во оброците. Советот тука гласи – лебот се прескокнува (или намалува) и се избира храна со цели зрна, бидејќи тие се богати со растителни влакна. Ова позитивно ќе влијае на варењето, а човекот подолго време се чувствува сит, па и консумацијата е помала од вообичаено. Пица Наместо класично тесто, се препорачува пица од карфиол – со многу зеленчук и да не се претерува со сирење. Друга можност е да се користат тортиљи наместо тесто за пица. Пржена храна Компири, рибји стапчиња, пилешки медалјони, похувано сирење… Сите овие пржени јадења не се којзнае колку хранливи, но се многу калорични. Ваквата храна треба да се подготвува во врела фритеза или во рерна. Не дека храната ќе добие похранлива вредност, но според познавачите, поради избегнување на маслото за јадење, таа ќе биде барем помалку калорична. Вечерата… За вечера се препорачуваат закуски засновани на овошје, зеленчук и мешунки. Сѐ тоа ќе му даде на телото доволно хранливи материи, а нема да биде лишено од богат вкус. Чоколадо И десертите може да се подготват на поздрав начин. Пред сѐ, млечното чоколадо се заменува со црно. Тоа има повеќе хранливи материи и позитивно делува на организмот, но секако, важно е и тоа да биде во умерена количина. На крај, секако, важно е исхраната да е урамнотежена и да не се претерува во ништо. Но, нема ништо лошо во тоа – само повремено да им се препуштате на овие „забранети задоволства“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/i-brzata-hrana-moze-da-bide-pozdrava/feed/ 0
Јадела само брза храна, 2 години не вкусила ништо зелено: Изгубила 22 килограми, а ниеднаш не била во теретана https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jadela-samo-brza-hrana-2-godini-ne-vkusila-nishto-zeleno-izgubila-22-kilogrami-a-niednash-ne-bila-vo-teretana/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jadela-samo-brza-hrana-2-godini-ne-vkusila-nishto-zeleno-izgubila-22-kilogrami-a-niednash-ne-bila-vo-teretana/#respond Wed, 23 Sep 2020 08:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=407171

Енџел Боујер (22) почнала да се дебелее поради лошите навики со храната. Јадела воглавно брза храна, а дури две години не изела ништо зелено. Меѓутоа, пред три години Енџел одлучила да го промени својот живот од корен. За жал, премногу била исплашена за да оди во теретана, па вежбала само на отворено и дома. И покрај тоа, постигнала одлични резултати со HIIT тренинзи и вежби со телесна тежина. Изгубила 22 килограми и тоа без теретана.
„Почнав со еден тренинг неделно и полека ги зголемував. Почнав да вежбам петпати неделно. Исто така пребарував и читав написи во магазините за вежбите во теретана и ги следев за да ги направам оние кои ми одговараат“, открила Енџел. Таа не само што го покажува своето тело на социјалните мрежи, туку сака да ги охрабри и другите да вклучуваат здрава храна во нивното мени.
 
View this post on Instagram
 
bu$$in out the bag

A post shared by 𝐀𝐍𝐆𝐄𝐋 𝐁𝐎𝐖𝐘𝐄𝐑 👼🏽 (@angelmaybowyer) on

Се фокусира на здрава исхрана со протеини како пилешко, говедско и путер од кикирики. Но, и понатаму ужива во храна која и не е баш здрава, како сладоледот. „Полека, малите чекори се важни“, советува Енџл, пренесува „Fox News“.
 
