бубрежно болни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Sep 2022 08:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бубрежно болни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дигиталната иновација ја поттикнува грижата за бубрежно болните пациенти во Диаверум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/#respond Fri, 09 Sep 2022 08:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=730575

Технологијата се повеќе навлегува во светот на медицината. Комбинацијата на човечкиот фактор и современите технолошки решенија го стандардизираат третманот, овозможувајќи индивидуален пристап за секој пациент. Диаверум, водечки глобален снабдувач на услуги за бубрежна нега, е решен да игра клучна улога во овој процес на глобално и на локално ниво. Диаверум Северна Македонија обезбедува бубрежна нега која го подобрува животот откако влезе на пазарот во 2018 година. Денес, 250 вработени се грижат за над 660 пациенти со хронична бубрежна болест (ХББ) низ 9 центри во Скопје, северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата.

Иднината на дигиталните иновации, денес

Диаверум тргнува на амбициозно патување да го претвори своето 30-годишно искуство со дијализа во дигитални решенија кои ќе обезбедат највисоки стандарди за грижа за своите пациенти. Голем број од овие решенија се веќе лансирани во Северна Македонија. d.CARE е систем за управување со информации поврзани со бубрежната нега на пациентот кој е целосно развиен од страна на Диаверум. Овој систем овозможува спроведувањето на процесите и подобро менаџирање на прескрипцијата на лекови во рамки на центрите, преку користење на огромна база на податоци поврзани со менаџирање на центрите, медицински извештаи, клинички процеси и администрација. Апликацијата за пациенти d.CARE овозможува пациентите на Диаверум да се вклучат во нивната здравствена заштита преку активна комуникација со докторите за нивниот третман, преку нивните паметни телефони или таблети. Заедно со оваа алатка се користи систем за вештачка интелигенција кој им помага на лекарите во обезбедувањето персонализирана грижа за пациентите. Дополнително, Treatment Guidance System (TGS) на Диаверум, кој моментално се инсталира низ сите центри во Северна Македонија, го поддржува медицинскиот персонал да се придржува до стандардизираните клинички процеси во сите нејзини центри. Преку таблетот кој е поставен до дијализното место, TGS собира и доставува информации во текот на целиот третман, во средина во која нема употреба на хартија и хартиени материјали, поточно во дигитализирана средина за корисникот.

Нов стандард за грижа за пациентите со ХББ

Заедно, овие иновации имаат потенцијал да отклучат невидено ниво на персонализирана, стандардизирана, ефикасна и висококвалитетна грижа за пациентите на дијализа во земјата, вели Димитар Клисаровски, Генерален директор на Диаверум Северна Македонија.
„Преку имплементација на овие дигитални решенија, обезбедуваме спроведување на стандардите за третман, притоа минимизирајќи ја можноста за грешка. Секој пациент, иако има свој индивидуален пристап кон лекувањето, ќе помине низ истата процедура на третман како што е пропишана. Таблетот ќе им помогне на нашите медицинските сестри да спроведуваат стандардизирана клиничка пракса, минимизирајќи ја варијабилноста во грижата и можноста за грешка“. Клисаровски додава дека „културата на Вистинска грижа на Диаверум во основата ја има мисијата да ги поттикне нашите пациенти и нивните најблиски, да живеат исполнет живот. Поради оваа причина, ќе продолжиме да пронаоѓаме технолошки решенија кои ќе го олеснат секојдневниот живот на луѓето со хронична бубрежна болест, како во Северна Македонија така и пошироко.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/feed/ 0
Пациентите на хемодијализа со висок ризик за смрт од ковид-19, треба да бидат во приоритетна група за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-na-hemodijaliza-so-visok-rizik-za-smrt-od-kovid-19-treba-da-bidat-vo-prioritetna-grupa-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-na-hemodijaliza-so-visok-rizik-za-smrt-od-kovid-19-treba-da-bidat-vo-prioritetna-grupa-za-vakcinacija/#respond Sun, 14 Mar 2021 10:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=482071

