брзи тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Feb 2022 14:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брзи тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Тинејџерка веќе 9 месеци е позитивна на брзи тестови, а негативнo на ПЦР – никој не знае зошто е тоа така! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veruvale-ili-ne-tinejdzerka-vekje-9-meseci-e-pozitivna-na-brzi-testovi-a-negativno-na-pcr-nikoj-ne-znae-zoshto-e-toa-taka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veruvale-ili-ne-tinejdzerka-vekje-9-meseci-e-pozitivna-na-brzi-testovi-a-negativno-na-pcr-nikoj-ne-znae-zoshto-e-toa-taka/#respond Fri, 04 Feb 2022 14:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=627092

Веќе девет месеци наназад брзи антигенски тестови на коронавирус кај 15-годишната Ева Валрабенштајн, од Хановер, покажуваат позитивен резултат, но кога таа се тестира со PCR тест, резултатот е секогаш негативен. Лекарите не можат да ја најдат причина за оваа состојба, а тинејџерката има проблеми секогаш кога прави брз тест за коронавирус. Според германската телевизија RTL, Ева на 13 април 2021 година првпат била тестирана на училиште со брз тест за коронавирус. Тестот покажал позитивен резултат, по што ја повикала својата мајка да ја земе на училиште. И тогаш почнува маѓепсаниот круг. Ева оди на ПЦР тест и е ставена во карантин додека не дојде резултатот. Три дена подоцна, дознава дека нема коронавирус. Следниот ден се враќа на училиште и наутро повторно се тестира со брз тест и резултатот пак бил позитивен. -Бев многу засрамена, под стрес. Не можев ништо да направам, вели 15-годишното девојче. Со недели и се случувало истото, па пробала дури 30 различни брзи тестови за коронавирус, но сите дале позитивен резултат. Докторите не знаат што се случува, а во почетокот никој не и верувал на девојката. Таа морала да направи неколку тестови во присуство на учител или лекар, бидејќи тие не и веруваа. -Не учеа дека може да има лажно позитивни тестови, дека можеме да погрешно го направиме тестот итн. На почетокот никој не ни веруваше. Во последните девет месеци мојата ќерка неколку пати беше во карантин, пропушти многу часови и не можевме да направам ништо со пријателите. Бидејќи учеството во јавниот живот е можно само со брз тест или дополнителна вакцинација. Мислев дека никогаш нема да заврши бидејќи никој не можеше да најде причина зошто брзите тестови сек огаш покажуваат дека ќерка ми е позитивна на круната, изјави Кристина, мајката на Ева. Во меѓувреме, управата на училиштето ја ослободила 15-годишната од обврските за тестирање, а таа примила две дози од вакцината. -Мислевме дека тоа ќе помогне и извесно време таа ја имаше својата слобода додека властите не го воведоа правилото 2G Plus. Сега повторно се мора од почеток. Ева сега може да добие трета или засилена доза, а потоа ќе имаме мир додека не дојде правилото 2G плус – плус со ѕвездичка, вели мајка ѝ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veruvale-ili-ne-tinejdzerka-vekje-9-meseci-e-pozitivna-na-brzi-testovi-a-negativno-na-pcr-nikoj-ne-znae-zoshto-e-toa-taka/feed/ 0
Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите кои ќе се пожалат на симптоми на корона https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/#respond Sun, 20 Jun 2021 08:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=525630

Освен што нема никакви ограничувања за влез во земјата, Албанија, за сите туристи кои одлучиле да одмораат на нејзиното крајбрежје и другите туристички места, обезбеди бесплатни брзи тестови во случај на појава на симптоми на Ковид-19. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај. -Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за Ковид-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Фејсбук. На располагање е и бесплатниот телефонски број 127. Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на имунизација, а епидемиолошката состојба е стабилна. Четири дена по ред нема починат како последица од Ковид-19, бројот на заразени е минимален, односно вчера имаше само четири нови случаи, од направени 2771 тест, активни на болеста се 124 од кои болнички се лекуваат само седум пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/feed/ 0
