бубрежни заболувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Sep 2022 08:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бубрежни заболувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дигиталната иновација ја поттикнува грижата за бубрежно болните пациенти во Диаверум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/#respond Fri, 09 Sep 2022 08:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=730575

Технологијата се повеќе навлегува во светот на медицината. Комбинацијата на човечкиот фактор и современите технолошки решенија го стандардизираат третманот, овозможувајќи индивидуален пристап за секој пациент. Диаверум, водечки глобален снабдувач на услуги за бубрежна нега, е решен да игра клучна улога во овој процес на глобално и на локално ниво. Диаверум Северна Македонија обезбедува бубрежна нега која го подобрува животот откако влезе на пазарот во 2018 година. Денес, 250 вработени се грижат за над 660 пациенти со хронична бубрежна болест (ХББ) низ 9 центри во Скопје, северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата.

Иднината на дигиталните иновации, денес

Диаверум тргнува на амбициозно патување да го претвори своето 30-годишно искуство со дијализа во дигитални решенија кои ќе обезбедат највисоки стандарди за грижа за своите пациенти. Голем број од овие решенија се веќе лансирани во Северна Македонија. d.CARE е систем за управување со информации поврзани со бубрежната нега на пациентот кој е целосно развиен од страна на Диаверум. Овој систем овозможува спроведувањето на процесите и подобро менаџирање на прескрипцијата на лекови во рамки на центрите, преку користење на огромна база на податоци поврзани со менаџирање на центрите, медицински извештаи, клинички процеси и администрација. Апликацијата за пациенти d.CARE овозможува пациентите на Диаверум да се вклучат во нивната здравствена заштита преку активна комуникација со докторите за нивниот третман, преку нивните паметни телефони или таблети. Заедно со оваа алатка се користи систем за вештачка интелигенција кој им помага на лекарите во обезбедувањето персонализирана грижа за пациентите. Дополнително, Treatment Guidance System (TGS) на Диаверум, кој моментално се инсталира низ сите центри во Северна Македонија, го поддржува медицинскиот персонал да се придржува до стандардизираните клинички процеси во сите нејзини центри. Преку таблетот кој е поставен до дијализното место, TGS собира и доставува информации во текот на целиот третман, во средина во која нема употреба на хартија и хартиени материјали, поточно во дигитализирана средина за корисникот.

Нов стандард за грижа за пациентите со ХББ

Заедно, овие иновации имаат потенцијал да отклучат невидено ниво на персонализирана, стандардизирана, ефикасна и висококвалитетна грижа за пациентите на дијализа во земјата, вели Димитар Клисаровски, Генерален директор на Диаверум Северна Македонија.
„Преку имплементација на овие дигитални решенија, обезбедуваме спроведување на стандардите за третман, притоа минимизирајќи ја можноста за грешка. Секој пациент, иако има свој индивидуален пристап кон лекувањето, ќе помине низ истата процедура на третман како што е пропишана. Таблетот ќе им помогне на нашите медицинските сестри да спроведуваат стандардизирана клиничка пракса, минимизирајќи ја варијабилноста во грижата и можноста за грешка“. Клисаровски додава дека „културата на Вистинска грижа на Диаверум во основата ја има мисијата да ги поттикне нашите пациенти и нивните најблиски, да живеат исполнет живот. Поради оваа причина, ќе продолжиме да пронаоѓаме технолошки решенија кои ќе го олеснат секојдневниот живот на луѓето со хронична бубрежна болест, како во Северна Македонија така и пошироко.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/feed/ 0
Светски ден на бубрегот: Околу 200.000 граѓани во земјава имаат бубрежно заболување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-bubregot-okolu-200-000-gragjani-vo-zemjava-imaat-bubrezno-zaboluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-bubregot-okolu-200-000-gragjani-vo-zemjava-imaat-bubrezno-zaboluvanje/#respond Thu, 11 Mar 2021 06:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=480467

Околу 200 илјади граѓани во земјава имаат некоја форма на бубрежно заболување, а на дијализа одат 1.600 пациенти во 23-те центри низ државата. Дијализата е најчесто застапениот метод во земјава за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест кога двата бубрега повеќе не можат да ја извршуваат функцијата. Пациентите поминуваат од 4 до 5 часа за да им се прочисти крвта од сите отрови и вишок вода во организмот. Секој втор четврток во март се одбележува Светскиот ден на бубрегот во повеќе од 200 држави ширум светот. Годинава, поради пандемијата, Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ ги откажа сите традиционални настани и се фокусира на едукација и поддршка на годинашната кампања „Живеј квалитетно со бубрежната болест“. – Квалитетот на живеење кај пациентите со хронична бубрежна болест варира и во зависност од нивниот карактер, опкружувањето, семејната атмофера, третманот кој го добива како и од другите придружни болести. Прифаќањето на новиот начин на живот со сите ограничувања кои ги носи е тешко и секој различно го доживува. На пациентите со бубрежни болести им се потребни повеќе видови на поддршка како од медицинскиот персонал, така и од семејството и општеството воопшто за да можат да го надминат прифаќањето на болеста и да продолжат да живеат со неа, истакнуваат од здружението „Нефрон“. Додаваат дека иако најоптимален метод за лекување на бубрежната болест е трансплантацијата на бубрег, сепак во нашата земја овој метод е недоволно применуван. Бубрежните болести се незаразни болести кои во моментов погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден од десет возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Над 2 милиони луѓе во светот се лекуваат со дијализа или трансплантација. Во глобални рамки ХББ (Хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде 5-тата болест како причина за смртност на годишно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-bubregot-okolu-200-000-gragjani-vo-zemjava-imaat-bubrezno-zaboluvanje/feed/ 0
Препораки за пациенти со бубрежни заболувања, пациенти на дијализа и пациенти со трансплантиран бубрег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-za-pacienti-so-bubrezni-zaboluvanja-pacienti-na-dijaliza-i-pacienti-so-transplantiran-bubreg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-za-pacienti-so-bubrezni-zaboluvanja-pacienti-na-dijaliza-i-pacienti-so-transplantiran-bubreg/#respond Mon, 13 Apr 2020 07:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=331243