Пациентите со хроничната бубрежна болест, како и оние со трансплантација на бубрег имаат зголемен ризик за тешка форма на ковид-19 лош исход, поради што е неопходно да бидат ставени во приоритетна група за вакцинација, како и строго да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот, потенцираше научниот соработник д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ од Универзитетска клиника за нефрологија на неделната дебата во Лекарската комора, која редовно се организира со цел размена на информации и искуства во лекувањето на пациентите со ковид-19 меѓу здравствените професионалци од сите нивоа на здравствениот систем. Од досегашната пракса се знае дека најчести придружни хронични болести кај пациентите со ковид-19 се дијабетес, хронична опструктивна белодробна болест, артериска хипертензија, срцеви аритмии, хронична бубрежна болест, малигни заболувања, исхемична срцева болест и прекумерна дебелина. „Вирусот најголемо засегање има на белите дробови, но таргет органи за SARS-CoV-2 вирусот се и бубрезите, црниот дроб, крвните садови, дебелото црево. Бубрежна манифестација кај пациенти инфицирани со ковид-19 може да биде со широк дијапазон на симптоми и да варира од појава на хематурија, односно крв во урината и умерена протеинурија, односно протеини во урината, до манифестирање на изразено акутно бубрежно оштетување“, изјави д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ. Податоците покажуваат дека 20% од хоспитализираните пациенти и повеќе од 50% од пациентите хоспитализирани во единиците на интензивна нега развиле акутно бубрежно оштетување, што се сметаат за висока бројки. Пациентите со хронични бубрежни заболувања, особено оние кои одат на хемодијализа се изложени на зголемен ризик од инфекција бидејќи имаат потреба секој втор ден да одат во дијализните центри во болниците. Таму дури и да се запази дистанцата и заштитните маски тие остануваат четири до пет часа во затворен простор со други пациенти и медицински персонал. "Податоците од американска ретроспективна студија која следела 7948 пациенти на хемодијализа во период од пет месеци покажале дека 438 пациенти (5.5%) заболеле од ковид-19, од кои 109 пациенти починале, односно скоро 25% од заболените. Ова укажува на сериозна вулнерабилност на хемодијализните пациенти поради нивните придружни заболувања и намалениот имунитет, што ги прави навистина високоризична популација“, изјави д-р Рамбабова Бушљетиќ. Во нашата држава од вкупно 1.608 пациенти на дијализа, со ковид-19 се инфицирале 288 (14,1%), а починале 49 пациенти, односно 17% од заразените. Од 228 трансплантирани пациенти со вирусот се инфицирале 17 (7,4 %), а починале двајца. Д-р Рамбабова Бушљетиќ даде објаснување и за намалениот број на трансплантации на бубрези кои се прават изминатава година. „Препораките од светските реномирани стручни здруженија беа дека во земјите каде има високо распространето ширење на вирусот трансплантациите од кадавер, односно пациент во состојба на мозочна смрт треба да се одложат, доколку пациентот не е во животно загрозувачка состојба и има пристап до дијализа. Истото важеше и сè уште важи и за трансплантациите од жив дарител. Се смета дека пред трансплантацијата пациентите и донорот треба две недели да се во изолација, но пациентите на дијализа трипати во неделата мора да одат на дијализа, поради што тешко може да се овозможи изолација", појасни Рамбабова Бушљетиќ. Во однос на вакцинирањето препораките акцентираат да се даде приоритет на пациентите со хронична бубрежна болест и трансплантираните пациенти. За пациентите со активно автоимуно заболување приоритетот треба да се постави на лекување на основната болест, а вакцинацијата да се одложи. Една година по прогласувањето на пандемијата вирусот сè уште е во голем замав, вирусната инфекција афектира 232 земји и територии низ светот, со повеќе од 117 милиони потврдени случаи и над 2.6 милиони починати пациенти. Соединетите Американски Држави и Eвропа актуелно се најафектирани региони од коронавирусната инфекција, додека Кина каде беше официјално регистриран првиот случај бележи прогресивно намалување на нови заболени.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-na-hemodijaliza-so-visok-rizik-za-smrt-od-kovid-19-treba-da-bidat-vo-prioritetna-grupa-za-vakcinacija/feed/ 0