НЕМА СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ВО АПРИЛ ЗА БРЗИ ТЕСТОВИ- граѓаните оставени на милост и немилост (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-slobodni-termini-vo-april-za-brzi-testovi-gragjanite-ostaveni-na-milost-i-nemilost-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-slobodni-termini-vo-april-za-brzi-testovi-gragjanite-ostaveni-na-milost-i-nemilost-foto/#respond Tue, 13 Apr 2021 13:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=496511

Во Македонија граѓаните не можат да закажат за брз тест поради тоа што сите термини се преполни и веќе закажани за месец април. Според податоците, брзи антигент тестови за Ковид 19 во речиси половина Македонија не можат да се направат, бидејќи нема термин за граѓаните да можат да се тестираат. Месец април е речиси недостапен за брзи тестови за граѓаните на Куманово, Битола, Пробиштип, Гевгелија, Македонски Брод... Граѓаните кои имаат симптоми и сакаат да се тестираа во државните пунктови речиси е невозможно да го сторат тоа во месец април што е повеќе од апсурдно за власта и државата што ги остава жителите на овие градови на милост и немилост. За алармантната состојба алармираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку свое соопштение потенцирајќи дека државните лаборатории се оставени без реагенси. Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? -Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението. Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови? Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?! Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-slobodni-termini-vo-april-za-brzi-testovi-gragjanite-ostaveni-na-milost-i-nemilost-foto/feed/ 0
Од петок сите граѓани во Англија можат да направат брз тест за коронавирусот двапати неделно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-petok-site-gragjani-vo-anglija-mozat-da-napravat-brz-test-za-koronavirusot-dvapati-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-petok-site-gragjani-vo-anglija-mozat-da-napravat-brz-test-za-koronavirusot-dvapati-nedelno/#respond Mon, 05 Apr 2021 07:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=492411

Од петок, сите англиски граѓани ќе имаат можност да направат брз тест за коронавирусот двапати неделно, како дел од продолжувањето на програмата за тестирање спроведена од британската влада. Тестовите, кои даваат резултат за околу половина час, ќе бидат бесплатни, пренесува Би-Би-Си. Тие веќе им се нудат на учениците во училиштата и на нивните семејства, како и на вработените кои треба да одат на работа. Министерот за здравство тврди дека тестовите ќе помогнат да се спречи појава на нови жаришта, во време кога мерките за заклучување се олабавуваат. Сепак, критичарите на оваа програма сметаат дека постои ризик да се претвори во „скандалозно“ трошење пари. Предвидено е британскиот премиер Борис Џонсон да се состане со членовите на владата за да ја потпише следната фаза на олеснување на мерките за заклучување во Англија, што вклучува повторно отворање на сите продавници кои не продаваат производи потребни за граѓаните, како и дозволување на пабови и ресторани да работат на отворено од 12 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-petok-site-gragjani-vo-anglija-mozat-da-napravat-brz-test-za-koronavirusot-dvapati-nedelno/feed/ 0
Брзи антиген тестови за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brzi-antigen-testovi-za-patnicite-na-megjunarodniot-aerodrom-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brzi-antigen-testovi-za-patnicite-na-megjunarodniot-aerodrom-skopje/#respond Tue, 26 Jan 2021 08:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=459872

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот. Како што информираа денеска од ТАВ Македонија, почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница „Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок. Медицинското возило за тестирање на „Жан Митрев” Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и Центарот за истражување применета микробиологија и биотехнологија, ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден кога има летови до државите кои бараат брз антиген тест, четири часа пред времето на полетување до секоја од дестинациите. -Целта е да се обезбеди опција на патниците кои заминуваат кон дестинациите во Холандија, Германија и Велика Британија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот, истакнуваат од ТАВ Македонија. За повеќе детали во врска со тестот ги замолуваат патниците да ја контактираат лабораторијата „Жан Митрев“ на 02/3091484 https://zmc.mk/en/services/microbiological-laboratory/. Додека за детални информации