Брзи антигенски тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 12:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Брзи антигенски тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наместо ПЦР, да се користат брзите антигенски тестови пред некои операции – препорачува Комисијата за заразни болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-pcr-da-se-koristat-brzite-antigenski-testovi-pred-nekoi-operacii-preporachuva-komisijata-za-zarazni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-pcr-da-se-koristat-brzite-antigenski-testovi-pred-nekoi-operacii-preporachuva-komisijata-za-zarazni-bolesti/#respond Wed, 25 May 2022 12:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=681357

Комисијата за заразни болести препорачува да се укинат задолжителните ПЦР тестови пред одредени видови операвии во јавните здравствени установи. Наместо нив, според КЗБ, може да се користат брзите антигенски тестови – информираше денеска портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ. „Комисијата даде препорака да се користат брзите антигенски тестови коишто веќе им се достапни на поголемиот дел од институциите, без дополнително да се изложуваат на трошок граѓаните или институциите за да може да се прават оние ПЦР тестови коишто досега се побаруваа. Исто се задолжени комисиите за интрахоспитални инфекции да изготват протоколи согласно препораките на Комисијата за заразни болести за евентуално ваквиот начин на употреба на брзите тестови, во насока на тоа да се контролира начинот на којшто се движат пациентите во болниците“, објасни Мехмедовиќ. Тој рече дека на секоја јавно-здравствена институција ѝ се достапни околу 1000 антигенски тестови и граѓаните нема да има потреба да ги купуваат. „Прво треба да се земе предвид користењето на антигенските тестови, а вториот дел од препораката е комисиите да изготват протокол како може да се користат тестовите“, додаде д-р Мехмедовиќ. На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести заклучила дека состојбата со коронавирусот е стабилна и дека има намалување на неделната инциденца, поради што не се потребни дополнителни мерки за заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-pcr-da-se-koristat-brzite-antigenski-testovi-pred-nekoi-operacii-preporachuva-komisijata-za-zarazni-bolesti/feed/ 0
ФДА: Брзите антигенски тестови за Ковид-19 се помалку чувствителни на омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-brzite-antigenski-testovi-za-kovid-19-se-pomalku-chuvstvitelni-na-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-brzite-antigenski-testovi-za-kovid-19-se-pomalku-chuvstvitelni-na-omikron/#respond Wed, 29 Dec 2021 09:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=614378

Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА). – Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските тестови ја откриваат варијантата омикрон, но со намалена чувствителност, се вели во соопштението на ФДА. Чувствителноста е мерка за тоа колку е веројатно тестот да даде позитивен резултат. Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон. ФДА објави дека продолжува да ја одобрува употребата на брзи антигенски тестови, следејќи ги прецизните упатства за употреба. Имено, некои брзи тестови треба да се направат двапати во одреден временски интервал за да се потврди резултатот. – Доколку некое лице е негативно на антиген тест, но постои сомневање за Ковид-19 поради видливи симптоми или голема веројатност за инфекција поради изложеност на вирусот, важно е да се користи молекуларен (ПЦР) тест, истакна агенцијата и додаде дека соработува со Националните институти за здравје (НИХ) на проучување на веродостојноста на домашните антигенски тестови на примероци од пациенти кои содржат жива верзија на омикрон. ПЦР тестовите го откриваат генетскиот материјал на вирусот и се попрецизни бидејќи можат да направат милиони копии од РНК на вирусот, па успеваат да откријат и помали количини на вирусот. Претходните тестирања се фокусираа на примероци од вирусот инактивирани со топлина наместо на жив вирус, што е подобро, а намалени перформанси на тестот досега не се забележани, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-brzite-antigenski-testovi-za-kovid-19-se-pomalku-chuvstvitelni-na-omikron/feed/ 0