БСЖ вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Oct 2022 12:09:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png БСЖ вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во Белград добија физиолошки раствор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namesto-bsz-vakcina-600-bebinja-vo-belgrad-dobija-fizioloshki-rastvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namesto-bsz-vakcina-600-bebinja-vo-belgrad-dobija-fizioloshki-rastvor/#respond Thu, 27 Oct 2022 12:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=751217

Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК „Народен фронт“ во Белград наместо вакцина против БСЖ добиле физиолошки раствор. Груичиќ истакна дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период, објави РТС. Оваа вакцина на децата се дава на возраст до 12 месеци. Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт“ и понудил оставка, но таа не била прифатена. Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namesto-bsz-vakcina-600-bebinja-vo-belgrad-dobija-fizioloshki-rastvor/feed/ 0
Сите го имаме белегот: Зошто всушност се прима БСЖ вакцината? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-go-imame-belegot-zoshto-vsushnost-se-prima-bsz-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-go-imame-belegot-zoshto-vsushnost-se-prima-bsz-vakcinata/#respond Mon, 06 Apr 2020 15:11:15 +0000 https://kurir.mk/?p=328239

Вакцината која кај нас е позната како БСЖ, всушност е кратенка од Bacillus Calmette–Guérin и примарно се прима како заштита од туберколоза, а првата доза е препорачливо да се прими непосредно по раѓањето на бебето. Но, нејзиниот спектар на делување е многу поширок од тоа. Оваа вакцина е задолжителна во земји кои генерално земено се во развој, но и каде популацијата е поизложена на ризик од заболување од туберколоза и лепра. Според ново истражување на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, БСЖ може да има позитивно дејство врз намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест. Истата се користи и во третман на површински тумори на кожата и на мочниот меур, при што покажала и значајно подобри резултати споредено со цитостатската терапија. Дозата ја одредува онколог. Она што го забележале лекарите од универзитетската клиника во Ерусалим е дека кај пациентите со рак кај кои била применета БСЖ вакцината, покажале и помал прогрес на Алцхајмеровата болест. Со ова сознание, тие добиле основа истражувањето да се спроведе во повеќе клиники низ светот, за да може да се добие јасна слика за поврзаноста на БСЖ вакцината и намалувањето на ризикот од Алцхајмер, за потоа да се спроведат формални клинички испитувања. Во повеќе држави ревакцинацијата на одреден временски интервал е задолжителна. Први држави надвор од Европа кои ја примениле БСЖ се Индија и Пакистан. Во некои држави, на пример во Франција, е опционална. Во Еквадор, на пример, не може да се издаде извод од матична книга на родените без потврда за примена БСЖ вакцина. Некаде се вакцинираат само високоризичните групи. Во држави кои се дел од некогашната СССР постои правило за ревакцинирање на одреден број години, доживотно. Ефектот на БСЖ вакцината трае меѓу 15-20 години. Во високоризичните земји се задолжителни ревакцинации, но во развиените општества колективниот имунитет се гради такашто новите генерации ја примаат и со тоа не ги изложуваат на ризик повозрасните. Инцидентно може да се прими оваа вакцина доколку лицето патува во подрачје кое е со висок ризик на заболувања како туберколоза и лепра. Извор: iportal.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-go-imame-belegot-zoshto-vsushnost-se-prima-bsz-vakcinata/feed/ 0