во врска со тестовите коишто ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, апелираат патниците задолжително да ја контактираат својата авиокомпанија и aмбасадата на земјата на нивното пристигнување. Доколку патниците одлучат да направат брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, апелираат тие да пристигнат на аеродром најмалку 4 часа пред времето на полетување. Холандија бара задолжителен негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за задолжителен негативен PCR-тест. Германија, пак, бара негативен брз антиген тест одобрен од СЗО не постар од 48 часа, но исто така прифаќа PCR, LAMP или TMA тестови. Велика Британија бара негативен антиген тест не постар од 72 часа, но исто така прифаќа PCR или LAMP тестови. Од ТАВ Македонија истакнуваат дека во моментов, само брзите антиген тестови одобрени од СЗО може да се направат на Меѓународниот Аеродром Скопје преку услугите на Жан Митрев Клиник. За сите други КОВИД-19 тестови, од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги направат во авторизирана болница/лабораторија пред нивното пристигнување на аеродромот. -Со оглед на тоа што ЕУ/Шенген земјите постојано ги менуваат правилата за патување поврзани со КОВИД-19 и секоја земја самостојно прави промени во однос на рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со нивната авиокомпанија и со Амбасадата на земјата во која што планираат да пристигнат, стои во соопштението. Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Една од опциите за надминување на состојбата, што ја иницираше аеродромскиот оператор кај Владата, е да се овозможи систематско тестирање на патниците на аеродромите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brzi-antigen-testovi-za-patnicite-na-megjunarodniot-aerodrom-skopje/feed/ 0
Струга остана без брзи тестови за корона https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/struga-ostana-bez-brzi-testovi-za-korona/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/struga-ostana-bez-brzi-testovi-za-korona/#respond Sun, 06 Dec 2020 15:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=439662

Иако во Струга има најмногу смртни случаи од Ковид 19, а голем е и бројот на заразени, повеќе од 60.000 жители се оставени без т.н. брзи тестови. Од Здравствениот дом во градот велат дека тие немаат услови да спроведуваат брзи тестови бидејќи имаат само една лабораторија и препорачуваат тестовите да се прават во лабораторијата на општата болница, пренесува Алсат.мк  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/struga-ostana-bez-brzi-testovi-za-korona/feed/ 0
Албанија набави 100.000 брзи тестови за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nabavi-100-000-brzi-testovi-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nabavi-100-000-brzi-testovi-za-kovid-19/#respond Fri, 04 Dec 2020 13:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=438693

Албанската Влада обезбеди 100.000 брзи тестови за коронавирус, информираше министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, додадвајќи дека набрзо ќе бидат обезбедени уште 300.000. Тестирањето, додаде таа, ќе почне в понеделник во Тирана, каде е главното жариште на вирусот, а потоа и во другите делови на земјата. Откако оцени дека земјата ја очекуваат тешки месеци, таа направи пресек на преземените активности. – Не очекуваат тешки месеци, но затоа работата не запре во ниту еден момент за да се гарантира соодветна и навремена здравствена заштита за граѓаните и грижа за здравствениот персонал. Лекарите, епидемиолозите и медицинските сестри, добиваат посебен бонус, за што е наменет фонд од 8 милиони евра. Обезбедивме опрема за лична заштита, имаме 550 кревети во кавид болници. Нашиот здравствени систем на почеток имаше 200, а сега 483 респиратори, рече Манастирлиу. Таа додаде дека се обезбедени потребните лекови според протоколите и оти се гарантираат бесплатни медикаменти за оние кои се лекуваат во домашни услови. Меѓу другото, Манастирлиу се осврна и на вакцината против Ковид-19, додавајќи дека Владата е ангажирана во неколку насоки. – Направивме неколку чекори, преку директен и финансиски ангажман со Ковакс. Извршивме предвремена уплата за да можеме да стигнеме до вакцината. Направивме проценка во неколку насоки со структурите на ЕУ за пристап до вакцината, но исто така и преку самите земји, објасни министерката. Во изминатите денови се погласни беа барањата на експерти од јавното здравје за зголемување на бројот на тестирањата на дневно ниво. Тие сметаат дека тој број треба да биде од 5 до 6.000 тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nabavi-100-000-brzi-testovi-za-kovid-19/feed/ 0
