буча – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 11:04:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буча – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата министерка за надворешни работи на Франција ја посети Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-na-francija-ja-poseti-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-na-francija-ja-poseti-bucha/#respond Mon, 30 May 2022 11:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=683505

Новата француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, која е во посета на Украина, денеска го посети киевското предградие Буча, каде беше извршено масовно убиство на цивили за што украинските власти ги обвинуваат руските сили. По повлекувањето на руските трупи од локацијата кон крајот на март и откривањето на стотици тела на украински цивили, Буча стана симбол на воени злосторства за кои Украина ја обвинува Русија. „Ова не треба да се случува, ова никогаш не треба да се повтори“, рече француската министерка за надворешни работи. „Франција е на страната на Украинците и заедно со своите пријатели и сојузници ќе направи се за да го врати мирот“, рече Колона. Таа, исто така, го истакна придонесот на Франција во истрагата по наводните воени злосторства, наведувајќи го распоредувањето на француски експерти на лице место што ќе бидат вклучени во истрагата и идентификувањето на телата. „Ние одговоривме први“, рече Колона изразувајќи надеж дека правната постапка во врска со телата ќе биде завршена што е можно поскоро за да можат семејствата да ги погребаат своите најблиски. Колона рече дека само резултатите од истрагата спроведена од украинските власти ќе овозможи утвтрдување на идентитетот на одговорните за злосторствата, врз основа на фактите обезбедени и со помош на француските крим-техничари. Колона е највисокиот француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-na-francija-ja-poseti-bucha/feed/ 0
Идентификувавме 10 Руси за сторени воени злосторства во Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvavme-10-rusi-za-storeni-voeni-zlostorstva-vo-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvavme-10-rusi-za-storeni-voeni-zlostorstva-vo-bucha/#respond Thu, 05 May 2022 18:41:51 +0000 https://kurir.mk/?p=672570

Масакрот на цивилите во Буча, кој беше откриен откако руските сили се повлекоа од градот што се наоѓа недалеку од Киев, го шокираше светот. Објавени беа фотографии од масакрирани тела оставени на патот, а голем број очевидци изјавија дека тие биле убиени од руските сили за време на окупацијата. Украинската главна обвинителка, Ирина Венедиктова, денеска изјави дека нејзиниот тим идентификувал 10 лица за кои верува дека ги извршиле воените злосторства во Буча. Во еден случај, според Венедиктова, руски војници влегле во дом во кој се криеле цивили и им се заканувале со оружје и ги тепале со пушки. Таа тврди дека идентификуваните руски војници земале цивили како заложници, не им давале храна и вода и ги мачеле и малтретирале. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvavme-10-rusi-za-storeni-voeni-zlostorstva-vo-bucha/feed/ 0
Украинското обвинителство истражува 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-istrazuva-10-ruski-vojnici-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-istrazuva-10-ruski-vojnici-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-bucha/#respond Thu, 28 Apr 2022 14:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=669349

Украинските обвинители денеска соопштија дека истражуваат 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча. Десет војници на 64-та моторизирана пешадиска бригада на руските вооружени сили, дел од 35-та армија, се осомничени за сурово постапување со цивили и други прекршувања на законите и обичаите на војната, се наведува во соопштението на украинското Државно обвинителство. По повлекувањето на руските сили од Буча беа пронајдени безживотни тела на најмалку 400 луѓе. Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската на 64-та бригада за посебни заслуги, херојски акции и храброст. Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-istrazuva-10-ruski-vojnici-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-bucha/feed/ 0
Путин ја одликуваше воената единица од Буча која меѓународно е обвинета за воени злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-ja-odlikuvashe-voenata-edinica-od-bucha-koja-megjunarodno-e-obvineta-za-voeni-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-ja-odlikuvashe-voenata-edinica-od-bucha-koja-megjunarodno-e-obvineta-za-voeni-zlostorstva/#respond Tue, 19 Apr 2022 05:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=665067

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе. Припадниците на 64-та бригада се одликувани за посебни заслуги, херојски акции и храброст, соопшти Кремљ. За време на одликувањето, Путин зборуваше за нивното „искусно и посветено однесување“ за време на руската „специјална воена операција“ во Украина. Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча, кои беа откриени дури откако руските сили се повлекоа од тој дел на Украина. Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил. Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат“ со цел да се оцрни руската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-ja-odlikuvashe-voenata-edinica-od-bucha-koja-megjunarodno-e-obvineta-za-voeni-zlostorstva/feed/ 0
Во Буча пронајдени 403 тела на цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bucha-pronajdeni-403-tela-na-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bucha-pronajdeni-403-tela-na-civili/#respond Tue, 12 Apr 2022 15:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=662016

Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува. Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели. Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bucha-pronajdeni-403-tela-na-civili/feed/ 0
Украински форензичари почна ексхумација на тела од масовна гробница во Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-forenzichari-pochna-ekshumacija-na-tela-od-masovna-grobnica-vo-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-forenzichari-pochna-ekshumacija-na-tela-od-masovna-grobnica-vo-bucha/#respond Fri, 08 Apr 2022 16:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=660494

