брза железничка линија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 13:14:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брза железничка линија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брза железничка линија меѓу Бугарија и Македонија – предлог на кандидатот за бугарски пратеник Андреј Варбчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brza-zheleznichka-linija-megu-bugarija-i-makedonija-predlog-na-kandidatot-za-bugarski-pratenik-andrej-varbchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brza-zheleznichka-linija-megu-bugarija-i-makedonija-predlog-na-kandidatot-za-bugarski-pratenik-andrej-varbchev/#respond Thu, 16 Mar 2023 13:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=812775

Кандидатот за пратеник од граѓанската квота на коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија Андреј Врабчев пред своите гласачи во Благоевград ја претстави идејата за изградба на брза железничка линија меѓу Бугарија и  Македонија. Тој предложи проект за железничко поврзување на Благоевград со Кочани и оттаму во различните правци кон Битола, Скопје и Гевгелија. Поврзаноста е една од големите предности на ЕУ бидејќи, според Врабчев, Европа на регионите стави крај на вековните спорови и им даде шанса на поделените региони да функционираат на природен начин. Врабчев вели дека во контекст на руската агресија во Украина, во основа гледа огромен потенцијал во иницијативата „Три мориња“. За ова, тој најави дека кога ќе влезе во 49. Народно собрание на Бугарија, ќе инсистира на поврзување на Благоевград со Кочани-Велес, што би послужило како почеток на централна балканска брза линија што ги поврзува Црното и Јадранското море низ централниот дел на Македонија. Така ќе има директна врска меѓу Тракискиот и Пиринскиот регион во Бугарија, а во Македонија оваа линија ќе поврзе уште многу населени места. Таа ќе има голема економска, социјална и оптествена улога и ќе биде стабилизирачки фактор за  Македонија. Според Андреј Врабчев, линијата Ќустендил-Скопје не може да ја игра оваа улога бидејќи се наоѓа во непосредна близина на северната граница. Тој на средбата во Благоевград посочи и нереализирани проекти за локално поврзување со помалите гранични точки како Клепало, кои требаше да се реализираат, како и за подобрување на врската кај Петрич. Според него, таму треба да има и железничка линија која би стигнала до Струмица и би го поставила почетокот на поврзувањето со Радовиш и Штип. Андреј Врабчев изрази убедување дека поврзаноста на сите нивоа меѓу Бугарија и Северна Македонија во сите сфери, комуникацијата меѓу луѓето е најдобриот начин да се надминат погрешните идеи наметнати од идеологиите на режимите во кои тие се развиле по Втората светска војна и за жал, намерно се поттикнуваат од „патриотите“ од двете страни на бугарско-македонската граница со поддршка од трети страни. -Во бескорисни расправии изгубивме многу време, во моментов треба да ја достигнеме брзината на централнобалканската линија од 200 километри на час, а зошто да не и повеќе, изјави Андреј Врабчев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brza-zheleznichka-linija-megu-bugarija-i-makedonija-predlog-na-kandidatot-za-bugarski-pratenik-andrej-varbchev/feed/ 0
Британија ја одлага изградбата на дел од брзата железничка линија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlaga-izgradbata-na-del-od-brzata-zheleznichka-linija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlaga-izgradbata-na-del-od-brzata-zheleznichka-linija/#respond Fri, 10 Mar 2023 12:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=810451

Велика Британија најави дека ќе ја одложи изградбата на дел од новата брза железничка линија што треба да го поврзе Лондон со северна Англија поради зголемување на трошоците. Одложувањето на проектот HS2 е тежок удар за планот за модернизација на железничката мрежа и зголемување на капацитетот на транспортните линии. -Инфлациските притисоци се значителни, а трошоците за проектот се зголемени, рече британскиот министер за транспорт Марк Харпер во писмената изјава до Парламентот. Градежните работи им беа доверени на компаниите Киер, Балфур Бити и Винчи. Изградбата на брзата линија беше предложена во 2009 година и претставена како најголем инфраструктурен проект во Европа, што требаше да и овозможи на Велика Британија да ги достигне другите европски земји во проширувањето на мрежата за супербрзи возови. Железницата треба да го поврзе Еустон во Лондон со Манчестер, а завршувањето на работите беше планирано за периодот од 2035 до 2040 година. Според изменетите планови што ги откри Харпер, изградбата на делот меѓу Бирмингем и Кру ќе биде одложен за две години. Харпер не даде нов датум за завршување на целиот северен дел од пругата од Бирмингем до Манчестер. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlaga-izgradbata-na-del-od-brzata-zheleznichka-linija/feed/ 0