Нема страв да се патува со авион, патниците поддржуваат употреба на брзи тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-strav-da-se-patuva-so-avion-patnicite-poddrzuvaat-upotreba-na-brzi-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-strav-da-se-patuva-so-avion-patnicite-poddrzuvaat-upotreba-na-brzi-testovi/#respond Sat, 14 Nov 2020 08:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=429311

За закрепнување на воздушниот сообраќај на национално и на глобално ниво е потребно да бидат отстранети рестрикциите за патување поради ковид пандемијата наметнати од земјите членки на ЕУ, бидејќи 77 проценти од сообраќајот на македонските аеродроми е концентриран во ЕУ, вели за МИА генералниот извршен директор на ТАВ Македонија Метин Батак. Нивните и искуствата на останатите аеродромски оператори покажуваат дека патниците немаат страв од патување со авион. Алтернатива на мерките за карантин што го ограничуваат авиосообраќајот и значајно ги намалија дестинациите за патување, според глобалната авијациска иницијатива на Меѓународниот совет за аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), е глобално-конзистентен пристап кон тестирање на меѓународни патници. Брзото тестирање, според анкетите на релевантните воздухопловни институции е прифатливо и за патниците, но сепак, проценките се дека закрепнувањето на воздушниот сообраќај ќе се одвива бавно. Од скопскиот аеродром моментно се достапни 21 дестинација: Истанбул, Виена, Загреб, Белград, Цирих, Малме, Базел, Лондон, Дортмунд, Минхен (Меминген), Гетеборг, Ајндховен, Франкфурт, Стокхолм, Келн, Фридрихшафен, Хамбург, Нирнберг, Берлин, Копенхаген, Турку. Според најавите на Визер, од 10-ти декември тие треба повторно да ги вратат линиите до Братислава, Париз, Малта, Баден-Баден, Брисел, Будимпешта, Рим, Венеција и Милано. Од аеродромот во Охрид во моментов е оперативен само Цирих (од 7 ноември), додека од средината на декември најавено е дека повторно ќе се лета и до Лондон, Базел, Малме, Виена и Дортмунд. Сепак, укажува Метин, треба да се земе предвид дека поради Ковид-19, авиокомпаниите многу често го менуваат редот на летовите, така што сите најави може да претрпат промена. -Од почетокот на кризата со Ковид-19 и затворањето на двата аеродроми во Скопје и во Охрид од март до јули 2020, како една од мерките на Владата за превенција на влез и ширење на вирусот, вкупно 18 авиолинии беа откажани од скопскиот и охридскиот аеродром, четири редовни линии од Скопје и 14 сезонски линии од Охрид. Од 1 јули ограничувањата се укинуваат постепено, во зависност од индивидуалните одлуки на земјите и регионите, а воздушниот сообраќај и авиокомпаниите се враќаат во функција врз основа на тие одлуки. Откако ќе бидат укинати сите ограничувања, очекуваме да се вратат сите авиокомпании, информира генералниот директор на ТАВ Македонија. Најголемиот предизвик за македонскиот воздушен сообраќај, како што појаснува, во моментов не е стравот од заразување при патување со авион. -Иако, на почетокот, мислевме дека овој психолошки фактор ќе влијае врз закрепнување на воздушниот сообраќај, сведоци сме на различна состојба – имаме полни летови со патници. Ова покажува дека луѓето кои имаат потреба и сакаат да патуваат, не се плашат од вирусот. Тие ги почитуваат мерките на претпазливост, ги преземаат потребните заштитни мерки и патуваат по воздушен пат, додава тој. Според Батак, дополнителен репер дека Меѓународниот Аеродром Скопје е безбеден, во овие времиња на глобална пандемија, е акредитацијата од Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) што ја добиле на почетокот на минатиот месец, кojа што претставува нов меѓународен репер за спроведените здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и оти се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје. Аеродромот во Скопје е еден од првите 60 аеродроми во светот кои го добија овој сертификат од ACI, од вкупно 350 аеродроми ширум светот кои аплицираа во рамки на програмата за здравствена акредитација на аеродромите. -Аплициравме на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI и целиот процес на ревизија траеше од февруари 2020 година до август 2020 година. Стручни лица за здравје и безбедност на ACI ги проверуваа аеродромските процеси, вклучително и