БСЕ: – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 19:41:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png БСЕ: – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОБСЕ: Руската анексија води кон ескалација на конфликтот и доведува во опасност милиони луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obse-ruskata-aneksija-vodi-kon-eskalacija-na-konfliktot-i-doveduva-vo-opasnost-milioni-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obse-ruskata-aneksija-vodi-kon-eskalacija-na-konfliktot-i-doveduva-vo-opasnost-milioni-lugje/#respond Fri, 30 Sep 2022 19:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=739767

Виена, 30 септември 2022 (МИА) – Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ја осуди илегалната анексија на Украина од страна на Русија, јавува Анадолија. Наведувајќи дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин е неприфатлива, ОБСЕ соопшти дека „оваа акција на Руската Федерација, која вклучува воена мобилизација и неодговорни нуклеарни закани, води само кон поголема ескалација на конфликтот, ставајќи во опасност милиони животи и предизвикувајќи дополнително непотребно човечко страдање“. „Чекорот објавен денеска е јасно кршење на основните правила на меѓународното право, принципите на ОБСЕ и Повелбата на ОН“, се вели во соопштението. ОБСЕ ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Украина и воедно ја повтори својата поддршка за Украина и нејзиниот народ, како и посветеноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа држава. Во соопштението се наведува дека претседавачот со ОБСЕ и полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Маргарет Седерфелт, генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ Роберто Монтела категорично ја осудуваат нелегалната анексија на руската Федерација над украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсонската област, како и продолжување на окупацијата на Крим. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obse-ruskata-aneksija-vodi-kon-eskalacija-na-konfliktot-i-doveduva-vo-opasnost-milioni-lugje/feed/ 0