брзина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 06:10:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брзина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двајца возачи „летале“ на автопатот Тетово-Скопје: Еве со која брзина се движеле! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-vozachi-letale-na-avtopatot-tetovo-skopje-eve-so-koja-brzina-se-dvizhele-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-vozachi-letale-na-avtopatot-tetovo-skopje-eve-so-koja-brzina-se-dvizhele-foto/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=842049

Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место од 66 во тетовскиот регион и 28 во гостиварскиот. -Осум од нив односно пет во Тетовско и три во Гостиварско биле за над 70 километри повеќе од максималната брзина, меѓу кои двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. СВР Тетово со апел до возачите да не возат пребрзо, зашто најголемиот број и од годинашните сообраќајни несреќи се резултат на неприлагодена брзина според условите на патот и пред се оние со најтешки последици, порача портпаролот Марјан Јосифоски. Во контролата 21 возило пречекорило од 50 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-11) и така натаму.При контролата санкционирано е едно пречекорување на пропишаната брзина во населено во Тетово и осудм други видови сообраќајни прекршоци во истиорт град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-vozachi-letale-na-avtopatot-tetovo-skopje-eve-so-koja-brzina-se-dvizhele-foto/feed/ 0
Дали сте за зголемување на максималната брзина на автопатите? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-za-zgolemuvane-na-maksimalnata-brzina-na-avtopatite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-za-zgolemuvane-na-maksimalnata-brzina-na-avtopatite/#respond Wed, 29 Mar 2023 14:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=817781

Максималното ограничување на брзината на повеќето автопати во Европа, вклучувајќи и во Македонија, е 130 км/час. Кога станува збор за европските автопати, најчесто се споменуваат оние во Германија, каде на одредени делници нема ограничување на брзината. Во последните неколку години имаше неколку иницијативи кои се обидоа да ја намалат максималната дозволена брзина, прво од безбедносни причини, а потоа од причини за потрошувачка. И додека некои земји размислуваат за намалување на ограничувањето на брзината, некои региони сè уште размислуваат за зголемување на максималната дозволена брзина. Затоа се прашуваме дали сметате дека 130 км/час е вистинската мерка или треба да се коригира лимитот на максималната дозволена брзина. За намалување на брзината Статистиката покажа дека сообраќајните незгоди се почести на делниците без ограничувања, особено на оние со тешки последици. Сепак, по воведувањето на санкциите против Русија и наглото поскапување на енергенсите, иницијативата за ограничување на максималната дозволена брзина на сите автопатишта во Германија стана сè погласна. Така, уште во 2021 година, анкетата на јавниот сервис ARD покажа дека 60 отсто од испитаниците поддржуваат ограничување на брзината на германската автопатска мрежа со цел да се намали емисијата на штетни гасови и да се заштити животната средина. Истото го мислеа и Французите, односно француската влада, која сакаше да ја намали максималната дозволена брзина на 110 км/час уште во 2020 година. Тие пресметале дека со намалување на брзината за само 10 км/час би ја намалиле дневната потрошувачка за 290.000 барели. Физиката вели дека отпорот на воздухот директно се зголемува со брзината, а практиката покажува дека потрошувачката на гориво драстично се зголемува со зголемување на брзината. Германскиот автомобилски клуб (ADAC) пресметал за автомобилите од средната класа дека при возење со 160 км/час трошат до две третини повеќе гориво отколку со 100 км/час. Италија сака да го зголеми ограничувањето на брзината Италија има околу 7.000 километри автопати, од кои 2.000 километри имаат три или повеќе ленти. Министерот за транспорт Матео Салвини најави дека максималната дозволена брзина може да се зголеми на 150 км/час на одредени делови од автопатот. Тоа се рути кои се сметаат за безбедни, додека еколошкиот аспект и можностите за заштеда во моментов не се во фокус.   извор: kajgana.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-za-zgolemuvane-na-maksimalnata-brzina-na-avtopatite/feed/ 0
Како да возиш 272 км/ч со “маунт-бајк”? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-vozish-272-km-ch-so-maunt-bajk/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-vozish-272-km-ch-so-maunt-bajk/#respond Tue, 05 Jul 2022 11:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=700272