Аеродромскиот план за подготвеност при јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународно значење, Протоколот на ТАВ Македонија за работење на аеродромот при пандемија, како и Планот за дезинфекција на терминалот на Меѓународниот Аеродром Скопје. Здравствената акредитација на аеродроми на ACI е глобално признание и доказ за нашите постојани напори и посветено работење на одржливи здравствени мерки на аеродромот. Ние навистина веруваме дека ова дополнително ќе ги увери нашите патници дека нивните патувања преку Меѓународниот аеродром Скопје се и ќе бидат безбедни. Покрај oва, ризикот патник да се зарази со КОВИД-19 додека патува со авион е многу мал, вели Батак. Упатува на истражувањата на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) кои покажуваат дека се регистрирани само 44 потенцијални случаи на пренос на вирусот поврзани со авионски лет, од вкупно 1,2 милијарди патници од почетокот на годинава, што претставува еден случај на секои 27 милиони патници. -Знаејќи го сето ова, би сакале да нагласиме дека нашиот најголем предизвик се ограничувањата за патување за македонските граѓани воспоставени од земјите-членки на ЕУ. Имено, граѓаните со македонски пасоши не можат да влезат во ниту една држава од ЕУ, освен ако не се есенцијални работници (најчесто се однесува на медицински работници) или имаат одреден тип на виза (зависи за која држава се работи). Дополнителен проблем е фактот дека различни ЕУ држави имаат воведено различни рестриктивни политики поради КОВИД-19. Нема координиран пристап кон проблемот во ЕУ и тоа ги засега сите земји лоцирани во географска Европа и пошироко.Ова е надворешен фактор што ние како аеродромски оператор не можеме да го ублажиме, појаснува Батак. Постои глобална авијациска иницијатива предводена од Меѓународниот совет за аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), кои заедно повикаа на глобално-конзистентен пристап кон тестирање на меѓународни патници како алтернатива на мерките за карантин. Согласно предлогот на овие организации, владите мора да соработуваат за да се отстранат рестрикциите за карантин и да се започне патувањето со авион. Систематски пристап за тестирање за Ковид-19 ќе даде ефективен начин за владите да бидат сигурни повторно да ги отворат на границите без воведување карантин. -За закрепнување на воздушниот сообраќај на национално и на глобално ниво е потребно рестрикциите за патување наметнати од земјите членки на ЕУ да бидат отстранети, бидејќи 77 проценти од сообраќајот на македонските аеродроми е концентриран во ЕУ. Се надеваме дека владите низ целиот свет ќе ја слушнат оваа иницијатива преземена од IATA и ACI, како и другите воздухопловни власти на ЕУ и ќе преземат брзи заеднички чекори што ќе го поддржат закрепнувањето на воздушниот сообраќај, посочува генералниот директор на ТАВ Македонија. Неблагодарно е, укажува, да се предвидат бројките на патници, особено затоа што главниот ограничувачки фактор за обновување на македонскиот воздушен сообраќај се ограничувањата за патување за македонските граѓани воведени од ЕУ, што не зависи од нас како аеродромски оператор. Покрај овој предизвик за локалниот пазар, треба да ги земеме предвид и сите предизвици што КОВИД-19 ги ​​предизвика во авијацискиот бизнис ширум светот. Авиокомпаниите се соочуваат со внатрешни промени, предизвикани од Ковид-19 и тоа повлекува глобално репозиционирање на нивните мрежи на дестинации, што пак зависи од ограничувањата за патување на различните пазари. -Поради сето ова очекуваме бавно закрепнување на воздушниот сообраќај, не само за македонските аеродроми, туку и за сите аеродроми во рамките на групацијата ТАВ аеродроми. Ќе бидат потребни неколку години, аеродромите во Скопје и Охрид да се вратат на нивоата на патнички сообраќај што ги имавме пред кризата, вели Батак. Во првите девет месеци 69 процентен пад на патничкиот сообраќај Во првите девет месеци од годинава ТАВ Македонија има 69 проценти пад на патничкиот сообраќај. Од јануари до септември имало само 632.581 патник на двата македонски аеродрома, во споредба со истиот период лани кога имаше 2.052.829 патници и на скопскиот и на охридскиот аеродром. Бројот на летови во истиот период, во првите девет месеци од 2020 година е намален за 59 проценти. Статистичките податоци за бројот на летови покажува дека воздушниот сообраќај кон, од и во рамките на европскиот континент е намален за 66,3 проценти оваа година во споредба со минатата. Најновите