Коронавирус инфекцијата може да претставува сериозна закана за пациентите со бубрежни заболувања, особено за пациентите кои се на дијализа или се со трансплантиран бубрег. За таа цел од Универзитетската клиника за нефрологија се изготвени препораки за пациентите со бубрежни заболувања, вклучувајќи ги пациентите на дијализа (перитонеална или хемодијализа) и пациентите со трансплантиран бубрег. Сите пациенти треба да продолжат да ја земаат досега препишаната терапија во препишаните дози, вклучувајќи ги и антихипертензивните лекови од групата на АКЕ инхибитори, додека нивните доктори не препорачаат поинаку. Пациентите на хемодијализа може да развијат поблаги симптоми во однос на другите пациенти со корона вирусна инфекција. Трансплантираните пациенти треба да ги преземат и сите неопходни мерки за превенција дадени за општата популација. За пациетите на хроничен хемодијализен програм се наменети следните препораки: - Пациентите кои имаат треска, висока температура или респираторни симптоми (кашлица, отежнато дишење) претходно треба да се најават во нивните дијализни центри пред да пристигнат, каде ќе бидат прегледани во посебна просторија независна од салата каде се води дијализа и ќе им се земат анализи за COVID-19 инфекција. Овие пациенти се дијализираат во издвоена просторија од останатите пациенти во тек на 14 дена. - Во однос на местото за дијализирање, процесот на дијализирање на пациентите со суспектна корона инфекција треба да продолжи во истиот центар, односно да не се препраќаат во други центри - Во однос на транспортот на пациенти, заради намалување на ризикот од проширување на инфекцијата од евентуално заразен пациент со COVID-19, пациентите кои доаѓаат до центарот за дијализа и од центарот кон местото на живеење, ќе бидат транспортирани во преполовен број, односно во такси возило најмногу двајца пациенти, а во комбе најмногу четворица. Сите пациенти потребно е да носат заштитна маска ( по можност хируршка), а исто така и возачот. - За понатамошен третман, пациентите со потврдена COVID-19 инфекција ќе бидат упатени во специјализирана болница за третман на инфицирани пациенти. За пациентите кај кои е извршена трансплантација се наменети следните препораки: - Доколку трансплантираните пациенти почувствуваат симптоми како покачена температура, треска и кашлица, потребно е прво да се јават телефонски на Клиниката за нефрологија (контакт тел. 070 387 054), со цел да се избегне контакт со други пациенти и да се спречи потенцијалното ширење на инфекцијата. - Пациентите кои се вратени од странство, треба да поминат 14-дневна изолација, како што важи и за општата популација. - Пациентите со трансплантиран бубрег на Клиниката за нефрологија кои ќе имаат потреба од друг каков било третман ќе бидат сместени во соба за изолација, независно од останатите пациенти. - Пациентите кои треба да се јават во болница или институт за каков каков третман или земање брис за COVID-19, потребно е да носат заштитни маски. Во услови на прогласена пандемија со вирусот COVID-19, научните сознанија покажуваат дека одредени групи пациенти со придружни заболувања (дијабет, хипертензија, кардиоваскуларни, бубрежни заболувања) се почувствителни на COVID-19 инфекција и можат да развијат посериозно заболување. Токму затоа, од исклучителна важност е почитувањето на стручните препораки за заштита и превенција од вирусот: - Мијте ги рацете почесто користејќи сапун, најкратко 20 секунди - Користете средство за дезинфекција со 60 % алкохол доколку немате сапун - Не ги допирајте носот, очите и устата - Држете дистанца од другите луѓе од најмалку 1,5 - 2 метри - Кога кашлате или кивате, користете марамче или во свиткан лакт - Не допирајте предмети кога се движите надвор - Излегувајте само по неопходни работи и кратко - Останете дома и заштитете се себеси и останатите во заедницата. Според досегашните сознанија, од пациентите кои развиваат сериозна инфекција со корона вирус и имаат потреба од хоспитализација, бубрежни нарушувања се регистрирани кај 25-50% од нив, а се манифестираат со поголема екскреција на протеини и црвени крвни клетки во урината. Само мал процент од пациентите (<15%) развиваат намалување во функцијата на бубрезите, односно акутно бубрежно оштетување. Досега не е евидентирано долгорочно оштетување кај пациентите кои се излечиле од тешка форма на корона инфекцијата со последици на бубрежната функција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-za-pacienti-so-bubrezni-zaboluvanja-pacienti-na-dijaliza-i-pacienti-so-transplantiran-bubreg/feed/ 0