View this post on Instagram
 
cute & cozy @russellathleticanz

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jadela-samo-brza-hrana-2-godini-ne-vkusila-nishto-zeleno-izgubila-22-kilogrami-a-niednash-ne-bila-vo-teretana/feed/ 0
10 години јадел само брза храна, па ослепел https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/10-godini-jadel-samo-brza-hrana-pa-oslepel/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/10-godini-jadel-samo-brza-hrana-pa-oslepel/#respond Fri, 06 Sep 2019 15:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=237890

Светските медиуми пишуваат за 17.годишник кој јадел само помфрит, грицки и шунка, а потоа речиси целосно ослепел поради недостаток на витамини во исхраната. Станува збор за момче од Бристол кое сега има 19 години, а веќе цела деценија не јадело ни овошје ни зеленчук. Неговата дневна исхрана се состоела од помфрит, грицки, пржени колбаси и повремено сендвичи со шунка. Не наведувајќи го неговото име, светските медиуми пишуваат дека ова момче поради исхраната имало недостаток на клучните витамини во организмот, вклучувајќи го витаминот Б12, витаминот Д… Поради тоа постепено почнал да го губи видот со 14 годии, а станува збор за состојба на оптичка неуропатија предизвикана од исхраната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/10-godini-jadel-samo-brza-hrana-pa-oslepel/feed/ 0
Атанасов: Во Македонија се конзумира безбедна храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-makedonija-se-konzumira-bezbedna-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-makedonija-se-konzumira-bezbedna-hrana/#respond Sun, 14 Oct 2018 12:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=114759

Во Македонија се конзумира безбедна храна. Затоа постојат и мониторинг програми, како и посебна програма за безбедност на храната поделена во посебни сегменти и сите анализи покажуваат дека јадеме квалитетна односно безбедна храна, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. - Во периодот од 1 јануари до денес се извршени околу 33.500 контроли на сите објекти. Најчести поплаки од граѓаните се главно околу задоволување на хигиенските стандарди во објектите или околу изминатиот рок на употреба на производите, вели Атанасов во изјава за новинарите на традиционална хуманитарна манифестација во пресрет на 16 Октомври, Светски ден на храната, што се одржа во Веро-центар во Скопје во соработка со ОПМ, Црвен крст и граѓанскиот сектор. Тој како илустрација посочи дека од почетокот на годината до септември се уништени околу 14 тони храна прогласени како небезбедни. Во однос на потеклото на храната рече дека статистички има тенденција на изедначување на процентот на увозот на храната со извозот. Најмногу, вели, во земјата се увезува пилешко месо, бидејќи немаме свое домашно производство, како и сите светски брендирани производи кои не се произведуваат кај нас. Марјана Лончар Велковска од Организацијата на потрошувачи на Македонија, вклучена во манифестацијата посочи дека денеска се одбележуваат Денот на храната, 16 Октомври и 17 Октомври, Светскиот ден на борба против гладта, а собраната храна ќе биде доделена на СОС Детското село и на Пунктот за бездомници на Црвен крст. - Оваа иницијатива веќе стана традиционална, меѓутоа би сакала да апелирам до самите проиизводители и трговци ова веќе да прерасне во нивна заедничка иницијатива и во РМ навистина да имаме вакви случаи и глетки, затоа што им е потребна на граѓаните храната која би требала да стигне до нивните трпези, а не да се фрла. Сметам дека ова подрачје наскоро ќе биде регулирано како што треба, на што работиме заедно со АХВ, особено на новиот правилник за означување на храната и информации за храната, рече Лончар Велкова. Одговарајќи на новинарско прашања таа рече дека кај нив граѓаните реагираат за храната, а поплаките ги доставуваат до АХВ. Доколку се работи за надворешно оштетување на производот тогаш тоа го решаваат со самиот трговец, а поплаки има и за различни цени на рафтовите и при доаѓање на каса. Граѓаните бараат и појасно истакнување на производите од каде доаѓа и начинот на подготовка. Манифестацијата беше организирана од АХВ во рамки на кампањата на Организацијата за земјоделство и храна при ОН (ФАО) по повод Денот на храната, а под мотото „Во светот да нема глад до 2030 година е можно“. Пораката од настанот, како што рече Атанасов, е дека нашето стопанство односно производителите на храна се подготвени да ги задоволат потребите за храна во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-makedonija-se-konzumira-bezbedna-hrana/feed/ 0