брзи кредити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 13:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брзи кредити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СВР Штип: Во рок од 15 месеци 12 граѓани од истокот измамени со подигање на брзи кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-shtip-vo-rok-od-15-mesetsi-12-gragani-od-istokot-izmameni-so-podigane-na-brzi-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-shtip-vo-rok-od-15-mesetsi-12-gragani-od-istokot-izmameni-so-podigane-na-brzi-krediti/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=820084

Во рок од 15 месеци на подрачјето на СВР Штип дванаесет граѓани пријавиле дека се измамени со подигање на брзи кредити, покажуваат статистичките податоци на Секторот за внатрешни работи. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека оваа бројка е за лани и привите три месеци од оваа година. -Ве информираме дека во текот на минатата и изминативе месеци оваа година на подрачјето на СВР Штип дванаесет лица пријавиле дека се измамени за подигање на брзи кредити. СВР Штип до надлежното ОЈО во овој период има поднесено 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела поврзани со измами за добивање брзи кредити, од кои три кривични дела се расветлени, а за останатите се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измами, вели во писмената изјава Панајотова. СВР Штип апелира до граѓаните да бидат претпазливи, да внимаваат во комуникацијата со непознати лица и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатните телефонски броеви 192 и 112. Последен случај за измама за брз кредит е во Виница, каде што вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/svr-shtip-vo-rok-od-15-mesetsi-12-gragani-od-istokot-izmameni-so-podigane-na-brzi-krediti/feed/ 0
Вработена во Фондот за пензиско аплицирала за брзи кредити во име на друго лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrabotena-vo-fondot-za-penzisko-aplitsirala-za-brzi-krediti-vo-ime-na-drugo-litse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrabotena-vo-fondot-za-penzisko-aplitsirala-za-brzi-krediti-vo-ime-na-drugo-litse/#respond Mon, 20 Mar 2023 16:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=814254

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrabotena-vo-fondot-za-penzisko-aplitsirala-za-brzi-krediti-vo-ime-na-drugo-litse/feed/ 0
Измамени битолчани со брзи кредити, лажни наградни игри и писма за наследства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izmameni-bitolchani-so-brzi-krediti-lazni-nagradni-igri-i-pisma-za-nasledstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izmameni-bitolchani-so-brzi-krediti-lazni-nagradni-igri-i-pisma-za-nasledstva/#respond Fri, 09 Dec 2022 08:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=772928

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека зачестиле пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци, односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати. Битолчани се измамени со сомнителни електронски пораки, со лажни наградни игри, т.н. лотарии и писма за наследства. –Со цел спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци. Апелираме до граѓаните да внимаваат каде и со кого ги споделуваат или ги изложуваат на увид личните и патните исправи. Исто така, при плаќањата со платежни картички, доколку е потребно да биде внесен пин, задолжително да го внесуваат лично и да не дозволуваат некој друг да го внесува нивниот пин кој треба да се чува во тајност. При плаќањата и купувањето преку интернет, задолжително да се проверува кредибилитетот на продавачот, имајќи ги предвид позитивните и негативните коментари кои ги има на самиот профил, страна, група и слично, појаснуваат од СВР-Битола. За зголемена претпазливост и безбедност, од СВР-Битола апелираат да се внимава при ажурирањата на податоците, особено кога од корисниците се бара да се внесат лични податоци и број на картичка, односно да се проверува дали е основано барањето за ажурирање на бараните податоци. -При регистрирањата на одредени интернет страни, особено да се посвети внимание на полисите, односно да се читаат до крај, со цел да се избегне граѓаните да бидат изложени на месечни трошоци во облик на претплата, најчесто назначени на крајот на полисата – најчести примери се при купување на видео игри, инсталирање на канали за игри, филмови и слично, каде купувачите еднаш купуваат видео игра или програма, а подоцна секој месец им се наплатува истиот износ. За време на контактите со непознати преку социјалните мрежи да се внимава да не им се доставуваат податоци од личните исправи како трансакциски сметки од банки, лични фотографии и други лични документи, посочуваат од СВР-Битола. Во последен период се забележани голем број поплаки од граѓани кои при купување на интернет производи и нивна достава до врата, вообичаено се измамени во делот на квалитетот, но и дека порачале еден производ, а друг им пристигнал по брза пошта. При обидот продавачот повторно да е контактиран, најчесто тој е недостапен, информираа од СВР-Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izmameni-bitolchani-so-brzi-krediti-lazni-nagradni-igri-i-pisma-za-nasledstva/feed/ 0
Воен инвалид од кочанско барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=711297

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити. Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година. -Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов. Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом. Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/feed/ 0
Двајца затвореници измамиле охриѓанец – му ги земале податоците и извадиле брзи кредити – од сумата ќе ви се помати умот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-zatvorenici-izmamile-ohrigjanec-mu-gi-zemale-podatocite-i-izvadile-brzi-krediti-od-sumata-kje-vi-se-pomati-umot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-zatvorenici-izmamile-ohrigjanec-mu-gi-zemale-podatocite-i-izvadile-brzi-krediti-od-sumata-kje-vi-se-pomati-umot/#respond Tue, 20 Apr 2021 14:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=499862