Елиас Шверцлер постави нов Гинисов светски рекорд. Колку брзо може да се вози со маунт-бајк? Колку брзо треба да се вози со ваков велосипед? За повеќето од нас тоа се две многу различни прашања. За Елиас Шверцлер, сопственикот на нов светски брзински рекорд од 272 км/ч, овие прашања се исти. Германскиот велосипедист поставил нов брзински рекорд од 272 км/ч со својот "Scott bike", додека бил влечен од мотоцикл. Ваквото достигнување можеби не звучи тешко кога ќе слушнете дека бил влечен со мотоцикл, но дефинитивно ќе се согласите дека тоа е премногу страшна и опасна брзина за да ја возите со велосипед. Само гледајќи ги неговите раце и тоа како го балансира велосипедот ќе направи да се испотите. Да се движите на маунт-бајк со толкава брзина мора да е некој вид на екстремен спорт. Погледнете го целиот, за среќа успешен обид, за кршење на светскиот рекорд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-vozish-272-km-ch-so-maunt-bajk/feed/ 0
Македонија меѓу трите балкански земји со најспор интернет, еве во која држава интернетот е најлош https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/makedonija-megju-trite-balkanski-zemji-so-najspor-internet-eve-vo-koja-drzava-internetot-e-najlosh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/makedonija-megju-trite-balkanski-zemji-so-najspor-internet-eve-vo-koja-drzava-internetot-e-najlosh/#respond Mon, 06 Dec 2021 11:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=604671

Cable.co.uk во извештајот за брзината на широкопојасен пристап до интернет ширум светот во 2021 година наведува дека во Туркменистан со брзина од 0,50 мегабајти во секунда, е најспор интернет од сите 224 земји опфатени во истражувањето. За преземање на пет гигабајти биле потребни повеќе од 22 часа и 34 минути. Резултатите од истражувањето покажале дека од 11-те поранешни советски републики кои се членки на Заедниците на независни државни, Интернетот е најбрз во Русија (35,73 Mbps, 66. место), Украина (25,26 Mbps, 77. место) и Белорусија(19,86 Mbps, 92. место). Естонија, Летонија и Литванија се рангирани меѓу 40-те најдобри земји. Естонија го предводи балтичкото трио со просечна брзина на Интернетот од 84,72 Mbps – 22. место во светот. Летонија е на 33 место со брзина од 63,28 Mbps, додека Литванија на 37 место со брзина од 56,17 Mbps. Во источна Европа, три земји со највисока просечна брзина на Интернет се Унгарија (104,07 Mbps, 10.), Романија (67,40 Mbps, 29.) и Словенија (67,20 Mbps, 30.). Најспор Интернет на Балканот имаат Македонија (15,38 Mbps, 107 место), Албанија (19,36 Mbps, 96.) и Косово (22,21 Mbps, 81.). Од Cable.co.uk истакнале дека листата е направена по над 1,1 милијарда тестови на брзината направени во 12 месеци до 30 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/makedonija-megju-trite-balkanski-zemji-so-najspor-internet-eve-vo-koja-drzava-internetot-e-najlosh/feed/ 0
Лудо возење во Србија стана хит на ТикТок: Возачот на овој камион претера, погледнете колку брзо се движи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ludo-vozenje-vo-srbija-stana-hit-na-tiktok-vozachot-na-ovoj-kamion-pretera-poglednete-kolku-brzo-se-dvizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ludo-vozenje-vo-srbija-stana-hit-na-tiktok-vozachot-na-ovoj-kamion-pretera-poglednete-kolku-brzo-se-dvizi/#respond Tue, 03 Aug 2021 14:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=545698

На социјалната мрежа ТикТок, корисник од Србија објави видео снимено додека вози на автопат. Тоа што ги шокираше сите кои ја погледнаа снимката беше брзината со која се движеше камионот. Возачот на автомобилот снимал дека возел со брзина од 140 километри на час, во одредени моменти дури и скоро 150 километри на час, а пред него бил камион кој го диктирал темпото.
@srdjansusic0♬ original sound - _spotted.cars.balkan_
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ludo-vozenje-vo-srbija-stana-hit-na-tiktok-vozachot-na-ovoj-kamion-pretera-poglednete-kolku-brzo-se-dvizi/feed/ 0
Возете внимателно и со прилагодена брзина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozete-vnimatelno-i-so-prilagodena-brzina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozete-vnimatelno-i-so-prilagodena-brzina/#respond Tue, 22 Sep 2020 05:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=406510

ообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozete-vnimatelno-i-so-prilagodena-brzina/feed/ 0
Mаксималната брзина до 30 км/ч ќе биде прогласена за светска норма?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maksimalnata-brzina-do-30-km-ch-kje-bide-proglasena-za-svetska-norma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maksimalnata-brzina-do-30-km-ch-kje-bide-proglasena-za-svetska-norma/#respond Tue, 28 Jan 2020 14:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=295889