податоци за бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај откриваат дека патничкиот сообраќај во рамките на ЕУ е опаднат за околу 78 проценти. Најновото истражување на реномираната меѓународна Акциска група за воздушен транспорт (ATAG) за влијанието на ограничувањата на Ковид-19 покажува дека падот на воздушниот сообраќај може да резултира со пад на вработеноста за 52 проценти во рамки на авиоиндустријата во Европа, што би значело загуба на околу седум милиони работни места. На тој начин европските економски активности во оваа сфера годинава би претрпеле загуба од безмалку 450 милијарди евра. Поради тоа, според директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, очигледно е дека е неопходно преземање на итни и координирани мерки и активности за да се спречи уште поголема економска катастрофа во сферата на воздушниот сообраќај. Во осврт за предизвиците на авиосообраќајот Тунтев се приклучува на тврдењата на претставниците на најрелевантните европски воздухопловни организации и здруженија дека воведувањето на единствен и унифициран протокол за тестирање на патниците пред да патуваат ќе овозможи безбеден, ефикасен и усогласен начин за реализација на патувањата во воздушниот сообраќај. Од друга страна, тоа би значело намалување на ризикот за пренос на заразните болести, поголем степен на заштита од вирусот и стимулирање на економските активности, за сите држави на европскиот континент. -Предложената рамка се заснова на два главни принципи: карантините и едностраните забрани во државите треба да се заменат со тестирање на патниците пред поаѓање, базирано на протокол за тестирање на ЕУ за патувања, односно на употреба на брз и ефикасен тест, а ограничувањата за патување мора да бидат координирани и засновани врз заедничка проценка на ризик, која ќе се прави со единствени критериуми и заеднички систем за кодирање во боја, односно мапирање на критичните области и региони, вели Тунтев за МИА. Воведувањето еднострани забрани, карантини, изолации и други ограничувања при патувањето од страна на државите, како што забалежува, му нанесе огромни штети и загуби на воздушниот сообраќај. Тунтев додава дека закрепнувањето од последиците од кризата со Ковид-19 на сите субјекти во европската авиоиндустрија ќе одеше многу побрзо, доколку се применуваше координиран, заеднички и услогласен пристап од страна на поодделните европски држави. -Воздушниот сообраќај не „трпи“ примена на различни, па дури во одредени периоди и спротивставени национални стандарди, препораки и практики во различни држави. Примената на универзални правила и усогласени мерки се основната претпоставка за успешно враќање на патниците во воздушниот транспорт. Владите на државите, односно телата и органите на ЕУ мора да пронајдат применливи алтернативни решенија со кои ќе се избегне затворање на границите и еднострано воведување на карантин, изолација и други ограничувања и забрани, вели Тунтев. За ова да стане применливо и одржливо, како што појаснува, неопходно е да бидат преземени повеќе мерки и активности. Владите треба да овозможат повторно отворање на границите без карантин, со спроведување на систематско, брзо и ефикасно тестирање на сите меѓународни патници пред поаѓање. Тестирањето треба да биде брзо, прецизно, едноставно, лесно мерливо и прифатливо, со употреба на технологија што може лесно да се управува. Воедно владите треба проактивно да го воведат брзото тестирање, преку следење и примена на неопходните регулаторни одобренија, при што треба да се даде приоритет на авијацијата кога станува збор за распределување на достапни брзи тестови. Глобалните стандарди за тестирање треба да бидат договорени и усогласени преку Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ICAO, така што тестовите спроведени во една држава при поаѓање на патникот да бидат прифатени од страна на надлежните државни органи на која било друга држава по пристигнувањето на патникот. Нагласува дека е потребна е примена на систематски и усогласен пристап кон следењето на контактите, како дополнителна активност за ублажување на ризиците. Генерално патниците поддржуваат употреба на брзи тестови Резултатите од направените анкети досега покажуваат дека патниците ја поддржуваат употребата на брзи тестови. Глобалното истражување на јавното мислење што го направи IATA во текот на јуни ја потврди поддршката на Европејците за примена на тестирање на Ковид-19 на патниците во процесот на патување во воздушниот