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено- поправната установа Затвор - Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи. Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-zatvorenici-izmamile-ohrigjanec-mu-gi-zemale-podatocite-i-izvadile-brzi-krediti-od-sumata-kje-vi-se-pomati-umot/feed/ 0
Граѓаните да внимаваат со „брзите кредити“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-vnimavaat-so-brzite-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-vnimavaat-so-brzite-krediti/#respond Sat, 12 Jan 2019 07:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=151243

Секој корисник има право предвреме, кога сака, целосно или делумно да го врати банкарскиот потрошувачки кредит. Притоа, според Законот за потрошувачки кредити, точно се знае колку банката може да го „напенали“. Но, до Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) многу често стигнуваат поплаки од граѓани. Велат дека банките им наплаќаат 30 отсто од целата сума на крадитот што решиле предвреме да го исплатат, а според Законот максималната „казна“ е 0,5 до еден процент. -Многу често се случува банките да наплатат огромна ставка пенали со што е директно оштетен потрошувачот. Според Законот, кредиторот има право да наплати пенал од еден процент за кредит кој има повеќе од една година, а 0,5 процент за кредит кој има помалку од една година. Ако сте во третата година од враќање на вашиот кредит, а ви  останале уште две години, банката смее да ви наплати само еден процент од вкупната вредност на кредитот. Ние добиваме поплаки дека наплаќаат 30 проценти од целата вредност на кредитот. Ако станува збор за мал кредит од 300 евра не е многу пари, но ако се работи за 100 или 200 илјади денари, тогаш е веќе дискутабилно, вели Стефан Момиќ од ОПМ. Според него, друг, исто така многу чест проблем е откажувањето од договорот за потрошувачки кредити. Можете да се откажете од потрошувачкиот кредит во рок од 14 дена иако сте потпишале договор  -Дали потрошувачот има право да се откаже од кредитот без да изнесува причина? Да. Ако утре одлучите да одите во банка за да земете кредит, задутре можете да го поништите барањето. Исто како кај секој производ. Ваше право е, без никаква наведена причина, во рок од 14 дена да се откажете од земањето крдит. Но, според нашата анализа, оваа ставка е многу често скриена од страна на кредиторот. Банката не ја дава оваа опција, не ја наведува. Затоа и потрошувачот не е свесен дека може да се откаже од земање на кредитот. Практично, се искористува неговата неинформираност, нагласува Момиќ. Новокомпонирани финансиски друштва ги искористуваат граѓаните Во последно време се поактуелни стануваат т.н. брзи кредити. За да ги заштити потрошувачите, ОПМ конкретно за овој сегмент поттикна измени на Законот за потрошувачки кредити. -Измените се реакција на малите, новокомпонирани финансиски друштва кои најчесто се со странски управители, а се дојдени од некоја друга земја во Македонија и притоа нашле дупка во Законот. Сега го искористуваат обичниот граѓанин. Со брзите кредити што ги нудат, не се опфатени луѓето со високи примања, туку оние „обичните“ кои немаат никаков поим во врска со потрошувачките кредити. За земање вакви кредити потребна е само лична карта. Се бараат и примања, но има и такви кои не бараат. Дупката во законот е тоа што за кредит до 200 евра не е потребна никаква кредитна анализа. Институцијата во таков случај не влегува во никаков ризик. Таа е осигурана. Од друга страна, ви нуди кредит со нула проценти камата, што е нереално. Но, на таа нула отсто камата, вкупните трошоци во форма на провизија и потпишување договор, изнесуваат до 200 проценти од кредитот. Затоа ние инсистираме на промена на овој Закон, објаснува Момиќ. Со законските измени се бара да се ограничат овие вкупни трошоци, да не може да изнесуваат 200 проценти, туку да бидат максимум 55 отсто. -Во ваков случај, на овие новокомпонирани институции нема да им се исплати да влезат во таков ризик. Сега, со 200 до 300 проценти тие се обезбедени и од десет луѓе двајца да им ги покријат тие средства, се доволни, вели Момиќ. Граѓаните може да побараат помош од ОПМ Ако потрошувачот е оштетен, а земал кредит од банка, треба да ја извести Народната банка, ако кредитот му е земен од некое финансиско друштво како овие за брзи кредити, треба да го извести Министерството за финансии, додека пак, ако кредиторот е од трговско друштво, односно продавница, тогаш треба да се извести Државниот пазарен инспекторат. -Најпаметно е секој оштетен потрошувач да се обрати до ОПМ каде бесплатно ќе добие совет, каде да се обрати и кои се неговите права, наместо да троши енергија, шетајќи по институции, потенцира Момиќ. ОПМ апелира пред да се земе кредит да се размисли дали е тоа навистина потреба или желба. Доколку се земе, внимателно да се читат условите и договорот. Информира и дека постои алатка т.н. Финансиски калкулатор на која може да се споредат сите видови кредити од сите банки и да се одбере најсоодветниот, наместо да се оди од банка во банка и да се прашува. -Најдобро е никогаш да не се задолжуваме кај неовластени даватели на кредити. Институцијата што дава кредит треба да е етаблирана на пазарот, да постојат информации за неа, да има искуства од други клиенти. Ако земете кредит, тогаш најдобро е договорот да го имате во писмена форма. Инсистирајте на тоа, порачува Момиќ од ОПМ. Мирјана Чакарова (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-vnimavaat-so-brzite-krediti/feed/ 0