На конференцијата на СЗО во средината во февруари во Стокхолм, претставниците на државните министерства за сообраќај ќе ја утврдуваат нивната стратегија до 2030 година. Се очекува дека максималната брзина до 30 км/ч ќе биде прогласена за светска норма. „Очекував негативни реакции, гестикулација на нервозни возачи, звук на свирежи додека пристигнував во Берлин. Но во градот, ништо од тоа. Сите возат внимателно, бидејќи во градот ограничувањето е до 30 км/ч“, пишува новинарот од редакцијата на B92.net. Оваа мерка ја донесе Сенатот на овој германски град. Во Берлин живеат 3,7 милиони жители, а секоја година им се приклучуваат уште нови 20.000 жители просечно, па бројот на возилата, метежот и загадувањето на воздухот постојано се зголемуваат. Берлин спаѓа во градовите во кои загадувањето е над просечните 40 микрограми на метар кубен. Според Светската здравствена организација, емисијата на штетните гасови во сообраќајот може да предизвика здравствени проблеми како што е астмата. Портпаролот на Сенатот, Јан Томсен, за DW вели дека од април 2018 година, се експериментираше со брзината од 30 км/ч и година дена се мереше загадувањето на воздухот. Резултатот е дека емисијата на азод диоксид се намали за 2,3 микрограми на метар кубен, што одговара на намалувањето на концетрацијата на NO2 за четири проценти. Кога станува збор за 2019 година, на сите мерни станици на градското централно подрачје во 2019 година е измерена помала просечна вредност отколку во 2018 година. Секој ден се мери квалитетот на воздухот за да се провери загадувањето. Триесет километри на час за подобар воздух Мерењата во последните три години покажаа на улиците во главното централно подрачје, количината на штетните гасови се намалуваше. По воведувањето на максималната брзина од 30 наместо 50 км/ч, NO2 се намали за 28 проценти. Овие вредности зависат и од временските услови, од сообраќајот и од однесувањето на учесниците во сообраќајот. Дали ќе губите време доколку возите 30 км/ч? Јасно е дека луѓето ќе си помислат дека доколку возат 30 км/ч ќе изгубат време во сообраќаен метеж и дека ќе задоцнат дома или на работа. Но, различните мерења на автомобилскиот клуб ADAC покажаа дека со континуирано возење на сообраќајот, со паметно поставените кружни текови или семафори,во однос на брзина од 50 км/ч не се забележува разлика во времето поминато во возење. Во почетокот на оваа година, и властите во Брисел соопштија дека од 1 јануари 2021 ќе се прошират зоните со максимална брзина од 30 км/ч. на целото подрачје во градот. Во градот Понтеверда на северот во Шпанија уште пред 20 години е забрането да се возат автомобили во центарот на градот, а последната жртва во сообраќајна несреќа е забележана во 2007 година. Kajgana]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maksimalnata-brzina-do-30-km-ch-kje-bide-proglasena-za-svetska-norma/feed/ 0
Секунди го делеле од страшна смрт: Мотоциклист сакал да претекнува, а возачот на камион не го забележал (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekundi-go-delele-od-strashna-smrt-motociklist-sakal-da-preteknuva-a-vozachot-na-kamion-ne-go-zabelezal-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekundi-go-delele-od-strashna-smrt-motociklist-sakal-da-preteknuva-a-vozachot-na-kamion-ne-go-zabelezal-video/#respond Wed, 03 Apr 2019 20:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=182137

Еден тајландски мотоциклист за влакно ја избегнал смртта во градот Нонтабури. Моментот бил снимен од возилата зад него, а се се случило на 21-ви март. На снимката се гледа како мотоциклист заобиколува камион со голема приколка, но на време забележал дека возачот на камионот ја губи контролата над возилото и дека приколката почнува полека да се навалува. Мотоциклистот закочил, а во лентата пред него се превртел камионот. Возачот на камионот возел пребрзо во кривина, па поради тоа дошло до превртување, а вистинска среќа е што никој не настрадал. Дали е повреден возачот на камионот проверил возачот кој ја снимил несреќата, па случајот го пријавил во полиција. Вели дека тргнал по мотоциклистот да го претекнува камионот. "Возачите на камиони мора да имаат искуство и да бидат многу внимателни бидејќи ваквите несреќи може да убијат невини луѓе. Мотоциклистот и јас едноставно имавме многу среќа", рекол тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekundi-go-delele-od-strashna-smrt-motociklist-sakal-da-preteknuva-a-vozachot-na-kamion-ne-go-zabelezal-video/feed/ 0
Казни за поголем број од возачите во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-pogolem-broj-od-vozachite-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-pogolem-broj-od-vozachite-vo-bitola/#respond Tue, 19 Feb 2019 14:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=165659

На 18.02.2019 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  безбедносен ремен, светло и алкохол, при што биле контролирани 390 возила. При контролата било констатирано дека 21 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 12 возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи било откриено присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а тројца не користеле сигурносен појас. Девет возачи биле писмено предупредени, а на 50 возачи им биле изготвени мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, биле изготвени и 26 прекршочни налози. При контролата откриени се и други 18 видови  прекршоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-pogolem-broj-od-vozachite-vo-bitola/feed/ 0