Форензичари денеска почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ги во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, за кои официјални лица тврдат дека загинале за време на руската инвазија. Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Тој потврди дека се идентификувани две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот. – Постојат сведоци кои можат да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без никаква причина, тие само се движеле по улицата или биле евакуирани. Некои од нив само зборувале на украински јазик, додаде обвинителот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-forenzichari-pochna-ekshumacija-na-tela-od-masovna-grobnica-vo-bucha/feed/ 0
Фон дер Лајен во Буча: Овде се случи нешто незамисливо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-vo-bucha-ovde-se-sluchi-neshto-nezamislivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-vo-bucha-ovde-se-sluchi-neshto-nezamislivo/#respond Fri, 08 Apr 2022 16:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=660492

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го посети денеска украинскиот град Буча, во близина на Киев. По руското повлекување, на улиците во Буча беа пронајдени тела на десетици цивили. Некои биле егзекутирани од зад грб, а рацете им беа врзани. Русија ги отфрла наводите дека убила цивили и ја обвини Украина за фалсификување смртни случаи со цел да ги дискредитира руските сили. Но, постојат се повеќе докази дека военото злосторство во Буча го извршиле руските сили. – Овде се случи нешто незамисливо. Го видовме суровото лице на војската на Путин, истакна Фон дер Лајен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-vo-bucha-ovde-se-sluchi-neshto-nezamislivo/feed/ 0
Германското разузнавање пресретна комуникација со која се докажува злосторството во Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskoto-razuznavanje-presretna-komunikacija-so-koja-se-dokazuva-zlostorstvoto-vo-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskoto-razuznavanje-presretna-komunikacija-so-koja-se-dokazuva-zlostorstvoto-vo-bucha/#respond Fri, 08 Apr 2022 07:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=660107

Германското разузнавање (БНД) пресретнало комуникации на руската војска во која се документира договор за масакрот во Буча, тврди магазинот Шпигел. Според извештајот испратен од БНД до соодветните парламентарни комисии, комуникацијата меѓу руските војници докажува дека не се работи за случајни злосторства на поединечни војници, туку за планирана стратегија. - Материјалот покажува дека убиствата на цивили се дел од вообичаената процедура на руската војска заради заплашување на населението и спречување на отпор, се наведува во извештајот на БНД, пренесува Шпигел. Според БНД, делови од снимената комуникација може директно да се поврзат со конкретни жртви кои подоцна се фотографирани, пренесе Хина. Така, во еден разговор војник опишува како, со својот колега, застрелал едно лице на велосипед. Подоцна, фотографијата на жртвата како лежи снимена покрај неговиот велосипед го обиколи светот. Поранешниот германски минисер за внатрешни работи Герхарт Баум и некогашната министерка за правда Сабине Лојтхојсер-Шнаренбергер, планираат обвинение против руското раководство и некои војници поради сомнеж за воени злосторства. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskoto-razuznavanje-presretna-komunikacija-so-koja-se-dokazuva-zlostorstvoto-vo-bucha/feed/ 0
Руски војници силувале 25 жени и девојки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-vojnici-siluvale-25-zeni-i-devojki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-vojnici-siluvale-25-zeni-i-devojki/#respond Wed, 06 Apr 2022 12:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=659210

Украинската правобранителка Људмила Денисова денеска изјави дека руските сили во Буча силувале 25 жени и девојки. Таа додаде дека 25 девојки и жени побарале помош откако биле силувани од руските војници. Вкупно 25 жени на возраст од 14 до 24 години беа силувани од руски војници. Тоа се случуваше еден месец. Ќе продолжиме да ги документираме овие страшни злосторства, за жал, и секој криминалец ќе биде казнет, наведе Денисова. Таа додаде дека Украина има докази за „геноцид врз украинскиот народ“ и за воени злосторства, додавајќи дека силувањето е „новото оружје“ на руските сили. Русија негира дека нејзините војници извршиле злосторства во Буча. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-vojnici-siluvale-25-zeni-i-devojki/feed/ 0
Градоначалникот на Буча: Руските сили убија 320 цивили, застрелана беше и трудница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-bucha-ruskite-sili-ubija-320-civili-zastrelana-beshe-i-trudnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-bucha-ruskite-sili-ubija-320-civili-zastrelana-beshe-i-trudnica/#respond Wed, 06 Apr 2022 06:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=658984

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук за Би-Би-Си истакна дека руските сили убиле околу 320 цивили за време на окупацијата на град. Посочува дека лично сведочел на убиството на неколку луѓе од страна на руските сили. -Видов неколку случаи. Беа тројца цивили во автомобил и се обидуваа да се евакуираат кон Киев, тие брутално беа убиени. Имаше и трудница чиј маж вриштеше и молеше да не ја убиваат, но тие пукаат брутално кон неа, вели Федорук. Навел дека руските сили „ловеле“ и локални политичари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-bucha-ruskite-sili-ubija-320-civili-zastrelana-beshe-i-trudnica/feed/ 0