сообраќај. Шеесет и пет проценти од анкетираните патници мислат дека не треба да се применува карантин од страна на државните власти доколку некое лице има негативен тест за Ковид-19, 83 проценти од патниците воопшто не би размислувале да патуваат повторно доколку тоа вклучува 14-дневен или 10-дневен карантин по патувањето, а 84 проценти од анкетираните се согласуваат дека е потребно тестирање на Ковид-19 од страна на сите патници во воздушниот транспорт. Осумдесет и пет проценти од анкетираните, пак, рекле дека биле поприлично или многу загрижени затоа што морале да одат во задолжителен карантин по реализираното патување, а 88 проценти се подготвени да подлежат на тестирање како дел од процесот на патување. Покрај отворањето на границите и непреченото движење на луѓето, истражувањето на јавното мислење исто така покажало дека употребата на брзи тестови ќе помогне во обновата и закрепнувањето на сите сегменти во воздушниот сообраќај и враќање на довербата во авијацијата. Испитаниците го идентификувале спроведувањето на мерките за скрининг на Ковид-19 со брзи тестови како втор критериум за да се чувствуваат безбедно, веднаш по критериумот за задолжително носење на заштитна маска. Лидија Велковска МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-strav-da-se-patuva-so-avion-patnicite-poddrzuvaat-upotreba-na-brzi-testovi/feed/ 0
ЕУ финансира набавка на брзи тестови за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-finansira-nabavka-na-brzi-testovi-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-finansira-nabavka-na-brzi-testovi-za-koronavirus/#respond Fri, 23 Oct 2020 17:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=419933

Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за Ковид-19. Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел. – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, е клучно во оваа ситуација, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Таа најави и заедничка набавка што ќе им овозможи на европските земји да дојдат до дополнителни тестови. – Ова треба да ни помогне да го забавиме вирусот. Во ова сме заедно, истакна Фон дер Лајен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-finansira-nabavka-na-brzi-testovi-za-koronavirus/feed/ 0
Светот наскоро добива тестови за коронавирус кои даваат резултати за 30 минути https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-naskoro-dobiva-testovi-za-koronavirus-koi-davaat-rezultati-za-30-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-naskoro-dobiva-testovi-za-koronavirus-koi-davaat-rezultati-za-30-minuti/#respond Tue, 29 Sep 2020 06:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=409827

Тестови за коронавирус кои ќе овозможат луѓето да ги добијат резултатите на лице место, за 15 до 30 минути, наскоро ќе бидат претставени, пишува британски „Гардијан“. Како што се наведува тестовите би можеле да спасат илјадници животи, но и да го намалат ширењето на пандемијата во сиромашните и богатите земји. Како што наведува Гардијан, 120 милиони брзи тестови на антигени, кои ги произведуваат две компании, ќе бидат испорачани до земјите со ниски и средни приходи и ќе чинат максимално пет долари. Тестовите кои изгледаат како тест за бременост, бидејќи две сини линии покажуваат дали некој е позитивен на коронавирус, ќе ги читаат здравствените работници. Еден од овие два теста веќе доби итно одобрение од Светската здравствена организација, а се очекува дозвола наскоро да биде дадена и за вториот тест. Брзи и лесни, но високвалитетни тестови, ќе овозможат масовен преглед на здравствените работници кои во голем број ја губат личната борба со вирусот во земјите со ниски примања. Исто така, богатите земји кои се пријавиле за иницијативата Пристап до алатите за Ковид-19, како што е Велика Британија, ќе мора да ги нарачаат тестовите. Иницијативата во март ја покренаа Светската здравствена организација, Европската комисија, Фондацијата Гејтс и француската Влада. Ферманската Влада веќе нарачала 20 милиони тестови, а Франција и Швајцарија го следеа нејзиниот пример. Овие тестови за антигени, кои се одобрени од СЗО, ќе бидат лесни и брзи и може да се користат за прегледи во училиштата, универзитетите и работните места. Воедно тестовите може да овозможат голем број на заразени да бидат откриени пред да добијат симптоми на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-naskoro-dobiva-testovi-za-koronavirus-koi-davaat-rezultati-za-30-minuti/feed/ 0